Нема потреба од брзање со давање изјави дека цената на електричната енергија после први јануари ќе се зголеми. Треба да се направи детална анализа за да се види како ќе заврши производството на енергија од ЕСМ, колкави се приходите од продажбата, колкава е потребата од увоз, загубите, за да ја знаеме реалната слика од аспект на домашното производство и што се планира идната година. Вака истакна првиот човек на Регулатрона во Струмица Марко ...

Утрово 01.30 часот во село Дабиље, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип. Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а возилото било вратено на ...

Радовиш викендот беше домаќин на изложба на расни кучиња. После двегодишна пауза под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, беше одржана традиционалната изложба за сите раси на кучиња „C.A.C. Radovish 2022“. Изложбата која беше вистински празник за очи за љубителите на домашните миленици, беше во организација на Кинолошкото друштво „Фамилијарис“ и истата свечено беше отворена од страна на Градоначалникот Ацо Ристов, кој ...

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија. На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на ...

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3 денари, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер 98 се зголемува за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер 98 ќе изнесува 94,5 денари за литар. Малопродажните цени, пак, остануваат исти на: Еуросупер 95-90,5 денари по литар; Еуродизел – 99 денари; и на Мазутот М-1 НС 50,067 денари ...

Вчера во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3). Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за ...

МЗШВ ја информира јавноста конкретно земјоделците дека во ПЕ Струмица при МЗШВ, започна распределбата на картичките за зелена нафта. Според информациите од денеска па во наредите денови треба да бидата поделени 4800 картички за зелена нафта со вкупна вредност од 19 300 000 ден или 315 000 евра за земјоделците во општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево Земјоделците своите картички за зелена нафта може да ги подигнат исклучиво лично, со ...

Вчера во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружнца Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската ...

Вчера во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР ...

Во Полициската станица Гевгелија вчера околу 16.00 часот било пријавено дека во близина на Железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, информираат од МВР. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и ...

Влатко Иљачев од Богданци кој сега во музичките води настапува под името Валдера денововие објави нов сингл заедно со видео запис во кој го опишува својот живот. Станува збор за песната ,,Уживам’’ за која музиката и текстот ги напиша Иљачев а аранжманот е заедничко со Дино Зукич во чие студио во Скопје е и снимена. Станува збор за рок песна во која како што вели и Влатко сите ќе се пронајдат во нејзините зборови бидејки ги охрабрува младите да ...

УО на Академија Пандев како што вчера објавивме на ја прифати оставката на Александар Васоски кој ја поднесе по поразот од Работнички. Според УО на струмичкиот прволигаш, Васоски е еден од најдобрите тренери во земјава и сметаат дека тоа ќе го докаже во наредниот период, при што му е дадена целосна поддршка во неговите одлуки за да го врати тимот на победничките патеки ,,На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена ...

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со г. Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и советникот во Амбасадата, г. Митко Бурчевски. На средбата разговараа на актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов, потврди дека и во време на криза, заедно со општинската администрација и Советот на општина Струмица успешно ја ...

Вчера во 10.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода И.Ј. (40) од Струмица затоа што околу 02.20 часот на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица со патничко моторно возило „ауди“ удрил полициски службеник кој извршувал службени задачи, по што го напуштил местото. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше домаќин на Вице амбасадорот на Р Италија во РСМакедонија, Марио Де Роза, кој ја посети општината во придружба на Рикардо Раиноне – претседател и Енрико Раиноне – директор на Конфиндустриа во Македонија. „Нас не поврзуваат виното, храната, отвореноста и менталитетот, пријателството меѓу нашите земји и народи. Многу граѓани на општина Василево избрале да живеат и работат во Италија, а многу ...

Текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е манипулативен и ја дезинформира јавноста за ситуацијата во Иран и војната во Украина, со цел Америка да се прикаже како некое лошо дете кое ги тепа и казнува сите. Написот е хаотичен и не нуди никакви факти и докази за искажаните тврдењата, туку само нафрла чаршиски муабети Пост на Фејсбук споделува ударен наслов, обвинувајќи ги САД за некаков државен удар и „нови жртви“, иако изнесеното во ...

Словенечката влада официјално реагираше дека фотографијата која руското Министерство за надворешни работи ја користи во својата објава на Твитер, е фотографија на Агенцијата за радиоактивен отпад на Словенија (АРАО) од 2010 година. Во реакцијата на словенечката влада е пренесена и изјавата на Санди Вршек, директор на АРАО, во којашто се вели „Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и под надзор. Не се користи за правење валкани ...

Една од институциите коjашто секој граѓанин барем неколкупати ќе ја посети во текот на својот живот и тоа за клучни документи неопходни за неговото општествено и семејно функционирање, е Управата за водење матични книги (УВМК). Таму граѓаните се обраќаат кога бараат извод од родените, венчаница, посмртница за член од семејството кој го загубиле, потврда за брачна состојба, упис на новороденче, или некој друг документ што го издава оваа ...

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија заслужено славеа против скопски Чаир. Во рамките на 4 тото првенствено коло момците на Михајловски забележаа победа од 99:83 (22:18, 30:29, 25:17,22:19)Д Домакините во текот на целата средба имаа контрола на играта и резултатот. Во третиот и четвртиот период имаа предност и од 20 поени, Чаир не успеа да најде решение за играта на гевгеличани кои ја забележаа и втората победа во првенството. Крадењето ...

Стратегот на пандевци Александар Васоски по поразот од Работнички си поднесе оставка превземајки ја одговорноста за серијата лоши резултати. Под негова палка струмичани немаат победа а оствари само реми со Победа во Прилеп и 5 пораза. „По последниот пораз и серијата на лоши резултати, ја преземам одговорноста и поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам успеси во иднина“, објави Васоски на социјалните мрежи.О Од ФК ...

Нов пораз на Академија Пандев во Првата фудбалска лига со што ја продолжија резултатска криза и се закотвија на претпоследната позиција на табелата. На свој терен загубија од Работнички со 2:0 во рамките на 13 тото коло и го регистрираа осмиот пораз во првенството со кој останаа на претпоследната позиција со вкупно 8 бода. Работнички ја искористи најзрелата шанса во првото полувреме и преку Рушевиќ дојде до водство. Струмичани од 41 минута ...

Првиот човек на општина Гевгелија Андон Сарамандов објави дека во завршна фаза е адаптацијата на објект кај Пречистителната станица за Стадионар за бездомни кучиња. Тој заедно со директорот ЈПКД Комуналец, Раско Чочков, извршија увид во градежните активности и динамиката на работа за изградба на стационарот со кој ќе стопанисува токму комуналното за што се формира нова организациона единица вои рамките на претпријатието. ,,Со отворањето на ...

Под покровителство на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Општина Ново Село ја организираше првата компиријада со цел да се испромовира подогражденскиот есенски компир од атарите на Стиник Барбарево Бадилен и Бајково. Манифестацијата се одржа на пазарот во Ново Село каде беа презентирани стотина специјалитети а добар дел од земјоделците го изложија своето производство за продажба. ,,Граѓаните уживаа во вкусните ...

Кошаркарскиот третолигаш Струмица ја забележа првата победа во првенството откако во воведните две кола претрпеа пораз од Маџари на свој терен и Младинец во Гости. Во рамките на третото првенствено коло момчињата на Струмица славеа со 114:49 против Овче Поле од Свети Николе Струмичани без проблем ги декласираа гостите кои немаа никакво решение за играта на домашниот состав во чии редови Хасанов постигна 4 поени, Томов 11, Ахтаров 24, Јефтимов 2, ...

Радовишки Детонит Плачковица успеа да слави против тимот на Локомотива од Пехчево во рамките на 10 тото првенствено коло. Победата ја заверија во судиското надополнување на мечот откако во два наврати гостинскиот состав од Пехчево имаше водство. Но радовишани не се откажаа од целиот плен со кој останаа во трката за висок пласман на второлигашката табела. За Детонит Плачковица ова беше 6 победа Струмичка Беласица не супеа да извлече поволен ...

И покрај најавите дека поради заштеда на струја може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад. Летното сметање на времето во 2022 година завршува во недела, на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување еден час наназад, времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот. До почетокот на епидемијата на корона вирусот имаше неколку дискусии за укинување на ...

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28.10.2022 во 11.30 часот на регионалниот пат Р2431 кон планина Плачковица во Радовиш патничко моторно возило „опел астра“ без регистарски ознаки управувано од К.Б.(19) од Радовиш удрило во малолетеничка од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничката кои и биле констатирани од лекар во Клиничкиот центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од ...

SMX е едукативен центар зад кој стои тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење. Нивната цел е да обезбедат професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата. Во текот на 4 годишното работење, SMX има организирано над 180 курсеви, обуки и академии на кои имаат учествувано над 2.000 учесници ...

Населеното место Прдејци во општина Гевгелија доби нов и опремен Младински дом. Синоќа во присуство на голем број граѓани но и гости, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов свечено го предаде во употреба новиот објект со површина од 580 квадратни метри за чија реконструкција беа потрошени приблично 19 милиони денари или околу 308 илјади евра. Околу 195 илјади евра се пари од ТАВ програмта додека останатиот дел се пари од општинскиот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
67%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
50%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1020
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.01
76%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
75%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
57%
1019
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1021
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1022
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
93%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1020
Currency

61.53

Currency

52.9853

Currency

69.6684

Currency

34.5999

Currency

37.7613

Currency

66.8287

Currency

7.44934

Currency

0.65657

Currency

0.34291

Currency

0.52612

Currency

1.25406

Currency

0.59535