Сојузните избори во Германија, закажани за 23 февруари, се ближат, а политичката тензија расте. Тонот меѓу партиите е значително погруб, кандидатите се борат за секој глас без отстапки. Расположението е уште понапнато откако ЦДУ и ЦСУ кон крајот на минатиот месец во Бундестагот иницираа гласање за построга политика за миграција и азил. Бидејќи двете партии не можеа однапред да се договорат со СПД и Зелените за заеднички пристап, тие ја прифатија ...

Заканите за лажни бомби повторно се вратија во училиштата. Според премиерот Христијан Мицкоски станува збор за хибридни напади, коишто ги имаше и во регионот и се очекувани. „Досега сите дојави се лажни. Станува збор за хибридни напади коишто ќе се случуваат, не е нешто неочекувано и ќе треба да се подготвиме. Постапено е според протоколот“, вели Мицкоски, кој посети дека ваков тип на напади деновиве имаше и во Хрватска и во институциите во ...

„Демократската унија за интеграција (ДУИ), под раководство на Али Ахмети, објави отпочнување со сеопфатна стратегија насочена кон поттикнување на исклучителен институционален и личен интегритет, додека решително се справува со корупцијата и спроведува сеопфатни процеси на ветинг", соопшти партијата. Во соопштението од Мала Речица нема никакви детали околу тоа како партијата „решително се справува со корупцијата“ ниту како спроведува „сеопфатни ...

Со серија небулозни во формата, но битни во суштината изјави и досега невиден број на извршни декрети Доналд Трамп ги демонтира и испревртува каноните на американската надворешна политика. Неговите намери околу најголемите светски кризи, како и околу американската внатрешна криза сѐ уште не се прејасни за конечно дешифрирање на неговата надворешна политика, но некои нешта полека стануваат појасни. Како прво, стануваме свесни за систематската ...

Мехмет Самази се плаши. 19-годишникот е роден и израснал во Германија, живее во Сарбрикен и има турско и германско државјанство. „Никогаш не знаеш што ќе се случи. Дали ќе ми го одземат германскиот пасош и ќе ме вратат назад? Не знам што се случува.“ Слично на Самази, и други Германци со мигрантско потекло гледаат на актуелната дебата за „ограничување на приливот“ и „контрола на миграцијата“, како што се нарекува во изборните платформи и ...

Примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата - се четирите кривични дела за кои Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчески. Кривична пријава е поднесена и против сопственикот и управител на правен субјект од Скопје (сопственик на рент-а-кар сервис) за сторено кривично ...

Кога Доналд Трамп во декември минатата година го назначи Ричард Гренел за свој пратеник за специјалните мисии, тој најави дека неговиот повереник ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги Венецуела и Северна Кореја, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг. И додава: „Во толкувањето на специјалниот пратеник на Трамп, Косово очигледно е една од тие точки, бидејќи Гренел директно се вмеша во изборната кампања во Косово пред ...

Се шири опсегот на контроли врз трговците со цел да се утврди кој најмногу влијае на енормниот пораст на цените на храната. Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) бара поголема транспарентност во формирањето на цените и смета дека Владата и институциите треба да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и увозниците. Според нив, треба да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до Собранието за разрешување на членовите на Судскиот совет. Вели тоа тоа е „едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзи и скандали“. Доколку помине интерпелацијата во парламентот, тој се надева дека членовите на Судскиот совет ќе бидат доблесни и самите ќе се повлечат од функциите. Преку длабоки реформи до правда „На државата и граѓаните им е ...

Во неделата вечерта (2.02), американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Европската унија, велејќи дека тоа што тие го направиле е „гнасно“. Затоа што Европејците не купуваат автомобили или земјоделски производи од Американците, всушност, рече Трамп тие не купуваат „речиси ништо“. Американскиот претседател притоа мислеше на трговскиот дефицит меѓу ЕУ и САД, кој го процени на 350 милијарди долари. ЕУ веднаш направи напори да ги ...

Германските безбедносни служби ја обвинуваат Русија за серија саботажи, во кои, според извештајот на магазинот Шпигел, биле оштетени стотици автомобили ширум земјата. Според овие информации, над 270 возила во покраините Баден-Виртемберг, Берлин, Бранденбург и Баварија биле цел на нападите. За време на овие напади, издувните цевки на автомобилите биле запушени со монтажна пена. Покрај тоа, саботерите оставиле налепници со слоганот „Биди позелен!“ ...

Верно на начинот на кој претседателот Доналд Трамп создава медиумска помпа, првиот странски лидер кој официјално ја посети Белата куќа во неговиот втор мандат мораше да биде особено контроверзен. Но, тоа што во посета беше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху - баран од Меѓународниот кривичен суд за, како што се нарекуваат, „злосторства против човештвото“ - не е ни најконтроверзниот дел од посетата. Наместо тоа, најмногу внимание привлече ...

Кога Доналд Трамп ги повика на неговата инаугурација во Вашингтон во јануари 2025 година, неговите обожаватели се собраа од целиот свет: аргентинскиот претседател Хавиер Милеи,како и италијанската премиерка Џорџа Мелони. На повикот се одзваа и ултрадесничарските опозициски политичари, како што се Британецот Најџел Фараж и претставници на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AфД). Радикалната десница од целиот свет ја искористи ...

Со неговиот предлог за добивање ретки метали од Украина во замена за американска воена помош, американскиот претседател Доналд Трамп всушност презема идеја од таканаречениот „план за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Уште пред Трамп да биде избран за претседател на САД, Зеленски понуди да склучи договор за заедничко експлоатирање и користење на суровини. Украина има што да понуди - ретки метали, титаниум и литиум - за кои се ...

Чествувањето на 153-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Бугарија прва го прекршила Договорот за добрососедство уште во 2019 година, повторно ги ставија во фокусот на јавноста македонско - бугарските односи, коишто се во застој. Бугарските медиуми пренесуваат бројни изјави на разочараност, но и критики, поради тоа што годинава немало заедничко чествување на годишнината од раѓањето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика шок во светот со својот нов предлог за блискоисточниот конфликт. Тој сака САД да ја преземат контролата над Појасот Газа и економски да го развијат палестинскиот крајбрежен регион разурнат од војна. „САД ќе го преземат Појасот Газа“, рече Трамп по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа во Вашингтон. „Ние ќе го поседуваме“, нагласи тој - и не ја исклучи можноста за ...

На Македонија ќе ѝ пресуди децениската партизација на системот, а не надворешните и внатрешни непријатели кои секој што ќе дојде на власт ги покажува со прст. Тоа е отприлика приказната за нашата држава кажана во една реченици. Двете водечки партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неделата (2.02) си разменија по десетина соопштенија за тоа кој е виновен што возач кој системот „систематски“ го пропуштал за сторени кривични дела, на крајот предизвика ...

Постапката што се води против Васил Јованов кој на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова, е проширена и со постапка за испитување на влијанието и дејствата на неговите родители. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, вели дека се издадени наредби да се испита како му е овозможено на В.Ј. да има средство кое може да се толкува како општо опасно за предизвикување на несреќата. „Васил очигледно располага со некое возило (...) ...

Северна Македонија со низа настани ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Централното чествување се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија претставници на државниот врв, пратеници, партии и граѓански здруженија. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден, „бидејќи ова е наш македонски великан ...

Воените експерти предупредуваат дека Германија во случај на напад, би имала само неколку дена да се одбрани. Децениското штедење остави јасни траги во Бундесверот. Затоа, не е чудно што буџетот за одбрана стана спорна тема во кампањата за предвремените избори во земјата. Колку пари се потребни за одржување на добро опремена армија? И како дојде до тоа со оглед на милијарди евра буџетски дефицит? Канцеларот Олаф Шолц (СПД) смета дека тоа што ...

Најавите за замрзнување на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација, со внимание се следат и во Северна Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче се надева дека одлуката не е конечна и дека САД треба да останат партнер на земјата. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вели дека најавата „треба да не освести, да не отрезни и да сфатиме дека во иднина ќе треба самите за себе да се грижиме и да градиме наше заедничко ...

Барањето за зголемување на минималната плата падна во втор план, откако Владата расправата ја насочи кон тоа кој ја креира и што треба да содржи минималната кошница, која што е индикатор за куповната моќ на граѓаните. По последната средба во Владата меѓу синдикатите и работодавачите, договорено е во наредниот период синдикалните организации, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и министерствата за економија и за ...

Во пресрет на собраниската расправа за законски измени коишто ќе ја зголемат безбедноста во сообраќајот, партиите во Северна Македонија подготвуваат предлози коишто ќе ги изнесат пред пратениците. СДСМ обелодени дека веќе имаат неколку предлог законски решенија. Тие ќе побараат заострување на казните за тешките дела во сообраќајот и поставување полицаец пред и во училиштата во текот на наставата, како и одземање на возилата при сериозни ...

Премиерот Христијан Мицкоски, владина, собраниска, партиски и бројни други делегации, денеска во црквата „Св.Спас“ ќе му оддадат почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 153-годишнината од неговото раѓање. Чествување ќе има и пред Ректоратот на штипскиот Универзитет кој го носи неговото име. Поради свеченостите во чест на македонскиот апостол, учител, стратег, визионер и револуционер, најавен е посебен сообраќаен режим околу црквата ...

Лицето на шеесет и деветгодишниот Фридрих Мерц изгледаше подмладено за десет години во моментот кога беше пречекан со громогласен аплауз на сцената во модерната хала на Берлинскиот саем Сити Кјуб кој не запре долго време. Германија на 23 февруари ќе избира нов состав во Бундестагот. Предвремените избори беа распишани откако коалицијата на социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП) се распадна на почетокот на ноември. Сите политички ...

Тагесшау: Кое е значењето на УСАИД за меѓународната развојна соработка? Штефан Клингебил: САД се најголемата донаторска земја во светот во областа на развојната соработка. Во 2023 година, тие обезбедија околу 65 милијарди американски долари, од кои приближно 50 милијарди долари преку УСАИД (USAID- Агенција за меѓународен развој). Околу 42 проценти од хуманитарната помош на Обединетите нации потекнува од САД. Ако оваа помош се замрзне преку ноќ, ...

Палатата Егмонт во центарот на Брисел е моќно здание од 16 век. Овде се одржувале и натпревари во мечување и всушност не е лошо место за дискусија за тоа како да се справите со тешките противници. Еден цел ден, шефовите на држави или на влади на земјите од Европската Унија се повлекоа зад овие дебели ѕидови на вонреден самит. Во фокусот на разговорите беа Доналд Трамп, Владимир Путин и безбедноста на Европа. На крајот, канцеларот Олаф Шолц ...

Во Берлин вчера (2.02) на демонстрации против десницата, според проценки на полицијата, излегоа околу 160 илјади луѓе, а организаторите зборуваат за 250 илјади демонстранти. Демонстрациите се одржаа под слоганот „Бунт на пристојните – демонстрација за противпожарен ѕид“, поим кој го означува оградувањето на етаблираните партии од во делови десноекстремната АфД, со што треба да се спречи соработка со оваа партија. Протестите беа поттикнати од ...

Предложената Концепција претставува негација и уништување на гимназиското образование во Македонија.Нејзините автори се анонимни, се чини имагинарни. Ние немаме соговорници со кои би полемизирале, бидејќи се прикриваат. Постојат две можности - или се прикриваат од срам, бидејќи сфатиле дека Концепцијата е безвредна и штетна, односно е разоткриено дека се незналци или се кријат зашто ја создале свесно, со намера да ја уништи младината, а преку ...

Во текот на викендот бројни германски медиуми известија за протестите и блокадата на мостовите во Нови Сад. Агенцијата КНА пренесе дека поп-иконата Мадона ги поддржа српските студенти, додека јавниот сервис РББ пишува за собирите на солидарност кои се одржаа и во Берлин. Во печатот има и подетални анализи и коментари. Под насловот „Нагризана автократија“, берлинскиот Тагесцајтунг објавува коментар во кој се вели дека против власта во Србија се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
48%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
50%
1015
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
7.23
34%
1009
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
4.12
47%
1019
weather icon

Атина

38ᴼ / 36ᴼ
5.36
26%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
48%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
34%
1013
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
6.69
33%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
9.77
44%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
7.2
22%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74