На две недели пред европските избори, деснопопулистичката партија АфД го загуби својот главен кандидат. Максимилијан Кра соопшти дека се повлекува од раководството на партијата и нема веќе да се појавува во предизборната кампања. Според соопштението на неговиот тим, тој тоа го објавил во видео разговор со раководството на АфД. Повлекувањето на Кра доаѓа по неговите контроверзни изјави за Ес-Ес и спорот што избувна со француската десничарска ...

САД тврдат дека Русија испратила сателит во вселената што веројатно е вселенско оружје. Сателитот веројатно може да нападне други сателити и се наоѓа во орбита блиску до Земјата, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер. Стартот на ракетата со оружје најверојатно се случил на 16 мај, вели Рајдер. Според него, сателитот сега е во иста орбита како еден сателит на американската влада. На прашањето дали претставува закана, тој одговори: „Па, тоа е ...

Руски предлог закон за можно редефинирање на поморските граници во Балтичкото Море предизвика конфузија и голема возбуда меѓу соседните земји. „Ова е дополнителен доказ дека руската агресивна и ревизионистичка политика претставува закана за безбедноста на соседните земји и цела Европа“, соопшти денеска (22.05) литванското Министерство за надворешни работи. Реакцијата следува откако вчеравечер во базата на податоци на руската влада беше објавена ...

Сосема случајно се погоди моите редовни колумни кои излегуваат секоја втора среда, да треба да ги објавам на 24-ти април што се поклопуваше со првиот круг претседателски избори и на 8-ми мај што се поклопуваше со вториот круг претседателски и парламентарните избори. Заради политичка коректност, но и обврска да не го нарушам изборниот молк, за првпат го пропуштив мојот термин. Но, тоа ми овозможи да ги споредам изборните анализи кои ги имав ...

Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), поднесе барање за налог за апсење поради ситуацијата во Појасот Газа. Според обвинението, постои „основано сомневање“ за сторени злосторства против човештвото и воени злосторства од страна на водачот на милитантниот исламистички Хамас во Појасот Газа, Јахја ал-Синвар, како и неговиот заменик Мохамед Деиф и шефот во странство, Исмаил Ханија. Тие се особено поврзани со ...

Европската комисија ќе го финансира приближувањето и интеграцијата на земјите од Западниот Балкан со европскиот пазар со 6 милијарди евра. Околу 4 милијарди евра се заеми со ниска каматна стапка и грејс период од 8 до 10 години, додека останатите две милијарди евра ќе бидат грантови. Распределбата на средствата ќе се прави врз основа на бројот на населението и годишниот БДП на секоја земја од регионот. Според тие параметри, Северна Македонија ќе ...

Впечаток е дека Македонија остана на бришан простор откако новата претседателка Сиљановска и премиерот во најава Христијан Мицкоски одиграа соло игра на непризнавање на името Северна Македонија. Тоа е единствениот заклучок што може да се наметне откако од Атина дојдоа серија реакции а одговорот што уследи од овде е во стилот: добро де, ајде да не се караме. „Не очекувам односите меѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекувам да ...

Тројната круна се насмевнува. Уште само две победи до сонуваниот „трипл“ за Бајер Леверкузен. Едната ќе треба да се извојува вечерва (22.05) против Аталанта Бергамо. „Ова е неверојатно посебно, прекрасно е. Мотивацијата не може да биде поголема“, изјави спортскиот директор Зимон Ролфес пред вечерашното финале во Лига Европа. Извонредната сезона на Бајер Леверкузен е веќе крунисана со титулата првак во Бундеслигата. За тренерот Чаби Алонсо тоа е ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итна седница по полноќ одлучи да му го одземе имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев и да одобри мерка притвор за него. Седницата беше итно одржана откако вчера МВР го лиши од слобода врховниот судија поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Седницата на Судскиот совет се одржа по барање на Основниот кривичен суд ...

За парламентарните избори денеска (22.05) повторно се гласа во две избирачки места во Крушево, две места во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи. Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа. Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки ...

Во Иран започнаа погребните церемонии за жртвите од хеликоптерската несреќа во која за време на викендот загинаа претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амирабдолахиан. Верскиот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, нареди петдневна национална жалост. „Би сакала да седнам во автомобилот со моите пријатели и да возам до Каспиското Море, но денес не е празник“, се жали една млада жена од Техеран во интервју за ДВ. ...

Ако сакате да се потсетите на безбедносните закани со кои се соочува светот денес, тогаш само погледнете колку владите ги зголемија трошоците за одбрана. Воените буџети на глобално ниво минатата година достигнаа 2,44 билиони долари, што е речиси седум отсто повеќе од 2022 година. Ова беше најголем пораст во однос на претхдната година уште од 2009 година, а беше забележан во текот на втората година од руската инвазија врз Украина. Светските воени ...

Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи. Со вакви обвинување минатиот викенд лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги окарактеризира одлуките за прегласување на изборите на седум избирачки места, што ќе се спроведе на 22-ри мај. Со тоа прегласување Европскиот фронт предводен од ДУИ може да остане без два пратенички мандати ако Коалицијата Вреди во Желино и ...

Насловот на денешната колумна е стара изрека од времето на решавање на меѓунационалните , етничките и религиски, територијални спорови, како и за освојување на престолот со сабја, јатаган, кубур и буздован. Таа изрека воедно е и желба која се упатува на соборците и собраќата по оружје кога веќе нешто мора да ги поткачи од наброените оружја барем да ги размине гангрената да не се распаднат во страшни болки. Одамна е одминато времето на јатагани и ...

Над 100 луѓе се собраа на натпревар во дремка во паркот Хан Ривер во Сеул, главниот град на Јужна Кореја. Со одвлекување на вниманието како скокоткање со пердув и звук на комарци, на учесниците им се мери разликата во отчукувањата на срцето пред и за време на 90-минутната дремка. Кој најмногу се смирил - најдобро спиел и со тоа победил на натпреварот. Пораката е – одморете се. Бидејќи, во просек, Корејците спијат многу малку, 7 часа и 41 минута. ...

Барем на дипломатско ниво мај 2024 веројатно ќе влезе во палестинската историја како исклучително успешен месец. Генералното собрание на ООН со гласање им додели на Палестинците дополнителни права во рамки на ОН. Само им недостига правото на глас за да станат полноправна членка. Сега претстои натамошно подобрување на статусот на палестинските дипломати на меѓународната сцена. Пет европски држави се за официјално признавање на Палестина како ...

На 20-ти мај истекува формално мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На крајот на март требаше да се одржат претседателските избори, но парламентот ги одложи заради воената состојба во земјата. Во украинското општество во меѓувреме почна дебата за тоа кој ќе ја води земјата откако ќе истече петтогодишниот мандат на претседателот. На почетокот на годината, само ретки политичари и коментатори имаа смелост да го постават тоа ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поднесе барање за издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на терористичката организација Хамас во Појасот Газа, Јахја ал Синвар, соопшти судот во понеделникот во Хаг. Главниот обвинител Карим Кан ги гони злосторствата за време на војната во Појасот Газа. Според соопштението на МКС, Кан планира дополнителни налози за апсење против израелскиот министер за ...

Портпаролот на Европската Комисија во изјава за „Еурактив“ вели дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова заострена реторика меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор. Бриселскиот портал потсетува дека новата дипломатска криза меѓу двете земји избувнала откако новата претседателка на Северна Македонија, Гордана ...

За мене циркусот во Скопје доаѓаше заедно со летото. Кога школската година се ближеше до крајот, едно утро некој од учениците ќе извикаше: „Еј, дојде циркусот!” Кога тој беше во градот, сиот свет се преобразуваше. Такво беше моето чувство за циркусот во Скопје кога бев на возраст на внука ми. Мислам дека моето рано детство заврши во јулската вечер кога излеговме од шаторот на циркусот среде скопскиот парк. Цврсто сум уверена дека тоа беше ...

Не се очекува смртта на иранскиот претседател да ја втурне земјата во нова криза. Ебрахим Раиси, кој, како и ајатолахот Али Хамнеи, потекнува од источниот ирански град Машад и (и поради оваа причина) беше многу близок со духовниот водач, најверојатно ќе биде официјално оплакан и погребан со сите почести на Исламската Република. Тој најверојатно, на претседателски избори кои ќе бидат распишани во рок од 50 дена, ќе добие наследник согласно со ...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата атакуваат на стабилно мнозинство во парламентот, најавувајќи дека не само 58, туку дека веќе имаат обезбедно поддршка од 61 пратеник, а бројката, според најавите, би можела и понатаму да расте. Иако лидерот на партијата и иден мандатар, Христијан Мицкоски не ги вади сите карти од ракавот во пресрет на преговорите за формирање на владината коалиција, во јавноста веќе се вртат повеќе комбинаторики. Во едната од нив се ...

Исходот од европските избори го одредува составот на Европскиот Парламент (ЕП). Тоа е единственото тело на Европската Унија (ЕУ) кое директно се избира од граѓаните на земјите членки на ЕУ. Парламентот е особено важен бидејќи учествува во обликувањето на европските закони, поточно - директивите и регулативите на ЕУ. Овие закони на ЕУ важат и во Германија - директно (регулативи) или индиректно (насоки). Така, правото на ЕУ ги засега германските ...

Три дена по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, состојбата на критично повредениот политичар очигледно се подобрува. Уште една двочасовна операција во петокот „придонесе за позитивна прогноза за здравјето на шефот на владата“, рече словачката министерка за здравство Зузана Долинкова денеска (18 мај, 2024) во клиниката во регионалниот главен град Банска Бистрица. Не е можно преместување на Фицо во Братислава Министерот за ...

„Забрането е да се гаи убаво сеќавање за Тито и неговата Југославија“, го цитира весникот Ноје цирхер цајтунг (НЦЦ) градоначалникот на општина Кумровец, во долгата статија објавена минатиот викенд. Автори на текстот се Ксенија Цветковиќ-Сандер и Мартин Сандер. Кумровец има околу 300 жители, тоа е место на северозапад од Хрватска, блиску до границата со Словенија. Јосип Броз е роден во Кумровец во 1892 година за време на Хабсбуршката монархија, ...

Германската полиција уапси осум климатски активисти од групата „Последна генерација“ кои упаднаа на аеродромот во Минхен во саботата рано наутро, поради што аеродромот мораше привремено да биде затворен. Шест климатски активисти пробија и се залепија на пистата, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата во меѓувреме е под контрола и оти двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување. Овој упад на писта доаѓа за ...

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер моментално е во клинч со неколку колеги од владата : тој бара при усвојувањето на следниот буџет на Германија, строго да се почитуваат целите за штедење. А, при одлучувањето за буџетот важно е и колку даночни приходи може да очекува. Тука на сцена стапува Работната група за проценка на даноци, која ќе заседава од денеска до четврток. Што е Работна група за проценка на даноци? Двапати годишно, ...

По екстремните дождови кои предизвикаа поплави во Сарската област, ситуацијата до раните утрински часови во саботата малку се релаксира, информираат од локалната полиција. Од 1 часот по полноќ нивото на водата престана да расте, изјави портпаролот на Оперативниот центар во Сарбрикен. Меѓутоа, спасувачките служби и натаму се на терен. Се уште не може да се процени точниот обем на штетите предизвикани од поплавите. Во целата сојузна покраина Сар , ...

ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме, бидејќи има луѓе кои веќе чувствуваат дека нивниот глас е ништовен. Вака министерот за надворешни работи и функционер на ДУИ, Бујар Османи, ја опиша ситуацијата, откако по изборите победничката партија ВМРО-ДПМНЕ почна разговори за состав на идната влада со Колицијата Вреди. Османи порачува дека Европскиот фронт ...

Во Германија осаменоста често се опишува како тивка епидемија. Најновите податоци на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека секое шесто лице постаро од десет години често се чувствува осамено – тоа се околу 12,2 милиони луѓе. Психолозите осаменоста ја дефинираат како перцепирана несогласност меѓу посакуваните и реалните социјални односи и по тоа таа се разликува од општествената изолација. Статистиката покажува дека во Германија најмногу ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
60%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.34
62%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
48%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
34%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
61%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75