Адријана Лима имаше две специјални покани за да отпатува во француската метропола.
Една од нив беше лансирањето на новата колекција „La Parisienne“ на брендот за бебешка опрема Cybex.
На настанот во хотелот Ritz во Париз, атрактивната манекенка беше облечена во модерна креација со металик здолниште кое ги истакна нејзините облини.











Претходно, Лима присуствуваше на ревијата на MiuMiu во рамките на новата модна недела во Градот на светлината. За оваа пригода, убавата Бразилка избра шик костум.








