Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Чави Пасквал ја напушти клупата на Барселона, а раководството на каталонскиот клуб почна да бара негов наследник. На крајот, изборот падна на словенечкиот стручњак Александар Секулиќ. Тој не беше првиот кандидат за клупата на Барса. Тоа беше тренерот на Басконија, Паоло Галбијати, но кога тимот од Виторија слушна дека Италијанецот е посакуван од голем ривал, одби да се раздели со него. Кога челниците на Барселона сфатија дека ништо нема да ...
Вистинско чудо е како Франција нема предност на полувремето во дуелот со Мароко во првиот 1/4 финален натпревар на Мундијалот. Французите промашија пенал, и најмалку три добри шанси за погодок. А, светските вицепрваци уште од стартот наметнаа жестоко темпо, па веднаш се заканија преку Дембеле и Упамекано, но погодок немаше. Најголемата шанса „триколорите“ ја имаа во 28. минута кога беше досуден пенал по консултација со ВАР судиите. Меѓутоа ...
Од 2002 Бразил чека на светска титула, а ќе почека уште најмалку четири години откако бразилската селекција беше елиминирана од Норвешка на овој Мундијал во 1/8 финалето. Бразил не може да влезе во финале веќе 24 години, нема тим кој може да се бори за трофејот. Нивните соништа на ова Светско првенство беа срушени од Норвежаните. Го ангажираа и искусниот Карло Анчелоти, сметајќи дека со него ќе дојдат до титулата после долго време, но доживеа ...
Данаил Тасев, Максим Славков и Давид Илоски се новите играчи на битолски Пелистер. Битолската гордост во обидот да се врати експресно во „елитата“ изгради сосема нов тим, и направи голем „рез“ во тимот. Играчот од средниот ред Тасев (24) доаѓа од екипата на Тиквеш. 20-годишниот Славков кој игра на позицијата лев бек, доаѓа од екипата на Спарта Колин од Чешка. Голманот Илоски кој има 18 години доаѓа од екипата на АП Брера. За нов тренер беше ...
Македонскиот интернационалец Леонид Игнатов, беше стрелец за Вележ Мостар во дуелот против Милсами во рамките од 1. коло од Лигата на Конференции, кој заврши без победник 1-1. Игнатов влезе од клупата, и на крајот во 90. минута успеа да погоди и да донесе реми за тимот од БиХ. Инаку ова беше првенец за Игнатов во дресот на мостарскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...
Роберто Мартинез вчера официјално се раздели со португалската репрезентација, по неуспехот на Светското првенство и елиминацијата во осминафиналето, и веќе се споменува како можен нов селектор на Шкотска. Шкотска е во потрага по селектор, откако Стив Кларк поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Медиумите на островот го наведоа Мартинез како еден од кандидатите, истакнувајќи ги неговите врски со земјата. ...
Не постојат никакви дилеми дека тетовска Шкендија ќе го мине првото квалификациско коло од Лигата на конференции, откако на првиот натпревар демонстрираше сила, и победи на гостувањето во Гибралтар кај Европа со убедливи 0-5. Откако на стартот имаше мали проблеми, тетовскиот тим се „распука“ во продолжението од мечот, и со пет голови во мрежата на домаќинот, веќе може да размислува за следната фаза. Ндзенге во 28. минута го отвори резултатот ...
Пред пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции е тимот на Силекс, откако вечерва славеше триумф од 1-0 на „гостувањето“ кај Динамо Минск. Натпреварот се одигра на неутрален терен, во Стара Загора (Бугарија) поради тоа што УЕФА не дозволува да се играат натпревари на територијата на Белорусија. Сето тоа го искористи Силекс, и со гол од пенал во 42. минута од средбата, успеа да ја однесе победата. Туре стартуваше врз Пановски ...
Пред нивниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Англија, норвешкиот национален тим го напушти својот хотел со пет ѕвезди во Мајами по само еден ден престој. Се покажа дека Ерлинг Халанд и неговите соиграчи биле незадоволни од бучавата од блиското градилиште, недостатокот на сала за состаноци и 4-километарската пешачка патека до плажата. Тие го изразија своето незадоволство, иако хотелот нудеше луксузен базен со поглед на ...
Шкендија има водство во Гибралтар над Европа по првите 45. минути во првото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Вицерпвакот веднаш се наметна и имаше две добри шанси, а потоа Европа возврати со една прилика. Шкендија потоа ја презеде целосно инцијативата, нападна и успеа да постигне гол. Одлична акција на Шкендија во 28. минута, долга топка до Крстевски, кој со глава спушти до Ндзенгуе, кој стрелаше прецизно во горниот десен агол од ...
Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски се повратници, односно нови фудбалери на Пелистер. Тројцата и во минатото беа дел од овој тим, и сега се враќаат во обидот да му помогнат на тимот да се врати експресно во „елитата“. Љамчевски, кој потекнува од школата на Пелистер, се враќа во екипата после две години, откако настапуваше во аматерска лига на Австрија, а потоа и во Слога Виница и во Новаци. Христов, пак, доаѓа во Пелистер од ...
Откако предизвикаа вистински хаос со тоа што му дадоа директен црвен картон на Фоларин Балогун од репрезентацијата на Соединетите Американски Држави и со тоа нанесоа огромен удар врз интегритетот на натпреварувањето, луѓето од ФИФА сега направија сосема неочекуван потег кон селекцијата на Англија. Репрезентативецот на оваа земја, Џарел Куанса, беше суспендиран на два натпревари поради црвен картон на натпреварот против Мексико. Оваа одлука ги ...
Силекс има предност на полувремето над Динамо Минск во првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра во Стара Загора (Бугарија). Кратовскиот тим поведе со гол од пенал во 42. минута. Туре стартуваше над Пановски, по што судијата покажа на белата точка, а Хасукиќ беше сигурен реализатор на ударот од белата точка. Претходно Силекс имаше уште две одлични шанси, најпрво преку Хасуниќ кој се обиде со лоб удар од 30 ...
Кристијан Ериксен ќе ја продолжи рехабилитацијата во неговата родна Данска откако минатиот месец се онесвести на теренот по втор пат. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Тотенхем се држеше за градите и се сруши за време на пријателскиот натпревар на Данска против Украина на 7 јуни, речиси пет години откако доживеа срцев удар на Евро 2020. Неговиот имплантиран кардиовертер-дефибрилатор (ICD) беше активиран и му даде шок ...
Летово не е толку размрдано во редовите на шампионите на Англија бидејќи многу од нивните играчи се на Светското првенство во Северна Америка, а нивните мети се исто така на истиот турнир. Сепак, Арсенал почна да организира дел од трансферите на почетокот на седмиот месец. Ова не е она што го сакаат нивните навивачи бидејќи станува збор за нов голман кој ќе ја заземе позицијата трет голман, барем привремено. Се работи за досегашниот голман на ...
Српскиот гигант Црвена звезда објави дека младиот играч од средниот ред, Матеј Гаштаров, го продолжи договорот со српскиот шампион до 2029 година. Матеј Гаштаров е роден на 15 ноември 2006 година во Скопје. Својот фудбалски пат го започна во младинските категории на Вардар, а во август 2024 година пристигна на „Маракана“. Во текот на сезоната 2024/25 беше еден од најстандардните фудбалери во младинската екипа на Црвена звезда, која сезоната ...
Романскиот фудбал е завиен во црно по веста дека поранешниот репрезентативец Габриел Мурешан почина на 44-годишна возраст. Според романските медиуми, поранешниот играч од средниот ред се удавил во езеро во близина на градот Аполд, каде што од 2020 година ја извршувал функцијата градоначалник. Веста за неговата смрт ја потврди и Фудбалската федерација на Романија, која се прости од поранешниот репрезентативец. „Фудбалската федерација на ...
Американскиот плејмејкер Трент Форест е нов играч на Фенербахче. Тоа е и првото засилување на тимот на Шарунас Јасикевичиус за следната сезона. Договорот на Трент со Басконија истече, а Фенер беше најбрз и најконкретен во неговото привлекување во своите редови, каде што ќе биде во друштво на сонародникот Хортон-Такер, кој ја продолжи соработката со турскиот клуб за уште една година. Фенер претходно потврди дека продолжува и со Николас Мели и ...
Роберто Мартинез се споменува како еден од можните кандидати за нов селектор на шкотската фудбалска репрезентација откако ја напушти португалската репрезентација по поразот од Шпанија (1-0) во осминафиналето на Светското првенство. Шкотска, во меѓувреме, остана без тренер бидејќи Стив Кларк поднесе оставка откако беше елиминиран во групната фаза од натпреварувањето. Шкотските медиуми објавуваат дека Мартинез би можел да биде сериозен ...
Како што стојат работите, Јирген Клоп е во се посериозни преговори во врска со преземањето на германската репрезентација. Ова го објавуваат неколку сериозни медиуми од Германија кои имаат сознанија дека преговорите напредуваат добро, па дури и носат некои детали. Новинарот на „Скај“, Флоријан Платенберг, напиша дека Клоп ќе добие договор со Германската фудбалска федерација до 2030 година, односно дека ќе го води тимот на Светското првенство ...
Додека трае Светското првенство, клубовите не мируваат. Реал Мадрид договори трансфери на Марк Кукуреља, Дензел Дамфрис и Бернардо Силва, а сега постигна договор и за нов договор со еден од актуелните играчи. Станува збор за францускиот фудбалер Орелиен Чуамени, кој моментално е на Светското првенство во Северна Америка, каде што неговиот тим вечерва го игра четвртфиналниот натпревар против Мароко. Актуелниот договор на Французинот важи до ...
Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација, Мохамед Вахби, пред четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција изјави дека неговиот тим не е задоволен од она што го постигнал досега на турнирот. Фудбалерите на Мароко вечерва во Бостон ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција. Тоа ќе биде реприза на полуфиналето од Светското првенство во 2022 година во Катар, кога Франција ...
По поразот вчера од Норвешка, ракометната репрезентација на Македонија до 20 години денеска го запиша и вториот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија. Денеска од нашите надежи подобри беа младинците на Хрватска кои на рутински начин стигнаа до победа од 34-29. Хрватите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не им дозволија на младинците на Македонија да се понадеваат дека може да стигнат до ...
Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ официјално потпиша договор со Хјустон, соопшти американскиот клуб. Богдановиќ беше избран како 27-ми пик на НБА-драфтот во 2014 година од страна на Феникс, а во текот на кариерата настапуваше за Сакраменто, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Во девет сезони одигра 526 натпревари (вклучувајќи 200 како стартер), со просек од 14,0 поени, 3,3 скока, 3,0 асистенции и 2,4 погодени тројки по натпревар. Bogi buckets ...
Претседателот на Судиската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Пјерлуиџи Колина, изјави дека никој не може да се сомнева во интегритетот на судиите на овогодишното Светско првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Колина истакна дека е задоволен од судењето во досегашниот тек на првенството. „Одигравме 50 отсто повеќе натпревари отколку на Светското првенство во Катар 2022 година, а пред нас се уште осум големи ...
Пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија, во норвешкиот табор има проблеми кои ги нарушуваат подготовките на репрезентацијата за историскиот натпревар. По само една ноќ, тимот го напушти хотелот во Мајами каде што престојуваше поради незадоволство од условите, а дополнителен проблем е и стомачниот вирус кој зафати дел од тимот. Норвешката репрезентација, предводена од Ерлинг Халанд, првично беше сместена во хотел во Форт ...
Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 и официјално го потврди ростерот за сезоната 2026/27. „Црвено-црните“ оваа година се соочуваат со двоен предизвик. Покрај одбраната на домашните трофеи, тимот се враќа и на големата европска сцена во ЕХФ Лигата на шампионите. Новиот стратег Иван Чупиќ ќе има на располагање силен состав засилен со седум нови ракометари. Нови членови на Вардар се искусниот голман Бомаштар, кој пристигна од Шартр, ...
Поранешниот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски е најголемото засилување за ФК Пелистер во пресрет на новата натпреварувачка сезона. По неколку години поминати во домашниот шампионат и на интернационалната сцена, битолчанецот одлучи повторно да го облече зелено-белиот дрес на својот матичен клуб. Зад Мирчевски стои богато прволигашко и меѓународно искуство, со оглед на тоа што во својата кариера настапуваше за екипи како Вардар, ...
Филип Талески е нов ракометар на ГРК Охрид, откако македонскиот ракометар официјално потпиша договор со амбициозниот суперлигаш за сезоната 2026/2027, со опција за продолжување на уште една година. Искусниот 30-годишен лев бек, висок 202 сантиметри, доаѓа како осмо големо засилување за охридскиот тим во овој преоден рок. Во таборот на „сино-белите“, поранешниот ракометар на Металург, Вардар и Бенфика ќе го носи дресот со број 28. Со овој ...
Шкендија денеска од 19:30 часот против гибралтарска Европа на стадионот „Парк Европа“ ги стартува своите настапи во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Шкендија ја започнува новата европска кампања со јасна цел да го помине првото коло и да ги повтори успесите од претходните години. Натпреварот е официјално деби на новиот тренер, Артим Положани, на чело на црвено-црните, кој за денешниот дуел ќе може да смета на сите расположиви ...