
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Во пресрет на најголемиот младински мултиспортски настан на Стариот континент, Скопје и Куманово се во финалната фаза на подготовките за организација на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули оваа година. По тој повод, на 8 и 9 април, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Chefs de Mission семинар, каде што претставници од 49 национални делегации ќе имаат можност да се ...
За време на постот компирите некако ни се наједноставниот избор, поради тоа денес ви донесуваме рецепт за посни компири со зеленчук во рерна. Состојки: 1 кг компири 1 црвена пиперка 1 зелена пиперка 2 главички кромид 3 моркови сол црвен пипер, оригано масло Подготовка: Излупете ги, измијте ги и исечете ги компирите на коцки. Измијте ги и исечете ги пиперките по должина. Излупете го и исечете го кромидот на прстени. Морковот исчистете го и ...
Во Македонската академија на науките и уметностите вчера се одржа промоцијата на тритомното издание „Кочо Рацин“, кое ги опфаќа деловите „Поезија“, „Проза и публицистика“ и „Животопис на Рацин“. На промоцијата со поздравна реч по повод изданието се обрати академик Живко Попов, а уводна реч имаше академик Катица Ќулафкова, главен редактор на изданието. Промотори на тритомното издание на МАНУ „Кочо Рацин“ се: проф. д-р Венко Андоновски, дописен ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Меркур ретрограден, небесен феномен кој носи превирања во нашите животи, конечно доаѓа до својот крај. Но, не грижете се, ни претстојат уште два пред крајот на годината. На оваа пролет и дојде крајот, а еве што значи тоа и кои четири хороскопски знаци го понесоа најголемиот дел од транзитот. Еден од ...
Здружението на граѓани Тим Театрос К Скопје, во соработка со „ЕУ за тебе“ за прв пат организира едукативна работилница за пантомима и уличен театар, каде најголем акцент ќе се стави на настапот на уличните живи статуи. Работилницата ќе се одржи од 8 до 14 април, со почеток од 17 часот, во просториите на ООУ “11 Октомври” – Скопје. Учесниците од работилницата ќе имаат можност да бидат видени по повод ” Светскиот ден на уметноста”. Сите ...
Францускиот институт во Скопје и Музејот на современата уметност – Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион, имаат чест да ви ја прикажат изложбата насловена „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“. Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Виргилије ...
Маја Вукиќевиќ е родена на 8 април 1974 година. Најпрвин, кариерата ја започна како ТВ презентер и новинар, но музиката цело време била присутна во нејзиниот живот, благодарение на нејзината мајка Милка, која била оперска пејачка. Нејзиното пејачко деби се случи во септември 1997. година, кога на фестивалот „Охридски трубадури“ ја исполни композицијата „Единствен“ на Кире Костов и Огнен Неделковски, за чија интерпретација се здоби со награда. ...
Денес, во рамките на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, во „Литература.мк“во „Дајмонд мол“, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на илустрации од Ване Костуранов, насловена како „Соѕвездие на детските сни“. Модератор: Бисера Бендевска На изложбата ќе може да се погледне избор на илустрации од Ване Костуранов застапени во најубавите (авторски) сликовници – од „Sвездено дете“ до „Рекичето што ...
Истражување на Европскиот совет за иновации во политиката Во борбата против пушењето, европските земји треба сè повеќе да се свртат кон алтернативи и во исто време помалку штетни производи. Ова го поткрепи и студијата (link) на независниот Европски совет за иновации во политиката насловена „Крај на пушењето? Како Европа може да спаси милиони животи и во исто време да го поттикне економскиот раст?“. Во оваа студија јасно се гледа економскиот удел ...
По повод 116 годишнината од раѓањето на истакнатиот културен деец, Круме Кепески, денес со почеток во 18:00 часот во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик“, чиј автор е проф. д-р. Јованка Кепеска. Таа ќе има своја презентација пред прилепската јавност. Делото ќе го промовира д-р Симона Груевска Маџоска, а Слободан Беличански, ќе говори за животот и делото на Круме ...
Вчера, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со заменик-министерот, Седат Сулејмани, ја реализираа работната посета на Гостивар, каде што ги посетија културните институции и значајните културни објекти. По пристигнувањето во Гостивар, тие беа пречекани од директорите на локалните културни установи кои ги претставија тековните активности и идните проекти кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, но, и ...
Во рамките од одбележувањето на 80. јубилеј, од градењето и создавањето на МНТ, продолжуваме и понатаму да патуваме. Турнејата на МНТ ќе започне со најактуелните претстави од големата и малата сцена, а тоа се претставите: „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Предвидени се два блока на гостувања, надвор од ...
Златко Славенски е роден во Скопје на 8 август 1966 година. Во родниот град каде завршил основно и средно образование. Во 1986 година се запишал на редовни студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Во потрага по задоволување на својата потреба да се занимава со режија, во 1988 година ги прекинал студиите и отишол во Велика Британија, каде во Лондон се ...
Маја Вукичевиќ е родена на 8 април 1974 година. Најпрвин, кариерата ја започна како ТВ презентер и новинар, но музиката цело време била присутна во нејзиниот живот, благодарение на нејзината мајка Милка, која била оперска пејачка. Нејзиното пејачко деби се случи во септември 1997. година, кога на фестивалот Охридски трубадури ја исполни композицијата Единствен на Кире Костов и Огнен Неделковски, за чија интерпретација се здоби со награда. Потоа, ...
„Бијело дугме“ годинава со турнеја прославува 50 години постоење. Покрај Бреговиќ, тука се и пејачите Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ, а концерт во Скопје ќе имаат на 31 мај. Но… Никогаш не би погодиле што пишува на личната карта на Ален Исламовиќ. Ален Исламовиќ е сопственик на еден од најпрепознатливите гласови на овие простори. Како дете се заљубил во музиката и веднаш му било јасно што ќе прави подоцна. View this post on Instagram A ...
Ирвин Д. Јалом, познат психијатар и автор, ќе остане запаметен не само по неговиот придонес во егзистенцијалната психотерапија, туку и по неговите длабоко лични, искрени и често хумористични сознанија за човечката природа. Неговите мисли се особено вредни за оние кои влегуваат во зрелоста – оние од 40 години па нагоре, кога животот повеќе не е само хоризонт, туку и ретроспектива. Јалом еднаш напишал: „Кога наполнив 40 години, се откажав од ...
Главоболките се честа непријатност, а некои од нив можат да бидат знак за посериозни здравствени проблеми, кои никогаш не треба да ги игнорирате. Имено, неврологот Стивен Алдер од „Re:Cognition Health“ истакнува дека главоболките се чест симптом на тумори на мозокот, а се јавуваат кај 50 до 60 проценти од пациентите. Механизмите со кои туморите на мозокот предизвикуваат главоболки вклучуваат зголемен интракранијален притисок, директна иритација ...
Кората од лимон често се занемарува и се фрла, иако е исклучително хранлива. Слично како и сокот од лимон, таа е богата со витамин Ц, влакна и антиоксиданси, а додавањето во различни јадења може да го подобри нашето здравје и да го збогати вкусот на храната. Нејзината хранлива вредност и лековитите својства можат да бидат од голема корист, особено во зимските месеци кога нашиот имунитет е поподложен на болести. Постојат неколку начини на кои ...
На 8 април 2025 година (вторник), во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе биде промовирана книгата „Гевгелија порта кон Европа“ на Кире Јанишлиев. Промоцијата ќе започне во 20:00 часот. Станува збор за издание во коешто се опфатени новинарски статии за неговата родна Гевгелија, а објавени во печатениот медиум „Нова Македонија“. Модератор: Сара Јанишлиева Обраќања: Тони Аврамов и Бобан Хусеновски Интерпретација на текстови: Петар Јанчев Музички ...
Состојки: 120 гр шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер, 600 гр посни бисквити 300 мл газиран сок од портокал 300 гр посен маргарин За глазура: 3 лажици масло 150 гр посно чоколадо за готвење Подготовка: Оставете го маргаринот да омекне на собна температура, па изматете го со миксер со ванилин шеќер и шеќер во прав. Додадете половина од мелените бисквити, прелијте со сокот и измешајте со миксер. Вмешајте го остатокот од мелените бисквити и сè ...
Кралот Чарлс повеќе од една година се бори со тешка болест… Кралот Чарлс, по неговиот неодамнешен прием во болница, треба да тргне на четиридневна турнеја низ Италија со кралицата Камила. Чарлс (76) инсистирал на тоа дека ја става „должноста на прво место“ додека продолжува да се бори со ракот и да управува со контроверзните семејни прашања во срцето на монархијата, пишува Mirror. View this post on Instagram A post shared by The Royal Family ...
Состојки: 4 средни компири, 2 грста свеж спанаќ, 1/4 чаша вода, сол по вкус бибер по вкус мелен црн ким (опционално, за дополнителен вкус). Подготовка: Во големо тенџере ставете ја водата да зоврие. Додадете ги исечените компири и варете додека не омекнат, околу 15-20 минути. Додадете го сечканиот спанаќ во тенџерето со компирите и варете уште 2-3 минути додека спанаќот не овене. Исцедете ја водата од садот, па испасирајте ги компирите и ...
Состојки: 1 чаша црвена леќа, 1 морков 1 компир 1 црвен кромид 2 чешниња лук 1 чаша сецкани домати (конзервирани или свежи) 1 лажица сув зачинј сол и бибер по вкус свеж магдонос за посипување Подготовка: Загрејте малку вода во големо тенџере. Додадете црвен кромид и лук и пржете додека не омекнат. Додадете моркови, компири, домати, црвена леќа и супа од зеленчук. Оставете ја супата да зоврие, намалете ја топлината и варете ја на средно висока ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Кои се вашите енергетски вампири? Терезиите треба да се отстранат од друштвото на луѓе кои постојано започнуваат конфликти и се однесуваат агресивно. За еден Бик најдобро е да поминува време со луѓе на кои им веруваат и со кои можат да имаат силна емотивна врска. Некои луѓе едноставно имаат моќ да ја исцрпат сета ...
Битола ќе биде домаќин на уште еден голем спортски натпревар. Станува збор за квалификациите за светското провенство во ракомент за жени. Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, во сабота, 12.04.2025 година, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2, односно квалификациите за ...
Битолски Камерен Оркестар го носи својот проект Stars Symphony во Скопје на 20 мај со повеќе од 100 учесници, балет, хор и со Битолски Камерен Оркестар. По големиот успех на „Stars Symphony“ минатата година, Битолски Камерен Оркестар го носи овој проект во Скопје, претставувајќи го како четиричасовен музички спектакл кој не смее да се пропушти. „Stars Symphony“ во своето ново издание вклучува нови хитови од MTV The Greatest Hits 80s & 90s ...
Овој четврток, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи музичко –поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем”. Проектот „Мевлем” е уникатна симбиоза на музика и поезија, создадена од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој преку своите дела создава извонредна уметничка комуникација помеѓу звуците и зборовите. Проектот вклучува премиерни изведби на композиции кои се специјално создадени за оваа прилика, што го ...
Како дел од априлската програма, утревечер, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан францускиот игран филм „Емилија Перез“. Преквалификувана и потценета, Рита е адвокатка во голема фирма чиј интерес е да ги држи најголемите криминалци на улица наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Еден ден таа добива неверојатна понуда. Водачот на картелот Манитас ја најмува да му помогне да се повлече од работата и го ...
Друштвото на писателите на Македонија и издавачката куќа „Макавеј“ ве покануваат на промоцијата на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска, која ќе се одржи во вторник, 8.4.2025 г., со почеток во 19:00 часот во Друштвото на писателите на Македонија. Промотори на книгата ќе бидат: Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски. „’На врв од острицата’ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат ...
На 13 април, сцената на „Македонската опера и балет“ ќе биде сведок на премиерната изведба на театарската комедија „Ако сум жена, не сум коњ“, претстава која низ хумор и емоција ги истражува љубовните предизвици со кои се соочуваат жените во модерното општество. Комедија за силни жени и храбри мажи. Урнебесна и искрена приказна за една паметна, амбициозна и љубопитна жена која, во потрага по „вистинскиот“, се соочува со серија комични и емотивни ...