Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во Кочани ќе се реализира во две групи, коишто ќе ротираат на две недели. Во првата група ќе бидат повредени лица кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. Физикалната терапија на Пониква ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар. Во соработка со Центарот за психолошка поддршкаод Скопје и ...
Проевропскиот полски премиер Доналд Туск останува на функцијата. 243 од 453 присутни членови на Сејмот, полскиот парламент, гласаа во негова корист, односно сите членови на неговата коалиција (242) и еден независен. Имаше 210 гласа против. Со гласањето на доверба, Туск се обиде да го намали притисокот и целта му беше да ја дисциплинира својата коалиција и да ѝ покаже на јавноста дека ја контролира ситуацијата. Неочекуваната победа на десниот ...
И покрај најавите дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да оди на самитот на НАТО во Хаг, македонскиот државен врв не се откажува од средба со Бугарија, со цел да се изнајде решение за одблокирање на патот кон ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за новинарите во Скопје во четвртокот потврди дека на самитот ќе отпатува претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, а од Бугарија, пак, пристигнуваат најави дека во Хаг ќе ги ...
Софиската света митрополија категорично се дистанцира од секакви обиди за мешање во внатрешните работи на Православната Црква на Република Северна Македонија, се вели во „вонредното соопштение"објавено на нејзината веб-страница. Реакцијата следи по Отвореното писмо што клирикот на Софиската епархија - архимандритот Никанор, деновиве го испратил до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до членовите ...
Во Лос Анџелес и натаму е тензично. Илјадници луѓе веќе со денови демонстрираат против постапките на американските имиграциски власти. Ноќниот полициски час што беше воведен во средата навечер донесе малку мир и тишина, но нема знаци дека ќе дојде до смирување на ситуацијата. Националната гарда, која ја испрати американскиот претседател во градот во саботата, сега има засилување и од 700 маринци - дел од американските вооружани сили познати како ...
САД го намалуваат персоналот во својата амбасада во Ирак и во другите воени бази во регионот од безбедносни причини. Претставник на Стејт департментот во Вашингтон изјави дека одлуката е заснована на „неодамнешни анализи“, но не даде детали. Американски и ирачки внатрешни извори веќе известија за оваа мерка. Причината за оваа одлука, според непотврдени извештаи на американските медиуми, е стравот од претстоен израелски напад врз Иран. ...
Владата треба да го формира Координативно тело за реализација на Договорот меѓу Македонија и Велика Британија во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. Како што минатата недела најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, до вторник (10.6) треба да биде подготвен првиот иницијален проект - брзата пруга од Гевгелија до Табановце, кој е еден од двата „приоритетни проекти за почетен напредок“, како ...
Училиштата се повеќе се празнат, па на матурските таблоа се случува да има повеќе наставници околу ученици. Овој загрижувачки демографски тренд во изминатите седум години резултираше со намалување на бројката на ученици во основните и средните училишта за 17 илјади, а бројот на првачиња е намален за околу 3.500 деца. Околу 5.000 студенти се школуваат во странство. „Причина за ова е иселувањето во странство. Имаме информации дека тоа не се ...
Со години си играме брканица со изборниот модел. Во текот на овој период, се појавија безброј различни идеи, кои постојано ги менуваме, со кои постојано дел од партиите не се согласуваат, а притоа немаме никаква стручна дебата или анализа за тоа кои промени навистина се потребни, а кои се политички мотивирани. И така, како мени на желби, секој пат кога се актуелизира дебатата за изборниот модел повторно, секоја партија си пријавува свој сопствен ...
Политичката блокада во Косово продолжува четири месеци по изборите, а нема политичко решение на повидок за каков било можен договор. Пратениците се состанаа 29 пати во Собранието, но не успеаја да изберат претседателка или претседател на парламентот, што би отворило пат за преговори за формирање нова влада. Опозициските партии не сакаат да гласаат за кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџи, а Самоопределување продолжува да инсистира на ...
Основното јавно обвинителство во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, се бара од судот да му одреди соодветна затворска казна. „Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен. Нема олеснителни околности за ...
Во пукањето во училиште во австрискиот град Грац загинаа најмалку 10 лица, што е најсмртоносниот ваков инцидент во земјата во последните децении. Трагедијата ја шокираше Австрија, каде што вооруженото насилство во образовните институции е реткост. Според јавниот радиодифузен сервис ОРФ, од 1993 година се забележани четири инциденти со огнено оружје во австриските училишта. Меѓутоа, досега ниту еден не резултирал со повеќе од една смртна смрт - ...
Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на повредените во пожарот во Кочани, чија што рехабилитација ќе продолжи во одморалиштето Пониква. Со одлука на Владата на Северна Македонија, тоа ќе стане рехабилитациски центар за сите повредени при пожарот во дискотеката „Пулс“. Лекувањето ќе биде бесплатно. Одморалиштето Пониква има 27 соби и 56 легла коишто ќе му бидат ставени на располагање на ...
Моментално имаме десничарска авторитарна Влада во нашата земја која не сака да ја придвижи земјата напред, тоа е како со вакцината, ја добивме првата доза со НАТО, но не ја добивме втората доза. Ова е дел од обраќањето на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија за прогресивните сили, во рамки на Втората меѓународна конференција во Атина организирана од Институтот „Алексис Ципрас". Пред четири дена Филипче имаше поинаков тон ...
„Денес станавме држава во која што направивме многу повеќе од сите оние години кои што тие залудно ги потрошија“, рече премиерот Христијан Мицкоски во неговиот говор по повод годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече и дека од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа, денеска растот во првиот картал од оваа година е 3,2 проценти, а Владата ќе работи на тоа процентот уште да порасне. „Факт е, рече тој, дека сме во првите ...
По немирите за време на протестите во Лос Анџелес, градоначалничката Карен Бас воведе привремен ноќен полициски час за центарот на Лос Анџелес, прогласувајќи вонредна состојба „за да се запрат вандализмот и грабежите“. Бас објави дека овој полициски час стапува во сила во вторник навечер во 20 часот по локално време (10.06) и ќе остане на сила до 6 часот наутро во среда. Мерката е ограничена на дел од центарот на градот со површина од 2,59 ...
Ѕвоната на катедралата во Грац повикуваат на комеморација. Море од светла го осветлува главниот плоштад во градот. Собрани се стотици луѓе кои носат свеќи, многу од нив со солзи во очите. Многумина добро го познаваат училиштето кое стана смртоносна стапица непосредно пред летните распусти бидејќи поранешен ученик тргна во крвав поход, намерно пукајќи и убивајќи луѓе. „Овој ужас не може да се опише со зборови“, рече инаку елоквентниот сојузен ...
Неодамна на разни железнички пруги во руските региони Белгород и Воронеж имаше експлозии, поради кои возови излетуваа од шините. Според официјалните податоци, притоа немало повредени лица, но руските власти водат истраги поради сомнежи за тероризам. Експлозиите се случија по серија саботажи во Русија кои го привлекоа вниманието во светот и веројатно се дело на украински разузнавачки активности. Уништена логистика Руската железница транспортира ...
Сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добринт (ЦСУ) овој вторник е на функцијата точно пет недели, но знае дека учествува во управувањето со земја чие општество станува сè пополаризирано. И чии екстреми стануваат сè посилни. Веднаш на почетокот на неговата прес-конференција за извештајот на Сојузната служба за заштита на Уставот за 2024 година, тој претстави графикон пред камерите, кој покажува колку е зголемен потенцијалот за луѓе ...
Тоа е конфликт на повеќе нивоа и се чини дека се интензивира сè повеќе. Одамна е повеќе од само протест против депортацијата на мигранти. Станува збор за личен конфликт меѓу Доналд Трамп и гувернерот на Калифорнија, демократот Гевин Њусом. И пред сè, станува збор за прашањето дали американскиот претседател има право да користи воена сила против цивили. И што има намера да постигне со тоа. Трамп ги нарече демонстрантите во Лос Анџелес ...
Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со голем пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1.5 %. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1 %, за разновидни стоки и услуги за 1.5 %, алкохолни ...
Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со голем пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1.5 %. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1 %, за разновидни стоки и услуги за 1.5 %, алкохолни ...
„Нека се чуе до небеса, го нема веќе СНС“ („Nek se čuje do nebesa, nema više SNS-sa“) - со вакви извици, граѓаните на улиците на Заечар и Косјериќ ги поздравија прелиминарните резултати од локалните избори во неделата (8 јуни), убедени дека по 13 години владеење на Српската напредна партија (СНС) се случила промена. „Нека српскиот народ ја доживее слободата на начинот на кој ние ја доживуваме вечерва во Косјериќ“, порача кандидатката на ...
Владата деновиве ќе донесе одлука со која во голема мера ќе се олесни процесот на лекување на повредените од пожарот во кочанската дискотека. За да не мора секојдневно да одат до болници заради медицинска или физикална терапија, а во ситуација кога заради природата на повредите не смеат да се изложуваат на сонце и високи температури, ниту да имаат дополнителен физички напор, дел од медицинската нега и рехабилитација наскоро ќе биде ...
Поради протестите против имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп, Министерството за одбрана на САД издаде наредба за испраќање на околу 700 маринци од редовните вооружени сили во Лос Анџелес. Ова го објави надлежната регионална команда. Маринците ќе бидат испратени од кампот Пендлтон во Лос Анџелес за да ги заштитат федералните службеници и федералните згради, се вели во соопштението. Целта е да се обезбеди доволен број сили. Според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја испрати Националната гарда во калифорнискиот град Лос Анџелес, каде што има протести против депортација на нелегални имигранти. Што е Националната гарда? Националната гарда е дел од резервата на вооружените сили на САД и е поделена на Национална армиска гарда и Национална гарда на воздухопловството. Основана е во 1903 година врз основа на т.н. Закон за милиции. Во нејзината актуелна структура уредена е ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја „освежува“ Владата со две кадровски решенија во два ресори – здравството и земјоделието. Станува збор Азир Алиу, кој во Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, беше избран за министер за здравство. За Албрим Хоџа, пак, како заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство гласаа „65“ пратеници „за“, а десетмина беа „против“. Смените следат по турбуленциите кај владиониот партнер, ...
Не станува збор за нов декрет, туку за претседателски проглас кој овој пат привлекува светско внимание. Документот, кој Доналд Трамп го потпиша во средата (4 јуни, 2025), насловен како „Ограничување на влезот на странски државјани за заштита на Соединетите Американски Држави од странски терористи и други закани за националната и јавната безбедност“, стапи на сила денеска (9 јуни, во 1 часот). Покрај класичните извршни наредби (декрети), ...
Употребата на факли на прославата на подмладокот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ наиде на остри критики кај опозицијата. СДСМ оцени дека е „срамна и скандалозна прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ“, која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани. Дополнителен проблем, според нив, е тоа што биле употребени пиротехнички средства, кои не само ...
Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во судскиот процес кој се водеше против него за набавка на службено возило „Ауди“ во вредност од 67.000 евра. Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази дека сторил кривично дело и дека имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Согласно приложените докази за јавната набавка на возилото, не било утврдено дека е постапено спротивно на која било одредба ...