
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Актерката Камерон Дијаз и Џејми Фокс ги добија главните улоги во новата акциона комедија на Нетфликс, „Back In Action“. Оваа комедија го доби својот прв тизер. Заплетот на филмот е поврзан со брачна двојка, Емили и Мет, односно Камерон Дијаз и Џејми Фокс, поранешни шпиони на ЦИА кои се принудени да се вратат во светот на шпионите бидејќи се открива нивниот таен идентитет. Заедно со Дијаз и Фокс, во овој филм глумат и Глен Клоуз, Кајл Чендлер, ...
Во рамките на „Месец на Пучини“ на 23 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од Италија, Елио Орчуоло диригира со изведбата на оваа ...
Во рамките на 49-то издание на театарскиот фестивал МОТ, вечерва со почеток во 20:00 часот на сцена на Факултет за драмски уметности во Скопје, ќе имате можност да ја погледнете монодрамата „Мајорот и Хелена“ на театарот Промена од Србија. Еден од најсмелите авторски текстови на денешницата, од авторката Хелена Вучковиќ – пензионирана мајорка на српската армија, која се прокламира како транс жена. Како што велии самиот опис на книгата, „таа ...
Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан играниот филмот „Змија в пазуви“, со што започнува неделата на шпански филм која ќе трае до 23 ноември. Во последните години на Франковата диктатура, сестрите Ана, Ирене и Маите, сега сирачиња, мора да живеат со строгата тетка Паулина, неподвижната баба и грижливата слугинка Роса. Ана е убедена дека самата е виновна за смртта на својот татко, воен офицер, кој, пак, ...
Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во фоајето пред салонот на Национална Опера и Балет во Скопје, ќе биде отворена изложбата „65 години ансамбл Мањифико“. Мањифико – мит, легенда или реалност… На оваа единствена и атрактивна изложба, ќе бидат претставени преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома. Вокално-инструменталниот ансамбл „Мањифико“ го сочинувале: Пантелеј Кочовски – Панче Крсто Таушанов Димитар Томов – Митко ...
Метео прогноза на Славчо Попоски Денес (понеделник), како и утре (вторник) во Македонија времето накратко ќе биде потопло, но и стабилно, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен и од југозападен правец. Сепак, утре (вторник) попладне и кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, и тоа ќе биде најава за големата промена на ...
Стефче Стојковски е наш познат мултиниструменталист. Чувар на македонската традиција и борец за зачувување на културниот идентитет. Од мали нозе почнува да свири, најпрво на кавал за да во понатамошната кариера успее да совлада повеќе од 10 традиционални македонски инструменти. Основач е на Ансамблот „Стефче Стојковски“, кој неодамна го прослави својот јубилеј – 25 години постоење. Има импозантно творештво зад себе, 21 издаден албум и бележи ...
Бранко Гапо е роден во Тетово на 5 ноември 1931 година. Тој е еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски филмски режисери. Со над 40 документарни и 7 играни филмови, како и со работата на драмски, телевизиски и радио-претстави, во период од над 40 години, тој е меѓу основоположниците на македонската кинематографија. Со филм започнал да се занимава како аматер уште во училишните денови. Професионално се врзува за филмот во ...
Ерол Ризаов ероден во Кочани на 18 ноември 1950 година. Тој е истакнат македонски новинар и политички аналитичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година на отсекот историја на уметност. Со новинарство почнал да се занимава во 1977 година. Прво работел како приправник во Градската рубрика, а потоа како соработник и коментатор во внатрешно-политичката рубрика на весникот Нова Македонија. Едно време ја вршел функцијата заменик ...
Свети Јона, архиепископ Новгородски Роден е во Новгород и рано остана сираче. Го зеде една богобојазлива вдовица и го воспита. Клопскиот јуродив Михаил, кога го виде како дете му прорече: „Иванушка, учи се усрдно, зашто ќе бидеш архиепископ во овој голем Новгород“. И навистина, подоцна, по смртта на архиепископот Ефтимиј, овој Јона беше избран и посветен на негово место. Јона беше милостив и благочестив како ретко кој смртен човек. Подигаше ...
На почетокот на емотивната врска, јасните знаци на нарцизам не се секогаш очигледни, што инаку би предизвикало луѓето веднаш да се дистанцираат. Екстремните нарциси често прикажуваат црвени знамиња кои лесно се забележуваат: тие држат долги монолози, постојано се фалат и даваат омаловажувачки коментари. Многу од карактеристиките на нарцисоидното пореметување може да се видат и во реалните шоуа. Како што пишува клиничкиот психолог Крег Малкин од ...
Здравјето на срцето во голема мера е под влијание на видовите масти што ги консумираме. Иако мастите се суштински дел од урамнотежената исхрана, не сите масти се создадени еднакви. Некои од нив се крајно нездрави, како оние што се наоѓаат во пржената или преработената храна. Здравите масти, како што се мононезаситените и полинезаситените масти кои се наоѓаат во храната како што се авокадото, маслиновото масло, јаткастите плодови и масната риба, ...
Божиќната ѕвезда обично ги краси домовите за време на зимските празници Poinsettia или растението кое во народот е познато како „Божиќна ѕвезда“ е повеќегодишно растение по потекло од Мексико. Најчесто се одгледува за време на зимските празници, но може да се одгледува и како повеќегодишна градинарска грмушка. Цветовите на ова растение се кластери од ситни, жолти цветови опкружени со големи, сјајни, црвени ливчиња. Една мексиканска легенда вели ...
Прекрасните сцени создадени овој петок над шумата кај Матрахазе, место во северна Унгарија, ги снимиле фотографите на Европската фотографска агенција. Само малкумина имаат можност да посетат вакви локации во раните утрински часови и да видат сцени кои навистина го одземаат здивот. Снимката од дрон покажува иње како покрива шумска вегетација. Големи делови од ова место утрово се прекриени со облаци, а подолу можете да видите колку густа магла го ...
Една од најпознатите гитари на Ноел Галагер, член на легендарната група „Oasis“, синоќа е продадена на аукција за 286.000 долари. Оваа гитара, која честопати самиот Галагер ја наведува како негова омилена, беше понудена на забавна аукција на сувенири од онлајн аукциската група Propstore. Станува збор за реставрирана гитара Gibson Les Paul Florentine, која Галагер ја користел за време на снимањето на третиот албум на „Oasis“, Be Here Now, објавен ...
Мафините можат да бидат и солени… Потребно е: 4 јајца 1 чаша брашно (чаша од 180 г) 1 прашок за пециво 1/2 чаша гриз или пченкарно брашно 100 гр кисела павлака 50 мл масло 200 мл јогурт сол Додатоци: 150 гр сува сланина 50 гр жолто сирење исечкано на коцки 1 врзоп сечкан магдонос 1 мала свежа црвена пиперка Подготовка: Јајцата се матат, се додава просеаното брашно и гризот со прашокот за пециво. Додадете масло, јогурт измешан со павлака. ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Астрологијата открива кои хороскопски знаци ги чека голем успех до 31 декември 2024 година! Остануваат само месец и половина до крајот на 2024 година. Се чини дека се’ е веќе зад нас. Останува само да завршиме се што немавме време да направиме, да ја согледаме состојбата и да направиме планови за иднината. Сепак, ...
Синоќа во Мексико Сити се одржа 73-от избор за Мис Универзум Во избор од 125 натпреварувачки, ласкавата титула Мис Универзум ја освои Викторија Кјер Теилвиг, со што стана првата Данка во историјата на ова големо натпреварување што ја освоила титулата. Викторија има 21 година, таа е професионален танчер, претприемач и иден адвокат. Круната и ја врачи поранешната Мис Универзум, Шенис Паласиос од Никарагва. View this post on Instagram A post shared ...
На 18 ноември 2024 (понеделник), во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово (мала сала), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи трибина: Депресија низ стиховите на Рупи Каур. Со Драгица Стаменковиќ – психолог и психотерапевт, ќе зборуваме за поезијата на Рупи Каур, за менталното здравје и за депресијата. Ќе читаме стихови, ќе дискутираме и ќе ја обвиткаме поезијата со психологија. Модератор на трибината ќе биде Андреј Анѓеловиќ. Придружете ни се на ...
Младинскиот образовен форум во соработка со Националното студентско тело на Република Северна Македонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Ве поканува на овогодинешниот настан посветен на Меѓународниот ден на студентите. Настанот ќе се одржи на 18 ноември 2024 година, со почеток во 10:00 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Ќе имате можност да присуствувате на три панел-дискусии на теми: – ...
„Македонија покажа дека има музика…“ рече во еден момент Перо Камиказа (Петар Георгиевски) и со право. Бидејќи за нецел месец „Борис Трајковски“ два пати беше исполнет до последното седиште и место за стоење: на 19. октомври беше концертот на Калиопи, а синоќа (16.ноември) јубилејот од 40, години со својата поублика го прослави „Меморија“, бендот кој успеа да одолее на многу искушенија и опстана цели четири децении, податок со кој ретките можат ...
Серијата работилници за креативно пишување со Венко Андоновски, во организација на ТРИбина, завршуваат утре со онлајн предавањето со наслов ГЛЕДНАТА ТОЧКА И КРЕАТИВНОСТА. Предавањето започнува во 18:00 часот. Предавања: – Гледна точка и фокализација: разлики – Наративен глас соодветен на гледната точка – Зошто еден ист настан изгледа различно од гледна точка на жртвата и од гледна точка на насилникот? Како наративниот глас на детето гледа на ...
На Еуросог не нема но затоа сме редовни учесници на Јуниор Евросонг кој оваа година се одржа во Мадрид Шпанија. Македонските претставници Ана и Алексеј со композицијата „Маратон“, дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, настапија како седми. Но и покрај пласманот на 16. место (од 17 учесници), Ана и Алексеј,како што се вели во коментарите на „Eurovision Macedonia“ веќе имаат хит и ги освоија симпатиите… Дали повторно не бевме доволно активни и ...
Метео прогноза на Славчо Попоски: Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег. Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час. Снег ќе ...
Големиот јубилеј 80 години СЛОБОДНО ТЕТОВО е тука! Градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово-19 Ноември. Ве покануваме на градската свеченост, на настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати 80 години! Низ годините учевме и созревавме и знаеме дека не постои еднаш добиена војна или засекогаш изгубена битка, токму затоа непокорувањето кон се она што го ...
Во понеделник на 18 ноември 2024 година во просториите на ОУРЦ „Иднина“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи работилница за родители со наслов „Стигма на лица со попреченост“. Обележување, жиг, фрлен срам или неформална казна врз некого, поради некои карактеристики е појава позната како стигматизација. На кој начин стигмата го уништува личниот углед и колку длабоки последици може да предизвика кај личноста ќе говорат нашите ...
Раде Врчаковски-Врчак е роден на 17 ноември 1980 година. Во 1999 година излегува неговата прва песна, „И повторно сам“ која е прифатена од публиката. Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден. Во 2001 година настапува на Макфест со Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ каде го освојуваат 2. место. Во 2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со Роберт Билбилов. ...
Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа го зедоа во војска, каде што покажа чудесна храброст. По војничката служба Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски, каде што се замонаши и ...
За да ја постигнете посакуваната фигура, можете да примените одличен трик пред вашиот прв оброк! Губењето килограми многу луѓе ги држи будни ноќе, а бројот на диети и трикови на располагање може да биде вртоглав. За да го постигнете телото од вашите соништа, треба да ги промените вашите навики во исхраната. Научниците открија дека јадењето суров зеленчук пред оброк дава одлични резултати и делува слично како и популарниот лек за потиснување на ...
Киселата зелка има многу придобивки кога е здравјето во прашање, а ние ги издвојуваме 5-те најважни кои сигурно ќе ве натераат почесто да ја јадете Киселата зелка е намирница за која се верува дека е откриена во Кина пред 2.000 години. Процесот на ферментација резултира со раст на корисни пробиотски бактерии, што ја прави исклучително здрава храна. Обидете се да набавите домашен производ, но доколку не сте во можност, при купување изберете зелка ...