Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Франција ќе биде ослабена за вечерашниот осминафинален натпревар против селекцијата на Паратвај откако Орелиен Чуамени се пожали на болка во мускулот, стара повреда што веќе извесно време го мачи фудбалерот за врска на Реал Мадрид. Чуамени е клучен играч во средниот ред на „триколорите“, тој настапи на три од досегашните четири средби, беше поштеден во третото коло против Норвешка, потоа стартуваше против Шведска, но по тој дуел се пожали на ...
Мароко е првиот четвртфиналист на Мундијалот 2026, откако во осминафиналето славеше против домаќинот Канада со 3-0, по три гола во второто полувреме. Апсолутно несодржајно прво полувреме одиграа фудбалерите на Канада и Мароко на отворањето на осминафиналето на Светското првенство 2026. Исклучително безначајни 45 минути кои и не моравте да ги гледате. Првото полувреме беше обележано само со повредата на Саибари, како и неколку неспортски ...
Победата на Аргентина над Зеленортските острови беше засенета од контроверзната одлука на судијата на самиот крај од натпреварот. Иако дуелот беше возбудлив, најкоментираниот после него беше детаљот што предизвика бурни реакции на интернет просторот. Во 115. минута од продолжението при водство на Аргентина од 3-2, Зеленортските острови добија шанса од слободен удар од левата страна. Ударот на Сидни Лопес Кабрал го одбрани голманот Емилијано ...
Апсолутно несодржајно прво полувреме одиграа фудбалерите на Канада и Мароко на отворањето на осминафиналето на Светското првенство 2026. Исклучително безначајни 45 минути кои и не моравте да ги гледате. Првото полувреме беше обележано само со повредата на Саибари, како и неколку неспортски потези на Мароканците. И ништо повеќе… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и ...
Шкендија Арачиново и Арсими одиграа без победник (1-1) на првиот пријателски натпревар низ подготовките за новата сезона. Стрелец за Арсими беше Глигоров, а погодокот за Шкендија Арачиново го постигна Демири. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Шкендија Арачиново и Арсими одиграа без победник ...
Педро Мартинез го презеде кормилото на Реал Мадрид, но тренерот на „кралскиот клуб“ веднаш дозна дека ќе мора да се снаоѓа без Треј Лајлс, одличниот крилен кошаркар кој блесна во вториот дел од сезоната и имаше исклучителни настапи на фајналлфор турнирот од Евролигата. Лајлс во изминатите седмици флертуваше со Панатинаикос, но на крајот успеа во намерата – да се врати назад во НБА-лигата договарајќи едногодишна соработка со Минесота ...
Јувентус продолжува со напорите да го засили играчкиот кадар , што не е нималку лесно откако „црно-белите“ останаа без место во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Со самото тоа се намали и буџетот за засилувања, па Јуве најчесто се фокусира на фудбалери што би можеле да пристигнат без никаква отштета. Уште пред извесно време се почнати преговорите со Леон Горецка, а Јуве од пред неколку дена тргна во офанзива и по капитенот на Брегот ...
Уште еден селектор остана без работа откако не ги оправда очекувањата на федерацијата на овој светски шампионат, најнов на листата е Владимит Петковиќ, кој од денеска повеќе не е селектор на Алжир. Искусниот 62 годишен стратег роден во Сараево две и пол години беше на чело на Алжир, имаше импресивен скор од 30 победи, 10 реми и само пет порази како селектор на оваа репрезентација. Сепак, Петковиќ не го донесе посакуваниот резултат на Купот на ...
Кошаркарските колективи во НЦАА-лигата нудат неверојатни суми за да привлечат нови играчи од европските тимови, но се чини дека лудилото е достигнато со случајот на српскиот суперталент Никола Кустурица. Овој тинејџер е дел од Барселона, добиваше шанса и во првиот тим, блеска во младинска конкоуренција, а воедно е и една од најголемите ѕвезди на светското првенство за играчи до 17 години што се одржува во Истанбул. Неколку универзитети будно ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! На некој начин беше изненадување елиминацијата на Германија и Холандија, со тоа што „лалињата“ покажаа подобра форма од Германците, но ете во 1/16-финалето налетаа на еден навистина квалитетен противник, и мора да се признае дека и немаа малку среќа во таа ...
Лионел Меси со олеснување застане пред новинарите по синоќешниот триумф над Зеленортските острови, откако Аргентина дури по продолженијата го скрши отпорот на дебитантот и избегна сензационална елиминација од овој светски шампионат. Настапот на африканската селекција изненади многумина, но не и најдобриот фудбалер на светот, кој со големи комплименти говореше за противникот по последниот судиски свиреж. „Ние сме Аргентина и треба секогаш да ...
Хрватска е подготвена за нов селектор откако последните девет години ги мина под водство на Златко Далиќ, а изборот за нов кормилар на националниот тим паднал врз Славен Билиќ. Информацијата прв ја објави влијателниот весник „Спортске новости“, повикувајќи се на извори од федерацијата кои не сакаат да говорат јавно, но тврдат дека речиси сите детали се договорени. Во хрватската „куќа на фудбалот“ постоело расположение да се продолжи со Златко ...
Играчкиот ремонт во Партизан е се поголем откако денеска и Исак Бонга реши да ги напушти белградските „црно-бели“ една година пред истекот на договорот. Германскиот репрезентативец имаше уште седум дена да ја активира клаузулата за предвремен раскин, за што требаше да плати 700.000 евра, опција што Бонга ја искористи за од денеска да биде слободен играч на пазарот. „Бонга го напушта Партизан по две сезони, репрезентативецот на Германија го ...
Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Работнички, Бојан Марковски е именуван за прв асистент на новиот шеф на стручниот штаб на албанскиот суперлигаш Тирана, Деан Клафуриќ. Марковски по кратка пауза од тренерската работа повторно се враќа со ангажман, овој како член на стручниот штаб на Тирана и прв соработник на Клафуриќ со кого и претходно соработуваше. Досега во кариерата, Бојан Марковски беше дел од стручните штабови на ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Парагвај само еднаш досега се има пласирано во четвртфиналето од мундијалите, и тоа на СП 2010. Парагвајците имаат дадено само еден гол на досегашните шест средби во нокаут фазата ...
МЗТ Скопје утрово ја информираше јавноста за смртта на Крсто Станковски, човек кој со децении беше дел од аеродромската кошаркарска гордост, водејќи грижа за најразлични аспекти од функционирањето на сино-белите како спортски колектив. „Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст. Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – ...
Македонската фудбалска репрезентација се задржа на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА што денеска беше објавена од страна на светската куќа на фудбалот. Очекувано, промени има само кај дел од селекциите кои настапуваат на ова светско првенство, па така Гана има скок од осум места и сега е пред нашиот национален тим (65. позиција), додека Јордан забележа пад од десет позиции и сега се наоѓа на 73. место. Веднаш пред Македонија на 68. ...
Хозе Луис Чилаверт своевремено беше контроверзна фигура како голман, а легендарниот Парагваец продолжува во ист стил и по завршувањето на кариерата. Тој го навлече бесот на огромен дел од фудбалската јавност откако предизвика расистички скандал, навредувајќи ги француските фудбалери кои според него треба да играат за „селекцијата на Африка“. „Јас играв против Франција на СП 1998 и точно знаевме кого имавме за ривал. Тоа беше француска химна, ...
Лео Меси имаше свој блесок во дресот на Аргентинаи на дуелот со Зеленортските острови, испишувајќи нови страници во историјата на фудбалските мундијали. Делува неверојатно податокот, Меси во својата кариера постигнал погодоци на светските првенства против дури 14 различни ривали, нешто што му нема успеано на ниту еден друг фудбалер во историјата. Србија и Црна Гора е првиот ривал против кого Меси ја затресол мрежата на СП, и тоа на неговото ...
Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата за сезоната во која овој тим се враќа назад во македонската фудбалска елита, па така арачиновци синоќа официјализираа уште еден трансфер. Миле Тодоров е нов член на повратникот во Првата лига откако потпиша договор на една сезона со клубот од Арачиново. Овој 26-годишен играч за врска треба да биде големо засилување за Шкендија, доаѓајќи од редовите на АП Брера. „Презадволни сме пто можеме да ...
Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе ги заврши претквалификациите за ЕП 2029 на гостински терен против Луксембург, меч за кој селекторот Берокал направи три замени во однос на претходниот дуел со Ирска. Поточно, тројца кошаркари кои настапуваа против Ирска нема да бидат дел од утрешниот меч, на нивно место има само едно ново име, па Македонија ќе настапи со само десет кошаркари во ростерот. На позицијата натурализиран кошаркар, на ...
Партизан беше многу блиску до потписот на Армони Брукс, но откако Асвел се вклучи во трката по поентерот на Милано овој американски бек се премисли и на крајот реши да стане дел од овој амбициозен француски проект. „Црно-белите“ како „план Б“ го имаа австралискиот ветеран Пети Милс, начелно беа договорени и деталите за соработка со овој 37-годишен ветеран, но повторно се пропадна – поради Асвел. Српските медиуми потврдија дека Партизан бил ...
Меси одигра на своето вообичаено ниво на овој шампионат, но блесокот на Лисандро Мартинез беше оној клучен фактор што ја донесе победата на Аргентина на трилер-дуелот со Зеленортските острови. Дефанзивецот кој ланската сезона имаше тешка повреда на коленото покажа колку е значаен за националниот тим, испрати магична асистенција до Меси за првиот гол, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците за 2-1. „Искрено, по повредата на лигаментите сакав ...
Чаби Алонсо се надева дека управата на Челси ќе му донесе барем еден од „пулените“ што ги имаше во Баер Леверкузен, но шансите за такво нешто се повеќе се намалуваат. Ливерпул експресно ја затвори вратата за продажба на Флоријан Вирц, а надежите дека Гранит Џака ќе му се приклучи на Алонсо на „Стемфорд бриџ“ исто така исчезнаа откако фудбалерот реши да остане во Сандерленд. Минатата седмица беше објавено дека Џака имал позитивни разговори со ...
Мохамед Салах е врвен фудбалер, но и извонреден спортист и човек кој својата големина ја потврди и по самото завршување на пенал-рулетот против Австралија. Финишот беше со хепиенд за „фараоните“, но додека неговите соиграчи еуфорично го прославуваа историскиот успех, Салах најпрвин се упати кон противниците, поздравувајќи ги и тешејќи ги по овој драматичен финиш. Класа од играч, но и класа од човек… Мохамед Салах. Before celebrating, Mohamed ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Мохамед Хани од Египет е само втор фудбалер во историјата што има два автогола на еден фудбалски мундијал. Покрај него, тоа му успеало само уште на Тодор Вуцов во 1966 година. Емам Ашур стана само трет египетски фудбалер што постигнал повеќе од еден гол на еден мундијал (по Фазви во 1934 и Салах во ...
Хрватска несреќно загуби во 1/16 финалето од Португалија и го заврши настапот на СП 2026, со што и официјално истече договорот што селекторот Златко Далиќ го имаше со федерацијата како предводник на „коцкестите“. Далиќ е речиси девет години на чело на хрватскиот национален тим и веќе си го зацементира местото како најуспешен на сите времиња, носејќи ја Хрватска до финале на СП 2018, бронза на СП 2022 и сребро во Лигата на нации во 2023 ...
Кристијано Роналдо уште еднаш ја демонстрираше својата човечка големина, откако Португалецот испрати видео порака до Андрес, дете што настрада во страшниот земјотрес во Венецуела по што мораше да му биде ампутирана едната нога. Малиот Андрес ги загуби и родителите во земјотресот, а медиумската приказна за него и изјавата дека сонувал еден ден да го гледа Кристијано Роналдо како игра допре до Португалецот. Кристијано испрати видео-порака до ...
Ливерпул сериозно размислува да го продаде Вирџил ван Дајк во текот на летниот преоден рок, со што би го комплетирал ремонтот во играчкиот кадар. Холандскиот ас долго важеше за најдобар дефанзивец во Премиер-лигата, но сериозниот пад во формата минатата сезона, надополнет со потпросечните партии на овој мундијал придонесоа „црвените“ да го променат планот за својот капитен. Ливерпул загуби бројни фудбалери без никаква отштета во последните ...
Лионел Меси го зацементира својот статус како најдобар фудбалер на сите времиња откако аргентинскиот генијалец со гол и асистенција ги предводеше „гаучосите“ до тешкиот триумф над Зеленортските острови, обезбеден дури по продолженија од два пати по 15 минути. Меси го отвори резултатот на овој меч со својот 20. погодок на светские првенства, апсолутен мундијалски рекорд, а Лео пред крајот стана рекордер во уште една категорија. Имено, ...