
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Германија во иднина масовно ќе ги враќа мигрантите и барателите на азил од своите граници, откако Бундестагот со тесно мнозинство во средата го изгласа предлогот на опозициските конзервативци ЦДУ-ЦСУ, за заострување на политиката. Парламентот усвои предлог со пет точки, кој, меѓу другото, бара трајни гранични контроли, враќање на барателите на азил и притворање на странци кои имаат обврска да ја напуштат земјата. За првпат за еден предлог на ...
За не повеќе од две недели, впечатокот за политичката ситуација во Србија се смени драстично. Молскавичната брзина со која, проценkите дека естаблишментот во Белград е непобедлив, се претворија во анализи кои веќе се прашуваат дали на сегашните елити воопшто им има спас, говори дека под површината на авторитарната и технократска стабилократија со одлични перформанси и стабилен рејтинг, која ја гледаме долго време кај нашиот северен сосед, ...
Унијата (ЦДУ/ЦСУ) денеска во Бундестагот ќе стави на гласање два предлози, а в петок предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на уставот, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...
Европската Унија и Соединетите Американски Држави се согласиле дека е потребно да се одржи „максимален притисок“ врз Москва за да се постигне преаведен и траен мир во Украина. Според европски претставник, ова било речено за време на вчерашниот разгoвор на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио – прв разговор откако администрацијата на Доналд Трамп ја ...
Студенти, новинари, галеристи - долга е листата на лица и професионални профили од Хрватска кои официјален Белград ги обвини за шпионажа и заговорни активности во Србија во последните недели. Освен што биле приведени за време на посетите во таа соседна земја, на некои од нив им биле објавени и нивните лични документи во локалните медиуми. Некои од нив се казнети со привремена забрана за влез во Србија. Секако, причина за сето ова се масовните ...
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници во неговиот тим - дел од нив се и поранешни најблиски соработници на експремиерот во бегство и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Листата на советници од денеска е и официјално достапна на страницата на Владата на Северна Македонија. Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески,се враќа во политиката како надворешен советник за финансии и банкарство. Поранешниот собраниски спикер, ...
Владата на Северна Македонија ја започна првата поголема рокада на амбасадорките места - ја започна постапката за отповикување на деветмина вонредни и ополномоштени амбасадори и постојани претставници и именуваше четворица нови во Јапонија, Хрватска, Украина и во Франција. На дел од позициите, партиски кадри ќе треба да го заземат местото на професионалните дипломати. Од Владата поврдуваат дека донеле неколку барања за покренување на иницијатива ...
Новиот концепт за гимназиско образование продолжува да ја бранува професорската фела во Северна Македонија. Незадоволство има и меѓу наставниот кадар по ликовната уметност, коишто сметаат дека со еден час неделно уметничко образование, во трите суштински години за развојот на една млада личност, се прави непоправлива штета. Деветнаесет професори во отвореното писмо до јавноста, наведуваат дека концептите и реформите се прават долгорочно, за ...
Повикот за бојкот на продавниците в петок, кој почна да се шири на социјалните мрежи, добива се поголема поддршка кај македонските граѓани. Во делови на Скопје се делат и летоци со кои се повикуваат граѓаните да се воздржат од пазарување на 31 јануари со што јасно ќе им се стави до знаење на трговците дека нема толеранција за енормно високите цени на храната. Организацијата на потрошувачи информираше дека го поддржува граѓанскиот повик за бојкот ...
Што точно се случува во моментов? Од неговата инаугурација на 20-ти јануари, американскиот претседател Доналд Трамп продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој - и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права. Тој прогласи вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико. Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на ...
Унијата денеска во Бундестагот ќе стави на гласањекдва предлози, а в петок еден предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на устав, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...
Неизвесност владее во граѓански организации кои се корисници на американска помош во Македонија, најчесто преку проектите кои се спроведуваат со помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Освен неизвесност, владее и воздржаност. „Не би избрзувале со оценки, да почекаме“, беше кусиот одговор од една од организациите, откако извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на помошта за странство на 90 ...
Неброени редови се напишани за состојбите на Клиниката за онкологија во Скопје, неброени новинарски прилози се направени на телевизиите, но како да прифативме дека е нормално лековите често да ги нема, и да вртиме глава од насолзените очи на граѓаните на кои им се потребни. Веќе стана пракса при секоја криза во оваа здравствена устанува да се појават директорите на Фондот за здравствено осигурување и на самата клиника, да кажат дека состојбата ...
Седум часа откако водечките луѓе во државата и на Српската напредна странка повикаа на дијалог, во Нови Сад „работеа“ палките. Според пишувањата на медиумите, приврзаниците на СНС истрчале од партиските простории, ги бркале и тепале студентите кои сакале таму да залепат налепници со повици за нов протест. Една девојка завршила во болница со изместена вилица. Едвај шеснаесет часа по тој повик за дијалог, премиерот Милош Вучевиќ поднесе ...
Претставниците на некои од највлијателните земји, како по команда, изразија одредена поддршка за власта во Србија во изминатите неколку дена. Интересно е што на иста задача се најдоа високи претставници на администрациите на САД, Русија и ЕУ, кои понекогаш како да препишувале едни од други. Реакцијата на Русија можеби не беше неочекувана, бидејќи руската влада нема многу симпатии за уличните протести. Портпаролката на руското Министерство за ...
По бојкотот на маркетите во Хрватска, којшто зема залет во целиот регион, расте незадоволството и во Северна Македонија од високите цени на храната. Граѓаните на социјалните мрежи повикуваат со еднодневен бојкот во петок, 31 јануари, кога граѓаните ќе треба да се воздржат од пазарување во продавниците и големите маркети. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон бојкотот за да се испрати јасна порака до одговорните за ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Фондот на пензиско и инвалидското осигурување за 2023 година, при што е утврдено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба. Идентификувани се слабости во спроведувањето на јавните набавки, пописот на средства и внатрешните контроли. Иако има зголемување на приходите, тие не се доволни за покривање на растечките трошоци за социјални ...
На церемонијата отпатуваа 56 преживеани затвореници. На 27 јануари 1945 година, Црвената армија го ослободи логорот на смртта, Аушвиц-Биркенау, кој бил создаден од нацистичка Германија во окупирана Полска. Ослободителите нашле само 7.000 затвореници оставени во логорот, целосно исцрпени и гладни. Помеѓу 1940 и 1945 година, нацистите убија повеќе од еден милион луѓе во Аушвиц и околниот комплекс на логори. Најголемиот број од нив биле Евреи, но ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на одбележувањето на 80- годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау. Под големиот шатор поставен пред портата на поранешниот логор ќе пристигнат околу педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации. За значајноста на денешното сеќавање ...
Акциите на Нвидиа (Nvidia), Мајкрософт (Microsoft) и Мета (Meta) значително паднаа во раната трговија, при што индексот Nasdaq, кој е фокусиран на технологија, исто така доживеа сериозен пад. Вкупната загуба на берзата во САД достигна над илјада милијарди долари. Најтешко погоден беше американскиот производител на чипови Nvidia, со историски највисока загуба на 465 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Падот е поврзан со ...
Америка, т.е. САД, и Македонија, т.е. Северна Македонија, ги избирам како примери на земја со етаблиран капитализам и на земја која од комунизам зачекорила во капитализам. Се разбира, богатењето, воопшто имотот, капиталот, е заедничка ѕвезда водителка на двете држави. Нијансирањето во насловот цели да укаже на специфичните разлики во однос на збогатувањето на политичките елити во двата случаја. Кај американската по правило станува збор за ...
Фридрих Мерц се подготвува за канцеларскиот мандат. Во говорот за надворешната политика во фондацијата „Кербер“, тој презентираше елаборирана програма за надворешна и безбедносна политика за владата под негово раководство. Претседателот на најголемата опозициска партија, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), очекува, а тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење, дека по парламентарните избори на 23 февруари, тој ќе го ...
„Поголем од животот“ во САД е израз кој е во мода и се користи за да се опише личност со исклучителна харизма и успех. И токму така Илон Маск им се претстави на присутните на почетокот на предизборната кампања на АфД во Германија изминатата сабота - „над животот“. И тоа во буквална смисла - со стиснати тупаници во победничка поза, мултимилијардерот го зазема комлетниот екран во Хале ан дер Зале во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. А ...
Знамињата се на половина копје, а во Бундестагот се положени венци пред говорницата. Многу пратеници и гости се облечени во црно. Се држат говори и се аплаудира во знак на почит, и така од година в година. Во Германија 27 јануари е денот на комеморација на жртвите на националсоцијализмот (НС), меѓународно познат и како Ден за сеќавање на холокаустот. Станува збор за годишнината од ослободувањето на концентрационите и логори за истребување во ...
Недостигот на лекови за онколошките пациенти, ги разгоре меѓупартиските препукнувања во Северна Македонија за тоа кој е виновен за недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија. ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери кон поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, додека СДСМ пак, смета дека за хаосот на Онкологија виновни се директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за ...
„Навечер во Келн, наутро во Загреб”, стоеше во еден германски весник како реклама за модерен ноќен воз со вагон за спиење. Во умот ми долетаа сеќавањата на патувања со такви ноќни возови во југословенското време.Ми требаше доста време да се сетам кое беше посебното име за вагонот за спиење.Кога почнав да ги повикувам во сеќавањето сликите на перонот на железничката станица во Скопје во седумдесеттите, одеднаш се врати и името. Кушет-вагон! ...
Триесетина гимназиски професори по философија, логика и етика во Северна Македонија испратија отворено писмо по повод Концепцијата за гимназиското образование која што беше објавена на почетокот на годината и се води расправа во однос на предложените измени. Тие велат дека „радикално и категорично“ ja отфрлаат понудената Концепција за гимназиско образование. „Многубројни се негативните импликации во однос на учениците, професорите, гимназискиот ...
Новинарот Михаел Мартенс, добро упатен во состојбите на Балканот, во напис за угледниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг оценува дека Александар Вучиќ е исправен пред „најголемиот предизвик“ од доаѓањето на власт во 2012 година, кога неговата СНС почна да ја презема државата. Актуелните протести, и покрај разликите во деталите, потсетуваат на „народниот бунт“ што го собори Слободан Милошевиќ во 2000 година, пишува Мартенс. Во текстот се ...
Можете на овие настани да гледате како сакате – со љубопитност, со зачуденост, како приклонување кон страната на силата, опортунизам на кој му нема граница. ЏП Морган Чејс е најголема банка во САД. Нејзината моќ некогаш изгледа толку голема што може да менува политики на политичарите. Но во одредени моменти и таа огромна моќ може да биде помала од онаа на државата. Извршниот директор на ЏП Морган Чејс, Џејми Дајмон, овие денови беше во Давос, на ...
Очекувано, Централната изборна комисија во Белорусија го прогласи седми пат по ред Александар Лукашенко за победник на претседателските избори, кои беа критикувани како нефер и неслободни. Според државната новинска агенција Белта, шефот на државата поддржан од Русија, кој е на власт 30 години, според прелиминарните резултати добил 86,82 отсто од гласовите. Ова го соопшти Игор Карпенко, претставник на Информативниот центар на белоруската ...