Од скопското село Булачани стаса историската вест за најповолниот кредит досега за стопанството на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти уште една негова голема политичка победа: „Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра со историски најниска камата. Добивме потврда за тоа од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат зад овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од „утре“(понеделник) да бидат поделени ...

Половина од жените во Северна Македонија искусиле некаков вид на насилство во нивниот живот. Речиси секоја трета жена во земјата била сексуално малтретирана. Четиринаесет проценти поминале низ физичко или сексуално насилство, а една од 10 искусила демнење. Најчесто психолошкото насилство се извршува од партнери, со тоа што 44 проценти од жените страдаат од ваков тип на насилство. Ова се наодите од истражувањето спроведено од ОБСЕ за ...

Различни изјави на обвинетите и пресврти во текот на судската постапка, го одбележаа досегашниот процес кој се води за неколкумина обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев неколкупати го смени сведочењето околу улогата на главниот обвинет Љупчо Палевски во целиот случај. Пред судот тврдеше дека го сторил тоа од страв и под притисок на Палевски, којшто му дал пишана ...

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите таа вели дека ситуацијата во државата е крајно поларизирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат. „Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се ...

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ, туку напротив е разочаран. Смета дека тие нема да бидат конструктивна опозиција, каква што и треба на земјата. „Избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат, ние не можеме да кажеме какво раководство треба да изберат. Не сум импресиониран од ова раководство - напротив сум разочаран, затоа што не можат да бидат конструктивна опозиција. Ќе ...

Последните часови од секој самит на ОН се секогаш најдолгите, но и најважните. И во Баку беа потребни неколку продолжувања од вкупно ден и половина по планираниот крај на конференцијата додека да се разјасни најважното прашање, иако не на општо задоволство: во следните десет години развиените земји треба да издвојуваат вкупно 300 милијарди американски долари годишно за заштита на климата и потребната адаптација на последиците од климатските ...

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, минатата недела посредно навести дека Македонија пропуштила голема можност да направи добар договор за името во 2011 година. При гостувањето на Милошоски во поткастот на Канал 5, „На кавга со Иван“, тој, меѓу другото, елаборираше за неочекуваната посета на тогашниот премиер Никола Груевски на Вашингтон во февруари 2011 година и средбите со државната секретарка Хилари Клинтон и ...

Германија депортира сѐ повеќе руски државјани во нивната татковина, иако нема директен лет меѓу двете земји. Бројот на депортации може дополнително да се зголеми доколку судовите и властите сметаат дека пресудата на Вишиот управен суд Берлин-Бранденбург (случај број OVG 12 B 17/23) е преседан. Имено, тој суд утврди дека за младите руски војници, кои се повикани на воена служба, практично не постои ризик да бидат испратени во војната во Украина. ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида. „Тие разговараа за голем број глобални безбедносни прашања со кои се соочува Алијансата“, изјави портпаролката на НАТО, Фарах Даклала за новинската агенција ДПА во Брисел, без да соопшти никакви детали. Таа само додаде дека средбата се одржала уште во петокот, а средбата не беше јавно најавена. Според информациите од круговите на ...

Работите поврзани со Романија во Европа беа политички сè потивки во последните години. Според бројот на населението, земјата е шеста по големина во Европската Унија. А, бидејќи се наоѓа на југоисточното крило на ЕУ и НАТО, има огромно стратешко значење. Но, за разлика од Полска или балтичките земји, Романија речиси не е вербално присутна во дискусиите за односите со Русија и поддршката за Украина. Широко распространетиот молк за ова и за други ...

Иницијативата „Збогум Буково“, којашто доби поддршка од 50 невладини организаци и месни заедници коишто гравитираат околу депонијата, не се откажува од барањето за итно затворање на охридската депонија Буково и изградба на регионална депонија, каде што ќе се складира отпадот. Тие досега имаат собрано бројни потписи на петицијата чија цел е гласно да се проговори за проблемите коишто ги тиштат граѓаните поради секодјевното загадување на воздухот ...

Шефот на Кремљ Владимир Путин предизвика огорчување со употребата на нова ракета со среден дострел во Украина. Тој ликува поради тоа и сака да започне со сериско производство на оружјето. „Никој друг во светот нема вакво оружје“, изјави рускиот претседател на состанокот со високи воени претставници и претставници на индустријата за оружје. Одлуката за сериско производство била донесена и таа практично веќе е организирана. Москва ќе продолжи со ...

Подводниот комуникациски кабел Cinia C-Lion 1 што го поврзува Хелсинки, Финска, со околу 1.200 километри оддалечениот Росток, во Германија, на дното на Балтичкото Море, не изгледа многу посебно. Станува збор за кабел со дебелина слична на противпожарно црево, во кој има осум пара високопропустливи стаклени влакна, заштитени со челична обвивка и, секако, е водоотпорен. При неговото поставување во Балтичкото Море, е користен плуг за работа под ...

Вулканската пукнатина Сунднукагигар во близина на Гриндавик, за која се проценува дека е долга три километри, исфрли огнена лава и чад во четвртокот. Евакуирано е блиското рибарско село Гриндавик. Лава се излеала и на паркингот на познатата термална бања Сина лагуна. Како што се гледа на сликите во исландските медиуми, портокалово-црната маса го покрила целиот паркинг за 350 автомобили на најпознатата туристичка атракција во земјата. Зграда во ...

Х.Р. Мекмастер, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, пензиониран генерал-полковник и воен историчар, во интервју за ДВ вели дека се надева оти старо-новиот претседател на САД ќе ја продолжи поддршката за Украина. „Со Трамп е навистина важно да се постави сè во контекст на интересите на САД. (…)Се надевам дека некои од неговите советници ќе му помогнат да разбере дека постојаната поддршка за Украина е од ...

Црвен отпечаток од дланка и порака: „Убијци, рацете ви се крвави“. Тоа е печатот што демонстрантите во Србија веќе три недели го оставаат на улиците и пред институциите. Бараат одговорност за 15 загинати и двајца тешко повредени во несреќата што се случи при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Помеѓу обврските на универзитетот и стручната пракса, студентката Мила Пајиќ неуморно работи со своите колеги на смислување нови ...

Од корупцијата е погодена секоја земја, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Успехот во борбата за нејзино искоренување зависи од соработката меѓу институциите. Ова е пораката којашто ја испратија претставници на Јавното обвинителство, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата коишто учествуваа на тркалезната маса „Соработка на институциите при борбата со корупцијата“, во организација на Амбасадата на САД, ...

Новата руска ракета може да биде опремена и со нуклеарни боеви глави, изјави шефот на Кремљ, Владимир Путин во телевизиски говор. Употребата на оружјето може да се сфати како закана за западните земји кои ја снабдуваат Украина со ракети со поголем дострел и ѝ дозволуваат да го користи ова оружје на руска територија. За каква ракета станува збор? Киев првично ја обвини Москва дека за првпат во историјата испукала интерконтинентална ракета во ...

Министерот за одбрана Борис Писториус нема да биде кандидат на СПД за канцелар. Ова му го соопшти на раководството на партијата и пратеничката група во четвртокот вечерта, а тоа го кажа и во видео објавено на Инстаграм. По контроверзната јавна дебата, отворен е патот за повторна кандидатура на канцеларот Олаф Шолц. Граѓаните го сакаат Писториус Меѓутоа, ако се прашаат граѓаните на Германија, Борис Писториус би бил најсоодветен кандидат на СПД за ...

Автобусите на ЈСП од изутринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви. Со тоа се надмина проблемот со недостиг на гориво, кој доведе до редуциран јавен превоз и хаос во сообраќајот во изминатите два дена. Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски во изјава за МИА вели дека автобускиот сообраќај во Скопје е нормализиран, иако не се испорачани целосно потребните количини на нафта. „Сите линии ...

Денот на албанската азбука, 22 ноември, годинава се одржува во екот на жестоки полемики и дебати меѓу албанскиот политички блок во земјата, во коишто се вклучи и косовскиот државен врв. Владата организираше Свечена академија по повод Денот на албанската азбука, на која го потенцираше значењето на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Демократската унија за интеграција, пак, Денот на албанската азбука го прослави со дебата за службениот ...

ДУИ и Исламската верска заедница (ИВЗ) се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост' откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј - 90 години од формирањето. ...

Македонската Влада се вклучува во решавање на проблемот сојавниот превоз во Скопје.На вонредна седница донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. На тој начин се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените ...

Илјадитиот ден од војната во Украина ни презентира еден Запад и свет уморни од војната. Секако уморни се и Украинците, нивните војници и нивното раководство кое знае дека без Вашингтон никогаш не може да стигне до победа. По илјада дена војна Западот и светот се повторно заплашени од нуклеарните закани на Путин, се почесто слушаме за „мир“ и преговори кои треба да отидат на штета на Украинците и на целата Европа. По илјада дена повторно гледаме ...

Во зоолошката градина во Софија, на повредениот бел штрк му е дадена втора шанса да преживее благодарение на 3Д отпечатениот протетски клун. Во Бугарија белите штркови се сметаат за симбол на среќа и на нови почетоци - нивната заштита има традиција. Но, губењето на живеалиштата, далноводите и несреќите го загрозуваат нивното постоење. Благодарение на невладината организација Зелен Балкан и модерната технологија, овој штрк повторно може ...

Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД, сѐ уште нема претставено официјален план за запирање на руската војна против Украина. За време на предизборната кампања, уверуваше дека може да ја заврши војната „во рок од 24 часа“. Според наводите во медиумите, во моментов во рамки на неговиот тим се водат дискусии околу ова прашање. Како што неодамна објави Вол Стрит Џурнал повикувајќи се на три извори блиски до Трамп, еден од ...

На 21-ви ноември Скопје се разбуди без јавен градски превоз, чиј колапс се случи вчера. Во училиштата се пребројуваат - кој дошол, кој не дошол, како што беше и во вчерашната попладневна смена. Поради недостиг на гориво, вчера во сообраќај беа само 25 автобуси, а останатите останаа паркирани во автобазите на ЈСП во Автокоманда и Ѓорче Петров. Граѓани уште од синоќа се саморганизираа во групи со заедничко користење приватен превоз за да стигнат ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ажурираната нуклеарна доктрина, со која се проширува списокот на услови под кои е дозволен нуклеарен напад од страна на Русија. Во новата верзија се наведува дека Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје и како резултат на агресија од страна на држава која не располага со нуклеарно оружје, но ја ужива поддршката на нуклеарна сила. Таков - дури и конвенционален – напад ќе се смета за ...

Со зајакнати контроли и забрани, Владата ќе се бори против енормното загадување во Северна Македонија. Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвоен е Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции. Исто така донесена е наредба за воведување на десет мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции ...

Се работи за незаборавни средби за време на нејзиниот мандат. За Папата, за Трамп, за поранешниот канцелар Шредер – но, и за нејзината политика кон Русија. Поранешната канцеларка Ангела Меркел ги напиша своите мемоари. Неделникот „Ди Цајт“ сега објави извадоци од книгата со наслов „Слобода“. Изгледа најактуелна референца е описот на Меркел како за време на нејзиниот мандат се обидела да ја закочи желбата на Украина за брзо членство во НАТО, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.67
61%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.31
80%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
66%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
87%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
62%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52