Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Шпанија го доби големиот пиринејски дуел во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја Португалија со минимални 1-0 и ставајќи крај на нејзините мундијалски амбиции. И додека шпанските фудбалери ја славеа големата победа, сите погледи по последниот судиски свиреж беа насочени кон култниот португалски капитен. Кристијано Роналдо не успеа да ги сокрие емоциите и со солзи во очите го напушти тревникот, свесен дека тоа беше неговиот ...
Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако доцна синоќа го декласираше домаќинот САД со 1-4. И покрај тоа што беше укината суспензијата на Балогун не им помогна на Американците да стигнат до триумф на овој меч. Белгија поведе со 0-1 со голот на Де Кетеларе во 9. минута. САД израмни на 1-1 преку Тилман во 31. минута. До крајот на првиот дел беше 1-2 со вториот погодок на Де Кетеларе во ...
Во најголемата дерби-пресметка на осминафалните дуели на Светското првенство 2026, Шпанија славеше против Португалија со 1-0 и си обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот. Голот за голема победа на Шпанците им го донесе Мерино со погодокот во првата минута од судиското продолжение. Иако, во главно мирно второ полувреме, и кога се очекуваше дека натпреварот ќе оди во продолженија, на крај во 91. минута Мерино погоди по одличната акција ...
Португалија и Шпанија играат без голови по првото полувреме од осминафиналето на Светското првенство 2026. На дуелот во Далас, шанси и на двете страни, но без погодоци. Ојарзабал и Олмо имаа зицери кај Шпанците, а Кристијано Роналдо со одлична можност кај Португалија, заедно и со Мендеш кој ја погоди гредата од голот на Шпанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и ...
Белгиската фудбалска асоцијација објави дека од медиумите дознала дека Фоларин Балогун е условно суспендиран од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради црвен картон. На 2 јули, Балогун доби директен црвен картон на осминафиналниот натпревар помеѓу САД и Босна и Херцеговина (2-0), по што американскиот фудбалер требаше автоматски да биде суспендиран за следниот натпревар на репрезентацијата на САД, за осминафиналниот натпревар против ...
Фудбалскиот клуб Пелистер денеска официјално информираше дека, по истекот на договорите, ја завршува соработката со шест фудбалери. Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим. „Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот ...
ПИШУВА: Драган Томовски Уште една колумна на еден од најистакнатите домашни фудбалски аналитичари, кој пренесувајќи ги актуелните глобални но и домашни фудбалски текови, овој пат со анализа на актуелностите од Светското првенство 2026. ============================================================== По секој голем фудбалски настан се поставуваат безброј прашања. Зошто победи едниот, а загуби другиот? Дали пресуди тактиката, физичката ...
Апелациониот комитет на ФИФА го отфрли барањето поднесено од Фудбалската асоцијација на Белгија (РБФА), кое се однесуваше на одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА условно да ја суспендира за една година забраната од еден натпревар за репрезентативецот на САД, Фоларин Балогун. Казната беше изречена по директниот црвен картон што го доби на натпреварот помеѓу САД и Босна и Херцеговина, одигран на 1 јули во нокаут фазата на Светското ...
Кадетската репрезентација на Македонија денеска во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје го одржа собирот, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство. Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје. Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе ...
Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Свој став околу утрешниот натпревар на денешната прес-конференција даде тренерот на Финците, Мика Нутинен. „Возбуден сум што сум тука. Знаеме дека играме со најдобриот клуб во Македонија. Ова е големо нешто за клубот. Ние сме сред ...
Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Во добра атмосфера Кристијан Фабијани и неговите фудбалери го одработија официјалниот тренинг, пред кам-бекот во елитата за кој скопскиот тим чекаше дури девет години. Натпреварот меѓу Вардар и Купс ќе се игра утре со почеток во ...
Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани на денешната прес-конференција го најави утрешниот натпревар… Дојде долгочекуваниот момент. Добро се подготвуваше екипата во Италија и со нетрпение очекуваме да почне мечот. ...
Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“, Азер Омерагиќ на денешната прес-конференција го најави утрешниот натпревар… „Имавме добри подговки, посебен мотив е ова за Вардар после девет годони да игра во Лигата на шампиони. Како екипа ...
Трофејниот шпански фудбалски стручњак Луис Енрике од денеска има уште едно уникатно признание во својата богата кариера, откако една плажа во неговиот роден град Хихон беше официјално именувана по него. Актуелниот тренер на Пари Сен Жермен лично ја отвори новата „Плаја Верде“ (Зелена плажа), која отсега ќе го носи неговото име. На свечената церемонија на северот на Шпанија присуствуваа високи претставници од Градскиот совет на Хихон, челници ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, потврди дека остварил телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, по скандалозната одлука за укинување на суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Првиот човек на светскиот фудбал призна дека Белата куќа покажала директен интерес за случајот, што веднаш ги подгреа теориите на заговор во спортската јавност дека ФИФА попуштила под силен ...
Таткото на норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд, Алф Инге Халанд, повторно ги поттикна шпекулациите за иднината на својот син, откако во интервју за ДАЗН зборуваше за можноста тој еден ден да заигра за Реал Мадрид. Пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Норвешка и Бразил, таткото на Халанд беше прашан дали неговиот син би можел во иднина да заврши на „Сантијаго Бернабеу“. „Не сакам премногу да зборувам за други клубови. ...
Младиот и талентиран фудбалер, кој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, веќе и официјално беше промовиран во дресот на Спартак Суботица. Ангелевски ги помина комплетните подготовки со тимот на Спартак, каде што уште на самиот почеток ги покажа своите квалитети. На пријателскиот натпревар против ерменскиот состав Алашкерт, тој веќе го запиша својот прв погодок во новиот дрес. Во изминатата сезона, Ангелевски ...
Доналд Трамп и Џани Инфантино ја отворија „Пандорината кутија“. Од вчера, реално, секоја национална асоцијација, па дури и самите влади на државите, имаат целосно право да вршат притисок врз ФИФА и да лобираат кај нејзините лидери за последователно поништување на одлуките на судијата. Ова се директните последици од големата контроверзност во која се вклучени ФИФА и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој не го криеше фактот дека побарал и ...
Бразилскиот напаѓач Нејмар го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал во понеделник откако неговиот тим загуби од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство. 34-годишникот постигна утешен гол во поразот на Бразил од 2-1, што беше нивното најрано испаѓање од Светското првенство од 1990 година. Емотивниот Нејмар во солзи го доживеа поразот и елиминацијата од Мундијалоит. „Се обидов, се обидов. Сега е готово. Почнав тука, ...
Португалскиот селектор Карлос Квеирош се повлече од функцијата селектор на Гана по само три месеци на чело, откако тимот беше елиминиран од Светското првенство во осминафиналето. Гана заврши трета во Групата Л пред да загуби со 1-0 од Колумбија во првото коло од натпреварувањето. 73-годишниот Квеирош беше на своето петто Светско првенство, претходно ги предводеше Иран, Португалија и Египет на Мундијалите. Поранешниот тренер на Манчестер ...
Играчот од средниот ред Канг-ин Ли ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето и ќе се врати во Шпанија каде што играше за Валенсија и Мајорка. Одличниот фудбалер кој може да игра на средниот ред и на десната страна не може да ги добие посакуваните минути во француската престолнина, а на клубот сигурно му е потребен простор за доведување нови имиња, па затоа беше одлучено дека е најдобро да го продадат. Тој ќе стане засилување за Атлетико Мадрид ...
Фелипе Луис, екс играчот на Атлетико Мадрид, почнува нова ера како тренер. Откако направи големи успеси со Фламенго, сега го презеде кормилото на францускиот тим Монако. 41-годишниот Луис со Фламенго го освои Бразилскиот Куп, Супер-купот на Бразил, Кампеонато Кариока во 2025 година, Бразилското првенство во 2025 година и престижниот Копа Либертадорес во 2025 година , постигнувајќи рекорд од 62 победи , 21 нерешено и 16 порази во две сезони на ...
По контроверзната елиминација на Хрватска од страна на Португалија од Светското првенство, Португалците се соочуваат со нов предизвик вечерва во Далас во осминафиналето против Шпанија , со почеток во 21 часот по локално време. Пред натпреварот, Кристијано Роналдо покажа знаци на нервоза на прес-конференцијата пред натпреварот и влезе во вербална расправија со еден новинар. Стануваше збор за Бразилецот Марсело Бехлер, новинар и коментатор на ...
Кошаркарот на Басконија, Тимоти Луваву-Кабаро, е желба на многу тимови, а прва во редот беше Барселона, сè до кога Реал Мадрид ја презеде улогата на главен фаворит за неговите услуги. Како што објавија шпанските медиуми, се очекува Мадрид многу наскоро да финализира сè во врска со кошаркарскиот крилен играч, а договорот наскоро ќе биде официјализиран. Луваву во сезоната 2025/26 имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 ...
Кралската белгиска фудбалска асоцијација ќе се жали на одлуката на ФИФА за поништување на забраната за американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред нивниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство, објави „Атлетик“. Белгијците испратија официјално жалба до управното тело на светскиот фудбал. Вчера стана јасно дека Дисциплинската комисија на ФИФА ја укина суспензијата на Балогун, дозволувајќи му да учествува во претстојниот натпревар ...
И официјално, Оливер Гласнер е новиот менаџер на Нотингем Форест, откако денеска беше назначен од страна на „шумарите“. Досегашниот предводник на Кристал Палас направи историја со овој тим, и се поврзуваше со гигантот Милан, но на крајот се одлучи да ја прифати понудата од Нотингем Форест и да остане во Премиерлигата. Гласнер во минатото беше тренер и во Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт, пред да дојде во Премиерлигата. Направи историја со ...
Едвај обезбедија опстанок во неодамна завршената сезона, а сега Тотенхем тргнува кон врвот во Премиерлигата. Откако ги ангажираа Енди Робертсон и Жан Пол вак Хеке, сега го потпишаа и одличниот италијански фудбалер од средниот ред, Сандро Тонали. Овој трансфер беше најавуван во последните неколку дена, но малкумина кои веруваа дека ќе се случи со оглед дека Италијанецот имаше понуди да замине во далеку поголеми клубови и да игра во Лигата на ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Португалија нема врзано две победи во нокаут фазата од мундијалите уште од 2006 година. Португалците немаат примено повеќе од еден гол на последните девет меча што ги одиграа. Луис ...
Многу прашина крена поништувањето на суспензијата на Фоларин Балогун од САД, кој и покрај тоа што беше исклучен на мечот со Босна и Херцеговина, ќе може да игра во 1/8 финалето против Белгија. ФИФА изненадувачки се реши да му ја поништи суспензијата, а фудбалскиот свет и белгиските медиуми се „огрочени“ од скандалозната одлука, во која сметаат дека се замешал и американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа недела, Дисциплинската комисија на ...
Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот на Португалија во вечерашната дерби-пресметка со Шпанија што ќе покаже која од овие две соседни земји ќе се пласира во четвртфиналето од СП 2026. За Роналдо ова е пресметка со добри познаници, ако се знае дека Кристијано досега има одиграно десет натпревари против „црвената фурија“, при што има забележано само две победи, наспроти четири реми и четири порази. Една од двете победи беше токму на првиот ...