На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела. Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради ...

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку најновата пилот програма „Втора шанса“. Програмата се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Преку „Втора шанса“ 200 граѓани од земјава ќе имаат ...

Синоќа едно лице загина во пожар што избувнал во ќуќа на улица „Пиринска” во Струмица. Како што соопшти полицијата пожарот избувнал во куќа сопственост на 63 годишен струмичанец а во изгорениот објект има изгорено човечко тело. ,,Од страна на територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото ќе биде вршен во текот на денешниот ден од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица,, ...

Во СВР Струмица вчера било пријавено дека во кругот на фирма во селото Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица.Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото. Како што информираат од МВР, увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на семејството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Општина Василево склучи договор со фирмата ,,Евроградба Инженеринг” од Владевци која во наредниот период треба да изврши реконструкција на повеќенаменското игралиште при ООУ ,,Гоце Делчев” во Василево. По распишаниот тендер ова фирма достави најниска цена во конкуренција од вкупно пет компании од Струмица, Скопје и Мокрино кои учествуваа на јавната аукција. Сите градежни работи согласно техничката спецификација, фирмата од Владевци треба да ги ...

Ангела Котуровиќ од Струмица со песните ,,Пољуби ме’’ од Нина Бадриќ и ,,Нисмо смели’’ од Марија Шерифовиќ ги освои сите шест гласа од вториот круг од балканското шоу ,,Ѕвездите на Гранд’’ и обезбеди пласман во следниот круг од ова музичко натпреварување. Ангела како и во првиот круг доби само пофални зборови од жирито. ,, Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти ,,пееше’’ во вистинска смисла на зборот’’ кажа Вики додека Босанац кажа дека ...

Повеќе стотици посетители присуствуваа на традиционалните Странчинарски игри во Мокриево. Повеќе маскирани лица поминаа по улиците во ова село меѓу кои доминираа странчинарите. Тие претходно со посета на секоја куќа во селото собираа суџуци или домашни колбаси, брашно, но и друг вид намирници од кои направија заеднички ручек. Игрите започнуваат со сурварскиот голем оган сред село а на сам ден Василица ,,странчинарите’’ во разновидни маски и со ...

Голем број струмичани заминаа за Полска за да ја бодрат македонската ракометна селекција на својот настап во Краков во рамките на Светското ракометно првенство. Таму им се приклучија и нашинци кои живеат и работат во Англија, Швајцарија, Германија, Полска, Чешка. Познатата македонска ,,фаланга,, ги обои улиците во Краков но и арената каде вечерва избраниците на Кире Лазаров ќе го имат мечот со Норвешка. Повеќе илјада македонци во црвено жолти ...

На 13.01.2023 во 01.35 часот на локалниот пат Струмица-село Баница, полициски службеници од Полициска станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки. При контролата, кај малолетен сопатник од Гевгелија, кој престојувал во Струмица, била пронајдена марихуана. Во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ деновиве склучи договор со компанијата „TIMAK SHPK“ од Тирана – Албанија за набавка на две возила за заштита од шумски пожари откако претходно распиша меѓународен тендер. Како што не информираа од Центарот, вкупната вредност на двете противпожарни возила изнесува 200 илјади и 500 ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ деновиве склучи договор со компанијата „TIMAK SHPK“ од Тирана – Албанија за набавка на две возила за заштита од шумски пожари откако претходно распиша меѓународен тендер. Како што не информираа од Центарот, вкупната вредност на двете противпожарни возила изнесува 200 илјади и 500 ...

На 12.01.2023 во периодот од 09.00 до 15.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 131 прекршок, од кои 87 на подрачје на Струмица, 24 на подрачје на Радовиш, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. МВР информира дека ...

Пропагандната машинерија на Кремљ доминира во ширењето на дезинформациите, но на хоризонтот се појавува и кинеската пропаганда Пишува: Горан Лефков Русија води војна во Украина, но руската пропаганда води војна во целиот свет. Таа војна во 2022 година имаше различни цели. Примарна беше да ја соопшти „руската вистина за специјалната операција“. Неретко цел на хибридната војна што ја води руската пропаганда на Бакланскиор полустров станува и С. ...

Струмичка Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел во Втората фудбалска лига, во кој ќе се обиде да се приближи кон водечката четворка на второлигашката табела. Стратегот на синобелите Благој Гуцев на располагање има 25 фудбалери меѓу кои и неколку засилувања кои деновиве и официјално ќе бидат промовирани. ,,Подготвителниот период ќе се одработи во Струмица а закажени се и 5 пријателски пресметки против екипите на Кожуф, Септември ...

Општина Гевгелија за потребите на социјално-ранливите категории граѓани, годинава, издвои 4.000.000 денари општински средства. Програмата за социјална заштита, која Советот на Општина Гевгелија ја усвои на последната седница, предвидува: еднократна парична помош за новородено дете, еднократна парична помош за социјално-загрозени лица, субвенционирање на потрошувачката на вода за пиење на лица- корисници, обезбедување превоз на лица попреченост- ...

Радовишки Детонит Плачковица ги почна подготовките за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига, каде за прв притивник ќе ја има струмичка Беласица. Подготовките ги започна со новиот стратег Иван Варадиновски, откако Горан Здравков го презеде кормилото на Брегалница од Штип. ,,Алпај Јусуф и Богдан Велиновски беа претставени како први зимски засилувања за Детонит Плачковица, а како што најавуваат од клубот во пролетниот дел ќе ...

Составот на ,,Баламов компани’’ од Гевгелија го освоиј Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал Куклиш 2022. Тие во големото финале на овој турнир славеа победа против тимот на Фреит Оне од Радовиш со 6:3. Третото место го освоија фудбалерите од ,,Гостилница кај Џек’’ од Скопје, кои во малото финале го надиграа тимот на Токи Еднокуќево со 11:6 За најдобар играч е прогласен Андреј Јаневски од победничкиот состав додека за најдобар стрелец ...

Пензионерите утре на своите смекти ќе ја добијат втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, која е во времетраење од четири месеци. „Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари“, соопшти ...

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека со новата методологија за усогласување на минималната плата таа во март ќе изнесува над 20 илјади денари. „Методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на ...

Петгодишната Лила заедно со семејството Ѓеоргиеви од Струмица одлучи да си ја скрати косата за да се направат перики за деца болни од рак. Одлуката пандала за време на празниците по што Лила со нејзината мајка отишле кај стилистот Марјан Петров за да ја скрати нејзината коса а плетенките да бидат пуштени во Холандија за да бидат изработени перики за деца кои страдаат од карцином. ,,Плетенките беа со должина од 30 сантиметри кои ги испративме до ...

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев денеска ги започна подготовките за пролетниот дел од првенството каде главна цел им е опстанок во Првата лига. Стратегот Васоски ги има на располагање сите играчи кои останаа но и четирите нови засилувања кои се приклучија на тимот. До 21 јануари тие ќе бидат во Струмица на теренот на СРЦ Пандев по што заминуваат за Анталија во Турција. Договорени се повеќе пријателски и контролни мечеви од кои првиот ќе ...

До крајот на месецов Советот на општина Валандово треба да ја донесе одлуката за ослободување на родителите од партиципација во детските градинки а ќе важи од месец февруари. Вака ни изјави градоначалникот на Валандово – Перо Костадинов откако вчера објави дека ја отпочнуваат постапката за целосно укинување на партиципацијата за згрижување на децата во градинките на територијата на Општина Валандово а средствата за ова мерка ќе бидат платени од ...

На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари. По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ѓ.А. е задржан во ...

Амбасадорот на Република Турција – Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Василево , каде имаше средба со градоначалникот Славе Андонов. На средбата се разговарало за повеќе важни теми и области за продлабочување на соработката на општина Василево со други општини од Турција. Како што објави првиот човек Андонов посебен акцент бил ставен на економската соработка бидејки имало сериозна заинтересираност турски компании да инвестираат во ...

На 09.01.2023 во 11.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш. Истиот ден во 13.50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на ...

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни дури 51.235 денари или околу 830 евра за задоволување на минималната синдикална кошничка. Гледано низ пресметките на ССМ животот на граѓаните од месец во месец станува се поскап. Ако во јануари минатата година едно семејство за да преживее му требало 35. 811 денари таа сума за животни трошоци во декември стигнала над 51 илјада денари, односно животот станал поскап за плус ...

Денеска (09.01.2022) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на ...

До летото во Радовиш на крововите на спортската сала ,,25 ти Мај’’ и ООУ ,,Крсте Петков Мисирков’’ ќе се монтираат фотонапонски централи со капацитет од 430 киловати инсталирана моќност од кој бенефит ќе имат и општините Конче и Василево. Проектот ќе го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион откако од Швајцарската амбасада но и од министерството за локална самоуправа доби околу 370 илјади евра. Како што соопштија од ...

Благица Калева е едно од најдобите фолк грла кај земјава, жена која покрај се‘ што преживеа, не се предаде ниту секунда и продолжи да чекори храбро во животот, но најмногу заради како што многупати изјавила ќерка ѝ Марија – нејзината сила, пишува порталот Женски Магазин. За Калева најголема радост последните две ипол години е нејзината внука Софија која како што вели пејачката, е нејзиниот нов живот. Годината којашто замина за Калева донела ...

Денеска (08.01.2023) во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од с.Стојаково, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
31%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
41%
1006
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
57%
1006
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
36%
1009
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.28
28%
1008
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
65%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1011
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
46%
1008
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
38%
1004
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
57%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484