Наоми Кембел заведуваше на ревијата на PrettyLittleThing која вчера се одржа во рамките на Њујоршката модна недела. 53-годишната манекенка покажа зошто честопати е нарекувана „кралица на модните писти“. Таа дефилираше во проѕирна креација која самата ја дизајнираше во соработка со британскиот бренд. Колекцијата прикажана на ревијата е инспирирана од Наоми и на нејзиниот иконски препознатлив стил. На модниот спектакл во Големото јаболко ...

Што се случува доколку имате оштетување на бубрезите? Симптомите на бубрежно заболување често се слични со многу други вообичаени здравствени проблеми и можат да бидат занемарени во почетокот на болеста. Сериозни знаци на нарушена бубрежна функција, може да не се појават се додека бубрезите не почнат да откажуваат. Затоа се смета дека бубрежните заболувања, зависно од основната болест која што довела до нивно оштетување, често се развиваат ...

Нина Рима инспира со силата и храброста да живее со полни гради и покрај тешкотиите со кои се соочи во животот. 23-годишната Италијанка ја изгуби својата лева нога пред шест години, како последица на сообраќајна несреќа, а сега самоуверено зачекори на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Шармантниот модел, кој на Instagram има 113 илјади следбеници, носеше црн фустан со висок шлиц и блескави сандали во сребрена боја. Таа гордо ја ...

Првите години од мајчинството се хаотични, непредвидливи, тешки и истоштувачки, а истовремено се прекрасни и им носат на родителите нова љубов која дотогаш не ја почувствувале. Блогерката Даниела Лазар ги потсетува родителите дека децата растат брзо и дека моментите кои ги имаат сега со нив нема да траат засекогаш. А кога ќе ги нема... ќе им недостигаат. Нема да биде засекогаш. Деновите кога сум преморена од денот уште пред тој да започнал од ...

Линда Еванџелиста за првпат се отвори за болно поглавје од нејзиниот живот. 58-годишната манекенка, која во 90-тите години владееше на модните писти, откри дека двапати во 5 години ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека има направено двојна мастектомија. Таа сними фотосесија со Стивен Мејзел и интервју за дигиталното издание на машкото списание WSJ. „Беше прикачено на мојот годишен мамограм. Маргините не беа добри и поради други здравствени ...

Џорџина Родригез и годинава не го пропушти Филмскиот фестивал во Венеција. 29-годишниот модел изгледаше одлично во гламурозен црвен фустан со бели ракавици, но доби критики за обувките. Девојката на Кристијано Роналдо носеше црни чизми на високи потпетици кои не беа складни со нејзиниот стајлинг. „Таа секогаш изгледа убаво, но овој аутфит е ужасен. Чизмите особено го уништуваат целиот изглед“ и „Овој стајлинг изгледа непривлечно. Оперски ...

Мухамед Дрековиќ заслужува големи пофалби. Посветениот учител од основното училиште „Вук Караџиќ“ во Тутин со сопствени средства ја реновираше училницата за да ги изненади своите ученици на стартот на новата школска година. Тој креираше одлично катче за дечињата, каде тие ќе можат да учат во убава атмосфера. Секое детенце доби свое шкафче каде ќе може да си ги чува книгите. Мухамед имал помош од негов пријател со кого работеле во текот на ...

Во февруари годинава, Македонија се сплоти за да му помогне најмногу што може на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Помошта и солидарноста на македонските граѓани не беше заборавена и турската влада одлучи ново училиште да го носи името на нашата држава, а 32-те училници во него да ги носат имињата на македонските градови. Од Црвениот крст информираа дека средствата собрани во акцијата за помош ќе бидат ...

Тамара Котевска беше специјална гостинка на настан во рамките на Филмскиот фестивал во Венеција, каде одржа говор за филмови кои имаат моќно социјално влијание и кои ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми. Македонската режисерка зборуваше на настанот „Lights Camera Impact“, на кој беа поканети и дизајнерката Дајен фон Фирстенберг, Алис Нелсон и Заинаб Салби. Тамара, која беше дел од режисерите на „Медена земја“, носеше уникатна ...

Ромео Бекам наполни 21 година. Младиот фудбалер, кој чекори по стапките на неговиот славен татко, го славеше роденденот во друштво на родителите Дејвид и Викторија, сестрата Харпер, братот Круз и девојката Миа. Тој објави дел од роденденските фотографии. „Најубавата вечер со моето прекрасно семејство. Ве сакам многу“ – напиша тој. Викторија сподели фотографии од забавната вечер со пријателите и семејството и напиша: „ГОЛЕМА вечер на која славиме ...

Колку пати сте го прескокнале појадокот затоа што едноставно немате идеја што да јадете или брзате од рано наутро? Веруваме дека не сме единствените на кои понекогаш им е тешко да најдат време за лесен и избалансиран почеток на денот, но можеме да кажеме дека на ова му дојде крајот! Eден од омилените утрински оброци сега доаѓа во ново руво, што ќе ве освои со прва лажица. Станува збор за појадокот од нашето детство - Чоколино, чија нова, дарк ...

Годините се само обична бројка. Доказ за тоа е Масако Вакамија, жена од Јапонија која научи да програмира во деветтата деценија од животот и создаде апликација за стари лица, привлекувајќи го вниманието на Тим Кук, директорот на Apple. Нејзиното патување во светот на технологијата започнало откако се пензионирала и била принудена да минува многу време дома за да се грижи за 90-годишната мајка. Чувствувајќи се осамено, одлучила да си купи ...

Во најтешките животни битки најважна е поддршката од блиските. Грижлив маж си ја избричи главата заедно со бремената сопруга болна со рак, чија коса започнала да опаѓа поради силните хемотерапии. Во видеото, таа е преплавена од емоции и со солзи во очите го бакнува саканиот. Видеото завршува со фотографии од нивното бебенце кое го носеше во својата утроба додека минуваше низ лекувањето. NO ONE FIGHTS ALONE: in a loving show of support, husband ...

Џо Џонас и Софи Тарнер најверојатно се пред развод по 4 години брачен живот и две заеднички деца. Од TMZ први ја објавија веста дека 34-годишниот пејач ангажирал адвокат за развод од ѕвездата од „Game of Thrones“ откако беше фотографиран без бурма. Според нивните информации, парот имал сериозни проблеми најмалку шест месеци. Во изминатите три месеци, Џо речиси постојано се грижел за нивните две мали ќеркички и покрај тоа што е на турнеја во САД ...

Миранда Кер повторно е во блажена состојба. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret откри дека го очекува своето четврто дете споделувајќи фотографии со пораснатото трудничко стомаче. Ова ќе биде нејзино трето синче со основачот на Snapchat, Еван Спигел. Таа има уште еден син од бракот со Орландо Блум. „Многу сум возбудена што објавувам дека бебето број 4 е на пат“ – напиша Миранда и откри дека повторно очекува момче. Миранда и Еван стапија во ...

Зендаја денес ќе дувне 27 свеќички на роденденската торта. Музичката и филмска ѕвезда моментално е една од најбараните холивудски актерки и несомнено ќе изгради импресивна филмска кариера. Минатата година беше избрана за една од 100-те највлијателни луѓе во светот од списанието Time, а покрај Златен глобус, таа е добитничка и на Еми награда за најдобра актерка во тинејџерската серија „Euphoria“. Убавата филмска ѕвезда двапати го доби ова ...

Денес е 1 септември, ден кој за многу од нас носи нови почетоци, нови предизвици, нови авантури и нови искуства. Некои ученици се враќаат повторно во школските клупи, а други за првпат седнуваат во нив, но сите родители на деца на школска возраст им посакуваат сè најубаво на нивните „малечки“. Татко со писмо со лекции му посака на синот „Среќен почеток на учебната година“, а во него ќе се пронајдат многу родители: Драг сине, Слободно можам да ...

Ајрис Апфел ја живее 11-тата деценија од нејзиниот живот. Легендарната модна икона го прослави 102-риот роденден. Дамата со ексцентичен стил објави фотографија за овој специјален ден и дувна свеќичка на роденденско колаче во друштво на Дона Каран, Кристи Бринкли и нејзината ќерка Алекса Реј. „Среќен роденден на Ајрис! Таа има 102 години и има повеќе стил од мене и од вас. Таа е Кралица на модата“ – стои во објавата на Кристи на Instagram. View ...

Септември ќе биде владеан од ретроградното движење на дури ШЕСТ планети. Иако ќе наидеме на предизвици и се советува да го забавиме темпото, сепак ќе видиме многу светли точки. Првата убава вест е што на 4 септември Венера, планетата на љубовта, ќе го прекине ретроградното движење, давајќи ни нови дози романтика и страст. Очекувајте нови додворувачи, незаборавни бакнежи и неочекувани авантури. Меркур во првата половина на месецот ќе ни носи ...

Милена Радуловиќ застана рамо до рамо со светските ѕвезди во Венеција. На црвениот тепих на Филмскиот фестивал, 28-годишната актерка се појави во блескава црна креација од Марија Тарлаќ. Убавата Србинка присуствуваше на премиерата на филмот „Ferrari“ со Пенелопе Круз и Адам Драјвер, режиран од Мајкл Ман. Ова е 80-то издание на најстариот филмски фестивал на светот и ќе трае до 9 септември. View this post on Instagram A post shared by ◇ᴊᴏᴜʀɴᴀʟ ...

Вљубен пар пронајде креативен начин за да ги овековечи заедничките авантури низ светот. Зузу Галова и Питер Седлачик од Словачка посетуваат атрактивни дестинации, а потоа застануваат еден наспроти друг и истовремено го притискаат копчето од фотоапаратот за да го овековечат тој момент од времето. Двојката ги споделува фотографиите на профилот „Lens Between Us“. Санторини, Париз, Бали, Лондон, Австралија... Прошетајте со поглед низ креативните ...

Амал Клуни доби признание на манифестацијата „DVF Awards“, организирана од страна на дизајнерката Дајен фон Фирстенберг. 45-годишната адвокатка ја прими наградата DVF Leadership Award за нејзината работа со лица на кои им биле прекршени човековите права. На настанот, кој се одржа во рамките на 80-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција, Амал пристигна за рака со сопругот Џорџ Клуни. За оваа пригода, таа избра нежен романтичен фустан во ...

На 14.09.2023, Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect ќе нè потсети на иконската музика која ја обележа златната доба на MTV. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите ќе оживеат на сцената пренесувајќи ја магијата на тие времиња. MTV 80s & 90s не беше само музички период - тоа беше ера која ја дефинира иднината. Во септември, благодарение на Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect, сите ние ќе имаме шанса повторно да ги ...

Семејството на 9-годишно момче има мисија да посети што повеќе места и да види што повеќе нешта пред неговиот вид да се влоши или целосно да исчезне. На малиот Лук му беше поставена дијагноза ретинитис пигментоза, ретка болест која со текот на времето може да доведе до целосно ослепување. Докторите на Лук прогнозираат дека кај него тоа ќе се случи во тинејџерските години. Поради тоа, неговото семејство реши да го одведе на патување на кое ќе му ...

Роберт Дауни Џуниор и Сузан Дауни покажаа дека љубовта меѓу нив не згаснала ниту по 18 години брачен живот. 58-годишниот актер со саканата пресоздаде фотографија од нивната свадба и ја објави на нивната 18-годишнина. На неа, Сузан држи сончогледи додека Роберт се наведнува за да ја бакне. Иста фотографија стои и во нивниот свадбен албум. „18 години, љубовта сè уште цути“ – напиша тој. Парот се запозна во 2003 година, а стапи во брак во август ...

Џорџ и Амал Клуни деновиве престојуваат во Венеција. 62-годишниот актер и 45-годишната адвокатка беа фотографирани додека пристигнуваа и си заминуваа од ресторан со бротче. На романтичната вечера, Амал шармираше во смарагдно-зелен фустан, додека Џорџ носеше тегет костум. Парот пристигна во Венеција за DVF Awards, каде на Амал ќе ѝ биде доделена награда за нејзината работа со жртви на кои им биле прекршени човековите права. Претходно, брачната ...

Тамара Стојковска ја објави својата нова песна „Не е до мене“, која ќе ве разигра од првото слушање. Песната и видеозаписот на пејачката од Битола ја доловуваат слободата која ја чувствуваме кога ќе ставиме крај на токсичните врски и навики. „Пораката што ја носи песната ја реализиравме со видео спот во кој има 17 учесници и е сниман на повеќе локации. Идејата беше да ја доловиме таа позитивна енергија и чувство на слобода кога ќе завршиш ...

Синоќа, на небото се појави многу редок феномен – „сина супермесечина“, која беше втора полна месечина овој месец. Оваа спектакуларна глетка ќе се повтори дури по 14 години, односно во 2037 година. Вчера, месечината беше најблиску до Земјата и беше поголема и посветла од вообичаено. Беше оддалечена само 357.344 километри, што е за 160 километри поблиску од супермесечината на 1 август. Терминот „сина“ не се однесува на бојата на нашиот природен ...

Рита Ора во впечатлива модна комбинација се појави на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција. 32-годишната пејачка со косовско потекло избра црн проѕирен комбинезон со точкест принт. Својот стајлинг, таа го надополни со бела бунда и обувки со платформа и екстра високи потпетици. На настанот во италијанскиот град, Рита пристигна со глисер. Ова е 80-то издание на најстариот филмски фестивал на светот и ќе трае до 9 септември. На првата вечер ...

Тиш Сајрус и Доминик Персел се заколнаа на вечна љубов на интимна церемонија во домот на нејзината ќерка Мајли Сајрус во Малибу. Списанието „Вог“ објави дел од официјалните свадбени фотографии на кои среќната невеста блеска во две венчаници. Тиш признала дека не можела да одлучи која од двете венчаници да ја избере и затоа одлучила да ги носи двете. „Всушност, не можев да одлучам која венчаница да ја носам, па ги носев двете. Фустанот кој го ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
49%
1003
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
83%
1004
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
32%
1008
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.54
25%
1005
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
89%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
56%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
57%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
65%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
38%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
89%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
53%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641