Хавиер Агуире потврди дека се повлекува од функцијата селектор на Мексико откако оваа репрезентација беше елиминирана во осминафиналето од Англија. Искусниот стратег од претходно го имаше најавено своето заминување од националниот тим, се надеваше на поголем успех по четирите импресивни победи во низа, но серијата беше запрена на синоќешниот трилер-дуел со Англија. „Овие пет натпревари беа незаборавни. Си заминувам со огромна гордост, секако ...

Бразилците со големи надежи отпатуваа на СП 2026, верувајќи дека со Карло Анчелоти како селектор можат да стигнат далеку, зошто да не и да се искачат по шести пад на врвот на светскиот фудбал. Сонот се претвори во кошмар откако „кариоките“ синоќа неочекувано загубија од Норвешка и за првпат по 1990 година се елиминирани во мундијалско осминафинале. „Ова е едноставно необјасниво. Мораме да бидеме мажи, да прифатиме дека ова беше тотален ...

Секоја чест на Ерлинг Халанд за двата гола за победа, но Норвешка немаше да биде во ситуација да се бори за триумф во финишот ако на голот го немаше фантастичниот Ерјан Ниланд. Искусниот 35-годишен чувар на мрежата го одигра мечот на кариерата бранејќи се што можеше, почнувајќи од пеналот на Бруно на стартот, неколкуте шанси на Бразил при 0-0, а потоа и со феноменално спречениот автогол со кој Бразил ќе израмнеше на 1-1, непоредно пред ...

Во таборот на Белгија максимално оправдано се бесни по преседанот на ФИФА, откако дисцилпинската комисија за првпат во историјата реши да не санкционира црвен картон на мундијал со суспензија, па така Балогун ќе може да го предводи нападот на САД на вечерашниот осминафинален натпревар против Белгијците. Селекторот Руди Гарсија во изминатите денови подготвуваше тактика за ривалот без Балогун, но сега експресно ќе мора да менува по ...

Англија се пласираше во четвртфиналето, Томас Тухел еуфорично прослави, но германскиот стратег на чело на „гордиот албион“ се пожали и на судискиот критериум. Судијата Алиреза Фагани од Австралија имаше полни раце работа во вториот дел, најпрвин му покажа црвен картон на Кванса, а потоа досуди и два пенала (по еден на двете страни). „Да бидам искрен, судиите на ова светско првенство едноставно не се доволно добри. Судиите на терен не се ...

Шокантната одлука на ФИФА да го казни американскиот голгетер Балогун само со условна казна за црвениот картон против БиХ предизвика бурни реакции од речиси целокупната фудбалска јавност. Сосема неочекувано, исклучок е Златан Ибрахимовиќ, кој ја поздрави ваквата одлука на светската куќа на фудбалот. Многумина очекуваа Швеѓанецот без влакна на јазикот да ги критикува челниците на ФИФА за ваквиот преседан, но се случи токму спротивното. „Мислам ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Ерлинг Халанд е само втор европски фудбалер во историјата кој постигнал погодоци на првите четири мундијалски меча на кои настапил. Првиот е Кристијан Виери на СП 1998. За првпат во историјата на СП, тројца различни фудбалери постигнале по седум гола на еден мундијал. Халанд, Мбапе и Меси се израмнети ...

Нејт Сестина уште кон крајот на минатата година доби македонски пасош, но незгодната повреда придонесе тој да почека за дебито за нашиот национален тим. Крилниот кошаркар конечно за првпат го облече дресот на Македонија на вчерашниот триумф над Луксембург, по што Сестина замина на лекарски прегледи и потпис со нов клуб откако му истече договорот со Олимпија Милано. Француски Асвел ќе биде новата дестинација во кариерата на новиот македонски ...

ФИФА го навлече бесот со одлуката суспензијата на американскиот голгетер Балогун да биде заменета со условна казна, со што се овозможи овој фудблер да настапи на вечерашниот дуел од осминафиналето на СП 2026 против Белгија. И додека користењето на „членот 27“ од правилникот е преседан во мундијалската историја, мора да се напомене дека истиот беше искористен минатата година – и тоа во корист на Кристијано Роналдо. Дали се сеќавате кога ...

Бразилската јавност е бесна на селекторот Карло Анчелоти поради одлуката по досудениот пенал за „кариоките“ ударот од белата точка да го изведе Бруно Гимараеш, а не Винисиус, кој беше вистински лидер на Бразилците на овој мундијал. Помошникот Давиде Анчелоти веднаш по натпреварот објави дека таа одлука била донесена уште пред почетокот на осминафиналето, а селекторот Карло Анчелоти на прес-конференцијата обелодени дека Вини не бил ниту меѓу ...

Џордан Хендерсон не одигра ниту минута на трилер-мечот со Мексико Сити, но сепак се најде во центарот на вниманието, со повредата што ја заработи ри англиската прослава на големиот триумф. Имено, екс-капитенот на Ливерпул се обиде да ги прескокне видео-бим рекламите, но не успеа, а приземјувањето беше незгодно, па Хендерсон остана да лежи во агонија на теренот и мораше на носилки да биде изнесен… Првите информации говорат дека станува збор за ...

Неверојатниот Ерлинг Халанд ја продолжи феноменалната серија – 14 меча во низа за Норвешка во кои најмалку по еднаш ги матирал противничките голмани. Синоќешниот дуел беше специјален, Халанд со два гола го урна големиот Бразил, носејќи им на Норвежаните историски прв пласман во четвртфиналето од еден фудбалски мундијал. „Мојот живот – тоа е давање голови. Да бидам искрен, не знам ништо друго да правам во животот, едноставно сум таков…“, ...

Многумина очекуваа триумф на Бразил и прослава со „самба“ на трибините на стадионот во Њу Џерси, но синоќа бевме сведоци на големо изненадување на теренот, а потоа и на феноменална прослава на трибините. Норвежаните ја продолжија традицијата, секоја победа ја прославуваат со „веслање“ и тоа тимот седнат на тревата, пред навивачите на „црвената трибина“. Овојпат улогата на „диригент“ му припадна на Ерлинг Халанд, кој раководеше со оваа фешта…. ...

Џуд Белингем донесе огромна радост на цела Англија откако со два гола го предводеше „гордиот албион“ до голема победа над Мексико и пласман во четвртфиналето од СП 2026. „Ова дефинитивно ми е најубавата ноќ во репрезентативната кариера. Свесен сум за притисокот, за одговорноста што секој од нас ја носи, но веерувам дека оваа победа уште повеќе ќе ни ја зголеми самодовербата. Имаме извонредни фудбалери кои можат да се носат со секого, да ...

Англија е нов четвртфиналист на овој мундијал откако „гордиот албион“ во супердраматиченн меч славеше над домаќинот Мексико со 2-3, обезбедувајќи дуел со Норвешка. Англичаните со овој триумф станаа прва селекција што како победник го напушта „Азтека“ стадионот, каде Мексиканците не знаеја за пораз на досегашните десет одиграни натпревари. Џуд Белингем е ѕвездата што го реши овој натпревар, откако асот на Реал Мадрид постигна два гола за три ...

Бразилската јавност жестоко го нападна Карло Анчелоти по синоќешниот шокантен пораз со кој „кариоките“ беа елиминирани во осминафиналето од СП 2026. Италијанецот е најплатен светски селектор и беше доведен за да го одведе Бразил до самиот врв, но „кариоките“ се мачеа цело првенство, во првото коло ремизираа со Мароко, во 1/16 финалето среќно ја победија, за среќата да им го сврти грбот на дуелот со Норвешка на кој примија два гола во ...

Ерлинг Халанд со два гола го елиминираше големиот Бразил од овој мундијал, со што норвешкиот голгетер ја продолжи феноменалната серија каква што не се памети во светот на фудбалот. Ерлинг сега има најмалку по еден погодок на последните 14 средби во репрезентативниот дрес, но што е уште поимпресивно, тој редовно се запишуваше меѓу стрелците на сите мечеви поврзани со овој мундијал, како во квалификациите, така и од почетокот на светското ...

Норвешка приреди сензација елиминирајќи го големиот Бразил со 1-2 во вечерашното осминафинале од СП 2026 што се играше на стадионот во Њу Џерси, за крај на мундијалскиот сон на „сино-жолтите“ предводени од Карло Анчелоти. Очекувано, Ерлинг Халанд беше стрелец на победничкиот гол за Норвешка, но вистинскиот херој е голманот Ниланд, кој со низа извонредни интервенции спречи „кариоките“ да го поведат натпреварот во свој ритам. Првиот зицер ...

Бразил по вторпат во својата историја е елиминиран во осминафиналето од еден мундијал, а многу работи вечерва против Норвешка ќе беа поинакви ако „кариоките“ го реализираа пеналот што им беше досуден во раната фаза од мечот. Сите очекуваа Винисиус да преземе одговорност, но останаа шокирани кога Вини му ја остави топката на Бруно Гимараеш, по одлука на селекторот Карло Анчелоти. Бруно не успеа да го совлада Ниланд, по што натпреварот доби ...

Светската фудбалска јавност остана во шок по денешната одлука на Дисциплинската комисија да не го суспендира американскиот голгетер Балогун, кој ќе може да настапи на осминафиналето со Белгија иако беше исклучен на последниот дуел со Босна и Херцеговина. Балогун мина само со условна казна, што е апсолутен преседан по покажан црвен картон на светските првенства, но се доби смисла по информациите дека во изминатите денови имало интервенција од ...

Стојан Ѓуроски беше највозрасен во македонскиот табор на денешното гостување против Луксембург, на кое нашата национална селекција славеше рутински и со перфектни 6-0 ги заврши овие први претквалификации. Искусниот крилен кошаркар даде значаен придонес, а по натпреварот не го криеше задоволството од новвиот позитивен резултат за „црвено-жолтите“. „Тежок натпревар за нас, без неколку играчи и со скратен ростер. Мило ми е што покажавме карактер ...

Кристијано Роналдо постигна три погодоци на досегашниот дел од СП 2026, но португалскиот ас не крие дека посакува добрата форма да ја продолжи и на утрешниот дуел со селекцијата на Шпанија. Иако критикуван за слабиот настап во првото коло, Кристијано се покажа како значаен адут на селекторот Мартинез на овој мундијал… „Мислам дека не е толку лошо како што некој сакаше да го прикаже. Дадов три гола, некој има и повеќе, но јас сум задоволен од ...

Челниците на Струга ТЛ денеска се пофалија со нови важни потписо, успевајќи во своите редови да го доведе Егзон Белица, искусниот дефанзивец кој доаѓа од редовите на Работнички, како и голманот Андреј Јовчевски. Белица неколку сезони беше и капитен на „романтичарите“, но по испаѓањето од елитното друштво реши да го напушти Работнички, избирајќи го токму родниот град како следна дестинација во кариерата. Белица е роден во 1990 година во Струга ...

Фудбалската јавност збесна по најновиот преседан од страна на ФИФА, откако најдобриот стрелец на САД, Балогун, беше „помилуван“ и ќе може да игра во осминафиналето со Белгија иако доби црвен картон на последниот натпревар со БиХ. Вообичаено црвените картони на светските првенства значат и автоматска суспензија, логичен беше ист исход и за Балогун, но ситуацијата се промени на огромно изненадување на сите познавачи. Неофициално, на се ...

Македонската сениорска репрезентација ја заокружи првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако славеше и на гостувањето кај Луксембург (80:66). Со шест победи во шест натпревари, „црвено-жолтите“ убедливо го освоија првото место во групата „А“ и со голема самодоверба ќе го очекуваат вториот претквалификациски циклус. Свој придонес во новата победа даде и Виктор Ефремовски, кој по натпреварот истакна дека ...

Никлас Зиле имаше и повеќе од успешна кариера како член на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но одличниот дефанзивец беше приморан да се збогува од фудбалот на 30-годишна возраст поради проблеми со пворедите. Токму затоа, изненадувачки делува денешната информација дека Зиле му се враќа на фудбалот, но не на оној професионалниот туку планира да игра аматерски, во деветтата лига на Германија. Тој потпишал договор со тимот Тифенбах, не криејќи ...

Страстите во Хајдук полека, но сигурно се смируваат откако Марко Ливаја се појави во тренинг центарот и го потпиша дисциплинскиот правилник, прифаќајќи ја казната што му беше изречена од тренерот Гарсија и од спортскиот директор Роберт Граф. За потсетување, најдобриот фудбалер на сплитските „бели“ беше избркан од подготовките по конфликтот со Гарсија, откако Ливаја одбил да ги исполни дисциплинските мерки изречени од тренерот поради ...

Вирџил ван Дајк ќе ја мине и следната сезона во дресот на Ливерпул, одлуката е донесена и дефинитивно нема да се промени по последните разговори што одличниот дефанзивец ги имал со управата на клубот и со новиот тренер Ираола. Веднаш по завршувањето на настапот на Холандија на СП 2026 се појавија информации дека холандскиот ас ќе си замине од „Енфилд“ во потрага по нов предизвик, откако и самиот клуб прифатил ваква варијанта за да избегне Ван ...

Тамир Блат сигурно ќе биде „непријател број 1“ на навивачите на Макаби откако израелскиот плејмејкер ги разочара приврзаниците на најтрофејниот израелски клуб – со трансфер кај лутиот ривал Хапоел. Макаби гради силен тим за наредната сезона и се очекуваше Блат сигурно да остане, но плејмејкерот ја одби понудата од 900.000 евра годишна плата оценувајќи ја како недоволна за да се осигура неговиот потпис. Целата ситуација ја искористија ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија со перфектни 6-0 ги заврши претквалификациите за Евробаскет 2029, пласирајќи се во следната фаза од овој квалификациски циклус. Нашите кошаркари попладнево лесно и убедливо славеа во Луксембург со 66-80, триумф што не е толку важен резултатски колку како доказ за карактерот. „Црвено-жолтите“ направија сериозно ослабеани, без бројни првотимци, но оние кои добија шанса покажаа одлична игра, максимално ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75