
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 живот при пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, по еднонеделното лекување ја напушти болницата во Скопје. Тој е еден од 12 пациенти коишто ги напуштија скопските клиники и заминаа на домашно лекување. Во домашните болници остануваат 27 лица на лекување, додека во странство се 115 пациенти. „За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите ...
Македонски државјанин е повреден при неодамнешениот напад врз објект на Обединетите нации во Појасот Газа којшто се случи на 19 март. Една недела по нападот, информацијата за ДВ ја потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Повредениот е пренесен на лекување во Израел и неговата состојба е стабилна. При нападотна објектот на ОН во Деир Ал Бала едно лице загина, а шестмина беа повредени. „Здравствената состојба на повредениот ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави запирање на постапката за разрешување на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, со оглед на обемната истрага којашто се води во моментот по трагедијата во Кочани во којашто загинаа 59 млади луѓе. „Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа. Цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот во Кочани, треба да ...
Македонски државјанин е повреден при неодамнешениот напад врз објект на Обединетите нации во Појасот Газа којшто се случи на 19 март. Една недела по нападот, информацијата за ДВ ја потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Повредениот е пренесен на лекување во Израел и неговата состојба е стабилна. При нападотна објектот на ОН во Деир Ал Бала едно лице загина, а шестмина беа повредени. „Здравствената состојба на повредениот ...
Коалицијата која во моментов се обидува да најде заедничка основа за формирање влада во Берлин не е коалиција од соништата. ЦДУ/ЦСУ, двете конзервативни сестрински партии, победија на сојузните избори воГерманија. Меѓутоа, за да имаат мнозинство во новиот парламент и да можат од своите редови да го дадат новиот канцелар, потребни им се досега владејачките социјалдемократи. Тие ѝ ги прават тешки работите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ). Расположението во ...
По сојузните избори во февруари, германскиот парламент за прв пат се состанува денеска (вторник, 25.03.) и тоа во значително помал обем. Во тековниот мандат во пленарната сала имаше место за 733 пратеници. Во новиот состав ќе бидат само 630. Тоа значи дека Бундестагот веќе не е најголемиот демократски избран парламент во светот. Оваа титула сега ќе му припадне на Европскиот парламент, за чиј состав се гласа во сите земји-членки на ЕУ. Во ...
Што очекуваат граѓаните, а што добиваат од медиумите? Одговорите на ова и други прашања ги дава четвртото истражување на Институтот за комуникациски студии (ИКС) „Практики и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите“. Истражувањето го спроведе Институтот за демократија „Социетас цивилис“ преку телефонска анкета во периодот од 5-ти до 25-ти февруари 2025 година, на 1.000 полнолетни испитаници на ...
Џефри Голдберг, главен уредник на левичарско либералното списание „Атлантик“, одржува добри контакти во политички Вашингтон - вклучително и во новата администрација. Оттука, новинарот не бил особено изненаден кога советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, пред две недели го поканил да се поврзе со него на сервисот за пораки Сигнал. Но, кога набрзо потоа следела покана за групен разговор со вкупно 18 високи владини функционери, ...
Вознемиреност и загриженост во домашната јавност предизвика видео-снимка од онлајн-сесија преку платформата Зум, во која учествуваат граѓани/студенти од Македонија, како и активистка од Србија која во разговорот советува како да се организира привидно спонтан револт, кој треба постојано да расте. Меѓу советите е и оној да се оствари соработка со синдикатите, но и да се анимира највозрасната популација, како што било направено за студентските ...
И десет години по несреќата, нема ден Клаус Раднер да не помисли на својот внук Феликс, на неговата ќерка Марија и на нејзиниот партнер Саша, кои загинаа во авионската несреќа. „Ми го откинаа срцето", вели тој и додава дека е бесен што до денес никој не преземал одговорност. За него останува неразбирливо како психички болен копилот можел да има место во пилотската кабина на една германска авиокомпанија. Претприемачот од Диселдорф вели дека ќе ...
Една недела по трагедијата во Кочани не стивнува тагата, но и бесот и барањето одговорност за згаснувањето на 59 млади животи во пожар во импровизирана дискотека во Северна Македонија. Додека обвинителството го проширува тимот којшто работи на утврдување на одговорноста околу овој трагичен настан, младите со низа протести низ земјата го изразуваат своето незадоволство од слабостите на системот. За во 19 часот е закажан нов протест во Скопје, ...
Северна Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ. Околу 24,4 милиони евра се за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. Станува збор за седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која што за Северна Македонија изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за предфинансирање коешто беше ...
„Под одорите, мувла од 1000 години” (Unter den Talaren, Muff von 1000 Jahren), беше водечката парола на германските студентски протести во 1967-та кои, всушност, придонесоа за најдлабоката промена на германското општество по Втората светска војна. Тие ја поттикнаа промената на свеста за клучните прашања во минатото и во сегашноста на Западна Германија. Паролата на студентското движење се роди на инаугурацијата на новиот ректор во големиот ...
На оној огромен протест во Белград минатата сабота, петнаесетина минути пред да дојде ударот од мистериозниот „звучен топ“, една од студентките која говореше од бината на плоштадот „Славија“, рече дека тие прават сѐ српските граѓани да не се дел од онаа позната Платонова пештера. Тоа можеби изгледаше како филозофски претенциозно, па дури и неразбирливо за најголемиот дел од присутните и оние што го следеа протестот преку телевизиските преноси. ...
Оддава опуштен, модерен, елоквентен впечаток - Екрем Имамоглу знае како да им се пристапи на различните општествени класи и групи во населението. Никој да не биде исклучен, да не дискриминира и да не навредува е едно од неговите начела, што може да се сфати и како реакција на стилот на владеење на актуелната власт. Во турската политика сосема е вообичаено да се користи потценувачки и навредувачки дискурс „ние наспроти нив“ против поддржувачите ...
Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска (22.03) соопшти дека идната недела треба да почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани. Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски. Тој најави дека во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи координативен состанок за следните чекори и мерки за организација на ...
На годишната презентација на деловните резултати на Групацијата Рајнметал во нејзиното седиште во Диселдорф, дури и извршниот директор Армин Папергер призна дека „вакво нешто нема доживеано за 35 години во фирмата Рајнметал“. Само за време на Конференцијата за безбедност во Минхен во февруари, во Рајнметал имаше вистинска гужва од престижни гости – педесетина претседатели на држави или влади и нивните ресорни министри бараа состаноци со еден од ...
Досега, бегалците во Централна Америка и Мексико имаа јасен компас - нивниот правец беше север, кон САД. Сега многумина се заглавени, сликовито кажано, помеѓу разбесното море и џунглата. Движењето е во застој, некои се враќаат назад. Ова се случува повеќе или помалку доброволно, забележува политикологот Јунис Алма Рендон. Таа очекува нови рути и нови дестинации за бегалците. „Поради заканите на Доналд Трамп, ксенофобниот јазик и омразата, ...
Звучното оружје, за кое постои сомневање дека е употребено за време на големиот протест во Белград на 15 март, било користено и за време на Романската револуција, оценува поранешниот романски главен воен обвинител Каталин Ранко Питу во интервју за ДВ. Тој работел шест години на истрагата за Романската револуција од декември 1989 година, која доведе до пад на диктаторот Николае Чаушеску. Питу за ДВ тврди дека истата технологија е употребена на ...
Протестите во Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, не престануваат. Во Истанбул вчеравечер демонстрираа илјадници луѓе. „Ние сме 300.000 луѓе“, извикуваше лидерот на партијата ЦХП, Озгур Озел, пред толпата собрана пред градското собрание на Истанбул. Тој соопшти дека демонстрантите се собрале на различни локации во Истанбул поради тоа што биле затворени патишта и мостови. „Ова не е демонстрација на ЦХП, овде ...
На катастрофалниот пожар во Кочани во неделата на 16 март му претходеле серија верижни пропусти и незаконити дејствија од државни и локални органи, правни и физички лица, соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16 март 2025 година, заеднички, но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и со тоа предизвикале ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донело Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на прес-конференција денеска напладне (21.03), соопшти Обвинителството. Меѓу осомничените за кои досега беа задржани со мeрки краткотраен притвор од 48 часа, беа поранешен ...
Моралот, правдата и правдината во оваа земја се како пожарникарите - доаѓаат кога човечката грешка или негрижа веќе го распламтила огнот. Не можеме сѐ да решаваме, односно да нерешаваме - отпосле. Ние секогаш бараме правда, гледаме грешки, се индигнираме откако автодисциплината, моралните кочници, почитувањето на законите и на човекот до нас, правото и слободата да не се учествува во криминал и валкани игри - одамна отишле по ѓаволите. Веќе е ...
Фатма работи како воспитувачка во Берлин. Сѐ почнува наутро, кога со автомобил оди на работа, вели таа. „Тогаш другите возачи ме гледаат испитувачки.“ Таа е облечена модерно и елегантно. И носи хиџаб. „Мојата инструкторка за обука на наставници рече дека хиџабот ѝ изгледал нехигиенски.“ Фатма вели дека обуката ја завршила со „одличен“ успех. Но, и покрај тоа, не ѝ е лесно да се вработи. И тоа, иако итно се бараат наставници од предучилишна ...
Планинарскиот водич го одржа зборот. „Врвот може да се совлада за еден ден“, рече Антонио Кошта, гласноговорникот на шефовите на држави или влади на земјите на ЕУ. Доцна вечерта, тој потоа стигна до својата цел: „Денес се фокусиравме пред сѐ на нашата економија“, рече тој. Претседателот на Европскиот совет, кој изгледаше како да е на одмор за голф наместо на напорен самит, на учесниците им спакува тешки теми во ранците. Поддршката за Украина, ...
Ова може да биде клучна недела за иднината на Германија, бидејќи двата дома на парламентот гласаат за уставен амандман што ќе ја олабави должничката кочница на земјата, отворајќи го патот за огромен пакет трошоци за вооружување, инфраструктура и заштита на климата договорен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Христијанско-социјалната унуја (ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) - кои преговараат за формирање нова влада - како и ...
Колони граѓани коишто од изутрината се упатија кон гробиштата во Кочани, се збогуваа и им одадоа почит на 59 млади луѓе коишто загинаа во стравотниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Најтажниот ден во Северна Македонијаго обвитка Кочани и целата земја во црнина. Многумина од граѓаните носеа црни маици со натпис „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој можеше да ги сокрие солзите за загубата на младите луѓе. Посебни протоколи Погребот ...
Пет дена по трагедијата во Кочани, Македонија тагува и се збогува со 59 прерано згаснати млади животи. По првичната тага и болка, граѓаните очекуваат правда, корегирање на неправилностите во системот и искоренување на корупцијата којашто го нагризува општеството. „Кочани е нашата совест која што повикува на дејствување. Кочани е нашиот непребол кој налага реакција. Кочани е катарза на трулиот систем и ендемската корупција вкоренети длабоко низ ...
Ако статистички Северна Македонија е старица на 74 години, тогаш од социолошки аспект е жена којашто живее во константен страв и неизвесност, се плаши за секој нов ден, оптоварена е со црни мисли и не може да се ослободи од чувството дека ќе ѝ се случи нешто лошо. Ваков е социолошкиот профил на македонскиот граѓанин кој изминативе години се соочи со многу несреќи и трагедии, коишто доведоа до голема болка и тага. Социологот Илија Ацески за ДВ ...
Протестите во Србија, но и настаните во Босна и Херцеговина и на Косово, сепак го привлекоа вниманието на меѓународната политика. По неколкумесечно игнорирање на студентските и граѓански протести, се огласија одделни западни политичари, кои, меѓу другото, пружија поддршка за територијалниот интегритет на БиХ, но и претпазливи коментари за бранот незадоволство што се излева на српските улици. Се чини дека донекаде стана јасно оти поддршката за ...