Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина евровизискиот победник Тото Кутуњо познат по „L’Italiano“

Почина евровизискиот победник Тото Кутуњо познат по „L’Italiano“

Почина Салваторе Кутуњо, познат како Тото Кутуњо. Легендарниот италијански музичар по долго и тешко боледување издиша за последен пат на 80-годишна возраст.

Кутуњо боледуваше од рак на простатата и пред смртта се лекуваше во болницата „San Raffaelle“ во Милано.

Тото беше познат по песните „L’Italiano“, „Insieme: 1992“ и „Solo Noi“. Тој победи на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната „Insieme: 1992“, која зборува за обединување на нациите.

Тото Кутуњо

Учествуваше 15 пати на „Санремо“, но само еднаш успеа да го освои првото место со „Solo Noi“.

Кутуњо најпрво настапуваше со бендот „Албатрос“, а подоцна, во 1978 година, ја започна својата соло кариера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23544 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.