СОУ Јосиф Јосифовски доби грант во вредност од 507 илјади евра за инвоативен тренинг центар ХУБ каде средоношколците од ова училиште ќе го усовршуваат стручното образование а со новата опрема и програма ќе стекнуваат дополнителни вештини според потребите на бизнис заедницата. Гевгелиското средно училиште е едно од 4 те средни училиште и два факултета на национално ниво што успеа да добијат грант од вкупно 123 апликации од 6 држави од Западен ...

Идната година општина Струмица планира да потроши 27 милиони евра или 1.642.012.000 денари. Вака е проектиран Буџетот на општина Струмица за 2023 години кој во споредба на годинашниов ребалнасиран е за 10 одсто поголем. Основниот Буџет на Струмица е позициониран на околу 13 милиони, блок дотациите од државата на околу 11,8 милионни евра додека останатиот дел ќе се прибираат од самофиинансирачки активности околу 900 илјади евра а нешто поалку ќе ...

По потпишаните меморандуми за соработка меѓу Независниот синдикат на полицијата и општините Василево Босилово и Ново село, деновиве преставици од синдикатот беа во посета на овие локални самоуправи каде на предлог на старешини од Полициската станица од Струмица членови на овој синдикат, беа прогласени и доделени плакети на најдобрите полициски службеници од Независниот синдикат на полицијата за овие општини. Во општина Василево, градоначалникот ...

Вчера во 20:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина, соопштија денеска од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица ...

На 28.12.2022 во 21.05 часот во Полициската станица Радовиш, А.А.(36) од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека околу 18.45 часот во Радовиш неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.М. и Р.М., двајцата од село Коџалија, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.12.2022 година во 21.25 часот во Полициската канцеларија Богданци, Љ.В.(42) од Богданци пријавила дека околу 21.00 часот во Богданци била физички ...

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас. Според градоначалникот Костадин Костадинов, оваа цена е ...

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната нето плата од 13,6 проценти за октомври 2022 година во однос на истиот период минатата година. Исплатената просечна нето плата е 33.104 денари. Најголем раст бележат платите во секторот уметност, забава и рекреација, со 19.6 % поголеми плати, објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 19.3 % и преработувачката индустрија 17.6 % зголемување. Очекувано, и ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник); За ...

(Комерцијална ПР објава) И оваа година, Г-дин. Николас Треанд, Претседател и Извршен Директор на Бордот на Еуромакс Ресоурцес, даде свое видување за перспективите на Проектот Иловица-Штука и спремноста на Еуромакс Ресоурцес и Трафигура Групацијата, најголемиот долгогодишен акционер, да се продолжи посветено се до негово целосно реализирање. Во интервјуто дадено за годишното издание на „The Economist“, Г-дин. Николас Треанд повторно го истакнува ...

Центарот за истражување и анализи Новус од Струмица ја промовираше едукативната брошура за Медиумска Писменост и Градење Критичка мисла за Репортери без граници. Станува збор за брошура во која на едноставен начин се презентира зошто е важна медиумската писменост и како да ги разберете медиумите и новинарските стандарди. Брошурата е дел од проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ е поддржан во рамките на Програмата за поддршка ...

Центарот за истражување и аналици Новус од Струмица ги презентираше резултатите од проектот “Граѓанско сојузништво за репортери без граници” поддржан во рамките на Програмата за поддршка Safe Journalists safejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија. Постигнати резултати преку проектот се: Зголемена свест на младите во Струмичкиот микро регион; Мапирања, Истражувања и Анализи на јавното мислење за слободата на репортирање; ...

Започна програмата од Новогодишниот фестивал „Светол град“ кој се одржува од 26 до 29 Декември 2022 година во Центарот за култура „Ацо Караманов“. ,,Радовишани имаа можност да ја проследат богатата програма приредена од страна на учениците и нивните ментори, исто така можеа да ги погледнат и си купат од изработените новогодишни творби кои се специјално направени за овој новогодишен фестивал,, објави градоначалникот Ацо Ристов Крадењето ...

Струмица е пример за целата држава за тоа како се воспоставува силна соработка помеѓу Општината со сите училишта. Учениците и професорите од дрвно-преработувачката струка на СОУ „Никола Карев“ со финансиска поддршка од општина Струмица, произведоа и испорачаа 927 шкафчиња во ООУ „Никола Вапцаров“ со што секое дете од ова и училиштето во Градско Балдовци доби шкафче за своите потреби Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот ...

Утрово на улицата Младинска во Струмица избувнал пожар во просторија со котел за парно греење од семејна куќа заради што интервенирала екипа од ТППЕ Струмица која успеала навреме да го локализира и да не дозволи пожарот да се прошири. Пожарот кај струмичката противпожарна еднициа бил пријавен во 05:45 часот од каде со едно возило и пет пожарникари веднаш излегле на терен. ,,Утрово на ул.Крушевска Република, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 5 ...

На 26.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, В.М.(50) од Радовиш, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во пешак М.П.(71) од Радовиш, соопшти СВР Струмица Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш. ...

Првиот човек на општина Гевгелија Андон Сарамандов објави дека на градскиот плоштад на 21 декември ќе има организиран дочек на Новата 2023 година а за забавата ќе се погрижат локални изведувачи. Според Сарамандов традицијата треба да се негува и гевгеличани заеднички да ја испратат старата и да ја дочекат Новата година како сите урбани места каде се негува богата музичка и културна програма. ,,Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,5, а еуродизел (Д-Е V) за 80 денари за литар. ...

Младиот средношколец од Струмица Ангел Спасов кој учи во СОУ ,,Димитар Влахов” деновиве на социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со видео запис насловен како ,,Сам продолжувам”. Станува збор за негова втора песна која ја има изработено со истиот тим потпишана од Роберт Билбилов во соработка со Тања Соколовска. Впрочем станува збор за екипата со кој Спасов дебитираше на музичката сцена со „Ме изгуби ти“. Видео запсиот за нумерата ...

Елката во Радовиш не е украдена, напротив фирмата што ја постави си ја демонтираа оти немаше договор со општината и ме уценуваа за вредноста. Вака соопшти градоначалникот Ацо Ристов откако вчера го снема новогодишниот декор во градот а со тоа и Новогодишната елка. Првиот човек на Радовиш не сакаше да ја именува фирмата која го уценувала за вредноста на договорот и на своја рака си го украсувала градот во ,,пет до дванаесет”. Неофицијално ...

Канцеларијата на Светска Банка во Скопје преку договорениот орган Министерство за траснпорт и врски го распиша тендерот за реконструкција на локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центарот на Добрашинци во општина Василево. Станува збор за делница од 1320 метри чија ширината ќе биде околу 6 метри, односно се планира да бидат асфалтирани 7554 м2 . Станува збор за Тендер 4 – Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на ...

Светското Првенство во Еспорт кое се одржа во Бали, Индонезија забележа огромен успех, поставувајќи нови рекорди по број на држави учеснички, одиграни натпревари и награден фонд од 500.000 американски долари.Далечното патување, топлата клима како и невообичаените услови во кои самото првенство беше одржано, не ги спречи Македонските репрезентативци да ја оправдаат улогата на фаворити. Нашата македонска CS:GO репрезентација стана двократен ...

После Нова година се очекува испораката на пластични контејнери за селекција на отпадот во Гевгелија откако општината неодамна потпиша договор за Поставување урбана опрема – контејнери и канти за рециклирање на отпад во градот со скопската фирма ,,Дема Ин”. Станува збор за договор со кој во градот Гевгелија треба да бидат доставени 56 пластични контејнери со рамен капак и четри тркала со зафатнина од 1 100 литри но и 2 086 канти за домакинства ...

Во текот на вчерашниот ден во Јаргулица и Радовиш настанал пожар во патнички возила заради што морала да интервенира Територијалната противпожарна единица од Радовиш. Во Јаруглица настанал пожар во патничко возило ,,пежо 206” на лице од Владевци додека во Радовиш настанал пожар на патничко возило „бмв 525“ кое пак зафатило уште едно марка опел астра, соопшти полицијата На 24.12.2022 во 07.16 часот во с.Јаргулица, радовишко, во двор од куќа ...

Владата на Македонија, согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица известува дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг ...

Триесетина ученици од СОУ Јане Сандански деновиве интензивно се подготвуваат за концертот насловен,, Рингишпил” во чест на Ѓорѓе Балашевиќ кој почина минатата година. Ќе бидат отпеани сите негови хитови од учениците- членови на музичката секција заедно со музичката група на СОУ Јане Сандански. Концертот закажан на 27 декември во Домот на АРМ се очекува да трае 70 тина миути а се планирани два едно- подруго концерт со оглед на големиот интерес на ...

На 23.12.2022 во 14.00 часот на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко. Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили. Дрвата и запрежните возила се ...

Советот на општина Василево, едногласно со поддршка од сите 15 советници, го усвои предложениот Буџет на општина Василево за наредната 2023 година кој изнесува 181 998 000 денари. Според образложението дадено од предлагачот, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, идната година, граѓаните во речиси сите населени места можат да очекуваат реализација на капитални проекти. ,,Поголеми проекти кои ги планираме за идната година се: Изградба ...

Попладнево на излезот од Струмица кон населеното место Дабиле се судрија две патнички и едно товарно возило. Според првичните информации направена е матријална штета кај сите три возила. Заради сообракајката неколку минути отежнато се одвиваше сообраќајот на овој потег конкретно од Струмица кон Дабиле. Засега не се знаат причините како настанала сообраќајката. На терен излезе и полицијата која вршеше увид и треба да ги утврдат причините за ...

До средината на 2023 година, Струмица би требало да добие Младински центар каде што младите ќе може да ги презентираат своите потреби и преку разни дебати, форуми да бидат дел од креирањето на политките на општина Струмица. Вака најави градоначалникот Костадин Костадинов којочекува со отворањето на овој центар поголемо партиципативно учество на младите работата и функционирањето на општината во интерес на сите. Младинскиот центар ќе биде во ...

Директорот за Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерот за локална самоуправа го потпишаа Договорот за реализација на инвестицискиот проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”- 2 фаза, финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада во вкупна вредност од 22.899.786,00 денари. Во рамки на овој проектот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1008
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
50%
1006
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
61%
1006
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
44%
1010
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.91
31%
1008
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
77%
1008
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
67%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
32%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
51%
1009
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
40%
1005
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
57%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484