Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечерашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција. Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот што се игра вечерва во 22 часот во Бостон. Саибари постигна три гола на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во ...
Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден рок, откако денеска официјално стави потпис на договорот со „металците“. Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната. Кошаркарската кариера ја почнал во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е моментално најомразената личност во Парагвај. Репрезентацијата на таа мала јужноамериканска земја беше елиминирана од Франција во осминафиналето на Светското првенство 2026. Единствениот гол на натпреварот го постигна Килијан Мбапе. По тој дуел, бројни невкусни постапки на Парагвајците кон францускиот фудбалер. Откако најпрво Мбапе беше расистички навредуван од парагвајски политичар, сега на фестивалот во ...
Славен Билиќ ќе биде новиот селектор на хрватската репрезентација. Како што објавува „Спортске новости“, Билиќ треба да ја преземе репрезентацијата од Златко Далиќ и да ја води барем до Европското првенство во 2028 година. Билиќ е надвор од терените две години, откако беше отпуштен од саудискиот Ал Фатех, но сепак важи за еден од најдобрите хрватски тренери. Кој е Славен Билиќ? Билиќ како играч беше дефанзивец кој остави трага во Хајдук, ...
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, не се врати во својата татковина со своите соиграчи откако беше елиминиран од Светското првенство 2026. По поразот од Шпанија во осминафиналето, легендарниот напаѓач отпатува во Португалија со приватен авион. Пред да замине, Роналдо бил многу срдечен со вработените на аеродромот, се збогувал со персоналот и им се заблагодарил на сите што учествувале во организацијата на ...
Како што се очекуваше, нов селектор на Мексико е Рафаел Маркез. Од 2024 година, до Светското првенство, Маркез ја извршуваше функцијата асистент на сегашниот селектор Хавиер Агире, кого официјално го наследи на таа позиција. Мексиканската фудбалска федерација објави дека поранешниот познат репрезентативец потпишал договор до 2030 година. „Назначувањето на Рафаел Маркез за главен тренер е дел од уредна транзиција дизајнирана да обезбеди ...
Контроверзната парагвајска сенаторка Селесте Амариља повторно предизвика бура во јавноста со нови навреди упатени кон француската ѕвезда Килијан Мбапе по осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Парагвај. Зборувајќи во Сенатот, Амариља го критикуваше однесувањето на Мбапе по последниот свиреж, тврдејќи дека одбил да се ракува со голманот Орландо Гил. „Што нè налути најмногу? Орландо Жил, човекот кој за прв пат играше ...
Париската полиција подготвува посебни мерки пред натпреварот меѓу Франција и Мароко кој вечерва се игра во четвртфиналето на Светското првенство 2026. Градските власти на Париз се свесни дека главниот град повторно би можел да биде место на вандализам, како што беше случајот по големите успеси на фудбалскиот тим ПСЖ во Лигата на шампионите. Улиците на Париз тогаш буквално гореа. Поради тоа полицијата подготвува специјална операција насочена ...
Судбината на славниот француски клуб Бордо се уште е неизвесна. Иако се очекуваше жалбата против одлуката за исклучување од националните натпреварувања да се разгледа на 10 јули, француските медиуми објавуваат дека расправата пред Комисијата за жалби е одложена за 15 јули. Според француските медиуми, причината за одложувањето е тоа што не се обезбедени сите потребни финансиски средства, ниту пак се постигнати конечни договори што би можеле да ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс утре ќе го одигра првиот меч против белоруски Динамо Минск во воведното квалификациско коло од третото по ранг европско натпреварување Конференциската лига. На денешната официјална прес-конференција утрешниот меч го најави тренерот на Кратовци, Александар Васоски. „Задоволен сум што втора година по ред играме Конференциска лига. Го респектирам нашиот противник кој е многу квалитетен и веќе има 15 ...
Десетици европратеници почнаа да собираат поддршка за Европскиот парламент да покрене истрага за вмешаноста на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, во одлуката за укинување на суспензијата на фудбалерот на САД, Флоријан Балогун, по црвениот картон што го доби на натпреварот помеѓу САД и Босна и Херцеговина, што му овозможи на Балогун да игра против Белгија во осминафиналето на Светското првенство. Целиот скандал почна да се одвива кога, по ...
Maкедонскиот фудбалски второлигаш Пелистер продолжува со градењето на тимот за следната сезона откако денеска беше продолжена соработката со Грозданоски, Стојановски и Крстевски. Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав. Продолжува соработката и со младите фудбалери Христијан Стојановски и Габриел Крстевски, кои веќе ...
Фудбалскиот вицешампион на Македонија, Шкендија утре ќе и гостува на гибралтарска Европа во првиот натпревар од двомечот од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Новиот тренер на клубот Артим Положани го најави утрешниот меч на денешната официјална прес-конференција. „Утре започнува нов циклус за нас, ги започнуваме Европските купови, важен циклус. Како што споменавте, минатата година клубот постигна извонреден успех ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс утре ќе го одигра првиот меч против белоруски Динамо Минск во воведното квалификациско коло од третото по ранг европско натпреварување Конференциската лига. Кратовци денеска го имаа официјалниот тренинг на стадионот во Стара Загора, Бугарија место на кое белорускиот тим поради санкциите од УЕФА ќе го одигра натпреварот како домаќин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...
Екипата на ФК Скопје денеска официјално ги стартуваше подготовките за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Стартот на подготвителниот период беше означен на клупскиот терен на стадионот „Железарница“ во скопската населба Железара. Шефот на стручниот штаб, Александар Таневски, ги собра своите фудбалери и го одржа првиот тренинг, со што и формално започнаа редовните активности за кревање на формата. Во следните недели ...
Трансферот на Марк Кукуреља во Реал Мадрид предизвика вистински бум и жестоки реакции во шпанскиот фудбал, а неговата последна изјава дополнително го запали огнот меѓу лутите ривали. Шпанскиот лев бек, кој е поранешен производ на познатата академија на Каталонците, „Ла Масија“ неодамна го комплетираше својот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ во договор вреден околу 60 милиони евра. Иако веднаш се соочи со лавина критики од навивачите на ...
Во рамките на летните подготовки пред стартот на новиот шампионат, екипата на Струга Трим Лум оствари убедлива победа од 6-0 против тимот на Арсими. Стружани заминаа на пауза со минимално водство од 1:0, благодарение на погодокот постигнат во 30-тата минута од средбата. Во вториот дел двократниот шампион на Македонија постигна уште пет погодоци за конечен триумф од 6-0. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски ...
Мајкл Олисе во четвртфиналето на Светското првенство против Мароко се соочува со едно предупредување од суспензија. Француската фудбалска федерација се обиде да го поништи жолтиот картон на крилниот играч против Парагвај, но ФИФА го отфрли нивното барање. Олисе заработи картон на крајот од натпреварот поради конфликт со Матијас Галарза, а францускиот штаб тврдеше дека немало контакт што би ја оправдал казната. Сепак, одлуката остана на сила, ...
Голманот на Зеленортските острови, Хосимар Хозе Евора Дијаз, попознат како Возиња, е вистинското откритие на овогодинешното Светско првенство. Според светските медиуми, тој сега би можел да потпише за Интер Мајами. Станува збор за клуб во кој ко-сопственик е Дејвид Бекам, а главна ѕвезда на тимот е Лионел Меси. Медиумите пишуваат дека трансферот е блиску до реализација, што значи дека наскоро ќе стане соиграч на капитенот на аргентинската ...
Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, јасно истакна дека го гледа Лука Модриќ како столб на својот тим. Португалецот изјави дека, доколку е потребно, лично ќе разговара со него за да го задржи. „Модриќ е играч што сакаме да го задржиме. Веќе разговарав со него двапати, а ако треба, лично ќе се ангажирам околу тоа. За нас, тој претставува важна алка и сакаме да биде дел од тимот и следната сезона“, рече Аморим. Договорот на Модриќ со Милан ...
Англискиот репрезентативец и актуелен член на Брентфорд, Џордан Хендерсон, беше успешно опериран во Канзас Сити по бизарната повреда на зглобот на раката, заработена за време на Светското првенство. Искусниот играч од средниот ред се повреди на легендарниот стадион „Астека“, паѓајќи преку рекламен ЛЕД панел додека ја прославуваше драматичната победа на Англија од 3-2 против Мексико. По првичната помош во Мексико Сити, тој беше префрлен во ...
ФИФА потврди дека ќе ја разгледа можноста за враќање на руските репрезентации и клубови на меѓународни натпреварувања, откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика меѓународните спортски федерации да ги преиспитаат санкциите воведени врз Русија поради војната во Украина. Доколку ФИФА донесе позитивна одлука, тоа би можело да означи крај на суспензијата на рускиот фудбал, која е во сила од 2022 година, и да им го отвори патот на ...
Член на златната генерација на француската репрезентација, Јури Џоркаеф, благо речено, беше разочаран од она што го виде од Бразил на Светското првенство 2026. Бразил беше изненадувачки елиминиран веќе во осминафиналето од Норвешка, но впечатокот на фудбалскиот совет за играта на тимот на Анчелоти е всушност многу полош од самиот резултат. Малкумина можат да разберат како секогаш моќниот Бразил со технички супериорни фудбалери стигна до точка ...
Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски ја продолжува својата кариера во Турција, но овој пат во тимот на Мугласпор. Мугласпор е член на Втората турска лига, со амбиција за новата сезона за битка и за прволигашка промоција. Оваа екипа која што доаѓа од истоимениот град Мугла, се натпреварува во втората по ранг лига на Турција. Аврамовски досега во Турција настапуваше за Сиваспорт, Болуспор, Игдир и Кајсери, а во својата ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Резултатите од осминафиналните средби, се повеќе или помалку очекувани. Ниту елиминацијата на Бразил од Норвешка, ако детално се анализираат настапите на двете селекции низ групната фаза на ова првенство, не е некое изненадување. Тоа секако е изненадување во ...
Светското првенство 2026, отповарено со бројни скандали, имаше и свои интересни и добри страни. Една од нив се Златан Ибрахимовиќ и Тјери Анри, кои направија вистинско шоу во преносите за време на овогодинешното Светско првенство. Ибрахимовиќ реши да оди чекор понатаму, па се „изнасмеа“ на одредени земји кои беа елиминирани од шампионатот: САД: Американскиот сон е завршен. Следниот пат овој спорт да го викате фудбал, а не сокер. Португалија: ...
Партизан е во финални преговори со Алесандро Пајола, кој стана слободен агент откако го напушти италијански Виртус. Пајола претходно беше поврзуван со Црвена Звезда, но сега е поблиску до потпишување договор со црно-белите, за сума од еден милион евра по сезона. Се вели дека Пајоли е задоволен од соработката со тренерот на црно-белите, Пењароја, што е една од главните причини зошто Италијанецот сака да дојде во Партизан. Партизан е на пат да ...
Македонската младинска репрезентација за ракометари до 20 години загуби на стартот од своите настапи на Европското првенство кое се одржува во Романија. Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36-31. Македонија демонстрираше борбеност и карактер до самиот крај на мечот, но пресуди првиот дел кој Норвежаните го добија со 18-14, создавајќи разлика која до крај беше недостижна за македонскиот состав. Крадењето авторски ...
Македонскиот репрезентативен пикер, Кристијан Симоноски е најновото засилување за Е. Пелистер 2. Тимот на Бранко Ангеловски добива ново име во тимот за следната сезона. Симоноски во досегашната своја кариера има настапувано за КЛ7 Струга и тимот на Алкалоид. Во Битола доаѓа и со цел, во блиска иднина да биде дел и од првиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и ...
Само еден играч од бразилската репрезентација беше во авионот кој се врати во Бразил, по елиминацијата од Светското првенство 2026 од Норвешка. Единствено Данило, кој игра во домашното првенство, беше во авионот што слета во Бразил од САД, по крахот на Мундијалот 2026. Освен првиот натпревар на Светското првенство против Мароко, каде што одигра 45 минути, Данило ги помина сите 90 минути на теренот на сите преостанати натпревари. Другите ...