Ерлинг Халанд со два гола го елиминираше големиот Бразил од овој мундијал, со што норвешкиот голгетер ја продолжи феноменалната серија каква што не се памети во светот на фудбалот. Ерлинг сега има најмалку по еден погодок на последните 14 средби во репрезентативниот дрес, но што е уште поимпресивно, тој редовно се запишуваше меѓу стрелците на сите мечеви поврзани со овој мундијал, како во квалификациите, така и од почетокот на светското ...
Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд продолжува да ги поместува границите во дресот на Норвешка и испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал. Норвешкиот голгетер стана првиот и единствен фудбалер во историјата кој постигнал гол на секој натпревар што го одиграл во квалификациите за Светско првенство и на самиот Мундијал. Во квалификациите, Халанд беше неверојатен, постигнувајќи 16 голови на осум натпревари, при што се запиша во листата ...
Само неколку минути по блескавата партија на Ерлинг Халанд во осминафиналето на Светското првенство против Бразил, фудбалскиот свет повторно се разбуди со нова трансфер-бура околу норвешкиот голгетер. Овојпат во центарот на вниманието е неговиот татко и поранешен фудбалер, Алф-Инге Халанд, кој во интервју за DAZN отвори нов бран шпекулации околу иднината на напаѓачот на Манчестер Сити. Иако Халанд е под долгогодишен договор со англискиот ...
Ерлинг Халанд го одигра натпреварот поради кој големите фудбалери стануваат легенди. Со два гола во завршницата на осминафиналето, норвешкиот напаѓач го урна Бразил со 2:1 и ја одведе Норвешка во првото четвртфинале на светските првенства во нејзината историја. Прво погоди со глава во 79. минута, а потоа во 90. минута уште еднаш ја казни бразилската одбрана. Со седум гола на четири натпревари на Мундијалот, Халанд стана централната фигура на ...

