Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Замислата за идеален одмор и пратување е различна за секого. Некој не може да си замисли патување без песочни плажи, тиркизни бранови и освежителни коктели под врелите зраци на сонцето, додека пак нечиј сон се дрвените планинарски куќарки скриени во прегратките на густите шуми. Но за оние кои се постојано гладни да истражуваат нови градови, да изучуваат богати истории и култури, имаме споецијален предлог за следното патување - „Венеција од ...
Нашата голема тениска надеж Калин Ивановски (18) успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот дел на Вимблдон, со што си обезбеди место меѓу осумте најдобри на овој Грен слем турнир. Вчера тој успеа да го победи ривалот од Литванија, Едјас Бутвилас со 2:1 во сетови со што го оствари својот најголем професионален успех на тенискиот терен досега, а воедно со овој триумф значи и историски национален успех. Осумнаесетгодишниот Ивановски на ...
Каледонскиот универзитет во Глазгов ја преименува зградата по ѕвезда на Eurythmics, Ени Ленокс. Според Директорката на универзитетот преименувањето на зградата е со цел да се оддаде признание на сè што поранешната пејачка и текстописец направила за универзитетот и неговите студенти. Ени Ленокс | Фото: BBC Ени Ленокс | Фото: Wikimedia Ленокс (67), која стана првата жена канцелар на универзитетот во 2018 година, рече дека тоа е „неверојатна чест", ...
Во рамките на фестиалот Синедејс во Македонскиот Младински Центар – Скопје, утревечер во 20ч ќе биде отворена изложбата „Лошите девојки од филмовите" чиј автор е Сандра Шевандо. Куратор на изложбата е Драган Христов, додека пак продуцент е Емилија Чочкова / МКЦ. Во рамките на изложбата, публиката ќе може да види различни рекреации на култни филмски костими носени од култни субверзивни главни женски ликови 60-тите години наваму. Изложбата ќе ...
Песната „Bestie" на младиот и талентиран артист во јавноста познат како Young Dadi, доби продолжение – овој пат со наслов „Wifey". Приказната на песната зборува за тоа како фамозната Bestie станува Wifey. Спотот ја следи љубовната приказна на Дади и Никси, инаку прикажана во vintage вајб. Кадрите се снимени на неколку локации, и тоа Мавровското Езеро, забавниот парк кај арената „Борис Трајковски" и во една приватна куќа во скопската населба ...
Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Кармен ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето" во Пустец, Р.Албанија. Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на монодрамата "Кармен" која воедно е прогласена и за најдобра претстава на Фестивалот. На 15-то издание на фестивалот „Македонско културно лето" што се одржа од 1 до 5 јули пред многубројна публика од целиот регион на Пустец настапија ...
Познати дами предводени од Никол Кидман, Бела Хадид, Наоми Кембел, Дуа Липа и Ким Кардашијан се појавија како модели на модното шоу на Баленсијага во рамки на актуелната Недела на Висока мода во Париз. Првите фотографии беа објавени на Инстаграм профилите на публиката присутна на шоуто, на кои Кидман носи волумензона сребрена креација и црни ракавици во стилот на стариот холивудски гламур. View this post on Instagram A post shared by Christine ...
Музичката легенда Карлос Сантана колабираше на сцена за време на вчерашниот настап во Мичиген. Според изјавата на неговиот менаџер, причината била „топлотна исцрпеност и дехидрација". Фото: CNN Натсапот на Сантана се случуваше во музичкиот театар Пајн Ноб, амфитеатар на отворено во Кларкстон, кој е на околу 64 километри од Детроит. Температурите во Кларкстон достигнаа до 31 степени во вторникот, речиси 10 степени над просекот, а 74-годишниот ...
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера премиерно се појавија на годинешниов Вимблдон на мечот помеѓу Британецот Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан. Покрај тоа што важи за еден од најетаблираните тениски турнири, Вимблдон е секогаш е интересен да се анализира и од стилски аспект кога е во прашање публиката, особено кога британското кралско семејство е во фокусот. Кејт Мидлтон речиси и да нема модно промашување на овој настан. И за премиерното ...
За својата ревија на Висока мода есен-зима 2022-2023 година, куќата Шанел ја напушти палатата Grand Palais Éphémère и се пресели во Étrier de Paris, во Bois de Boulogne. Шанел го започна вториот ден од Модната недела на Висока мода со грандиозна ревија оркестрирана од Етриер де Париз и по втор пат го пат го повика Хавиер Веилхан со кого претходно работеше за декорацијата на колекцијата на Висока мода пролет-лето 2022 година. Комбинирајќи ...
Откако направи драстична трансформација за Мет гала, со цел да го облече фустанот што оригинално го носела Мерилин Монро во 1962 на роденденот на Џон Кенеди, Ким Кардашијан во новата кампања за нејзиниот бренд Skims е повторно непрепознатлива. Веројатно на прва ќе се посомневате, но да, на фотографиите што неодамна беа објавени на Инстаграм е Ким Кардашијан комплетно трансформирана во естетиката на познатата серија од 80-те „Династија". Со ...
Можеби еден од најатрактивните популарни ликови за филмаџиите кои се занимавале со биографски филмови несомнено е Кралот на рокенролот - Елвис Присли! Оваа година за музичката биографија во режија на Баз Лурман, улогата на Елвис Присли му беше доделена на Остин Батлер. За оваа прва главна филмска улога, младиот актер посветил две години за комплетно да го трансформира својот изглед, како и своето држење и однесување. Напорниот труд секако се ...
Грациозна, а истовремено забавна и со смел пристап кон модата. „Age plus" шпанската блогерка Пилар де Арсе навистина знае како да го истакне најдоброто од себе, а притоа да се забавува со сите можности што ги нудат модните тенденции и да ги приспособи на својот стил. Оваа дама во шестата деценија од животот стана популарна на социјалните мрежи како „age plus" блогерка во која жени од различни возрасти наоѓаат модна инспирација и мотив храбро да ...
Грациозна, а истовремено забавна и со смел пристап кон модата. „Age plus" шпанската блогерка Пилар де Арсе навистина знае како да го истакне најдоброто од себе, а притоа да се забавува со сите можности што ги нудат модните тенденции и да ги приспособи на својот стил. Оваа дама во шестата деценија од животот стана популарна на социјалните мрежи како „age plus" блогерка во која жени од различни возрасти наоѓаат модна инспирација и мотив храбро да ...
Кога украинската уметница Олесија Трофименко се претстави со својата колекција оваа пролет, на Марија Грација Кјури ѝ стана јасно дека везот влече потекло од украинската народна носија. Кјури веднаш пројави интерес за соработка со Трофименко за есенското шоу за висока мода, а уметницата која живее во Киев, предложи користење на симболот на Дрвото на животот како елемент од украинскиот фолклор, кое исто така се провлекува и во други култури и ...
Имаме СУПЕР вести! Директно од временската машина на Fashionel... Радосни сме што конечно може да ве запознаеме со нашето првенче: RETRO BABE – прва линија маички со оригинални дизајни кои го враќаат ретро духот на урбаните улици и во вашиот гардеробер. Ретро е кул. Ретро е забавно. Ретро е фрекфенцијата на ова лето. Кејт Буш се врати на врвот на топ листите... Вистинско време е за рето! Новата линија на маички на Fashionel ве носи на временско ...
Денес постојат бескрајни можности и неодоливи модели на бикини кои не само што успеваат во тоа да направат жените да се чувствуваат убаво и добро во својата кожа, туку и значително да ја крене нивната сигурност и самодоверба. Но, се чини дека враќањето на костимот за капење со висок струк во мода ги засени сите останати, а причината за тоа е доста силна. Овој неодоливо женствен модел на бикини му се додворува на женското тело повеќе од било кој ...
Кога обично парче облека е „украсено" со карнер, добива сосема нова димензија. Овие детали имаат моќ целиот изглед да го претворат во романтичен, шармантен, женствен. Затоа неколку сезони наназад ретко која колекција или сезонска линија поминува без карнери, што ги потврдува симпатиите на дизајнерите за овие впечатливи детали. Кошули, блузи и маички со карнери, во секојдневната улична мода, но и свечени изгледи, комбинизони, тоалети прикажуваат ...
Сакате да внесете свежина во домашното уредување, но не знаете од каде да почнете? Дизајнерите на ентериер препорачуваат дека најдобар начин да зачекорите во жешкиот летен период е да го промените мебелот и декоративните елементи во вашиот дом. Транзицијата од една сезона во друга најчесто вклучува отстранување на орнаментите кои ја означувале претходната, како и отстранување на прекривки, густи ќебенца, перници во темни бои и чергички кои ...
Во текот на последните неколку сезони, предимензионирнаите парчиња облека ги освоија срцата како на модните дизајнери, така и на секој моден ентузијаст. Предимензионираните парчиња се особено атрактивни затоа што со правилен стајлинг можат да изгледаат одлично на сите типови градба на тело. Особен шарм поседуваат предимензионираните кошули од машките колекции кои комбинирани со одбрани модни додатоци можат да постигнат неодоливо женствен и ...
Веројатно „на прв поглед" делува невозможно во ист концепт да се спојат: деловен, стилски и пријатен изглед со екстремно високи летни температури. Но, ако се направи вистинскиот избор на ткаенини и естетика, со малку умешност при комбинирањето, оваа невозможна летна мисија може да премине во вистинско уживање кое ќе ви помогне да се чувствувате подобро и попријатно во вашата работна средина, оваа сезона од годината. Најзначајниот сегмент за да ...
Утре, со почеток во 20 ч, во Културно-информативниот центар – Скопје (Империал 1 и 2) ќе се отвори групната изложба насловена ПРОЕКТ 4 од ликовните уметници од Србија Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. „Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од ...
Со секоја промена на сезоната доаѓа и потребата да промениме нешто во нашиот стајлинг. Некому е доволно да го освежи својот гардеробер со неколку нови модни парчиња, а некому му е потребна подрастична промена, како нова фризура. Доколку сте дел од оваа група на луѓе кои сакаат да го прослават влезот во летото со освежување или комплетно менување на фризурата, почнувајќи од должината па сè до бојата на косата, имаме еден неодолив и „вкусен" ...
Невозможно е да се одолее на долгиот лежерен фустан на пруги и целата удобност што тој ја нуди. Неговата едноставност и можност за разновидно стилизирање, го прави ова модно парче омилено за секојдневни комбинации во летните периоди. Фустанот на пруги е повеќе од само удобен фустан. Пругите имаат моќ да го разиграат и наједноставниот модел и да му дадат нова димензија на целиот изглед, а со својата лежерност и едноставност, зависно од модните ...
Во текот на својот двовечерен концерт овој викенд што се случи во рамките на фестивалот American Express Presents BST Hyde Park, британската пејачка Адел ја воодушеви публиката со својот глас, но и со својот беспрекорно елегантен и гламурозен стајлинг со два изгледи, кои совршено го рефлектираат нејзиниот стил и склоност кон класичните силуети на Стариот Холивуд. Фото: Getty Ова е прв јавен концерт на Адел во последните пет години, а за време на ...
Доколку ова лето се одлучите да заминете за Црна Гора, направете простор и време во вашиот дневен план за посета на еден од најубавите барови во земјата. Фото: bonjour.ba Во мај годинава, црногорското крајбрежје стана дом на едно од највозбудливите и најдолго очекуваните новитети од светот на гастрономијата и забавата, Buddha-Bar Beach Porto Montenegro, кое донесе нова димензија на летната забава, како за жителите на Порто Монтенегро, така и за ...
Можеби најчесто фокусот го ставаме на ноктите на рацете, но грижата за нашите стапала е подеднакво важен чекор во рутината за убавина. А за време на жешките летни денови кога најчесто нозете ни се во влечки или сандали, покрај тоа што ни е важно да го одржуваме здравјето на ноктите на стапалата, сакаме тие да изгледаат добро исто така. Па, доколку сакате да го освежите изгледот на вашите стапала, ви препорачуваме да зачекорите во ова врело лето ...
Во чест на 50-годишнината од објавувањето на албумот „Hunky Dory" на Дејвид Боуви , (првично објавен на 17 декември 1971 година), брендот за играчки Mattel вчера ја објави втората „Дејвид Боуви" Барби кукла од својата Signature Collection. Новата „Дејвид Боуви" Барбика носи костим во светло сина боја, исто како популарниот костум што Боуви го носи во спотот за песната „Life on Mars?" од албумот „Hunky Dory". „Дејвид Боуви“ Барбика | Фото: ...
На 7-ми јули, четврток, Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими" во режија на Даријан Пејовски ќе го отвори овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс. Филмот е селектиран во SEE програмата на Фестивалот и ќе се натпреварува за една од наградите за кои ќе одлучува жирито составено од словенечкиот режисер Дамјан Козоле, Диего Апарисио основач и уметнички директор на кипарскиот фестивал Queer Wave и Ѓулин ...
Вчера беше објавен официјалниот трејлер за новата романтична комедија „Ticket to paradise" во која Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен пар. Во режија на Ол Паркер (Mamma Mia! Here We Go Again), приказната ги содржи сите класични компоненти што ги очекуваме од овој жанр: прекрасни егзотични локации, љубовни хитови од 90-те и постојана надеж за среќен крај. Само колку да ја заскокоткаме вашата љубопитност, дејството се одвива околу обидот ...