Претседателот на Русија, Владимир Путин изнесе предлог поранешниот канцелар Герхард Шредер, со кого е во пријателски односи, да биде потенцијален посредник во војната меѓу Русија и Украина, со што предизвика дебата во Германија. Германската влада реагираше воздржано. Од владини кругови во Берлин беше соопштено дека се запознаени со изјавите, но и оти тие се вклопуваат во низата „привидни понуди“ и се дел од познатата руска хибридна ...

Два повика за обединување испратени од премиерот Христијан Мицкоски во изминатите два дена завршија со отфрлање од претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Премиерот го поставува прашањето дека е потребно обединување. Кажува ли за што да се обединиме? На каква било порака која ја пуштаме - дека е потребна Европа - тие ги пуштаат своите ботови и лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници“, рече Филипче, коментирајќи го повикот на премиерот. ...

Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зјобро, кој е обвинет за повеќе кривични дела во неговата татковина, потврди дека од Унгарија отпатувал во Соединетите Американски Држави. Изјавата ја даде во неделата за десничарската телевизија „Република“, по претходни медиумски објави. „Се наоѓам во Соединетите Американски Држави. Пристигнав вчера и ова ми е трет пат да патувам низ земјата“, изјави Зјобро. Зјобро, кој минатата година доби ...

Дубаи долго време градеше имиџ на оаза на стабилност во нестабилниот Блиски Исток. Емиратот, втор по богатство во Обединетите Арапски Емирати, се позиционираше како сигурен финансиски центар каде богатите поединци можат да го чуваат капиталот, да водат бизнис и да планираат на долг рок со чувство на доверба. Но, овој внимателно изграден имиџ е сериозно разнишан со војната со Иран. Ракетните и напади со дронови врз цели во Персискиот Залив ...

Германските аеродроми очекуваат, доколку цените на керозинот останат високи, во летниот период да има откажувања на летови што би можеле да погодат милиони патници. Во најлош случај, на некои аеродроми се заканува „пад на капацитетот од десет проценти“, изјави Ралф Бајзел, главен директор на Здружението на германските комерцијални аеродроми (АДВ), за весникот Велт ам Зонтаг. „Ако се пресмета за сите аеродроми, тоа би значело дека 20 милиони ...

Откако виетнамските пратеници едногласно го избраа генералниот секретар на Комунистичката партија, То Лам, за претседател на државата, аналитичарите сè почесто го поставуваат прашањето дали Виетнам се движи кон копирање на кинескиот политички модел. То Лам овој месец официјално ја презеде претседателската функција по гласање во Националното собрание, со што отстапи од децениските правила што ја обликуваа политиката на елитите во Ханој. ...

Рускиот претседател Владимир Путин на воената парада по повод 9 мај изрази увереност дека руската армија победува во агресорската војна против Украина. „Цврсто сум уверен: нашата работа е праведна, стоиме заедно, победата секогаш била и секогаш ќе биде на наша страна“, рече Путин со остар тон на Црвениот плоштад во Москва. Руската армија, според зборовите на шефот на Кремљ, во своите операции во Украина денес е инспирирана од „генерацијата на ...

И покрај тоа што Германија никогаш немала повеќе лекари, многу болници зависат од странски медицински кадар – особено во руралните средини. Причините за оваа состојба се повеќеслојни, а брзо подобрување не се очекува. Матијас Фот, директор на болницата „Харцклиникум“ во Кведлинбург, јасно укажува: „Без странски лекари, голем дел од болниците во Германија повеќе не би биле функционални.“ Околу една третина од лекарите во неговата установа се ...

По неодамнешните воени судири, САД и Иран се чини дека повторно се обидуваат по дипломатски пат. Владата во Вашингтон чека одговор од Техеран на американскиот предлог за окончување на војната со Иран. Според Волстрит џурнал, преговорите меѓу спротивставените страни со посредство на Пакистан би можеле повторно да се одржат во Исламабад следната недела. Плановите за нови рунди разговори во пакистанскиот главен град неодамна повеќепати пропаѓаа. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги убеди Русија и Украина да прифатат тридневен прекин на огнот кој ќе важи од сабота. Тој ќе вклучува запирање на сите борбени дејства, како и размена на по 1.000 заробеници од секоја страна, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Барањето било директно покренато од него. Тој изрази голема благодарност до лидерот на Кремљ, Владимир Путин и до украинскиот претседател Володимир Зеленски за ...

Трошоците за живот продолжуваат да растат, а паричниците на граѓаните се сè попразни. Најновата статистика на Државниот завод за статистика покажува дека трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 5,7%, додека цените на мало пораснале за 5%. Инфлацијата во април, во однос на март, изнесува 1,3 %. Во исто време, проекциите на Народната банка се дека инфлацијата годинава ќе достигне околу 4 %. Критики за мерките против инфлацијата ...

Идниот унгарски премиер Петер Маѓар поседува забележителен талент често да ги користи ситуациите во своја полза со мали, но ефективни гестови. Станува збор за талент каков што немал ниту еден политичар во поновата историја на земјата, а кој во голема мера му помогна на Маѓар за историскиот изборен успех на неговата партија Тиса на 12 април 2026 година. Еден миг што беше илустриран со фотографии и подоцна стана вирален во Унгарија се случи на ...

Кремљ драстично ги заостри безбедносните мерки околу претседателот Владимир Путин. Причина за тоа, наводно, се сè посилните стравувања од атентат и државен удар. Ова произлегува од извештај на европска разузнавачка служба, кој го цитираат рускиот истражувачки портал „Important Stories“, како и Си-Ен-Ен и „Фајненшл тајмс“. Наводните планови за државен удар во Русија ги поделија набљудувачите во два табора. Едни сметаат дека вакво сценарио, ...

По политичките промени во Бугарија и изборот на нова влада предводена од Румен Радев, од Скопје пристигнуваат различни пораки и очекувања за иднината на односите меѓу двете земји. Ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се разликуваат во однос на тоа како ќе се развива дијалогот со Софија и какво влијание ќе има врз европската перспектива на земјата. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бара почитување, премиерот Христијан Мицкоски предупреди на вжештена ...

Кога коалицијата составена од конзервативните партии ЦДУ/ЦСУ (Унија) и Социјалдемократската партија (СПД) стапи на власт на 6 мај 2025 година, очекувањата од германската влада не можеа да бидат поголеми. И токму сојузниот канцелар и лидер на ЦДУ, Фридрих Мерц, беше тој што сам ја подигна летвичката највисоко. Највисок приоритет требаше да има економскиот подем. Во рок од неколку месеци, граѓаните ќе почувствуваат дека Германија оди напред, ...

Во пресрет на Денот на Европа, политичката сцена е обележана со жестоки препукнувања и меѓусебни критики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМоколу европската иднина и евроинтеграцијата на земјата. Фокусот се префрли на уставните измени, односите со Бугарија и политичката одговорност за застојот во процесот. Филипче: Никој нема право да го блокира европскиот пат Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во поткастот „Риштази“ на Коха порача дека Мицкоски нема ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека внимателно ја следи состојбата со хантавирусната инфекција, по појавата на случаи кај патници на крузер во Јужен Атлантик. Во моментов, нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти поврзани со Македонија, ниту постојат индикации за ризик по јавното здравје во земјата. ИЈЗ: Достапни се реагенси за детекција Од Институтот посочуваат дека станува збор за мултинационален кластер на случаи, ...

Ученик oд седмо одделение во битолско училиште на Тик-Ток објавил листа со име и презиме на негови соученици со закани по нивниот живот. Не му било првпат да им испраќа закани на средби надвор од училиштето или преку социјалните мрежи, но алармот се вклучил откако последната закана била со посочен датум за реализација. По претставка од родители, одржан бил родителски состанок, а директорот на училиштато информираше дека случајот е пријавен во ...

Проруски ориентираниот евроскептик Румен Радев во четвртокот најави дека ќе работи на намалување на цените и враќање на стабилноста во Бугарија, откако го именуваше новиот владин кабинет. Мандатот за состав на влада му беше доверен од страна на претседателката, по масовните протести што ја соборија претходната влада. Партијата „Прогресивна Бугарија“ (ПБ), предводена од поранешниот воен пилот Радев, освои 44,6 проценти од гласовите на ...

САД и Иран, и покрај примирјето, се гранатираа меѓусебно во Ормускиот теснец. Дополнително, американската војска нападна поединечни цели во Иран. „Американските сили одговорија на неиспровоцирани ирански напади и возвратија со удари во самоодбрана“, соопшти Регионалната команда на САД за Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X. Командата дополнително соопшти дека иранските напади биле одбиени кога американски разурнувачи со наведувани ...

Тој носи посвечена и потрадиционална облека од својот претходник. Освен тоа, папата Лав XIV, за разлика од папата Франциско, повторно живее во Апостолската палата, високо над плоштадот Свети Петар во Ватикан. Исто така повремено се повлекува во папската летна резиденција, Кастел Гандолфо, што папата Франциско никогаш не го правеше. Кога станува збор за надворешни обележја, американскиот кардинал Роберт Превост, кого конклавата го избра пред ...

Германско-македонскиот бизнис самит, посветен на технологијата, иновациите и дигиталната инфраструктура, ги обедини претставниците на владата и бизнис-секторот од Македонија и Германија. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека партнерството со Германија не е само економска соработка, туку претставува заедничка визија за иднината. „Германија не е само економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина и стабилен ...

Македонија во моментов не е подготвена за уставни измени поради недостиг на доверба и кредибилитет во процесот, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговијаТимчо Муцунски. Тој нагласи дека Владата нема услови да преземе чекори кон спроведување на уставните измени. Изјавата беше дадена по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата. ...

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, сака да обезбеди враќање во мејнстримот на ЕУ и презема брзи чекори за да ги поправи релациите нарушени во годините на владеење на Виктор Орбан. Дел од таквата мисија е планот земјата да биде подготвена за влез во еврозоната до крајот на деценијата. Но, некои во земјата, меѓу кои и гувернерот на централната банка, веруваат дека тој временски рок е премногу амбициозен, со оглед на тоа што премиерот во ...

Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуда од 12 години затвор за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди во контекст на семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана. Трагедијата се случи на 2 март годинава, кога Ивана го загуби животот, скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Максимални казни за сите три дела Судот го прогласи Јовановски за виновен ...

Околу 120.000 деца во Македонија се погодени од сиромаштијата. Најризични групи се многудетните семејства (54,8%), ромските семејства (47%) и еднородителските домаќинства (45%). Речиси секое второ дете во овие категории живее под прагот на сиромаштија. Најновата анализа на УНИЦЕФ укажува дека се потребни итни и структурни мерки, поради што се предлага воведување универзален детски додаток како основна поддршка за сите деца и дополнителен ...

Стивен Флин, претседател на Шкотската национална партија во Вестминстер, зборува со воочлива самодоверба. „Ќе има уставен шок на овие острови“, вели тој за британска телевизија, со надеж дека Шкотската национална партија ќе се наметне во Шкотска и дека Плејд Кимру ќе победи во Велс. Иако велшките националисти не се обврзаа непосредно по изборите да одржат референдум, уставот на Плејд Кимру наведува дека нејзината цел е да „обезбеди ...

Сите велат во Македонија сè стои во место. Не сум сигурен — мислам дека еден од главните проблеми на испораката на македонската политика е дека кај нас се случуваат премногу работи, цело време. Не е проблемот што ништо не се случува — проблемот е што сè се случува, но ништо не се завршува. Ако ги следиме медиумските наративи, добиваме впечаток дека државата е во постојана вонредна состојба, без пауза или разрешница. Секое утро почнува со ...

Фридрих Мерц постојано нагласуваше дека има добар личен однос со Доналд Трамп – како еден од ретките европски државници. Во рок од една година колку што е на канцеларската функција, Мерц го посети Трамп трипати во Белата куќа. Средбите поминаа во срдечна атмосфера, иако подоцна внатрешнополитичките критичари на Мерц тврдеа дека канцеларот му се додворувал на претседателот. Во секој случај, изгледаше дека трансатлантските односи се ...

Една година по стапувањето на должност на владата на канцеларот Фридрих Мерц (ЦДУ), големото мнозинство граѓани на Германија е незадоволно од нејзината работа. Но, во тие истражувања доминираат прашања поврзани со внатрешната политика. Надворешната политика тука не игра значајна улога. Притоа, токму како и претходната влада на Олаф Шолц (СПД), и оваа – пред сè поради руската агресија врз Украина – се соочува со бројни надворешнополитички ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.3
29%
1020
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
1.5
58%
1021
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.17
49%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
32%
1021
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.06
47%
1021
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.45
62%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.94
34%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
0.41
34%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.94
33%
1019
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
49%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
42%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.12
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

52341.42

Злато

131629.35

Иридиум

233896.68

Бакар

12.34

Алуминиум

3.17

Рутениум

49029.89

Сребро

1907.42

Калај

50.34

Паладиум

38420.14

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Цинк

0.00