Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 21 јануари ќе ја суспендира обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Русија, Сомалија и Македонија. Одлуката е дел од директивата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за спречување на имигранти кои би можеле да станат „јавен товар“ за државата. Според соопштението, конзуларните службеници се задолжени да стопираат апликации за имигрантски ...

Како парите од ЕУ ја менуваат економијата на една земја? Тоа најдобро го покажува споредбата на Србија и Бугарија, наведува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализата посветена на придобивките од членството во ЕУ. За 17 години членство во ЕУ, економијата на Бугарија далеку ја надмина српската. Иако не сите во Бугарија беа воодушевени кога на 1 јануари земјата влезе во еврозоната—мнозина сакаа левот да биде задржан, Франкфуртер ...

Реформските закони од правосудството, изборот на народен правобранител, Изборниот законик, укинување на техничката влада, но и други прашања што ќе бидат предложени од учесниците - ќе бидат „на масата" на денешната лидерска средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. Средбата ќе се одржи денеска (14.01) во Клубот на пратениците во Скопје во 14 часот. За неа до вчера се кршеа копјата - кој ќе присуствува, кој не. Откако и ДУИ синоќа го ...

По година во која шумски пожари го разорија Лос Анџелес, необична циклонска бура ја погоди Југоисточна Азија, а сушата го принуди Иран да планира преместување на главниот град, новите податоци покажуваат дека 2025 година била трета најтопла во историјата. Парискиот климатски договор и надминувањето на прагот од 1.5°C Наодите од програмата за климатски промени на „Коперникус“ исто така откриваат дека 2025 е трета година по ред со просек на ...

Министерството за финансии информираше дека успешно е реализирана аукцијата за издавање на десеттата еврообврзница во износ од 1 милијарда евра, поделена во две транши од по 500 милиони евра, со рокови на доспевање од 4 и 8 години. Според министерката Гордана Димитриеска Кочоска, ова е значаен чекор за стабилноста на јавните финансии и сигнал за довербата на меѓународните инвеститори. „Каматните услови што ги обезбедивме се меѓу најповолните ...

Да се испрати порака - тоа го сакаат и политичарите и многу жители на Гренланд. Во продавницата за облека на Давид Рогилдс во главниот град Нук затоа има голема гужва. Бидејќи тука може да се купи модно изразување на ставот за спорот околу Гренланд: во излогот виси едноставен црн џемпер. На него со бели букви пишува: „Гренланд не е на продажба.“ Веќе повеќе од една недела околу 56.000 жители на Гренланд се во фокусот на светот, откако ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во Вашингтон по долг пат од Берлин со пауза во Исланд, започнувајќи дипломатска мисија за која напорот и очекуваниот ефект очигледно не се во рамнотежа. Првата станица беше средбата со министерот за надворешни работи на САД, Марко Рубио, по што следеше тричасовно патување со воз до Њујорк за да ја потврди германската поддршка за Обединетите нации во тежок период од нивното ...

Незадоволството околу непостигнувањето договор за зголемување на минималната плата ќе резултира со јануарски бран на протести во Македонија. Синдикатите најавуваат дека деновиве излегуваат на улица. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Ако повторно нема разбирање од Владата и од работодавачите дека платите мора да растат, не е исклучена можноста за генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор. Барањата се јасни: ...

Додека глобалните нафтени пазари во случајот со Венецуела реагираа релативно мирно, немирите и можната ескалација во Иран предизвикуваат далеку поголема загриженост. Експертите сметаат дека тоа е повеќе од оправдано. Според енергетските аналитичари, евентуално влошување на ситуацијата во Иран би имало огромни последици за глобалните пазари на нафта и финансии. „Иран произведува четири пати повеќе нафта од Венецуела,“ објаснува енергетскиот ...

Со неколкудневно задоцнување – делумно поради кризите во Венецуела и Гренланд – германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) конечно се огласи за протестите во Иран. За време на посетата на Индија, Мерц ја осуди насилната репресија на безбедносните сили врз демонстрантите, нарекувајќи ја „брутална и несразмерна“. „Го повикувам иранското раководство да го заштити својот народ, наместо да го заплашува“, изјави Мерц, додавајќи дека однесувањето на ...

Од 1 јануари 2026 година Украина и Молдавија добија бесплатен роаминг со земјите членки на ЕУ. Европските медиуми прогнозираат дека до крајот на 2026-та во групата ќе се придружат и Црна Гора и Албанија. Северна Македонија ја нема во најавите за оваа погодност за граѓаните. Веста за олеснувањето во телефонските комуникации со Унијата на граѓаните од овие земји, кај нас не доби особено внимание ниту пак анализа зошто нашата држава е изоставена ...

Ова е првата генерација која се соочува со регрутација откако таа беше укината во 2008 година, една година пред влезот на Хрватска во НАТО. Тогашната цел беше професионализација на вооружените сили и напуштање на задолжителната воена служба. Зошто се враќа воениот рок? Денес, особено ако се има предвид дека Хрватска од Украина ја дели само Унгарија, перспективата на вооружен конфликт изгледа непријатно блиску. Во 2022 година заталкан дрон, ...

Во пресрет на лидерската средба што премиерот Христијан Мицкоски ја закажа за среда, 14 јануари, во Клубот на пратеници во Скопје, Левица засега е единствената партија од опозицискиот блок која потврди дека ќе седне на заедничка маса со владејачките партии. СДСМ децидно ја одби поканата на Мицкоски, а ДУИ сѐ уште размислува и најави дека ќе донесе одлука на седницата на Генералниот совет. Левица потврди присуство на средбата Левица официјално ...

1418 дена. Толку трае војната што Владимир Путин ја започна против Украина. 1418 дена – тоа е подолго отколку што траела Големата татковинска војна (Втората светска војна во Русија, н.з.). Сеќавањето на неа, претседателот на РФ, Путин, го користи како една од главните идеологеми на сегашниот руски режим, иако токму за време на неговото владеење 9 мај се претвори во некаква страшна мешавина од карневал и празник на мртвите. Обидите на Кремљ ...

Проектот „Безбеден град“ (Сејф Сити), кој треба да регистрира сообраќајни прекршоци преку камери во Македонија, е заглавен во собраниска процедура. Иако стартот беше најавен за 1 февруари, неизвесно е дали ќе профункционира поради недостиг на двотретинско и Бадентерово мнозинство. Зошто е заглавен проектот „Сејф Сити“? За измените на Законот за прекршоци, кои овозможуваат електронско испраќање на казни, потребна е поддршка од ДУИ и СДСМ. ...

Судирот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, доби нов пресврт, предизвикувајќи пад на берзите и на доларот, додека цената на златото расте. Федералните обвинители отворија кривична истрага за сведочењето на Пауел пред Конгресот во врска со проектот за реновирање на седиштето на ФЕД во Вашингтон, вреден 2,5 милијарди долари. Пауел ја потврди истрагата во неделата (10.01), ...

Исходот од повторените локални избори во четири општини ги зголеми апетитите за предвремени парламентарни избори. По изборната победа на кандидатите на опозициската коалиција Национална Алијанса за интеграција (НАИ) во општините Гостивар и Врапчиште, претседателот на едното крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, јавно проговори за очекувањата по победата во двете општини. Истакнувајќи дека тие победи ја покажуваат силата на ...

Кога европските сојузници се собраа во Париз за да ги зацврстат безбедносните гаранции за Украина, таму беа и пратениците на Доналд Трамп. Тоа накратко даде надеж дека гласот на ЕУ ќе се слушне во Вашингтон, и покрај жестоката контроверзност околу Гренланд. „Во голема мера ги завршивме безбедносните протоколи“, изјави Стив Виткоф, еден од двајцата пратеници, стоејќи покрај лидерите на Франција, Германија,Обединетото Кралство и Украина во ...

Оловото се користело како материјал за водоводни цевки уште во римско време. Металот е тежок, но истовремено доволно мек за да се витка во посакуваната форма, па може дури и да се втисне името на сопственикот на цевките. Но, одамна е веќе познато дека оловото е токсично. „Труење со олово доведува до невролошко оштетување или анемија“, наведува педијатарот Штефан Безе-О'Рајли, медицинар за животна средина при универзитетот „Лудвиг ...

„Блажени се миротворците, зашто ќе бидат наречени чеда Божји“ (Матеј 5,9) Годината 2026, на чиј почеток стои 150-от роденден на Конрад Аденауер, му е посветена нему. Многубројни културни настани во текот на годината ќе бидат посветени на неговото животно дело. На келнјаните не им треба јубилеј за да се потсетат на најпознатиот келнјанин, нивниот сакан и почитуван Конрад Аденауер, пред војната градоначалник на Келн, а по неа првиот канцелар во ...

Силниот дожд предизвика опасно мрзнење на патиштата, особено на западот од Германија. Сообраќајот на повеќе автопати во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд Пфалц напредуваше многу бавно. Според Германската метеоролошка служба, најобилниот дожд паднал во Келн, Дизелдорф и Дуизбург околу 3 часот наутро. Потоа дождовната завеса се поместила кон исток. Обилни врнежи имало и во Франкфурт, Штутгарт и Хановер. Дождот на сите овие места ...

Незадоволството од решенијата на УЈП за ретроактивно плаќање на данок на доход остварен во странство не стивнува, а граѓаните и дел од советниците предлагаат конкретни решенија за излез од ситуацијата. Кумановци кои работеле во базите во Ирак и Авганистан најавуваат нови протести пред зградата на УЈП, барајќи правична примена на законот и стопирање на присилната наплата. Најавите се дека протести ќе има до петок од 14 до 16 часот пред ...

По соборувањето од тронот на неговиот татко, последниот шах на Иран, Реза Пахлави мина речиси половина век во егзил во САД. Во текот на протестите во изминатите години, вклучително и на почетокот од 2026 година, Пахлави ја користеше неговата платформа за да повика на поголема излезност на улиците на Иран. Додека протестите во Иран продолжуваат, тој се профилира како просекуларен, продемократски глас на поддршка за промена на режимот. Роден во ...

Македонија планира ригорозни мерки за борба против штетните последици од пушењето. Новиот предлог-закон за заштита од пушење, објавен на ЕНЕР, предизвика силни реакции во јавноста. Некои го поздравуваат, други остро го критикуваат ограничувањето на продажбата и забраната за пушење во јавни и работни простории. Македонија веќе подолго време е на листата на земји со повисоки стапки на пушење во регионот. Анализите покажуваат алармантни податоци ...

„’Значи, мој кнезу, Џенова и Лука станаа само апанажи, само пашалаци на семејството Бонапарта. Но јас однапред ви велам, ако вие не ми кажете дека ќе војуваме и ако вие уште си допуштате себеси да ги ублажувате сите гадости, сите грозотии на тој Антихрист (а јас со мојата чест верувам дека тој е тоа) – тогаш веќе не би сакала да знам за вас, веќе не сте ми пријател, веќе не сте мој верен роб, како што велите. Но, да сте ми живи и здрави! ...

Ели Таубер шета низ своето родно Сараево. На неколку минути топло го поздравуваат минувачите. Малку разговор, паѓа по некој договор. Секогаш љубезен, секогаш насмеан. Самото тоа не би било ништо необично, но сепак, вреди да се напомене. Бидејќи, 75-годишниот Таубер е Евреин. Дали се плаши од антисемитизам кога се движи низ улиците на главниот град на Босна и Херцеговина, каде што мнозинството од населението се муслимани? Ели Таубер се ...

Тие не сакаат да тагуваат сами. Луѓето спонтано започнуваат песна на импровизираниот споменик за Рене Никол Гуд. „Оваа земја е создадена за сите нас“, пеат тие. Букети цвеќе и запалени свеќи лежат пред нив. На оваа улица во станбена област на Минеаполис, службеник на ICE ја застрелал и убил 37-годишната жена во нејзиниот автомобил. „Лути сме, исплашени сме, збунети сме и тажни сме“, така ги опишува жителката Холи Маршал чувствата на луѓето ...

Замастен црн дроб – растечки здравствен проблем Масниот црн дроб е една од најчестите болести на црниот дроб во индустриските земји. Според Германската фондација за црн дроб, секој четврти жител на Германија страда од оваа состојба, која најчесто е последица на нездрави навики: прекумерен внес на калории, недоволна физичка активност и дебелина. Оваа болест, позната како MASH (стеатохепатит поврзан со метаболичка дисфункција), може да доведе ...

Епидемија на високо заразна болест кај говедата ја стави Франција – најголемиот извозник на живи животни во светот – во тешка позиција уште од јуни, додека земјата се обидува да спречи катастрофални последици за индустријата, во услови на растечки протести на фармерите. Но, во 2016 година неколку балкански земји успеаја да стават крај на големи епидемии од истата болест за само три месеци, благодарение на брза реакција, масовна вакцинација и ...

По масовните руски напади врз украинскиот главен град, Киев, илјадници станбени блокови се без греење среде ледената зима. Градоначалникот Витали Кличко зборуваше за најкатастрофалните оштетувања на инфраструктурата на Киев во војната, која трае речиси четири години. Тој им советуваше на граѓаните привремено да го напуштат градот доколку можат да најдат топло место и електрична енергија на друго место. Во милионската метропола, 6.000 станбени ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.6
75%
1010
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
61%
1013
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.47
82%
1016
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
78%
1010
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
63%
1008
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1009
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -5ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

54.25

Злато

156424.63

Сребро

3663.67

Платина

83354.78

Паладиум

54624.12

Алуминиум

3.15

Бакар

11.99

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

363303.44

Иридиум

221848.72

Цинк

3.34