„БРТ превозот е скап и неефикасен и ќе создаде сообраќаен хаос. Идејата на Петре Шилегов не соодветствува со реалноста и е уште еден маркетиншки трик“. Вака, во 2021 година, ВМРО‑ДПМНЕ, која тогаш беше во опозиција, го критикуваше проектот што го најави тогашниот градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквата реторика провејуваше со години, а проектот, кој повеќепати се најде на дневен ред на Советот на Град Скопје, не ...

Брзиот автобуски превоз (БРТ) во Скопје е еден од најконтроверзните инфраструктурни проекти во последната деценија – не само поради својата урбанистичка тежина, туку и поради политичката динамика што го следи од самиот почеток. Од амбициозен „трамвај на тркала“ промовиран од Петре Шилегов и СДСМ, до проект што беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ, па подоцна повторно прифатен, но со измени и нов наратив, БРТ денес претставува пример како ...