Семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер порасна за уште еден член. Славниот спортски пар го доби третото дете. 35-годишната поранешна тенисерка и 38-годишниот поранешен фудбалер со слатко видео ја открија убавата вест. Во него, Бастијан, Ана и нивните поголеми синчиња Лука и Леон го откриваат малото раче на новороденото бебенце. View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) Ана и Бастијан стапија во брак во ...

Лионел Меси се закити со уште едно важно признание. Наградата Лауреус за Спортист на годината нему му беше доделена на церемонија во Париз. Како и секогаш, славниот фудбалер најголема поддршка доби од сопругата Антонела Рокуцо. На свеченоста, парот изгледаше елегантно во црни стајлинзи. Антонела носеше креација со разголен грб, која ја надополни со накит од Tiffany & Co. Лионел ја прими и наградата „Тим на годината“ за репрезентацијата на ...

Анџелина Џоли ретко е присутна на социјалните мрежи, но се активира кога има важна порака да пренесе. Вчера, на Светскиот ден за борба против ракот на јајчниците, 47-годишната актерка напиша пост со важна порака за сите жени. Во чест на нејзината мајка, која почина по долгогодишна битка со рак на дојка и јајчници, Џоли апелираше сите ние да се грижиме повеќе за себе и да правиме редовни прегледи. Таа сподели и фотографија од своето детство со ...

„Срцето да пукне од тага“ – стои на видеото од девојка која чита тажна поема напишана во чест на жртвите во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Емотивната песна на трогателен начин се осврнува на осумте згаснати детски животи и убиството на саканиот чувар од страна на 13-годишникот Коста. Откако ќе ја заврши поемата, девојката чита текст со моќна порака за сите нас: „Денес, осум семејства нема да ги дочекаат своите ...

Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за заштита на животната средина. Новите пластични шишиња на безалкохолните пијалаци од понудата на Пивара Скопје ќе бидат со капачиња кои се прицврстени на амбалажата, со што се овозможува тие да бидат рециклирани заедно со неа, по консумирањето на пијалакот. ...

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Очната болница „Деница“, која важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата. Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,99% за првите две години, како и рок на отплата до 48 месеци на максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и без жиранти. Дополнително, со оваа понуда клиентите ...

Дали вашите долгорочни цели, меѓу другото, се заштеда на време и ефикасно трошење на домашниот буџет? Тогаш, време е краткотрајните акции и намалувања да ги замените со долгорочно СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени. Што се долгорочно поволни цени? Овој концепт на нашиот пазар започна да го промовира дрогерискиот ланец на dm, кога овој мај реши во целост да ги замени акциските намалувања со СЕКОГАШ ПОВОЛНО цени, порачувајќи им на купувачите дека не мора да ...

Кристијано Роналдо си оддели време од професионалните обврски за да му се посвети на семејството. 38-годишниот фудбалер, кој во моментов живее во Саудиска Арабија, сподели фотографии од слатки семејни моменти со децата и саканата Џорџина Родригез. На нив, тој плива, се забавува и ужива во базен заедно со слатките наследници, а Џорџина го набљудува со насмевка. „Среќни семејни моменти“ – напиша тој. И Родригез објави фотографии направени покрај ...

Синоќа, во Мајами се одржа настанот „Billboard Latin Women in Music“ кој е посветен на успесите на популарните латино музички диви. Една од нив е Талија Соди. 51-годишната пејачка и актерка, која многумина кај нас ја знаат како Росалинда од мексиканската теленовела, ја имаше честа да ја отвори манифестацијата. Атрактивната ѕвезда магнетски привлекуваше погледи во три стајлинзи. Таа зачекори на свеченоста во златна плисирана креација, која ја ...

Кристина Егберт допира до срцата на мајките со сладок текст напишан од гледна точка на бебето. Популарната авторка, која има два сина, низ очите на бебето ги опишува првите конфузни моменти од мајчинство. Текстот несомнено ќе ви разбуди силни емоции: Моментално не можам да видам ништо, но знам дека си таму. Сите тие звуци кои ги слушам некако ме збунуваат, но го знам твојот глас. Почнува да ми недостасува простор и не знам што ќе се случи ...

Кристина Еплгејт се отвори за предизвиците со кои се соочува од 2021 година наваму, по дијагнозата со мултипла склероза (МС). 51-годишната актерка сподели дека ние луѓето, па дури и таа самата во минатото, не цениме многу нешта кои ги имаме и ги земаме здраво за готово. „Со болеста мултипла склероза не постои добар ден. Имате само мали лоши денови. Луѓето ме прашуваат зошто не се туширам почесто. Па, затоа што туширањето е застрашувачко. Можеш ...

Шакира е првата латино дива која ја доби наградата Жена на годината на Billboard. 46-годишната пејачка го прими признанието на церемонија во Мајами. Наградата на славната Колумбијка ѝ беше врачена од нејзиниот колега Малума по што одржа говор за силата на жените. На церемонијата, Шакира се појави во ултра мини фустан од Дејвид Кома. Ова е нејзиниот говор: Ова беше година на сеизмички промени во мојот живот, кога јас почувствував повеќе од ...

Никол Шерцингер беше дел од музичарите кои настапија на сцената во замокот Виндзор по крунисувањето на Чарлс III. За концертот одржан во чест на Кралот, 44-годишната пејачка изгледаше сензационално во креација во мастило-сина боја и впечатлив накит од Aariya Diamonds. Никол ја изведе песната „Reflection“ од дизниевиот хит „Mulan“. Видео Пред да се качи на сцената, Никол зачекори на црвениот тепих во црн тесен фустан со висок шлиц. Види повеќе ...

Принцезата Шарлот покажува зрелост и одговорност на денешното крунисување на својот дедо Чарлс III. Слатката принцеза беше облечена во фустан со наметка во боја на слонова коска од Александар МекКвин. На главата носеше исто венче како мајка си Кетрин коешто е соработка помеѓу Александар МекКвин и Џес Колет. Двете деца на принцот Вилијам и принцезата Кетрин им ги освоија срцата на обожавателите на британското кралско семејство. 8-годишното ...

Кралеви и кралици, славни личности и претставници на држави од целиот свет се собраа во Вестминстерската опатија за крунисувањето на кралот Чарлс. За првпат по 900 години, новиот Крал ја прекина традицијата на крунисувањето на британските монарси да не присуствуваат други крунисани членови на кралски семејства. Кралицата Летиција пристигна во Лондон со својот сопруг, кралот Фелипе. 50-годишната припадничка на шпанското кралско семејство пленеше ...

Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со малите деца присуствуваат на денешната церемонија за крунисување на Чарлс III и неговата сопруга Камила. На свеченоста во Вестминистерската опатија, Кетрин привлекува погледи со кралска елеганција. 41-годишната припадничка на британското кралско семејство носи фустан од Александар МекКвин, модната куќа која беше задолжена за многу нејзини стајлинзи низ годините, меѓу кои и за нејзината венчаница. На ...

Во Битола се одржа 27-то издание на детскиот фестивал Си-До. 23 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената на Центарот за култура во Битола. На овогодинешното издание на СИ ДО, нетрпеливо чекаа учесниците да настапат со нивните песнички на сцена и раскажуваа колку се возбудени и колку е убаво искуството да се биде дел од СИ-ДО. Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава а посебно на градот Битола, ...

Жена не можеше да си ги задржи солзите кога маријачи за првпат ѝ пееја на роденден. Емотивната бабичка уште од мала сонувала за момент каков што нејзиното семејство ѝ приреди за 90-тиот роденден. „Кога таа ќе сфати дека маријачите се за неа... Отсекогаш го посакуваше тоа, уште кога беше мало девојче. Среќен 90-ти роденден Бабичке“ – напиша нејзината внука Џесика на TikTok. View this post on Instagram A post shared by Good News Movement ...

Кери Фишер постхумно беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните. Церемонијата за славната актерка, која ја глумеше принцезата Леа, беше организирана на 4 мај – денот на „Star Wars“ и помина во знакот на популарната франшиза на Џорџ Лукас. Нејзината ќерка, Били Лурд, носеше фустан со ликот на принцезата Леа, а присутен беше и нејзиниот колега Марк Хамил, кој го глумеше Лук Скајвокер. На црвениот тепих пристигнаа и роботите C-3PO ...

Роз Каур е доказ дека стилот само се подобрува со годините. 56-годишната стилистка постојано споделува смели модни комбинации охрабрувајќи ги жените да развиваат свој автентичен стил. Како личност која повеќе од 30 години работи во модната индустрија, советите на Роз се добредојдени за сите вљубенички во модата. Дамата со уникатен стил е категорична дека треба да им се придаде поголемо значење на модните додатоци кога се осмислува еден стајлинг. ...

Џенифер Лопез деновиве неуморно го промовира својот нов филм „The Mother“. Покрај бројните интервјуа, славната пејачка и актерка присуствуваше и на промоцијата која се одржа во хотелот „The Whitby“ во Њујорк. На настанот, Џеј Ло пристигна во елегантен црн фустан од Версаче, кој овозможи до израз да дојдат сандалите и накитот. Штосните сандали се дел од колекцијата на Лопез за Revolve. Лопез позираше и со Луси Паез, која глуми нејзина ќерка во ...

Дејвид Бекам го прослави 48-миот роденден во друштво на најмилите. По тој повод, неговата сопруга Викторија сподели албум со семејни фотографии, а во описот напиша: „Среќен роденден. Те сакаме премногу. Најневеројатниот сопруг и најпрекрасниот татко. Ти ни си сè“. Парот беше фотографиран со децата додека ја напуштаа роденденската прослава која се одржа во ресторан во Лондон. Нивниот изглед потсети многумина на слични стајлинзи кои тие ги носеа ...

Вини Харлоу е пример за самодоверба и смелост. Моделот со витилиго не се плаши да ги покаже белите дамки на кожата. Овојпат, таа самоуверено позираше комплетно гола за фотосесија снимена за списанието „Women’s Health“. Со својот инспиративен пример, Харлоу ги охрабрува сите лица со витилиго да не се срамат од своето тело и да не ја прикриваат својата состојба. „Сакам да му покажам на светот дека убавината е онаму каде што секој од нас сака да ...

Мај ќе биде динамичен микс од забава, комуникативни предизвици, сентиментални моменти и преземање на амбициозни чекори. Сезоната на биковите ќе трае до 21 мај, па ќе ни носи стабилност и ќе нè учи да не избрзуваме и да напредуваме бавно, но сигурно. Меркур со ретроградното движење до 15 мај ќе поставува пречки во комуникацијата и ќе создава простор за недоразбирања, кавги, губење на документи, пропусти во пишана и онлајн комуникација и ...

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер за кратко време ќе се радуваат на уште еден благослов. Поранешната српска тенисерка е во последниот триместар од бременоста и постојано споделува фотографии од растењето на нејзиното стомаче. „Мојата радост расте од ден на ден... а исто и моето стомаче“ – пишува таа на една од фотографиите на која позира во црно-бел фустан. View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) Ана е бремена ...

Во елегантното здание на Офицерски дом, атмосферата беше тивка и свечена, со ветување за незаборавна ноќ. 27 април е датата на раѓањето на легендарниот Горан Стефановски во Битола, а најавениот концерт на виртуозот на гитарата Влатко Стефановски беше посветен на неговиот покоен брат. И тоа не беше обичен концерт, туку емотивна почит која никој од присутните не го остави со недопрено срце. Низ фотографии ве водиме на овој настан, позади кој ...

Компанијата „Макпетрол“ е најпосакуваниот работодавач меѓу нафтените компании во земјава, одлучија посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком. Признанието за најпосакуван работодавач синоќа им беше врачено на претставниците на „Макпетрол“ на свечената манифестација што се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје на која беа прогласени најуспешните компании-работодавачи во осум категории. Според ...

Ријана доби улога во новиот филм „The Smurfs Movie“ кој ќе биде снимен од Paramount Animation. Славната пејачка ќе ја глуми Штрумфета, а за да ја најави оваа вест, Ријана се појави на настанот CinemaCon во Лас Вегас. 35-годишната ѕвезда зачекори на сцената облечена во тексас од глава до пети. Модната комбинација е дел од колекцијата есен/зима 2024 на Y/Project. Ријана откри и дека моментално е во последниот триместар од втората бременост. Види ...

Ирина Шајк со нов стил привлекуваше погледи на галата на „The Prince's Trust“ во Њујорк. Како моден камелеон, таа си го трансформираше изгледот со нова фризура која воопшто не е карактеристична за нејзините појавувања на свечености. 37-годишната Русинка носеше кратко црно фустанче, огромни обетки и ултра високи зелени чизми со крокодилски принт. Добротворната организација„The Prince's Trust“ е основана од принцот Чарлс со визија сека секоја ...

Клои Кардашијан ја покажа лузната на левиот образ откако ѝ беше направена операција по дијагностицирањето на меланом. Во трејлерот за следната сезона од нивното шоу „The Kardashians“, е прикажан моментот кога минатата година, 38-годишната риалити ѕвезда дознала дека има меланом, најсериозна форма на рак на кожата. Потоа е покажана фотографија од раната на лицето долга 4 сантиметри по хируршката интервенција. „Меланомот е смртоносен“ – вели Клои ...

Првата

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
60%
1022
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
65%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
7.2
70%
1023
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.33
66%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
65%
1023
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1021
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
4.12
81%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
84%
1025
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
62%
1025
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71