Колумбија е последниот осминафиналист на СП 2026 откако оваа јужноамериканска селекција славеше во пресметката со Гана со резултат 1-0. Како пресуден се покажа погодокот во 14. минута кога Аријас се најде осамен по центаршут од десната страна, па од пет метри го матираше голманот на Гана. Колумбија продолжи да доминира и по постигнатиот гол, со ВАР беше поништен погодокот на Луис Дијаз во вториот дел, па оваа селекција сосема заслужено се ...

Првата фаза од нокаут натпреварувањето на СП 2026 заврши со утринскиот дуел меѓу Колумбија и Гана, а распоредот без празен ден во програмата продолжува експресно, со два меча од осминафиналето на овој мундијал. Програмата ќе ја отвори Мароко против ко-домаќинот Канада, со тоа што дуелот нема да се игра во Каната, туку во САД (бидејќи Канаѓаните не завршија како првопласирани во својата група). Вечерашната програма ќе ја комплетира дуелот меѓу ...

ФИФА донесе одлука да го презакаже натпреварот меѓу Мексико и Англија шест часа порано од предвиденото, за истото ги извести двете селекции… и на крајот се премисли решавајќи да не интервенира во календарот од овој мундијал. Челниците на ФИФА беа решени дуелот да се игра точно на пладне по локално време (19 часот по средноевропско време) поради најавените грмотевици кои би можеле да го прекинат мечот и истиот да биде стопиран и неколку часа. ...

Аргентина е претпоследниот осминафиналист на СП 2026 откако актуелните светски прваци по голема борба конечно го скршија отпорот на Зеленортските острови, елиминирајќи го дебитантот со 3-2 дури по продолженија од два пати по 15 минути. Лео Меси со гол и асистенција испиша нова фудбалска историја, еден гол и една асистенција имаше и Лисандро Мартинез, а улогата на херој му припадна на Ромеро, кој го постигна победничкиот погодок во второто ...

Сидни Лопез Кабрал е стрелец на најубавиот погодок во досегашниот дел од СП 2026, и тоа на суперинтересниот меч меч Аргентина и Зеленортските острови. Аргентина поведе со 2-1 на самиот почеток од продолжението и се чинеше дека светските шампиони конечно го скршија отпорот на противникот, но Кабрал имаше сосема поинакви планови. Левиот бек на Зеленортските острови постигна гол за паметење, со десната нога од работ на шеснаесетник стрелајќи ...

Зеленортските острови покажуваат зошто се најпријатното изненадување на овој мундијал откако во првиот нокаут меч во својата историја играат 1-1 против актуелниот светски првак Аргентина, дуел од 1/16 финалето на кој ќе мора се играат и дополнителни 30 минути. Аргентина делуваше сигурно, водеше со 1-0 по првиот дел предводена од Лео Меси, но африканските фудбалери покажаа карактер и успеаја да стигнат до израмнување, за во финишот голманот ...

Лионел Меси продолжи да испишува мундијалска историја и на 1/16 финалето од СП 2026 против Зеленортските острови, откако аргентинскиот генијалец го постигна водечкиот погодок на вечерашниот дуел. За Меси тоа е четврти меч во низа на овој мундијал на кој се запишува меѓу стрелците, но Лео го зацврсти и рекордот што веќе беше во негова сопственост, со осум меча во низа на светските првенства на кои постигнува најмалку по еден гол. Аргентинецот ...

ФИФА е на прагот да направи нов преседан на овој мундијал, менувајќи термин на натпревар од нокаут-фазата буквално во „пет до дванаесет“. Станува збор за дуелот Мексико – Англија што требаше да се игра недела кон понеделник, ноќта во 1 часот по полноќ. Сепак, последните информации говорат дека овој дуел ќе биде презакажан и ќе се игра во 19 часот в недела навечер по средноевропско време, точно на пладне по локално време. Причина се најавите ...

Египет е 14. селекција што успеа да стигне до билет за осминафиналето од СП 2026 откако во вечершната трилер-завршница славеше на пенали против Австралија, откако по 120 минути играа резултатот гласеше 1-1. „Фараоните“ за првпат сезонава влегоа во нокаут фазата од еден мундијал и вечерва одговорија на предизвикот, одиграа храбро, квалитетно и таквиот пристап им помогна да стигнат до место во следната рунда. Австралискиот селектор има за што ...

Египет и Австралија ќе мора да играат продолженија за да биде решен победникот од ова 1/16 финале од мундијалот што се игра во Арлингтон, откако по 90 минути резултатот на семафорот гласи 1-1. Египет нешто подобро го отвори натпреварот, а „фараоните“ неочекувано поведоа по само 13. минута игра, користејќи ја својата прва шанса на мечот. Хафез нафрли во срцето на шеснаесетникот, а таму се најде Ашур кој со мајсторски удар со глава стрелаше во ...

Галатасарај е на прагот да реализира уште еден шокантен трансфер по оној на Виктор Осимен од пред две години, овојпат со потпис на капитенот на Арсенал, Мартин Едегард. Норвешкиот плејмејкер со години важеше за лидер на средниот ред на „топчиите“, но серијата повреди значително влијаеше врз неговата улога во редовите на англискиот првак. Микел Артета веќе не гледа на Норвежанецот како на незаменлив дел од тимот, а Галата ќе се обиде да ја ...

Легендарниот Дидие Динар ќе биде ривал на Македонија во претстојните квалификации за ЕП 2028 откако овој стратег денеска потпиша договор како селектор на Луксембург. Динар до неодамна беше кормилар на националниот тим на Црна Гора, но по неуспехот во мундијалскиот бараж против Словенија двете страни не ја продолжија соработката, по што некогаш најдобриот светски дефанзивец се реши за нов предизвик во тренерската кариера. Луксембург успеа да ...

Добро познато е дека Лука Дончиќ е „повеќе од половина“ репрезентација на Словенија, но никој не очеуваше оваа селекција да настрада така тешко без својата главна ѕвезда на гостувањето против Естонија во квалификациите за Мундобаскет 2027. Естонците целосно издоминираа во однос на словенечките кошаркари, славејќи со преубедливи 93-62 за искачување на првото место во оваа квалификациска група. Словенија делуваше немоќно, постигна по 31 поен и ...

Кристијано Роналдо и официјално доби нов тренер во Ал Наср откако шампионот на Саудиска Арабија денеска го именуваше Енџ Постекоглу за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на функцијата на местото на Жорге Жезус, кој самиот се повлече од тренерското место веднаш по освојувањето на историската прва титула на Ал Наср по формирањето на моќната саудиска супер-лига. Во изминатиот период бројни тренерски имиња беа поврзувани со овој клуб, но ...

Матео Фадиј мина четири одлични сезони во дресот на Трембле, одличниот бек имаше понуди од француската лига, но тој изненади многумина со одлуката да го избере токму Вардар за следна дестинација во кариерата. Овој 24-годишен ракометар стои цврсто зад својата одлука, убеден дека македонскиот првак ќе му даде вистинска можност за блесок на меѓународната сцена, ако се знае дека „вардарци“ од сепември се враќаат назад во Лигата на Шампионите. ...

Монако неодамна се закити со титулата шампион на Франција во кошаркарското првенство, но „кнезовите“ нема да можат да ја бранат круната, откако беа исфрлени од сите натпреварувања во оваа земја за наредната сезона. Причината е добро позната – огромните финансиски проблеми со кои се соочуваше Монако во текот на целата измината сезона, поради кои дел од играчите на периоди и штрајкуваа одбивајќи да играат поради огромните долгови на клубот кон ...

Манчестер Сити прави коренити промени летово, Енцо Мареска дојде на кормилото на местото на легендарниот Пеп Гвардиола, а си заминуваат и дел од играчите кои беа стандардни во последните години во таборот на „граѓаните“. Еден од нив е и Нејтан Аке, кој кариерата ќе ја продолжи во Турција откако раководството на Манчестер Сити ги договори условите за неговиот трансфер во Фенербахче. Турскиот гигант го „пикираше“ холандскиот дефанзивец како ...

Катастрофалниот настап на Тунис на Светското првенство беше засенет од веста за допинг тестовите. Кај дури осум туниски репрезентативци, вклучувајќи и некои кои играат во Велика Британија, беа пронајдени траги од забранета супстанца. Сепак, службениците веруваат дека станува збор за последиците од консумирањето контаминирано месо во нивната база во Мексико, а не за намерно допингување, пишува Дејли Меил. Дејли Меил откри дека дури осум играчи ...

Шпанскиот стручњак Педро Мартинез повеќе не е тренер на Валенсија, објави новиот шпански шампион. Пред само три месеци, на 25 март 2026 година, каталонскиот тренер го продолжи договорот со Валенсија до крајот на сезоната 2027/28. Мартинез ја напушта Валенсија како тренер со најголем број водени натпревари (282) и најмногу победи (207). „Откако ја плати откупната клаузула од својот договор, која му овозможи еднострано да го раскине договорот ...

Американскиот центар Рејмонд Самервил, официјално потпиша за литванскиот тим Нептунас Клаипеда за која ќе настапува следната сезона. Самервил минатата сезона ја мина во ТФТ каде беше еден од најдобрите кошаркари на македонскиот тим. „Твојата напорна работа, посветеност и ангажман ти ја донесоа оваа можност и не можеме да бидеме посреќни за тебе. Ова е уште еден доказ дека ТФТ се движи во вистинската насока. Со среќа Реј! Повторно го направи ...

Крилниот напаѓач Лорик Јакупи повеќе не е дел од Шкендија, oткако клубот објави дека ја почитуваше желба на играчот да ја продолжи кариерата во средина каде што ќе има можност за поголем напредок. „Шкендија објавува дека ја прекинува соработката со играчот Лорик Јакупи. 21-годишникот, кој порасна во младинскиот систем на нашиот клуб и е дел од првиот тим неколку години, ќе ја продолжи кариерата во нова средина, со цел да се обезбеди повеќе ...

Францускиот АСВЕЛ е пред потпис со новиот репрезентативец на Македонија, Нејт Сестина, пренесува спортскиот портал „Баскетњуз“. Сестина кој своето деби за Македонија ќе го има на дуелот против Луксембург треба да биде големо засилување за амбициозниот проект на Тони Паркер. Клубот од Вилербан активно работи на реконструкција на тимот за следната сезона. Доведувањето на кошаркар со богато евролигашко искуство како Сестина се смета за клучен ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс продолжува со составувањето на тимот пресрет настапите кои го очекуваат во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Кратовци денеска информираа дека ја продолжиле соработката со капитенот Дарко Анѓелески. „ФК Силекс со задоволство ја информира јавноста дека е продолжена соработката со капитенот Дарко Анѓелески, кој и во сезоната 2026/27 ќе го носи сино-црвениот дрес. Играчот од средниот ред ...

По поразот на Алжир од Швајцарија со 2-0 во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година во петок наутро, Ријад Махрез објави дека се повлекува од националниот тим. 35-годишниот крилен напаѓач повеќе нема да го носи дресот на алжирската репрезентација. Со 119 настапи, Махрез се збогува со „Зелените“ како апсолутна легенда на алжирскиот фудбал. Неговиот најголем успех беше освојувањето на Африканскиот куп на нации во 2019 година, кога ...

После демантот со Мајкл Олисе, Реал Мадрид ги демантираше шпекулациите дека преговара и со играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез. Фудбалерот на Аргентина веќе некое време се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но од клубот ги демантираа најавите дека преговараат или дека ќе испратат понуда за негов ангажман. Сличен ваков демант беше испратен и во врска со Мајкл Олисе од Баерн, но тој и понатаму се поврзува со трансфер во ...

Њукасл се договорил да го потпише левото крило на Хофенхајм , Базумана Туре Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе им се придружи на „Страчките“ за вкупна сума од речиси 50 милиони евра. Ова би бил рекорден трансфер за германскиот тим. Овој играч треба да дојде како замена за Ентони Гордон кој беше продаден на Барселона. Претходно Виктор Муњоз беше пред потпис со овој тим, но на крајот тој се одлучи за Ливерпул. Минатата сезона, ...

Кошаркаскиот клуб Пелистер доби нов извршен директор. На местото на Филип Ивановски, е назначен Предраг Созовски. Од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат пополнети и другите места во раководните структури, а ќе биде објавен и новиот тренер. „КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, ...

Натаниел Браун, левиот бек кој играше стандарно и за германската репрезентација, потпиша петгодишен договор со најголемиот германски клуб Баерн Минхен. Со тоа продолжува политиката на „Баварците“ да ги ангажира најдобрите играчи во Бундеслигата. Браун играше стандарно на позицијата лев бек за Германија, која испадна во 1/16 финалето на Мундијалот од Парагвај. Тој доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Тој е второто големо засилување на ...

Португалија ја победи Хрватска со 2-1 во 1/16 финалето на Светското првенство. Иван Перишиќ ѝ донесе водство на Хрватска во 53-тата минута. Кристијано Роналдо израмни од пенал во 68-мата минута, а Гонзало Рамос го постигна голот за Португалија во четвртата минута од судиското продолжение. Се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија бидејќи Јошко Гвардиол постигна гол во финишот од судиското продолжение. Норвешкиот судија Еспен Ескас ...

Јулијан Нагелсман од денеска не е селектор на Германија, а на негово место доаѓа добропознатиот Јирген Клоп. Екс менаџерот на Ливерпул и на Борусија Дортмунд на општо задоволство на фановите на германската репрезентација, ќе седне на клупата на Бундестимот. Деталите околу договорот треба да бидат соопштени наскоро, но се претпоставува дека на Клоп ќе му биде овозможено да ја води Германија во следните четири години, односно најпрво на ЕП ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07