Пожар од корпа за отпадоци во дворно место на А.М. (57) на улицата „Цветан Димов” во Струмица синоќа зафатил помошен објект и преден дел од автомобил „форд фокус”. Според полицијата, пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а веднаш по пријавувањето интервенирала ТППЕ Струмица по што пожарот бил изгаснат. ,,На 25.09.2022 во 21.19 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во дворно место на А.М.(57) на улица „Цветан Димов“ во Струмица ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 ...

Во СОУ ,,Никола Карев” се одржа Работилница за медиумска писменост и препознавање говор на омраза наменета за младите средношколци. Работилницата има за цел зголемување на медиумската писменост кај младите, како и насочување кон критичко размислување и препознавање на невистинити и лажни вести. До младите, исто така, се доближи и темата Говор на омраза во медиуми и социјални мрежи, нејзино препознавање и превенирање. Во наредните денови ќе ...

Деновиве беа ставени во функција новите реновирани простории на Службата за итна медицинска помош и домашно лекување во Струмица. Станува збор за оддел во старата струмичка болница при ЈЗУ Здравствен Дом Струмица која со децении не беше реконструиран иако секојдневно таму има голем број на пациенти. Како што соопштија од ова установа со реновирањето на овој оддел и набавката на нова опрема значително се подобрени условите за работа но и за ...

Полицијата му поднесе кривична пријава на Д.А.(53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село. Според информацијата СВР Струмица осомничениот кражбите ги извршил во периодот од октомври лани до август годинава. ,,Лицето се сомничи дека во периодот од октомври 2021 до август 2022 година извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во два манастира и една црква во близина на с.Војиславци, ...