На сцената на Драмскиот Театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска, а во режија на Ивана Ангеловска. Улоги: Трајанка Илиева Вељиќ Игор Ангелов Игор Стојчевски Јасмина Василева Димитрија Доксевски Стефан Вујисиќ Ивана Павлаковиќ Лазар Христов Ања Митиќ Нина Елзесер Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска Сценограф: Костантин Трпеноски Костимографи: Раде ...

Труди и Алан Томлинсон (97 и 96) од Велика Британија се 75 години во среќен брак. Откриле што е најважно за да опстанат толку долго. Тие се запознале на забава додека студирале во Манчестер. Минатата година почнале да живеат во дом за стари лица и се уште се вљубени еден во друг како тинејџери. „Тајната е да научите кога да ја држите устата затворена. Понекогаш се заситуваме, но среќни сме што сè уште сме заедно”, изјавила Труди за New York ...

Во сабота, на 15 февруари 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во клубот Маракана, ќе имате можност да ги проследите настапите на Karma Scale, Basement Cult и Големата Вода. Ако вашите срца копнеат за возбуда, а душата за адреналин, “Skopje is for lovers” ќе ви ги разбуди сите сетила! Подгответе се за метал и пост хардкор експлозија што ќе го разниша градот до темели. Моќни рифови, експлозивни вокали и неверојатна енергија ве очекуваат на ...

Изрази ја љубовта преку боите, е насловот на креативната работилница која денес ќе се одржи во Public Room. Настанот започнува во 17:00 часот. На оваа работилница ќе имате можност да допрете до вашата креативност и инспирирани од љубовта да создадете ваше уникатно уметничко дело на платно, во релаксирана и опуштена атмосфера. Идејата на работилницата е да ја претставите вашата замисла и перцепција за љубовта, сликајќи ја на платно со бои. ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Засега, најтурбулентната фаза е во минување, нудејќи им на овие знаци можност да ја интегрираат својата тешко стекната мудрост и да влезат во период на поголема стабилност. Со лунарните јазли кои патуваат низ оската Овен-Вага, овие знаци се соочија со длабоки кармички лекции поврзани со теми на војна и мир, ...

Вечерва, во бифе Тафталиџе, со почеток во 19:00часот, ќе биде отворена изложбата со наслов „Изгубени конструкции“ на српскиот уметник Александар В. Бранковиќ. Како автор, се обидувам да најдам одговори на некои важни прашања од моето време, за себеси како уметник и забележувам несогласност на уметноста со општеството, кое е бранител, посредник и сопственик на некои други вредности. Условен од постмодернистичкиот начин на живот, приморан сум да ...

Вчера во Порта Македонија се одржа конститутивен состанок на Координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, со која се означи почетокот на подготовките за одбележување на еден многу важен и значаен јубилеј за ...

Денес, во Кинотека на Македонија, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да го погледнете играниот филм „Времето што го имаме“. Тобијас и Алмат беа споени со ненадејна средба што ќе ги промени нивните животи. Преку снимката од нивниот заеднички живот – заљубување, градење дом, создавање семејство – се открива тешка вистина која ги тресе темелите. Како што тргнуваат на ново животно патување, предизвикани од ограниченото време што го имаат ...

Во Музеј-галерија Кавадарци, денес, во 19:00 часот, ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба со наслов „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“. Во рамките изложбата посетителите ќе можат да видат 76 сликарски дела и шест скулптури на 39 ликовни уметници. Делата се изработени со најразлични техники, како: масло на платно, акрил, цртеж на хартија, комбинирана техника, скулптура итн. Дел од имињата на ...

На вчерашната средба меѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и Ректорот на факултетот на ИУ ЕУРОПА ПРИМА – Скопје, проф. д-р Александар Трајковски, во просториите на МНТ, се потпиша Меморандум за соработка меѓу двете институции. Во согласност со изразената желба на двете институции за развивање партнерски односи, дефинирање на конкретни програмски активности, како и подобра соработка во областа на културата, се ...

Бојана Атанасовска-Скендеровски, е родена на 14 февруари 1984 година во Скопје. Таа е позната македонска поп пејачка и текстописец. Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст). Истата година таа ...

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ? помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку ...

Ако вашата работа вклучува седење пред екран во поголемиот дел од денот, голема е веројатноста дека имате проблеми со очите и видот. Во овој случај, најчести поплаки се главоболка, суви или црвени очи и заматен вид. Експертите предупредуваат дека ова е опасност која им се заканува на многумина во дигиталното општество и дека треба да работиме по советите на лекарите за да спречиме сериозни компликации. Ејми Вотс, директорка на болницата за ...

Кога не треба да се вклучува рерната се е полесно… Затоа денес ви донесуваме рецепт за колач за кој ќе ви треба малку време! Состојки (за калап 28×19 cm): 500 мл млеко 3 лажици шеќер 3 лажици нишесте 1 кесичка ванилин шеќер 40 гр темно чоколадо 1 лажичка инстант кафе 250 мл засладен шлаг Дополнително: Чоколадни бисквити Млеко + 1 лажица инстант кафе Темно чоколадо (за декорација) Подготовка: 1. Во тенџере сипете го млекото, додадете ги шеќерот, ...

Според една неодамнешна студија, луѓето кои земале додатоци од рибино масло, исто така наречени омега-3, покажале знаци на побавно биолошко стареење. Истражувачите исто така откриле дека комбинирањето на рибино масло со додатоци на витамин Д и вежбањето има уште поголемо влијание врз стареењето. Биолошкото стареење се нормални промени што се случуваат кога нашето тело се прилагодува на сите временски услови. Сепак, вашата биолошка возраст не е ...

Волјата на граѓаните уште еднаш пресуди! Во текот на 2024 година граѓаните селектираа 273.000 пластични шишиња и лименки во системот на повратни вендинг машини на Пакомак со цел донирање на средства за потребните на СОС Детското село. Хуманиот гест го препозна и самата компанија, која собраните шишиња и лименки ги претвори во денарска противвредност во износ од 120.000 денари и ги намени за истата цел, за потребите на СОС Детското село. ...

Холандскиот блогер за патувања Лук Патрик Хугмоед објавик хумористично видео во кое ги наведува работите што никогаш не треба да ги кажете кога патувате на Балканот. Тој изјавил дека многупати патувал на Балканот и дека тој станал негов омилен дел од Европа поради неговите „убави луѓе, безбедни градови, недопрена природа и топла култура“. Сепак, тој истакнал дека има некои работи што треба да избегнувате да ги кажувате при посетата. „Кога и да ...

Џими Доналдсон, познат како MrBeast, го објави своето многу очекувано видео во кое тој и неговите колеги Чендлер Халоу, Карл Џејкобс и Нолан Хансен ги истражуваат пирамидите во Гиза. Видеото за два дена има речиси 80 милиони прегледи и е во тренд. Јутјуберот го објави видеото во декември минатата година, тврдејќи дека ги „изнајмил“ пирамидите на 100 часа, изјава која брзо беше оспорена од египетските власти. Египетското Министерство за туризам и ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Лавови, од 9-ти јуни оваа година до јуни 2026 година, движењето на Јупитер низ вашата 12-та куќа од вашиот хороскоп укажува на поголема посветеност на себе. Ова е време во кое завршува љубовниот циклус. Старото и истрошеното ги нема и поставени се нови темели на љубовта. Некои од вас може да ја прекинат романтичната ...

Во Македонија продолжува променливото и релативно ладно време. Утре (петок 14.2.2025) повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец, а во (сабота 15.2.2025) ќе засилува ветерот од северен правец. Времето ќе биде променливо облачно, повремено со повеќе облачност а ќе има и послаби локални врнежи кои на планините, секако, и на Скијачките центри ќе бидат од снег (што значи дека снежната граница ќе биде некаде со висина од над 1400/1500 метри ...

Каде е правото место на хејтот? Во корпа за отпадоци! Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!? Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци. ...

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Драмскиот Театар во Скопје, ќе биде изведена претставата „Чудесна терапија“. Автор: Даниел Глатауер Режија: Димче Николовски Драмтург: Александра Бошковска Автор на песна: Давид Матевски Костимограф: Раде Василев Превод од германски јазик : Дориана Кокиноска Ристевска Улоги: ТЕРАПЕВТОТ – СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА ЈОАНА – МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА ВАЛЕНТИН – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ Инспициент: Жарко Намичев Суфлер: Даница ...

Колумбиската ѕвезда Шакира ја започна најголемата турнеја во својата кариера, а нејзиниот прв концерт во Рио де Жанеиро, покрај изведбата на повеќе од 30 песни, го одбележаа и 13 различни комбинации. View this post on Instagram A post shared by Shakira (@shakira) Пејачката ја започна својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“ со концерт кој траеше повеќе од два часа на стадионот „Нилтон Сантос“ во Рио де Жанеиро. Ова е прв од 24-те ...

Вечерва, со почеток во 21:00 часот во кафе „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, концерт ќе одржи македонскиот џез состав „Skopje Jazz Inc.“ Концертот е во рамките на манифестацијата Денови на литературата а по повод Светскиот ден на радиото. Во соработка со „Џез ФМ“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во уникатни музички изведби што ќе ја доловат магијата на радиото. Настанот ќе се пренесува во живо на 100,8 фм и онлајн на jazzfm.mk, носејќи ...

Денес, во Europe House Скопје, во организација на Францускиот институт во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи дебата на тема: Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција? Дојдете и приклучете се на дебата со Жан-Габриел Ганасија, еминентен професор по информатика на Универзитетот во Сорбона, автор на десетина книги, од кои последната е „Вештачката интелигенција објаснета на луѓето“ (2024). Присуство и на домашни ...

За време на студентската блокада во Белград на 16 јануари, една од присутните девојки беше повредена кога автомобил ја прегазил и ја носел на покривот. Извесно време ја возел по покривот на возилото, по што тоа паднала и се повредила, а возачот на автомобилот побегнал без да застане. Веднаш била пренесена во итната медицинска помош и и биле констатирани повреди опасни по живот со повеќе повреди. Hej! Znate onu gomilu studenata što ide gromko ...

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, ја најави првата претстава од неколкуте премиерни годинава. Станува збор за претставата/комедија “Жена ми се вика Борис“ која се работи според оригиналниот текст „Жена ми се вика Морис“ на авторот Рафи Шарт. Во кавадаречкиот театар се поставува за прв пат и тоа во режија на Диме Боцев. Играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Александар Малинков, Сашко Орешков, Цветанка ...

Вечерва во Public Room во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе имате можност да го проследите настапот на музичката група Баклава која оваа година прославува две децении од своето постоење. Подгответе се за звучни подароци, произлезени од нивниот богат творечки опус. Ќе уживате во песни посветени на виното и љубовта, во најголемите хитови на Баклава, во звукот на баклавата. Билетите може да ги набавите на www.drugastrana.mk Баклава има пет ...

Денес, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран романот „Недостиг“ од Симеон Јанков. Промоторка: Фросина Крушкаровска „Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ ...

Националниот џез оркестар ве поканува на уште едно неверојатно музичко доживување кое овој пат се фокусира на АФРО-КУБАНСКАТА МУЗИКА и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична “латино свита” ќе нѐ води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот ЗИГИ ФАЈГЛ (AU) кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко. * Cuban Fire * е насловот на концертот кој е закажан ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
33%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
3.09
34%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
0.53
26%
1009
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
36%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
37%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
29%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
34%
1010
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
19%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
50%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75