Само неколку часа откако израелски и американски бомби почнаа да детонираат во Техеран во саботата, Русија се огласи со јасен став преку постојаниот претставник на земјата при ООН, Василиј Небензија, кој зборуваше за „неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна земја-членка на ОН“. Москва е еден од ретките, но најцврсти сојузници на Техеран, а евентуалниот колапс на иранскиот режим би можел да биде удар за ...
По смртта на врховниот лидер и под засилен воен притисок од САД и Израел, Иран влезе во фаза во која најопасно е чувството дека „нема што да изгуби“. Во тој вакуум, Техеран ја прошири војната надвор од Блискиот Исток со ракетни и дрон-напади што се почувствуваа и во поширокиот регион, додека Москва и Пекинг останаа на линија на дипломатски осуди – без конкретна воена поддршка што Иран со години ја сметаше за своја стратегиска позадина. ...
Војната во Иран е во втора недела. Израел и САД жестоко напаѓаат. Експлозии го тресат Техеран. Израелски авиони фрлиле над 230 бомби врз клучни цели, уништувајќи фабрика за ракети и воена академија. Погоден и аеродромот Мехрабад, еден од двата најголеми во земјата. „Го напаѓаме непријателот: неговото раководство, неговиот угнетувачки режим и разни цели, вклучувајќи ги и оние во Либан“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. ...

