Брера Холдинг во чиј борд на директори е и Горан Пандев се појави на берзата Насдк во Њујорк каде ја почнаа продажбата на акции со што ќе се официјализира и купопродажбата на струмичкиот прволигаш ФК Академија Пандев. Освен струмичкиот прволигаш ќе бидат купени и други клубов од Мозамбик, Гана, Аргентина за да се изгради цела мрежа од клубови од која најголемите таленти преку струмичкиот прволигаш потоа би се пласирале во клубови на стариот ...

На 07.02.2023 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“. На 09.02.2023 во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал ...

До крајот на мај треба да биде реконструирано спортското игралиште при ООУ „Гоце Делчев“ во Василево откако фирмата Евроградба Инженеринг од Владевци која го доби тендерот ги почна изведбените работи. Активностите започнаа со расчистување на теренот, отстранување на постојниот асфалт, оградната мрежа и спортските реквизити односно стативи и кошеви а увид изврши и првиот човек на општината Славе Андонов. Согласно Договорот со изведувачот, на ...

На 08.02.2023 во 20.55 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Б.В.(61) од село Колешино, општина Ново Село, затоа што на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава Крадењето авторски текстови е ...

Општина Радовиш ги избра најдобрите спортисти и спортски работници за минатата година кои со своите успеси и постигнати резултати ја промовираа општината како на домашен така и на меѓународен план. Изборот го изврши соодветна комисија согласно критериумите за избор откако клубовите номинираа свои преставници врз основа на постигнатите резултати во 2022 година. На присутните спортисти и спортски работници им се обрати првиот човек на Радовиш Ацо ...

Струмичките пожарникари ја почнаа својата мисија за пронаоѓање и спасување на лица под урнатините од разорниот земјотрес во Турција. Тие се лоцирани во Адана и според нивната објава на социјалните мрежи, од вчера во попладневите часови и во текот на ноќта работеле на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе . Тимот од осум пожарникари и еден преведувач се дел од Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и ...

Од март годинава минималната плата би требало да биде околу 20.500 денари и поради тоа сите вработени во државната администрација ќе добијат линеарно покачување на платата од над 2.000 денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека средствата за ова покачување се обезбедени во буџетот за 2023 година. „Ние воведовме законско решение во делот на утврдување на минималната плата. Не со административна одлука на одредена плата ...

Струмичанецот Дени Илиев потпиша договор на една година со најтрофејниот клуб во Финска – Хелсинки, со опција соработката меѓу двете страни да биде продолжена на уште 12 месеци, објави порталот Спорт 1 Македонскиот голмна Илиев дете на струмичка Беласица во минатото беше дел од лондонски Арсенал, но не доби шанса да настапи за првиот тим на „топчиите“, по што го носеше дресот на Серед, Јагелонија, Шрусбери, Орион и Тренчин. „Возбуден сум и ...

Ликовниот уметник Александар Филев и неговата сопруга Ана од Струмица продадоа две уметнички дела масло на платно за 60 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и Србија. Тие делата ги понудија на социјалните мрежи под услов купувачите парите да ги уплатат во Фондот за солидарност на Црвениот крст за помош на населението од критичните делови во овие две држави. Станува збор за дела со димензии мета 100×80 сантиметри кои брачниот ...

На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци. Тој баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“. Лицето било предадено во установата ...

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 од Богданци го спроведува проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ . Проектот ќе го реализираат до март 2024 и истиот има за цел да промовира одржливо и совесно управување со електричен и електронски отпад и минимизирање на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето ...

Почнаа изведбените работи за реализација на улицата од Радичево до црвата „Св. Илија“ со што ќе се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место во Општина Василево. Механизација на фирмата „Бони Интерградба“ работи на расчистување на трасата која ќе биде тампонирана но и и асфалтирана наредниот период и истата треба да биде готова во рок од 6 месеци. Станува збор за улица која го поврзува селото со црквата и гробиштата во ...

Земјоделките за првпат ќе добиваат платено отсуство за мајчинство, одлучи Владата на денешната седница, на која ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. За првпат досега, со оваа Програма ќе се реши правото за користење надоместок за мајчинство, кое не е опфатено за земјоделките со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи. „Предвидена е мерка за финансиска ...

Павле Витанов од Струмица ги продолжува настапите во музичкото натпреварувачко музичко шоу „Никогаш не е доцна“ на Гранд продукција откако ги освои гласовите на присутните во студиото. Тој публиката но и жирито ги освои со интерепретацијата на песната „Сине“ од Шериф Коњевиќ а посебно со емоциите кои ги пренесе со синот Ангел и сопругата Весела при изведбата на ,,Божанствена жено“ од Мирослав Илиќ. ,, Јас сум многу задоволен човек. Имам ...

Управата на ФК „Академија Пандев“ ангажираше уште четворица нови фудбалери во своите редови за исполнување на зацртаната цел во пролениот дел од првенството а тоа е пробив кон средината од табелата. Станува збор Матеј Цветановски крилен напаѓач кој доаѓа од екипата на Партизани а има настапувано и за тимовите Ѓирмот, Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП. Договор за година и половина во редовите на Академија Пандев потпиша и 23 годишниот ...

Активисти од граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион на земјава во рамките на проектот ,,Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење“ ќе прават содржини за Медиумот на локалната заедница – Локал актив . Станува збор за проект кој има за цел да го подобри пристапот до јавната сфера на ранливите групи граѓани, преку продор до јавноста на прашањата поврзани со нивните комуникациски права. На работилницита што се ...

Осум пожарникари од Струмица ќе заминат во Турција за помош по катастрофалниот земјотрес. Пожарникарите се дел од тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување. „Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија. Се надеваме дека ќе помогнат во спасување животи и справување со последиците од катастрофалниот земјотрес“ ...

Вчера (5.02.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 92 пречекорување на брзината, од кои 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра ...

Утрово во близина на населбата Три Чешми кај Штип се случи сообраќајка во која животот го загуби 36 годишен жител од Гевгелија, соопшти МВР. Во сообраќајката учествувале патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки и товарно возило „ман“ со косовски национални ознаки. ,,На 06.02.2023 околу 05.35 часот во СВР Штип било пријавено дека кај клучка со автопат Штип-Миладиновци, во близина на населба Три Чешми – Штип, се случила сообраќајна ...

Тренерот на КБК Тим Зоран е избран за најдобар тренер во индивидуалниот спорт на Општина Струмица за минатата година. Зоран Спасов признанието го доби бидејки од Државното првенство во Скопје со своите членови освои 8 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали како и медали на турнири во Србија и Босна. Спасов доби 88 бодови. Второто место го освои Атанас Василев од КК Шихан кој на Светскиот Шампионат и Куп задеца со младите каратисти освои 4 злата ...

Теодора Димоска го понесе признанието најдобар тренер во млади категории во екипен спорт на Струмица за минатата година. Под нејзина палка кадетските на ЖФК Тиверија станаа кадетски Шампиони а во младинска конкуренција –вицешампиони. Таа доби 92 бодови од осумчленото жири. Второто место замина кај Александар Митев од ОК Наковски Волеј кој со младинскиот состав стана Шампиони а со пионерите вицешампиони. Тој од жирито доби 79 бодови додека ...

Стратегот на шампионот ОК „Струмица 47@72“ –Кире Ричлиев повторно беше избран за најдобар тренер на Струмица. Тој доби максимални 96 бода односно сите членови гому доделија по 12 како потврда на неговиот контуинитет со струмичката одбојка и низата од повеќе години освоени титули Второто место му припадна на тренерот на женскиот прволигаш „Тиверија“ Славе Велков, кој со тимот стаса до вицешампионската титула а паралелно е дел од стручниот штаб на ...

На манифестацијата Избор на спортист на Општина Струмица беа избрани и најдобрите млади спортисти во индивидуалниот спорт. За најдобар беше прогласен 16 годишниот Александар Делиовски од КБК Тим Зоран кој доби 75 бодови од жирито за освоената титула Државен првак во кик бокс и балкански шампион до 69 и 63 килограми. Второто место му припадна на Филип Пасков од ШКК ШИХАН кој доби само бод помалку од Делиовски или 74. Жирито за него гласаше ...

15 годишната Теона Галабовска – капитенот на кадетскиот состав на ЖФК Тиверија е избрана за најдобар млад спортист на Струмица од екипниот спорт. Теона која настапува за сите генерации на женскиот фудбалски прволигаш од жирито доби 79 бодови Второто место и припадна на најдобриот играч во младиснката екипа на ОК Наковски Волеј која минатата сезона стана Шампион – Добрина Хаџи Тосева. Таа е една и од најважните членски и на сениорскиот состав а ...

Елена Биџева од ШКК „Шихан“ заедно со Славе Делиовски од КБК „Тим Зоран“ се најдобрите спротисти на Струмица во индивидуалниот спорт за минатата година. Тие од жирито добија по 86 бодови. Признанието доаѓа поради фактот што Биџева на Светскиот Шампионат во Карате во Апсолутна категорија во борби, во КО-Го и со репрезентацијата освои бронза. Делиовски пак заради фактот што повтроно стана Дрѓавен првак и освоени први и втори места во кик бокс ...

Капитенот на ОК „Струмица 47@72“ Владо Милев ја освои титулата најдобар спортист на Општина Струмица за 2022 година. Признанието е резултат на фактот што тој како предводник на одбојкарскиот тим ја освои Шампионската и КУП титулата на Македонија а настапуваа и во Лигата на Шампиони и Купот на ЦЕВ. Тој од жирито доби 94 бодови и најави дека и оваа сезона струмичани ќе атакуваат на нова двојна титула и нов излез во Европа Второто место и припадна ...

Славица Ангелова од Струмица со одличната изведба на песните „Колена“ од Кристина Ковач обезбеди пласман во третиот круг од балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа настапи во дуел со Самир Џакановиќ. Двајцата добија по шест гласови од жирито кое не сакаше да коментира бидејки презентирааа фантастични вокални перформанси во своите настапи па Поповиќ одлучи и двајцата да одат во следниот круг. ,,Жирито за прв пат без коментар“ објави ...

Во пресрет на новата производствена земјоделска сезона се тампонира полскиот пат од населбата Софилар во Струмица кон атарот на населеното место Ангелци. Станува збор за делница од должина од 1850 метри за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Општина Струмица аплицираше за средства од програмата на МЗШВ за таа намена а во јули годинава им беа доделени договорите. Се тампонира делницата во месноста викана Кумиште а ...

Струмичкиот кошаркарски прволигаш од денеска има нов тренер. На кормилото ќе биде Јорданчо Давитков поранешениот македонски селектор и човек кој своевремено беше дел од струмичката кошаркарска приказна. Тој треба помогне на КК Струмица да ја надмине резултатската криза со оглед дека се наоѓаат на последната позиција ма табелата. Досега КК Струмица има со само две победи од 13 вкупно одиграни првенствени натпревари во Прва лига „Струмица е град ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
26%
1007
weather icon

Белград

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
37%
1007
weather icon

Загреб

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
59%
1007
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1009
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.1
21%
1008
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
4.67
68%
1008
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
6.17
53%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
27%
1011
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
29%
1010
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
41%
1008
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1006
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
47%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484