Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Амал Клуни отсекогаш важела за пример за префинет стил и беспрекорен вкус за мода за кои постојат безброј сведоштва. Амал отсекогаш била вљубеничка во винтиџ облеката, дури и пред таа да стане вистински тренд во текот на последните неколку години. Незаборавен пример е оној од минатата година кога Амал се појави во фустан од 16Арлингтон за време на филмскиот фестивал во Лондон, како и мини фустанот со светки од Ermanno Scervino во кој беше ...
Моите први сеќавања за џинсот се врзуваат со моето рано детство, кога веќе имав омилено парче облека и тоа беа – фармерки. Во прилично широк крој, поставата им беше во пруги (која наѕираше од џебовите), со висок струк, а на половната беа набрани со ластик. Но, ништо не ми беше пофасцинантно од тоа дека на едната ногавица беше пришиена апликација: патика со врвци. Истовремено, (периодот на раните 90-ти) паметам дека сите околу мене носеа џинс: ...
Деловниот имиџ особено во лето може да биде вистински предизвик. Како да се направи соодветнот спој на функционална, пријатна деловна комбинација, која истовремено ќе биде складна со нашиот личен имиџ и соодветна на нашата работна позиција. Но, постојат многу солуции како сите овие сегменти да ги вклопите во еден успешен летен деловен стил. Од една страна е навистина богатиот избор на летни парчиња што умешно може да се вклопат во бизнис ...
Љубителите на книгата неретко имаат тенденција да се вљубат и во книжарниците кои за нив претставуваат неисцрпен бунар на знаење и имагинација. Дури и самото одење до книжарница, пребарувањето и потрагата по совршената книга, читањето и несвесното задлабочување во еден нов свет пред да се одлучите да ја купите книгата што ви е на ум, претставува некој вид медитационо искуство и шанса за вљубениците на пишаниот збор да избегаат од реалноста и ...
Утре, во рамките на фестивалот Охридско лето кое се одржува од 12.7. до 20.8.2022 година ќе учествува Драмски театар Скопје, со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта". Претставата, работена според романот на Марк Хадон својата премиера ја имаше на крај на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска,асистент на режија е Димче Николовски, драматургија на Александра Бошковска, сценографија на Константин Трпеноски, а асистент на ...
Минатиот месец во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро" домашната публика имаше прилика да посведочи на една мултидимензионална уметничка поставка која иако е создадена од сè она што нам ни е секојдневие и е реалност која нè опкружува, сепак делува вонземски, како временски сегмент од некој друг универзум. „Форми на повторно создавање" ја има токму таа идеја во својот концепт: да го натера набљудувачот да стане активен и ангажиран учесник ...
Секој кој барем за момент посветил внимание на кариерата на Гага и нејзината сценска присутност би се согласил дека покрај нејзината музика, Лејди Гага е позната и како модна икона со невообичаена храброст за експериментирање со нејзиниот стил. Фото: Vogue Оваа карактеристика на Гага е присутна од самиот почеток на нејзината кариера и до ден денешен се провлекува како еден од нејзините главни одлики. Па така, нејзиниот карактеристичен стил се ...
Откако Линда Евангелиста, икона во модниот свет, одлучи да се пензионира и да се повлече од јавноста и светот на модата поради козмететичкиот третман кој „тргнал наопаку", како што вели таа, манекенката сепак повторно се враќа на модната сцена со нова кампања. Фото: buro247.hr Овојпат Евангелиста застана пред објективот на Стивен Мајзел и позираше за специјална кампања за најпопуларната чанта Baguette на Fendi по повод 35 години од познатата ...
Денис Вилнев се враќа на сет заедно со оскаровскиот тим и целата актерска екипа за снимањето на вториот дел на научно-фантастичниот кинематски гигант на Warner Bros. Pictures и Legendary Entertainment - „Dune". Филмот кој се очекува да се врати во кината на 17 ноември 2023 година, веќе е во процес на снимање на неколку локации, меѓу кои Будимпешта, Абу Даби, Јордан и Италија, велат од филмскиот магазин Variety. Фото: nytimes.com Официјалниот ...
Доколку сте во можност да си дозволите еден летен сон да ви стане реалност, тогаш без двоумење букирајте ја луксузната вила „Зринчи". Оваа модерна вилата која е изградена оваа година и е дело на архитектот Бранко Павиќ, се наоѓа во Мурвица, во близина на градот Задар, се простира на речиси 300 квадратни метри и може да прими до осум лица „Зринчи" воодушевува со својот базен, прекрасно уреден современ и минималистички ентериер, како и градината ...
Ретрото е новото модерно, како во сферата на модата, така и во секој друг аспект на живеење, вклучително и домашното уредување. Па така, винтиџ столицата која претходно беше позната под името „Помаре", а сега е популарна по називот „Паун", повторно го наоѓа своето место во модерните ентериери. Фото: Pinterest Плетениот стол со невообичаено нагласен и декориран потпирач за грб неодоливо наликува на паун во моментот кога ќе ја рашири својата ...
Уште еден пример за тоа како трендовите оваа година ги рефлектираат оние од 70-тите, 80-тите и 90-тите е и Butterfly cut фризурата. Оваа фризура на слоеви каде шишките се извиткуваат нанадвор со цел да се добие ефект на крилја на пеперутка е стил што можевме да го забележиме кај голем број пејачки и глумици од 70-тите, но исто така и кај Џенифер Анистон, на почетокот на нејзината глума во „Friends". Фото: Pinterest Како и за многу други ...
Доколку бевте во потрага по најудобната комбинација од пантолони и обувки за престојнот период, се чини дека оскаровката Ен Хатавеј го има одговорот кој го барате. Неодамна актерката беше забележана на снимањето на нејзиниот претстоен филм, „Mother's Instinct", во широки фармерки и металик Birkenstock сандали за едноставен и ефективен изглед. Фото: Vogue Ова не е прв пат Ен Хатавеј да ги покаже своите симпатии кон овие две модни парчиња. Во ...
Вчера, на 15-ти јули, поп хитот „Gangnam Style" на Psy наполни 10 години. Кога песната беше премиерно објавена на YouTube во 2012 година, никој не можеше да предвиди дека оваа хумористична нумера со комичен спот, каде главното обележје на кореографијата е „галопирачкиот танц", ќе стане светски мега-хит. Не само што дебитираше на првото место на табелата Гаон во Јужна Кореја, туку „Gangnam Style" продолжи да се наоѓа на врвот на музичките топ ...
На денешен ден пред 25 години, модниот тајкун Џани Версаче беше убиен. Тогаш светот изгуби многу повеќе од дизајнер, светот изгуби вистинска легенда. Џани Версаче, лицето на италијанската мода, роден на 2 декември 1946 година во Реџо Калабрија, јасно го покажувал својот енузијазам уште од најрана возраст во кројачката работилница на неговата мајка. Во 1972 година, тој се преселил во Милано каде работел за различни брендови, за конечно 6 години ...
Модата се помалку можеме да ја ставиме во строго определена рамка,а денес таа излегува и од границите на реалноста. Со се поголемото присуство на аугментираната и виртуелната реалност во нашиот секојдневен живот, беше речиси невозможно модата да го избегне овој тренд. Од неодамна модната сфера е побогата за уште неколку брендови чии дизајни се комплетно виртуелни, а едни од нив е и хрватскиот дигитален моден бренд Tribute, кој наедно е и еден од ...
Во текот на жешките летни денови сакаме удобност и лежерност, особено кога сме на одмор и нашата секојдневна активност вклучува одење од сместување до плажа, од плажа на кафе и обратно. Во постојаната потрага по совршената лежерна комбинација за овие моменти, покрај вечниот избор на ленени и сатенски широки и удобни парчиња облека, градниците успеавме да ги трансформираме во сосема прифатливи топови, а памучните боксерки во најчест избор за ...
Барби естетиката веќе сериозно ги порбива своите корени низ секој можен аспект од нашите животи. Уште во моментот кога се појавија првите фотографии од Марго Роби облечена во жешко-розова облека на сет на снимањето на престојниот „Barbie" филм во режија на Грета Гервиг, беше јасно дека Барби стилот ќе има огромно влијание врз насоката во која се движат трендовите во модата и дизајнот. margot robbieʼs Barbie will be epic. ...
Мајките и ќерките навистина можат да бидат најдобри пријателки, особено кога делат слични интереси, а ова „мајка-ќерка" дуо кое го сочинуваат Суси Рејано и Карла Хинојоса, не само што ја делат истата страст и љубов за модата, туку и модна естетика која е неодоливо инспиративна за сите нас. Педесетидевет годишната Суси Рејано е модна дизајнерка, основачка на „Брилијант", бренд за модни додатоци од Барселона. Во најголем дел нејзиниот стил ...
По три години од последните објавени епизоди, конечно возбудливи новости за фановите на научно-фантастичната хорор антологија на Netflix, „Black Mirror". Фото: nme.com Откако беше потврдено дека серијата ќе добие и своја шеста сезона, деновиве беше објавена и актерската екипа што ќе се појави во новите епизоди, а истата вклучува и некои прилично големи имиња како Зази Битз, Паапа Есиеду, Џош Хартнет, Арон Пол, Кејт Мара , Дени Рамирез, Клара ...
Ако живеете во куќа со двор, можеби сте (или можеби и не сте) свесни за предностите кои ги уживате во однос на оние кои живеат во стан, особено за време на жешките летни денови. Уредувањето на дворот и бирањето на мебелот и декорациите претставува уште едно засебно задоволство, а доколку сте личност која ужива во „направи сам" проекти, тогаш можеме да замислиме дека со сето срце би се нафатиле да изработите дел од мебелот со што ќе му дадете ...
Шпанската кралица Летиција важи за една од најдобро облечените дами во кругот на кралските семејства, но и генерално таа е жена која се вбројува меѓу современите икони на стилот. Тоа го потврдува со секое свое појавување во јавноста, кога речиси и да нема стилско промашување. Неодамна повторно ни сервираше стилско „образложение" што го дефинира нејзиниот изострен вкус и зошто е во рангот на најстилските дами на денешницата. Овојпат нејзиниот ...
„Ако Македонија е библиска земја, Галичник е нејзината последна реликвија!" — Петре М. Андреевски Овој викенд ќе ечат тапаните и ќе писнат зурлите на Галичката свадба. На Галичник ќе се игра „Тешкото", сватовите ќе се фатат на „Свекрвино оро", ќе се пеат изворни песни, тивките семејни куќи ќе бидат исполнети со џагор и веселба и ќе бидат изведени традиционалните ритуали кои како бесценето културно наследство се пренесуваат од една до друга ...
Италијанската луксузна модна куќа Валентино доби тужба од Диор. Ова е веста која деновиве добива прилично драматична димензија во модните кругови. За што се работи? Неодамна Валентино одржа спектакуларна модна ревија на која ја презентираше новата Висока мода колекција. Наместо во Париз, каде традиционално се одржува Неделата на висока мода, Валентино се врати во родниот Рим каде приреди модно шоу на познатите Шпански скали. View this post on ...
Светот на модата е жива материја која се наоѓа во постојан процес на трансформација. Она што било во тренд пред неколку години сега веќе не е...освен ако не нè изненади некоја ретро „воскреснување", како што сме сведоци во последно време. Сепак, постојат одредени модни парчиња кои никогаш не излегуваат од тренд. Тоа се најчесто бесмртни парчиња облека кои со својата едноставност, трансформирачка способност и елеганција можат да се искомбинираат ...
Оние кои ја следеа ревијата на Висока мода на Валентино за 2022 година што се одржа на 8 јули на Шпанските скали во Рим, сигурно ја забележаа грациозната Елизабета Деси која зачекори по модната писта со природно седа коса, гордо носејќи ги на себе своите 67 години. Преку оваа ревија, дизајнерот Пјерпароло Пичоли, креативен директор на Валентино, имаше за цел да ја презентира еден „нов почеток" во сферата на модата, прикажувајќи поинаква ...
Неодамна Корчула се најде на нашата страница како препорака за локација за летување оваа година, но овјопат се фокусираме на островчето во близина. Бадија, најголемиот од 19-те острови во околината на Корчула, се простира на површина помала од 1 км2 и моментално е ненаселен од луѓе, но затоа пак чемпресовата шума е негов вековен жител. Во 1398 година бил освоен од Францисканците од Босна кои до држеле под своја власт до 1949 година кога бил ...
Овошна палета сервирана во летната мода. Звучи свежо и егзотично, а така и изгледа. Живописните бои на слатките сеознски овошја совршено им прилегаат на летните трендови. Носат енергичност и свежина, дури и во оние комбинации кои по кројот и естетиката делуваат строго и поформално. Обично бело здолниште или црни панталони, добиваат сосема друга димензија кога се комбинираат со топ во изразена портокалова боја на пример. Ако сте резервирани во ...
За дел од нас уредувањето на домот претставува задача која мора да се заврши, но за дел претставува исполнувачко задоволство и креативна шанса за сопственикот да го изрази својот уникатен стил и вкус. Неретко преку начинот на кој го уредуваме ентериерот потсвесно кажуваме многу за себе и за нашиот карактер, па така можеме да претпоставиме дека оние кои не се плашат да експериментираат со боите, материјалите, текстурите и стилот на мебелот се ...
Холивудската легенда, Џоан Колинс (89) на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира шармантна во бохо комбинација со краток шорц. Фотографијата е направена на јахта во Монако, каде деновиве актерската ѕвезда е на одмор. View this post on Instagram A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe) Во повеќе наврати досега спомнала дека нејзиниот животен стил вклучува исклучително внимание посветено на здрава исхрана, редовна ...