
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



„Корупцијата убива“. Зад оваа порака застанаа десетици илјади српски граѓани кои секојдневно излегуваат на улиците за да бараат политичка и кривична одговорност за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, под која загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени. Протестите растат од ден на ден. Демонстрациите и блокадите на патиштата станаа секојдневна појава. Граѓаните ширум Србија секојдневно се собираат за да оддадат почит ...
Болните од рак кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија веќе пет дена се без неопходната терапија. Тие алармираат дека од петокот (17 јануари) има недостиг на шест лекови од биолошката терапија, а стравуваат дека за брзо време може да снема уште три други. Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје велат дека проблемот е настанат поради административни процедури. Дополнителен проблем е што во декември е ...
Северна Македонија засега не размислува за забрана на апликациите како ТикТок, поради опасните предизвици и негативното влијание врз однесувањето на младите. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, таквата можност „им стои на располагање“ на надлежните институции. Тој на прес-конференција во Скопје информираше дека е изработено упатство ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во Северна Македонија во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Вредноста на синдикалната минимална кошничка е 63.252 денари. За една година, минималните трошоци за храна и пијалоци се зголемени за 10,43 проценти, а зголемување од 123 денари има и во последниот месец, иако на сила беше владината мерка за Новогодишната кошничка, со којашто требаше да се намалат цените на основните ...
Во својот инаугуративен говор Доналд Трамп презентираше многу од темите на неговото претстојно претседателство и ги поткрепи со наводни факти. Не сите од нив се точни. 1. Тврдење за здравствениот систем: „За него се трошат повеќе пари отколку во која било друга земја во светот“. Проверка на факти: Вистина. Здравствениот систем на САД во 2022 година, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чинеше 12.555 американски долари ...
Милијардерот Илон Маск во понеделникот предизвика контроверзии откако упати поздрав на настан на кој се прославуваше инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, којшто некои го нарекоа „нацистички“ или „фашистички“. Шефот на X, SpaceX и Tesla се појави на сцената во Capital One арената во Вашингтон, каде приврзаниците на новоименуваниот претседател се собраа на митинг. Откако и се заблагодари на толпата што го врати 78-годишниот ...
Софија планира заедно со Букурешт и Атина пред Европската комисија да презентираат заеднички план за коридор на оската Север-Југ и да бараат финансии за негова изградба. Во пракса тоа би значело конкурентна алтернатива на разгранувањето на Коридорот 10 од Атина преку Скопје и Белград до Будимпешта и Виена, тема што минатата есен беше актуелна во сите престолнини на таа рута. За неа се зборуваше и на десеттиот самит на Берлинскиот процес во ...
Втората инаугурација на Доналд Трамп донесе сличен говор како и првиот: жестока осуда на состојбата во која се наоѓа државата и големи ветувања дека проблемите ќе се решат. Пред осум години, Трамп зборуваше за „американски масакр“ и вети дека тоа веднаш ќе заврши. Во понеделникот, тој рече дека пропаста на САД ќе престане веднаш и земјата ќе влезе во „златно доба“. Трамп најави серија претседателски декрети со кои сака да стави крај на ...
Неколку месеци по донесувањето на начелниот став на Врховниот суд, кој се очекуваше да ги отвори вратите за полесно остварување на еколошката правда, до Управниот суд не е поднесена ниту една нова тужба. Соопштението на највисокиот суд од 8 октомври 2024 година дека на граѓаните сега им се отвора патот да ја тужат државата и да бараат надомест на штета, кај многумина пробуди интерес. Граѓаните се консултирале со невладините организации и ...
Првите денови на Доналд Трамп на претседателската функција ќе бидат симболично важни и неговите постапки најверојатно ќе бидат микс на домашна и меѓународна политика. Уште во инаугуративниот говор тој најави серија мерки со кои сака да им покаже на гласачите дека мисли на бизнисот, додека ја демонстрира моќта на Америка во странство. Искористување на претседателските извршни наредби За да се забрзаат работите, Трамп ќе зависи од претседателските ...
Македонската делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, којашто ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, оствари повеќе средби со новата американска администрација. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека „лобира за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања“, а и шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски најави „засилување на контактите со новата ...
Македонското обвинителство води предистражна постапка за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за апелацискиот судија Енвер Беџети за злоупотреби, откако тие неодамна се најдоа на црната листа на САД. Иако и двајцата не се достапни за органите на прогонот во Северна Македонија, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски вели дека постапката за нив продолжува. Распишана е меѓународна потерница за нивно лоцирање и пронаоѓање, а јавните обвинители во ...
Кога е инаугурацијата? Претседателската инаугурација на САД традиционално се одржува на 20-ти јануари, уште од 1930-тите. Настанот се преместува за следниот ден само ако 20-ти се паѓа во недела, што се случило четири пати до сега. Во таков случај, новоизбраниот претседател само полага заклетва во недела и ја повторува за јавноста следниот ден. Секој нов претседателски мандат има инаугурација за да се означи почетокот на уште еден четиригодишен ...
За најголемиот број од нас, магијата на детството е длабоко поврзана со времето што сме го поминале со нашите баби и дедовци. Значајната улога на бабите и дедовците во грижата за децата, во фамилиите остана непромената до ден-денес.Бабите и дедовците за децата и денес се симбол за посебната магија на детството.Иако денешните баби повеќе не се вдовиците во црнина, како моите егејски баби.Затоа што денешните баби и дедовци изгледаат најмалку десет ...
„Директно од аеродром на состанок“, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, споделувајќи и фотографија од неговата прва средба по пристигнувањето во Вашингтон. „Имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл (Rumble -н.з.) компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и Џ.Д. Венс, потпретседател на САД, како дел од новата ...
Првите тројца заложници предвидени во договорот за размена на заробеници според договорот за прекин на огнот за Појасот Газа, се на слобода. Црвениот крст ги презема жените на возраст меѓу 24 и 31 година од Хамас и кратко потоа ги предаде на израелската армија. Од таму во раните вечерни часови известија дека трите млади жени биле повторно обединети со нивните најблиски и дека прво ќе бидат медицински прегледани. Според војската, тие се во добра ...
Доналд Џ. Трамп е инаугуриран за нов претседател на САД. Ова е негов втор мандат на чело на САД. Тој беше на функцијата претседател од 2017 до 2021 година. Поддржувачите го гледаат како спасител и херој подготвен да ги брани нивните вредности против либералите во САД. Критичарите, пак, посочуваат дека тој е осуден криминалец и со неверување ја следеа неговата кампања, изразувајќи шокираност од, како што ја нарекуваат, радикалната политика, ...
И покрај температурите под нулата, повеќе од педесет илјади студенти и граѓани (според Архивот на јавни собири) протестираа синоќа (17.01) пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград. Под слоганот „Нашето право да знаеме сè", толпата изрази незадоволство од начинот на кој јавниот медиумски сервис известува за состојбата во Србија. Протестот започна со петнаесетминутен молк поради 15-те загинати при уривањето на настрешницата во ...
Фолксваген (VW) е германски производител на автомобили, но работи на глобално ниво и зависи од многу други земји за одржување на неговите производни линии. Во 2023 година, Фолксваген - најголем од дванаесетте брендови на групацијата Фолксваген - произведе над 4,8 милиони патнички автомобили ширум светот и оствари приход од над 86 милијарди евра (90,2 милијарди долари), што претставува зголемување од 17 проценти во споредба со претходната година. ...
Неизвесноста околу можниот крај на ТикТок во Соединетите Американски Држави се зголемува непосредно пред истекот на рокот за продажба на видео апликацијата. Операторите велат дека сакаат да ја затворат апликацијата на американскиот пазар в недела (19.01), доколку владата експлицитно не им гарантира на давателите на технолошки услуги имунитет од кривично гонење за понатамошна соработка со ТикТок. Според информациите на Си-Ен-Ен, Белата куќа смета ...
Прекинот на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците кои ги држи терористичката милиција Хамас се сѐ поблиску. Како што во текот на изминатата ноќ соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелската влада го одобрила договорот. По одобрувањето од Кабинетот за безбедност вчера попладне, одобрението од целата влада беше последната пречка за стапување на договорот во сила. И покрај противењето на некои десничарски ...
Политиката, особено македонската, знае многу често да биде гротескна. Случаи имате колку што сакате. Еве го последниов – инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари. Поканата да се биде таму стана работа на најголем можен престиж. Ако си таму, тоа значи дека никој како тебе не ги достигнал тие врвови. Уште пред Нова година се знаеше дека премиерот Христијан Мицкоски ќе оди во Вашингтон. Министерот за надворешни ...
Во Бугарија се анализира дали и колку ќе издржи новата влада, имајќи го предвид нејзиниот состав од партии кои претходно биле жестоки меѓусебни опоненти, во Македонија се анализира кадровскиот состав на владата и нивниот минат труд, од аспект на нивните ставови кон интеграцијата на земјата во ЕУ. Тоа го нотира и бугарската новинска агенција БТА. „Во Северна Македонија информираат за новата бугарска влада низ нивната призма на преговори поврзани ...
Шеесеттата американска претседателска инаугурација ќе се одржи во понеделник, 20 јануари, како што е традиција. Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја напушти Белата куќа и, за првпат по Гровер Кливленд во 1893 година, поранешен претседател ќе се врати на функцијата без последователен мандат. Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе го потврди како 47-ми претседател на САД, покрај тоа што беше 45-ти претседател од 2017 до 2021 година. Што е ...
Владата „Жељазков“ значително ќе ја промени политичката ситуација во Бугарија во следните насоки: 1. Таа е далеку од идеална и не е нужно најдобрата можна опција во овој парламент. Но, подобра е од продолжување на парламентарната криза и нови избори. Од оваа перспектива, формирањето на владата ќе предизвика олеснување во општеството, што ќе и даде одреден почетен кредит за доверба. Двете црвени линии на Борисов 2. Коалицијата ГЕРБ-БСП-ИТН-ДПС ...
Северна Македонија треба да го искористи моментот на наклонетост кон проширувањето на ЕУ, порача евроамбасадорот Михалис Рокас во македонското Собрание. На заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на ЕК за 2024 година, Рокас вели дека има вистински моментум и вистинска посветеност во овој период. „Од наша страна сме посветени и подготвени ...
Синдикатот на УПОЗ го повикува премиерот Христијан Мицкоски на разговори за изнаоѓање решение како да се зголемат платите на администрацијата во шест министерства и во Државниот завод за статистика, коишто цела недела протестираат. Доколку не им се излезе во пресрет, како опција се разгледува и можноста за штрајк и поднесување тужба. На 14 јануари вработените во шест министерства и два државни органи започнаа со полчасовни протести пред ...
Петнаесет месеци откако терористичкиот напад предводен од Хамас во јужен Израел предизвика невидено израелско бомбардирање и копнена кампања која ја разурна Газа, на повидок е крај на конфликтот. Човечката цена е поразителна: бројот на загинати Палестинци е близу 45.000, според локалните власти, а има повеќе од 1.000 израелски жртви од нападот на 7 октомври 2023 година. ЕУ од страна гледаше како САД, Египет и Катар посредуваа за договорот за ...
Следниот понеделник ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Европа, онаа официјалната, во функцијата и ликот на првата жена на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, не е поканета да присуствува. Наместо Фон дер Лајен, шоуто од Европа ќе треба да го „води“ Џорџа Мелони, која неодамна го посети имотот на Трамп на Флорида, а тој ја нарече фантастична жена. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата, ...
Набиена агенда со бројни средби со претставници на идната американска администрација ќе има македонскиот премиер Христијан Мицкоски, како и присуство на многу формални, но и неформални активности кои се составен дел од процесот на инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари, на свеченоста насловена „Гласови на слободата“. Според владини извори, очекувањата се дека за време на престојот македонскиот премиер ќе ...