Политичките промени во Унгарија повторно ја актуелизираа темата за можна екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски,кој од 2018 година се наоѓа во бегство во Будимпешта. Министерството за правда започна нова постапка за прибирање на неопходната документација од надлежните судови и обвинителството, во врска со предметите во кои Груевски е правосилно осуден, но и оние во кои сè уште се водат активни судски постапки. Станува збор за ...

Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажала дека во периодот од први февруари до први април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. Граѓаните се почесто се жалат дека не можат да излезат на крај со ...

Американската поморска блокада на Ормускиот Tеснец, најавена од претседателот Доналд Трамп кратко по пропаѓањето на разговорите со Иран во Исламабад за време на викендот, стапи во сила во понеделник (13.04). САД соопштија дека ќе ги блокираат бродовите да влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Овој потег, кој доаѓа откако Иран фактички го затвори тесниот поморски премин како одговор на американско-израелските воздушни напади што ...

Војната со Иран поттикна и ескалација меѓу Израел и проиранскиот Хезболах во Либан. По повеќе од шест недели војна, сега доаѓа до историска средба: за првпат по четири децении, либанската влада и Израел денеска (14.04) ќе одржат директни разговори на политичко ниво. Тие се закажани за попладно по средноевропско време во американската престолнина Вашингтон. На почетокот, покрај американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, ќе ...

Орбановиот пад не е само крај на една политичка ера во Унгарија, туку и силен потрес за регионалната политичка мрежа со оска Орбан–Додик–Вучиќ. Промената на власта не ја погодува само Будимпешта, туку и сите оние чии политички позиции Виктор Орбан со години ги бранеше. Орбан и Милорад Додик подолг период градеа однос кој ја надминуваше вообичаената дипломатска соработка. Унгарскиот премиер доаѓаше во Бања Лука и во Република Српска како ...

Постепеното повлекување на САД од помошта за Украина ја постави Германија во позиција на најважен поддржувач на земјата што е под напад од Русија. Сега билатералната соработка влегува на повисоко, стратешко ниво. На првите заеднички владини консултации по повеќе од 20 години, Германија и Украина договорија унапредување на односите во „стратешко партнерство“. Соработката, како што беше соопштено, во иднина ќе ги надмине рамките на воената и ...

Штрајкот во Луфтханза ескалира токму во неделата кога компанијата одбележува 100 години постоење. Иако штрајкот на пилотите требаше да заврши овој вторник, синдикатот УФО најави дека и кабинскиот персонал ќе штрајкува до четврток, што значи дека протест ќе има и во среда – на самиот ден на јубилејот. Паралелно со последните часови од пилотскиот штрајк, синдикатот УФО ги повика стјуардите и стјуардесите на уште два дена прекин на работата во ...

Премиерот Христијан Мицкоскиизјави дека доколку поранешниот премиер Никола Груевски се појави во Македонија, правосудните органи ќе го испратат на издржување на затворската казна за која има правосилна пресуда. Изјавата следи во контекст на дебатите што се отворија по политичките промени во Унгарија и прашањето дали поранешниот премиер во бегство ќе биде екстрадиран во земјава. „Специфичните политики, поврзани и со поранешниот премиер Никола ...

„Вечерва срцето на Европа чука посилно во Унгарија“, се израдува Урсула фон дер Лајен уште на изборната вечер. Земјата го враќа својот европски пат, а Европската Унија ќе стане посилна, порача претседателката на Европската комисија на платформата X. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја пофали рекордната излезност, која го покажува „демократскиот дух“ на Унгарците, и се радува на „тесна“ соработка со Петер Маѓар за да ја ...

Инцидентот во Скопје, каде што за време на викендот беше забележан обид за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата, предизвика силна осуда во јавноста. Сѐ погласни се повиците за брза и ефикасна истрага од страна на надлежните институции, кои се клучни за спречување идни напади врз еврејската заедница. Амбасадорката на Израел: Антисемитизмот е неприфатлив Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиен Аисен, порача дека ...

Крајот на системот на Орбан прво беше најавен во скромна и незабележлива објава на Фејсбук - кратка реченица на темно сина позадина, дека „премиерот штотуку телефонски ни честиташе за изборната победа“. Таквото соопштение го објави лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, во неделате вечер во 21:11 часот. Во тој момент само околу половина од гласовите од унгарските парламентарни избори беа преброени. Но, убедливиот пораз на партијата ...

Даниела Вајс пред камерата држи пластифицирана карта од Блискиот Исток со зборовите „Ветена земја“ и вели дека „Тоа е Божјо ветување на предците на еврејскиот народ“. Мапата покажува еврејска држава која ги опфаќа не само окупираните палестински територии и анектираната Голанска висорамнина, туку и делови од Јордан, Либан, Египет, Ирак, Сирија и Саудиска Арабија. Област што далеку ја надминува т.н. Зелена линија која од 1949 година ја ...

Повеќето граѓани во Германија и Австрија се против можно проширување на Европската Унија, наведува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), повикувајќи се на истражувањето Евробарометар објавено во септември 2025 година. На ниво на целата ЕУ постои мнозинство од 56 проценти испитаници кои го поддржуваат приемот на нови членки. Меѓутоа, во Германија и Австрија, со 49, односно 45 проценти поддршка, застапниците на проширувањето се во ...

Германската владејачка црно-црвена коалиција реагира на високите цени на енергентите со привремено намалување на даноците за возачите. Данокот на енергија за дизел и бензин треба да се намали за околу 17 центи бруто по литар, со траење од два месеца, соопштија раководствата на ЦДУ, ЦСУ и СПД во Берлин по дводневни консултации. Вработените дополнително ќе можат да добијат неоданочен бонус од 1.000 евра од своите работодавци. За тоа да се ...

Славиме Велигден во свет што трепери постојано од страв пред налудничавоста на светските моќници. Славиме Велигден со црвени јајца, кои се симбол на Христовата победа на животот над смртта – на Воскресението, во свет во кој владетелите на најголемите воени сили се чинат како да се фасцинирани токму од смртта, од убивањето невини луѓе, од уништувањето на цели цивилизации. Никогаш досега не се чинеше толку реална можноста за нуклерана војна. Од ...

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за пропаѓањето на мировните преговори во Исламабад, Пакистан, во неделата, по маратонската сесија од која не произлезе договор за прекин на војната која се разгоре пред шест недели со нападите на САД и на Израел врз Иран. Американски претставници изјавија дека преговорите пропаднале бидејќи Иран не сака да се откаже од нуклеарната програма. Иранските лидери пак, го обвинуваат Вашингтон без да наведат ...

Унгарија се соочува со промена на власта: По пребројување на речиси 99 проценти од гласовите од парламентарните избори, партијата Тиса на опозицискиот лидер Петер Маѓар има огромна предност пред партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан. Како што соопшти изборната комисија, проевропската Тиса согласно привремените нецелосни резултати добива 138 мандати во парламентот од 199 места. Со тоа, таа би обезбедила и двотретинско мнозинство во ...

Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски, нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Накусо, ова е „прогнозата“ на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако на вчерашните парламентарни избори во Унгарија пораз доживеа владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години власт. Победничката партија Тиса предводена од поранешениот сопартиец на Орбан, Петер Маѓар, обезбеди двотретинско мнозинство, по што Орбан го ...

Јасната победа на опозицијата на парламентарните избори во Унгарија предизвика олеснување кај многу германски и европски политичари. Германскиот канцелар Фридрих Мерц веднаш му честиташе на Петер Маѓар и неговата партија Тиса: „Се радувам на соработката за силна, безбедна и пред сè обединета Европа“, напиша тој на платформата X. И германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ја поздрави победата на унгарската опозиција. „Луѓето во ...

На 12 април во Унгарија се одржуваат најважните парламентарни избори од доброволното повлекување на унгарските комунисти од власт во 1989/90 година. На изборите ќе се покаже дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот режим ќе може да бидат симнати од власт, или не. За првпат од 2010 година има реална шанса да победи опозициска партија - конзервативната Тиса на противникот на Орбан, Петер Маѓар. Во Унгарија изборите се сметаат за важен ...

„Распадот на Дубаи како сигурно прибежиште“, забележува американскиот магазин Њујоркер. „Дали е ова крајот на Дубаи?“, прашува колумнист на весникот Њујорк тајмс. Британскиот таблоид Дејли мејл со нескриено задоволство констатира дека инфлуенсерите ги напуштаат своите гламурозни животи во емиратот, зборува за „голем егзодус од Дубаи“ и „распад на блескавата, инфлуенсерска фантазија ослободена од даноци“. Дел од тој „распад“ има врска и со ...

Оној кој на изборите во Унгарија ќе освои две третини од местата во парламентот, ја добива апсолутната моќ за обликување на политиката. Во 2010 година Виктор Орбан со неговата партија Фидес постигна таква победа – и оттогаш ја промени земјата според своите замисли толку многу, што на опозицијата ѝ стана многу тешко да победува на избори. Унгарија е поделена на 106 едномандатни изборни единици за парламентарните избори. Во секоја од нив се ...

Потребата од сезонски работници во Хрватска секое лето е огромна, а студентите имаат широк избор на понуди. Работа на море или во внатрешноста? Во Хрватска, Европа или можеби во САД? Одговорот не е едноставен, бидејќи тешко е да се утврди што навистина е најисплатливо. „Не планирав да одам оваа сезона, но на социјалните мрежи ми се појави интересен оглас и се пријавив без да мислам дека навистина ќе ја добијам работата“, вели Ива, студентка ...

Мислите дека животот во Германија е одличен? Многу млади луѓе во земјата не се согласуваат со тоа. Сè поголем број Германци на возраст од 14 до 29 години велат дека активно планираат да ја напуштат својата татковина. Во неодамнешна студија наречена Младите во Германија, околу 21 отсто од анкетираните млади Германци изјавиле дека активно планираат да ја напуштат Германија за да најдат подобар живот. Дури 41 отсто од испитаниците велат дека ...

Не звучи како добар старт кога пред почетокот на разговорите една страна вели: „Имаме добра волја, но немаме доверба во другите“ – како што изјави шефот на иранската делегација, претседателот на парламентот Багер Галибаф. Неговиот соговорник, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, пред поаѓањето за Исламабад предупреди дека нема да дозволат да бидат измамени. Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф, посредник и домаќин на преговорите меѓу САД и ...

Оваа година повторно не сите христијани го слават Велигден во ист ден. По реткото поклопување во 2025 година, кога сите големи христијански цркви го чествуваа Христовото воскресение заедно, во 2026 година православниот и западниот свет повторно се разидуваат во датумите. Додека католичката и евангелистичката црква во Германија се соочуваат со рекорден број истапувања од верските заедници, една друга христијанска конфесија бележи континуиран ...

За новинари, за аналитичари, политички научници изгледа извонредно комплицирано да предвидуваат како ќе тече војната на Америка и Израел против Иран поради исклучително непридвидливиот станар на Белата куќа. Откако издаде закана дека на една цивилизација ќе ѝ се случи Армагедон, ќе умре ако не се прифатат неговите барања за отворање на Ормускиот Теснец кои ќе водат кон примирје, дојде до 14-дневен прекин на огнот во кој сите прославуваат ...

Европската унија од денеска, 10-ти април, го спроведува новиот автоматизиран Еntry/Еxit system (ЕЕС) кој дигитално ќе ги бележи влезот и излезот на државјани на трети земји на надворешните граници на Шенген-зоната. Постепеното воведување на ЕЕС почна на 12-ти октомври 2025 година, оставајќи им време на земјите-членки да ги адаптираат техничките системи, процедурите и обуката на персоналот. Од денеска системот ќе биде применуван во сите ...

„Разговарав со Биби и тој ќе се однесува малку повоздржано во Либан“ - вака американскиот претседател Доналд Трамп ја пренесе вчера главната порака од неговиот телефонски разговор со израелскиот премиер во емисија на Ен-Би-Си Њуз. „Едноставно мислам дека треба да покажеме малку повеќе воздржаност“, рече Трамп за неговиот разговор со Нетанјаху во средата. Трамп го притисна израелскиот премиер да не ги загрозува дипломатските напори на САД кон ...

Додека има време, на фронтот во источна Украина, Петер Филипович чита вести од Унгарија. Во последните денови особено за изборната кампања на Виктор Орбан, во која често се споменува неговата татковина – Украина. Земјата што тој, како украински Унгарец од Закарпатија, во моментов ја брани од руската агресија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и политичарите од неговата партија Фидес ја опишуваат Украина како „корумпирана мафијашка и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
91%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
89%
1013
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1006
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.28
84%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
50%
1006
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1006
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
67%
1002
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
48%
1007
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
6.17
68%
1005
Currency

61.645

Currency

52.3385

Currency

71.202

Currency

37.8865

Currency

38.2623

Currency

67.1996

Currency

7.71061

Currency

0.71184

Currency

0.33255

Currency

0.52519

Currency

1.15428

Currency

0.54881

Сребро

2585.69

Калај

54.16

Паладиум

46843.64

Бакар

12.70

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.50

Злато

150267.72

Иридиум

253540.09

Платина

65233.86