Момче со слепило на бои не можеше да си ги сокрие солзите кога доби можност да го види светот во неговите вистински бои. Џуд за 10-тиот роденден доби како подарок специјални очила EnChroma, кои им овозможуваат на лицата со овој проблем да ги гледаат сите бои. Семејството го изненади пресреќното момче и со колоритни балони за да може да ужива во боите. @ae.properties #Colorblind Jude Danger sees color for his 10th #birthday thanks to #EnChroma ♬ ...

Жаклин Ворен со моќни текстови покажува колку треба да се цени партнерот и да се работи на одржување на бракот. Блогерката и авторка преку најновиот текст нè потсетува да посветиме внимание на малите нешта, бидејќи тие се важни за да го одржиме бракот силен и стабилен. Ако сакаш да имаш силен брак, прави ги нештата кои обично не ги правиш. Ако сопругата ја пере цела облека, скокни и здипли ги алиштата. Ако сопругот станува прв и ја празни ...

Ријана ужива во мајчинството. 35-годишната пејачка, која го очекува второто дете со партнерот Ејсап Роки, беше фотографирана додека го носеше во раце 11-месечното синче. За вечерното излегување во ресторанот „Cesar“ во Париз, славната музичарка беше облечена во тексас модна комбинација која ѝ го разголи пораснатото стомаче. Заедно со Ријана беше и нејзиниот брат Рори. Се шпекулира дека пејачката очекува девојче, бидејќи беше фотографирана додека ...

Марко Маринковиќ – Слаткар го објави спотот за новата песна „Насмевка“ која му ја посвети на синчето Моша. Македонскиот музичар пее дека би направил и дал сè за синот додека во видеозаписот се менуваат снимки од нивниот живот. Спотот започнува со кадар од бремената сопруга Сања Николиќ, а потоа се редат семејни видеа од растењето на Моша. Музиката и текстот се дело на Слаткар, кој ја најави песната на третиот роденден на Моша во саботата. Сања и ...

Пријанка Чопра дефинитивно знае како да привлече внимание. 40-годишната актерка беше магнет за погледи на синиот тепих на премиерата на нејзината нова серија „Citadel“ во Лондон. Чопра пристигна во впечатлива црвена креација која ѝ ги истакна облините, а беше придружувана од сопругот Ник Џонас. Во научнофантастичната ТВ серија, покрај Пријанка, главна улога има и Ричард Меден, кој изјавил дека додека снимале заедно биле како два магнети. Во ...

Сонцето постепено станува посилно и нè потсетува дека наскоро ќе започнат топлите денови во кои ќе носиме поразголена облека. За да се подготвите за кратките шорцеви и фустани, започнете со зацврстување на нозете уште сега. Фитнес ѕвездата Памела Рајф создаде краток тренинг кој нема да ве испоти, но ќе ви ги активира и најмалите мускулчиња на нозете. За да ги практикувате вежбите, не ви е потребна никаква опрема, само рамен под. Нема скокање и ...

Џенифер Лопез е ѕвезда во кампањата на Coach која го слави мајчинството. Како заштитно лице на луксузниот американски моден бренд, 53-годишната пејачка позираше во пролетни стајлинзи, презентирајќи ги впечатливите чанти кои со сигурност ќе ги привлечат нејзините обожаватели. Фотографиите од кампањата за Денот на мајката се дело на Џошуа Вудс. За мајчинството, Лопез рекла: „Секое дете е посебно на свој начин. Нашата грижа им помага да цутат“. ...

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова наскоро ќе се најде во македонските кина. Филмот е драма делумно инспирирана од вистински настани. „Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат ...

Рејчел МекАдамс сними фотосесија за списанието „Bustle“ за кое имаше специјално барање – фотографиите да бидат малку обработени за да ја прикажат во реално издание. 44-годишната актерка позираше во неколку креации, а погледи привлекуваат видливите влакна од нејзините пазуви. „На оваа фотографија носам долна облека од латекс, а имам две деца. Ова е моето тело. Во ред е да изгледате најдобро и да работите на тоа да бидете здрави, но тоа е различно ...

Нејмар и Бруна Бјанкарди наскоро ќе го добијат првото заедничко дете. 31-годишниот фудбалер и неговата 28-годишна девојка со фотографии ја објавија среќната вест на Instagram. На нив, Нејмар го гали и бакнува трудничкото стомаче на Бруна. „Го сонуваме твојот живот, го планираме твоето доаѓање и знаеме дека си тука за да ја комплетираш нашата љубов, правејќи ги нашите денови многу посреќни. Ќе бидеш дел од прекрасна фамилија...“ – напиша парот. ...

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со своите активности да носи различни привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа и да креира атрактивни понуди што целосно одговараат на потребите на крајниот корисник. Како синоним за стабилност и сигурно партнерство, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка ја продолжува промотивната понуда за Депозит Плус со нови, повисоки каматни стапки, фиксни за целиот период на орочување, во ...

Викторија Бекам ја дели само една година до јубилејната 50-та година од нејзиниот живот. Славната дизајнерка вчера го прослави 49-тиот роденден со сопругот Дејвид и три од нивните четири деца и снаата Никола Пелц. Модната креаторка сподели фотографии од прославата во Мајами на која недостасува само нејзиниот син Ромео, кој е во Лондон. За да ѝ го честита роденденот на саканата, Дејвид сподели фотографија од нивната младост и напиша: „Среќен ...

Мила Кунис и Ештон Кучер беа дел од гостите на доделувањето на наградите Breakthrough Prize. На црвениот тепих во Лос Анџелес, славниот пар имаше ретко заедничко појавување. 45-годишниот актер и 39-годишната актерка беа стилски усогласени во црни модни комбинации. Тие изгледаа позаљубено отсекогаш додека позираа пред фоторепортерите. На настанот им беа доделени награди во вредност од 15 милиони долари на различни научници. Кунис и Кучер се ...

Марко Маринковиќ – Слаткар ги разнежни срцата на своите обожаватели со фотографија на која позира со малото синче, кое го има со Сања Николиќ. Македонскиот музичар ја објави фотографијата за 3-тиот роденден на неодоливиот Моша и најави дека следната песна му ја подарува на својот наследник. „Среќен ти роденден Животе мој! Оваа среда ќе го добиеш најскапиот подарок. На 19-ти Април, во 19:00 часот излага мојот нов сингл ‘Насмевка’“ – напиша тој во ...

Милош Биковиќ е дел од првиот филм снимен во вселената. Рускиот филмски проект „The Challenge“ ја имаше официјалната премиера во Москва. На настанот, познатиот српски актер беше придружуван од својата девојка Ивана Малиќ. 35-годишниот Србин носеше сив костум и кошула на пруги, додека неговата сакана шармираше во црна креација со блескави детали. Трејлер за „The Challenge“ (Вызов) View this post on Instagram A post shared by woman.ru (@woman_ru) ...

Џесика Симпсон се гордее со своето тонирано тело. 42-годишната пејачка и актерка беше фотографирана во кратко жолто фустанче додека излегуваше во Њујорк. Претходно, Симпсон беше „уловена“ од објективите на папараците во кожен црн фустан. По раѓањето на третото дете, во 2019 година, Џесика тежела 109 килограми, но успеа да намали 45 килограми по третпат во животот. За тоа ѝ биле потребни три години, но таа вели дека се гордее со себеси. „Имам ...

Ријана ужива во мајчинството. Додека го очекува второто дете, музичката ѕвезда е целосно посветена на малото синче. По повод велигденските празници, 25-годишната пејачка направи тематска фотосесија со слаткото детенце, а фотографиите ги сподели со милионите фанови. На сликите од новите Instagram албуми, неодоливиот наследник на Рири позира меѓу кошнички со јајца и со мали зајачиња, а на вратот носи скапоцена огрлица со бисери и дијаманти. На ...

Никола Ѓорѓиев од село Црешево има потреба од наша помош. 19-годишното момче, кое нема родители и живее со своите баба и дедо, боледува од малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските. Никола има потреба од парични средства од хуманите лица за да ја ги покрие трошоците за лекување во Турција, каде се упати пред два дена. Броеви за донации Телеком - 143 117 А1 - 143 488 За донации на трансакциска сметка: Стопанска банка ...

Љубовната искра помеѓу Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес не згаснува и по речиси три децении заеднички живот. Славниот пар, кој може да се пофали со еден од најстабилните бракови во Холивуд, ја прослави 27-годишнината од влегувањето во брачните води. По тој повод, Џекман сподели заедничка фотографија и напиша емотивна порака за својата сакана. „Те сакам Деб. Денес е 27-годишнината од нашиот брак. 27 ГОДИНИ! Те сакам многу. Заедно создадовме ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја продолжува долгогодишната соработка со својот партнер Европска банка за обнова и развој преку потпишување нов договор со кој се обезбедени дополнителни 1,5 милиони евра од Програмaта за финансирање на зелената економија (GEFF 3) достапни за домаќинствата што сакаат да инвестираат во високоефикасни технологии, какви што се фотоволтаични системи, сончеви колектори, топлински пумпи, прозорци и врати, изолација и слично, ...

Дијабетот како еден од најчестите здравствени проблеми кај нас и во светот, покрај тоа што го погодува нашето физичко здравје, според голем број истражувања влијае и на нашето ментално здравје и расположение. Првиот и очигледен проблем кој се јавува поради дијабетот е променливото и нестабилно ниво на енергија. Ова може да доведе и до нестабилност и променливост во расположението, да предизвика раздразливост, иритираност, нервоза, анксиозност, ...

Кристијан Кусоњиќ за првпат си ја скрати косата на 7-годишна возраст, а со тоа направи и добро дело. Малото момче од Босна и Херцеговина ја донираше косата во Здружението за родители на деца со малигни болести „Искра“ во Бања Лука. Прамените ќе бидат наменети за изработка на перики за мали пациенти кои ја изгубиле косата поради хемотерапиите. За „Kozarski vjesnik“, неговиот татко изјавил дека Кристијан од раѓање бил борец. „Како бебе беше ...

Аријана Гранде им возврати на сите оние кои ја критикуваат и го исмејуваат нејзиниот сегашен изглед. 29-годишната пејачка неодамна беше фотографирана во Лондон, а фотографиите предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи. Многумина изразија загриженост дека таа се изгладнува себеси, дека не е здрава и дека е преслаба, па дури и анорексична. Очигледно, славната музичарка не остана имуна на коментарите и сними видео во кое ги замоли луѓето да ...

Џенифер Лопез ги истакна своите актерски вештини на ново ниво. По многуте романтични комедии, 53-годишната актерка доби главна улога во акционен филм. Трејлерот за „The Mother“ ја прикажува Лопез во улога на убиец кој мора да ја напушти ќерката веднаш по раѓањето за да ја заштити од опасни ликови. По долгогодишно криење, Џенифер излегува од засолништето за да ја спаси киднапираната ќерка. „Јас сум убиец, но исто така сум мајка. И ќе умрам ...

Мили Боби Браун го прифати предлогот за брак на Џејк Бонџови. 19-годишната ѕвезда од серијата „Stranger Things“ ја објави веста за свршувачката со фотографија на Instagram. На неа, Мили и синот на Џон Бон Џови позираат прегрнати, а славната актерка го покажува блескавиот прстен на раката. „Те сакам веќе три лета, душо, ги сакам сите“ - стои во описот на постот, а во коментарите пристигнуваат честитки од сите страни. „Засекогаш“ - напиша Џејк на ...

Свадбен момент меѓу младоженец и неговата мала поќерка растопува срца низ светот. Во него, зетот му подарува прстен на малото девојче и држи емотивен говор во кој ветува дека ќе се грижи за неа. „Денес не само што стапив во брак со мајка ти, туку те прифатив за моја ќерка. Ти ветувам дека секогаш ќе се грижам за тебе. Знам дека сакаше да ме викаш Тато долго време... Сакам да знаеш дека секогаш ќе бидам покрај тебе и ти ветувам дека ќе се грижам ...

Вработените во Клиниката за кардиохирургија во Ниш направија потег за почит и го одушевија регионот. Знаејќи за последиците од чекање со месеци за термин за операција, овој медицински персонал реши да ги преземе работите во свои раце и да ја елиминира долгата листа на чекање за операции. Тие работеа прекувремено, 12 последователни викенди и конечно си ја постигнаа целта. Отсега пациентите нема да чекаат неколку месеци за операција, туку истата ...

Зухаир Мурад го преточи својот дизајнерски талент во уште една врвна колекција. За идните невести тој креираше модерни и женствени фустани кои се трансформираат во сосем нови модели со интересни додатоци. Славниот либански дизајнер овојпат инспирација црпеше од италијанска свадба во 70-тите години од минатиот век. „Во срцето на оваа колекција се расплетува романтична италијанска свадба од 70-тите. Невестата плови по мирно езеро или чекори низ ...

Џереми Ренер не дозволува новогодишната несреќа да му ја уништи смислата за хумор. 52-годишниот актер пристигна во шоуто на Џими Кимел со бастун и во одлично расположение. Ренер беше пречекан од фанови кои добија негов автограм и му ја дадоа својата поддршка. Во емисијата, ѕвездата на Marvel раскажа за моментот кога беше прегазен со ратрак. И покрај тоа што имал 35 скршени коски, Џереми се смета за среќник што ниту еден орган не бил засегнат и ...

Започнете да ги собирате празните лушпи од јајца и направете си сами впечатлива велигденска декорација венец. Следниот пат кога ќе одлучите да правите оброк со јајца, испразнете ги внимателно, правејќи мал отвор на врвот. Потоа искористете ги добиените лушпи на некој од следниве креативни начини и ќе добиете декорација која можете да ја поставите на средина од трпезата за да измамите комплименти на Велигден. Најпрво испразнете ги јајцата и ...

Првата

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
3.09
65%
1021
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
58%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
7.72
72%
1023
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.84
59%
1023
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
67%
1022
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1020
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
66%
1024
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71