Населеното место Прдејци во општина Гевгелија доби нов и опремен Младински дом. Синоќа во присуство на голем број граѓани но и гости, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов свечено го предаде во употреба новиот објект со површина од 580 квадратни метри за чија реконструкција беа потрошени приблично 19 милиони денари или околу 308 илјади евра. Околу 195 илјади евра се пари од ТАВ програмта додека останатиот дел се пари од општинскиот ...

Од утре во салата на СРЦ 25 ти мај во Радовиш а по повод престојниот патронен празник на градот ќе се одржи Шесоноемвриски турнир во мал фудбал. Станува збор за турнир под покровителство на градоначалникто на општина Радовиш Ацо Ристов кој ќе се одржува до 5 ти ноември кога се закажани и финалните натпревари 28.10.2022 – Петок 18:30 час. – Утврдување на групи и распоред 29.10.2022 – Сабота 18:00 час. – Почеток на натпреварите 05.11.2022 – Сабота ...

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, беше положено свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев. По тој повод свежо цвеќе положија делегации на: Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, Советот на општина Радовиш, Општинските организации на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. ,,Овој ден е историски ден, на овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста на ...

Од ноќеска на полноќ бензинот БС-98 поскапува за два денара и ќе чини 92,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на останатите горива денеска остануваат исти и нема да се менуваат. Па така, литар еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 90 денари, литар еуродизел ќе чини 100,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 97 денари за литар. РКЕ одлучи да ги зголеми ...

Комерцијална ПР објава Пишува: Д-р Живко Груевски Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната ...

Синоќа во 21.50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран ги лишиле од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници. Околу 21.30 часот на стариот пат Стојаково – Богданци, ...

Наковски волеј со 3:0 во сетови го надигра градскиот ривал Струмица жени во рамките на третото првенствено коло од Првата лига. Во ова прво соочување на двата лански полуфиналисти, избраничките на Александар Митев и Хари Наковски бодрени од публиката покажаа далеку подобра игра на сите линии, која им донесе нови три бода. ,,Гостинките” правеа доста грешки низ текто на натпреварот и сеуште немаат победа во првенството. Наковски волеј во текот на ...

Во општинскиот центар Босилово физичките и правни лица ќе може да го селектираат пластичниот отпад откако општината доби донација од 40 канти за собирање на пластика од Прокредит Банка. Информацијата ја објави градоначалникот на Босилово Ристо Манчев откако со преставникот на банката потпишаа договор за соработка а корпите беа доставени во Босилово кои ќе бидат поставени на јавни места каде жителите ќе можат да ја депонираат пластиката ...

Во населеното место Градашорци, Општина Василево ја отпочна постапката за изградба на улица со бекатон во должина од 150 метри. Станува збор за улица во рамките на годинашнава програма за изградба на локални патишта и улици која ќе ја изведува фирмата Бони Интерградба. Целата улица ќе чини 620 илјади денари а парите се обезбедени од општинската каса „Инфраструктурата како основен фактор за нормално одвивање на секојдневието и нејзино подобрување ...

Утре продолжуваат натпреварите од Првата женска одбојкарска лига на Македонија. На програмата е третото коло кое го носи и првото градско соочување меѓу ланските полуфиналисти Наковски волеј и Струмица жени. Мечот е закажан во 17 часот во салата при СОУ,, Димитар Влахов” во кој избраничките на Хари Наковски и Александар Митев влегуваат со предност со оглед на учинокот по првите две кола. Наковски Волеј зад себе има победа од 3:0 против Вардар ЕМ ...

Општина Богданци планира со сопствени средства да изврши реконструкција на партерното уредување на дворното место на Домот на културата во Стојаково каде ќе се монтираат детски реквизити, фитнес справи но и нова урбана опрема. За таа цел распишана распишана е јавна набавка за избор на економски оператори кои треба да ги реализираат предвидените активности, со оглед дека целиот проект ќе се предвидува во две фази а за кои се се распишани посебни ...

Вчера на 25.10.2022 во 13.10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат село Стојаково – село Богородица, гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(40) од Гевгелија и патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(69) од село Селемли, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Екипата на Академија Пандев во четвртфиналето од фудбалскиот КУП на Македонија за противник го доби тимот на Македониа ЃП од Скопје. Станува збор за екипа со која честопати се среќаваат во ова натпреварување а против која пред неколку сезони славеа и ја освоија првата титула со што дебитираа и на евросцената Ќе се игра еден меч во кој Макеоднија ЃП ќе ја има ,,предноста” од домашен терен бидејки на 9 ноември се играат мечевите од ова фаза на ...

Повеќето држави членки на НАТО се меѓу земјите со најдобри економии и најсилни армии во светот. Овој факт е сосема спротивен на тврдењето во објавата дека партнерството со НАТО значи дека немаш силна армија. Рангирањето на 20-те најсилни војски во светот кое се прави според активен персонал, буџет, и вид на оружје, вели дека од нив осум се членки на НАТО – Канада, Германија, Полска, Турција, Обединетото Кралство, Италија, Франција и САД. Во ...

Синоќа во 23.10 часот на Магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила, соопшти МВР во која возачите се здобиле со повреди ,,Во сообраќајката учестувале патничко возило „фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3“, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило ...

Фудбалерите на Беласица ја забележаа третата првенствена победа во Втората фудбалска лига на Македонија откако на гостувањето во Виница славеше против Слога со 2:1. Александар Коцев во 76 минута и Александар Милушев во 84 минута ја донесоа победата за струмичките сино бели откако домашниот Слога имаше водство по првото полувреме. Со новите три бода Беласица сега има вкупно 12 и се пробија на средината од второлигашката табела( три победи три ...

Лошо почнаа но со одлична игра во продолжението, кошаркарите на Струмица предводедни од расположениот Стаменковиќ ја забележаа првата првенствена победа во Првата лига. Во салата Парк со поддршка на публиката, момците на Златко Зетов и Ики Христов во последните три минути го скротија Феникс и славеа со 98:92 Струмица покажа мудра и борбена игра иако гостите од Скопје мечот го започнаа со 14:0. Но со тек на времето домашните кошаркари ја ...

Струмички Астраион кој оваа првенствена сезона се натпреварува во Прва лига група Б, викендов го одигра мечот со Борец во Велес каде убедливо славеше победа со 48:23. Станува збор за петото првенствено коло во кое сите струмички ракометари се запишаа во листата на стрелци не дозволувајки му на домаќинот никаква надеж за било какво резултатско приближување а камоли пресврт. Васко Стојанов беше најрасположен. Постигна 8 гола а 6 реализираше Илија ...

По поразот од Весна Пробиштип во рамките на првото коло кога новајлијата Сушево немаше многу среќа, вечерва во салата при ООУ Гоце Делчев во Василево забележаа убедлива победа против тимот на Македонија Џио како гости и тоа со 3:0(25:18, 25:17, 25:23). Избраниците на Ване Наков и Јане Попов имаа целосна контрола на играта и резултатот и ги прокнижаа првите бодови во Првата лига. Актуелниот шампион Струмица Никоб немаше проблеми против велешки ...

Денеска на патот кон Смоларскиот водопад се одржа традиционалната Костенијада. Голем број гости и посетители уживаа во печените костени но и во програмата што беше понудена во рамките на годинашново издание на ова манифестација. Според фотографиите објавени од првито човек на општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, меѓу гостите беше и пораншениот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов, Викарниот Епископ Јаков Стобиски, градоначалниците на Василево и ...

Почнувајќи од 25.10.2022 (вторник) ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција. По скоро двомесечна пауза, по поволната промена на пазарот на електрична енергија, рудниците се враќаат во редовен работен режим.Паралелно на ова, рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска ...

Вчера околу 12.00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај с.Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје. Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките ...

По пауза од две години, утре на патот кон Смоларскиот водопад ќе се одржи традиционалната Костенијада што ја организира Општина Ново Село а на која се очекуваат голем број на гости да вкусат печени костени но и специјалитети од костен. Како што информираа од општина Ново Село, десетина жители од подбеласичкиот регион во контуинитет ќе печат костени за сите присутни посетители. Манифестацијата ќе биде збогатена и со настап на КУД Јане Сандански ...

ЈП Струмица гас ги прави анализите за воведување јавен превоз во општина Стурмица. Така соопшти директорот на ова претпријатие Благој Милановиќ кој смета дека ситуацијата во општина Струмица е созреана за имплеметација на ваков проект ,,Градоначалникот не задолжи да ги направиме анализите и истражувањата за можноста за воведување јавен превоз. Апсолутно ситуацијата е повеќе од созреана за ваков проект. Анализата покажа дека најисплатливо е ...

Од населеното место Радичево, општина Василево почна да ја реализира Програмата за изградба на патишта и улици за ова година. Механизација на Бони Интерградба асфалтираше улица од 200 метрри за која се обезбедени пари од Буџет на општината во висина од околу 1 000 000 денари. „Граѓаните од овој дел на Радичево после долги години очекување ќе добијат асфалтирана улица. Практично, денес со асфалтирањето на оваа улица започнуваме со реализација на ...

Денеска, во Ниш, Србија беше промовирана Платформата за регионално деловно поврзување на компаниите, особено на малите и средни претпријатија (МСП) од земјите на Балканот и пошироко – Југоисточна Европа (Equity market for SME’s). Станува збор за прв регионален развоен проект производ на бизнис секторот од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ и директна вклученост на Република Бугарија, како член на ЕУ. „Дигитална платформа – пазар на ...

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За обнова на Македонија”за следната седница на Советот на општина Струмица поднесе точка на дневен ред за донесување одлука за отпочнување на постапка за организација на јавен превоз во Општина Струмица, објави на ФБ Никола Маџунков координатор на советничката група. ,,Нашата иницијатива ќе отвори можност Струмица да добие јавен линиски превоз. Струмица е голем град а оваа можност која постои во ...

Утре во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе бидат изложени моштите на Св. Иван Павле II, објави порталот Католици Мк. Моштите ќе бидат изложени веднаш по утринската молитва во 8.00 часот и до 17.00 часот верниците ќе можат да се поклонат и помолат по што започне молитвата Света Бројаница а во 17.30 ќе се служи света Литургија, на која ќе проповеда катедралниот парох о. Спасо Ристов. По завршувањето на светата ...

Утрово на магистралниот патен правец Струмица-Радовиш кај населеното место Радичево се случи сообраќајка заради што сообраќајот се одвива по споредниот регионален пат. Како што не информираше протпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова увидот сеуште трае но според првичните информации во сообраќајката учестувале три возила а едно лице е повредено. АМСМ објави дека заради сообраќајна несреќа патот Струмица –Радовиш кај населеното место ...

САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“ Фејсбук постот на страницата Кратко и јасно е објавен со цитат, со потпис од Глобал тајмс и со карикатура што ја ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
45%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
54%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.14
78%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1019
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
67%
1021
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
55%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
93%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1020
Currency

61.53

Currency

52.9853

Currency

69.6684

Currency

34.5999

Currency

37.7613

Currency

66.8287

Currency

7.44934

Currency

0.65657

Currency

0.34291

Currency

0.52612

Currency

1.25406

Currency

0.59535