
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



СПД влегува во предизборната кампања на сојузно ниво со канцеларот Олаф Шолц како шпиценкандидат. Со големо мнозинство, 600-те делегати на вонредниот Конгрес и официјално го потврдија Шолц како кандидат за канцелар. Шест недели пред изборите, партијата е обединета иако претходно кандидатурата на 66-годишниот Шолц беше контроверзна. „Семафор“ коалицијата на Шолц, составена од СПД (црвени), Зелените и ФДП (жолти) се распадна уште пред истекот на ...
Може ли да биде „европска престолнина на културата” градот, кој во европската јавност одамна ја има освоено титулата „европска престолнина на кичот”? Приказната за номинацијата на Скопје за оваа титула сведочи за парадоксалната состојба на културата во Македонија во последните две децении. Советот на град Скопје донел одлука за номинација за титулава во 2014. Годината е симбол за „Скопје 2014”. Можно е тогашниот градоначелник да верувал дека со ...
Почист воздух и огромни радости, особено за децата - снегот кој во текот на викендот го покри Скопје и остатокот од Македонија донесе и насмевки и проблеми, како прекини на сообраќајот на одредени патни правци и забрани за сообраќај за тешки товарни возила. Највисока снежна покривка вчера беше измерена на Попова Шапка - 64 сантиметри снег, Маврови Анови - 50 сантиметри, Штип - 30 сантиметри, Тетово - 26 сантиметри и Крушево - 24 сантиметри. За ...
Хаос на сојузните избори во 2021 година во Берлин, софтверска грешка во распределбата на мандатите или извештаите за фалсификувани гласачки ливчиња по покраинските избори во Саксонија: интегритетот на изборите во Германија доживеа одредени недостатоци во последниве години. Покрај тоа, има и популистички актери кои постојано фрлаат сомнеж врз изборниот процес и резултати со цел да ја нарушат довербата во изборниот систем во целина. Згора на тоа, ...
Се работи за една од најголемите портрет-бисти во светот и веројатно најпозната знаменитост во градот Кемниц - споменикот на Карл Маркс. Огромна глава на филозофот и социјалниот теоретичар од 1971 година го краси центарот на градот. Првично била планирана скулптура од цело тело висока единаесет метри, но идејата брзо била отфрлена. „На Карл Маркс не му требаат ни нозе, ни раце, неговата глава кажува сè", наводно рекол советскиот скулптор Лев ...
Според објава на катарското Министерство за надворешни работи, специјалниот пратеник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток разговарал во Доха со премиерот на Катар за напорите за посредување со цел да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа. Разговорите кои се одржаа меѓу претставникот на Трамп, Стив Виткоф, и катарскиот премиер Мохамед Абделрахман ал Тани, се однесуваа на последните случувања во регионот, ...
Се чини дека колку поскоро паѓа мрак и студ врз германската престолнина, толку посветло блескаат возовите на шините. Кон средината на неделава беше објавено дека железницата пушта празни возови да кружат ноќе околу Берлин. Берлинскиот дневен весник „Тагесшпигел“ повикувајќи се на „инсајдери“ пишува дека околу „пет или шест ИЦЕ возови без патници навечер кружат низ и околу градот“. Причината за тоа е недостаток на шини каде би можеле да се ...
Со пет интерпелации на дневен ред почнува првата пленарна седница на Собранието во 2025 година. Четири интерпелации се поднесени од пратеници на Европскиот фронт - за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и за неговиот заменик Астрит Исени. Петата интерпелација е поднесена од Левица за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути. ...
Не требаше долго за да пристигнат реакциите откако Сојузниот завод за статистика објави дека просечното боледување во Германија е 15,1 дена во 2023 година. Германија сега е „светски шампион кога станува збор боледувања“, критикуваше извршниот директор на осигурителната групација Алијанц, Оливер Бате. Со тоа се зголемуваат трошоците во здравствениот систем. Дали Германците се нација на симуланти? Маркус Бејер, претседателот на Сојузното германско ...
Порано се пишуваа текстови, анализи, предвидувања на секои шест месеци кога некоја земја членка требаше да го преземе претседателството на Европската унија. Така беше некако слично пред половина година кога кормилото на ротациското водство го презеде Унгарија. Какви сѐ не очекувања се калапеа околу моќта и умешноста на најдолговечниот на власт во ЕУ, Виктор Орбан, неговиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеи, околу напредокот на Македонија, ...
И покрај обвинувањата за изборна измама од страна на опозицијата и меѓународните критики, авторитарниот венецуелски претседател Николас Мадуро положи заклетва за трет шестгодишен мандат. Законодавната палата во Венецуела, каде што положи заклетва и одржа жесток говор, беше под строг надзор од безбедносните сили. Толпа луѓе, од кои многумина носеа маички за поддршка на Мадуро, се собраа на соседните улици и на блискиот плоштад. Мадуро ги обвини ...
Последната анкета објавена во четвртокот (9 јануари) предвидува победа на Зоран Милановиќ (кандидат на СДП). Според резултатите што ги објави РТЛ, него го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, а Драган Приморац (ХДЗ) 27,8 отсто. Проруско и просрпско влијание на изборите? Двонеделната изборна кампања, покрај телевизиските дебати меѓу кандидатите, беше одбележана и со дискусија за извештајот на Центарот за информациска отпорност (ЦИР) со седиште во ...
Од почетокот на 2021 година до крајот од 2024 година цените во Северна Македонија се зголемиле за 35%, додека храната поскапела за 46.8%. Ова го покажуваат анализите на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“. Со оглед на тоа дека за неколку дена завршуваат владините мерки опфатени со Новогодишната кошница,по што се стравува од нов ценовен удар. Институтот препорачува мерките за ограничување на цените на храната да се ...
Речиси е логично што разговорот меѓу Илон Маск и лидерката на Алтернатива за Германија (АфД) започна со лага. Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Х уште од самиот почеток изјави дека неговата соговорничка Алис Вајдел „според анкетите“ е најпопуларниот кандидат за канцелар во Германија. Всушност, АфД е втора во анкетите, 11 проценти зад конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Самата Вајдел е на последното место ...
Заладените односи меѓу СДСМ и ДУИ, довчерашните владини коалициони партнери, кулминираа со жестоки критики и остра реторика во која се обвинуваат за подгревање на меѓуетнички тензии. Препирките зачестија откако функционерот на ДУИ, Артан Груби се најде на црната листа на САД, по што ја напушти Северна Македонија. СДСМ му порача на претседателот на ДУИ, Али Ахмети „конечно да излезе од националистичкиот филм“, откако на социјалните мрежи се ...
Не знаеме од кој период датира видеото што го објави Скопје 1 од престојот на Сашо Мијалков во Монте Карло, но факт е дека предизвика огромна доза на огорченост во домашната јавност. Само до вчера граѓаните пресметуваа колку ќе ги чини посната бадникова трпеза и скромниот божикен ручек. А потоа пресметуваа, како остатокот од приходите, доминантно потрошени уште пред новогодишната ноќ, да го растегнат до почетокот на следниот месец. Како круна на ...
За точно 10 дена Америка и светот ќе се соочат со вториот мандат на Доналд Трамп, кој уште пред да ја потпре раката на Библијата и да ја даде свечената заклетва, ни ветува дека овојпат нештата ќе бидат многу пожестоки и понасилни Зборовите на Трамп од прес-конференцијата во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, како и пораките на Маск преку „X“, веќе ни опишуваат серија на иницијативи, стратешки и медиумски, кои ќе следуваат после инаугурацијата, ...
До пред само неколку дена ова место во Малибу, Калифорнија, веројатно изгледаше како „рај на земјата“. Меѓутоа, по само три дена незапамтени шумски пожари во околината на Лос Анџелес сликата е застрашувачка. Огромни области во близина на калифорниската метропола се опустошени, додека топлите ветрови Санта Ана, типични за калифорниската зима, продолжуваат да ги разгоруваат пожарите и да го забрзаат нивното ширење. Овие ветрови ги зголемуваат ...
Реизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги повторува заканите дека ќе ја преземе контролата врз Панамскиот канал, додека панамската влада инсистира дека нивниот суверенитет над водениот пат не може да се доведе под прашање. Очите на светот повторно се насочени кон тој стратешки поморски премин што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан. Еве неколку факти за Панамскиот канал: Кој го изгради Панамскиот канал? Трамп сака да го потсети ...
Барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сојузниците во НАТО да потрошат 5% на годишно ниво од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, ги потресе европските метрополи две недели пред неговото враќање во Белата куќа. „Мислам дека НАТО треба да има 5 проценти“, рече Трамп на прес-конференција во вторникот. „Сите тие тоа можат да си го дозволат“, додаде Трамп. Двојно и повеќе од тековната цел Тоа е огромно зголемување ...
Во пресрет на централниот настан од тридневното одбележување на Денот на Република Српска, пораките за мир и соживот се испреплетени со оние за отцепување, како и со странски центри на моќ кои сакаат да го нарушат српското единство преку притисок врз РС и Србија. Српската делегација во Бања Лука годинава ја предводи премиерот Милош Вучевиќ, кој порача дека српскиот народ за сите клучни прашања мора да има политичко разбирање и единство. „Сѐ она ...
Од 142 европски градови, Скопје е на 124 место на ранг листата на високи трошоци за живот, според индексот којшто го објави на почетокот на годината од „Нумбео“, глобална база на податоци што ги мери трошоците за живот во светот. Според индексот за јануари, Љубљана, Атина, Сплит, Солун и Загреб се меѓу најскапите градови во регионот и се рангирани од 76 до 85 место на ранг листата. Потоа следува Тирана на 92 место на најскапи градови во Европа, ...
Во последните денови од мандатот, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција. Меѓу најважните измени се дека санкциите ќе ги опфатат и сопружниците и возрасните деца ...
Во американскиот Капитол, посетителите сè уште можат да му оддадат последна почит на починатиот 39-ти американски претседател Џими Картер. За подоцна во текот на денот е планиран официјалниот државен погреб во Вашингтон - неколку дена пред да положи заклетва 47-от претседател. Користејќи објектив рибино око, фотографот на АП, Ендрју Харник, ја создаде оваа необична перспектива во Капитол во Вашингтон: во центарот на сликата е ковчегот на ...
Доналд Трамп им се закани на Европејците уште пред (повторно) да ги преземе должностите на американскиот претседател на 20 јануари. Трамп рече дека ќе воведе високи царини за европските производи, ќе ја намали американската помош за Украина и ќе започне дискусија за тоа како НАТО треба да се финансира во иднина. Со оглед на претстојните турбуленции, би било важно 27-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во оваа ситуација да покажат единство и ...
Трошоците за живот растат, цените на производите речиси секојдневно се менуваат, а нагорниот тренд го следи и инфлацијата. Ова го покажуваат најновите статистички податоци во Северна Македонија. Додека Државиот завод за статистика укажува дека трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, се зголемиле за 3.5 %, а цените на мало имаат пораст од 3.8 %, премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Северна Македонија ја очекува ...
На првата собраниска седница во новата година, којашто ќе се одржи в петок (10 јануари) на дневен ред ќе се најдат петте интерпелации коишто беа поднесени од пратеничката група на опозицискиот „Европски фронт“ и од Левица. Станува збор за интерпелацијата за вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, која што е поднесена поради „лошо управување со состојбите кои се случуваат во Северна Македонија, вклучително ...
Спектакуларни ледени пејсажи, планини и тундра, уникатен див свет – Гренланд несомнено нуди безброј мотиви за импресивни фотографии и видеа, особено во ерата на социјалните мрежи. Меѓутоа, дали е оправдано да се оди на кратко туристичко патување на Арктикот, регион силно погоден од глобалното затоплување, е прашање за друга дискусија. Јавната полемика околу патувањето на американскиот претприемач Доналд Трамп Јуниор има и други причини: неговиот ...
Неколку градови во Северна Македонија се гушат во смог, а за жителите на Струмица повторно е вклучен алармот, откако е надминат прагот на суспендирани честички со големина до 10 микрометри два дена по ред. Градот во текот на зимата се соочува со сериозни проблеми со загадувањето, поради што и пред празниците беа воведени мерки мерки за вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б -Интегрирани еколошки дозволи. Министерството за ...
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во вторникот (7-ми јануари) објави дека гигантот на социјалните медиуми ја прекинува употребата на независна проверка на фактите на своите платформи, почнувајќи од САД. Закерберг тврди дека „проверката на фактите била премногу политички пристрасна и уништила повеќе доверба отколку што создала, особено во САД“. Многу конзервативци долго време ги критикуваа програмите за проверка на фактите како цензура. ...