
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Синоќа околу 21 часот во населбата Љубиќ кеј во Чачак се случи двојно убиство. Според информациите кои како што пренесувааат тамошните медиуми се уште не се официјално потврдени, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си. – Телата се пронајдени во станот, а осомничениот син е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград – раскажува за РИНА извор запознаен со случајот. Според ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци ...
Професорот Гордан Калајџиев преку фејсбук статуси реагираше за фалсификатите но и за коррупцијата. „За еден другар прашувам: како со еден фалсификат се оди во притвор а со друг на функција?!“, напиша тој. Во друг статус пак, тој го спомена јадењето живи луѓе на Заев, и вчерашната изјава на Мицкоски дека за уши ќе ги вади виновните. „Еден премиер викаше: “Живи ќе ги јадеме?!” Другиов: “За уши ќе ги вадиме од дома!” Леле мајко! Со што го ...
ЈП Македонијапат вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и ...
Нов инцидент на улиците се случил вчера во Тетово, кога возач со автомобил „Голф“ удрил во велосипед на кружен тек на булеварот „Маршал Тито“ во градот, а потоа избегал од местото, соопшти МВР. „На 16.03.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на ...
Според очевидци, пожарот започнал кога пиротехнички средства употребени за време на настапот ја запалиле запаливата таванска конструкција на клубот, предизвикувајќи брзо ширење на огнот. Во тој момент, во клубот имало голем број посетители. Ова предизвикало паника и стампедо, при што многумина се здобиле со сериозни повреди. Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека „Кочани е мртов град“, нема со генерации да се оправат по ...
Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркот во Кочани од каде граѓаните извикувајќи „убијци“ и „секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда. Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор. ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло ...
Фејсбук пост на писателката Румена Бужаровска: ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ НЕ СЕ СЛУШНА Присуствував на денешниот собир организиран од студентите на платото на УКИМ. Платото беше полно. Реки млади видно истрауматизирани луѓе се слеваа кон универзитетот. Немаше место каде да се стои. Во траорната атмосфера во која сепак се чувствуваше сплотеност, одржавме седум минутен молк. А потоа излезе да зборува Ректорката. На универзитетски собир тоа до некаде ...
Сопругата на пејачот Андреја од бендот ДНК, кој го изгуби животот во големиот пожар кој настана во дискотека во Кочани, се обрати до медиумите. – Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката ...
И покрај дождот, кочанчани во голем број се собраа на градскиот плоштад за најавениот протест. Има голем број на луѓе – од најмали до најстари… Тие носат транспаренти и бараат правда за загинатите и одговорност од институциите. Училиштата во градот денеска формално биле отворени, но немало настава. Се поголем број граѓани доаѓаат да се потпишат во книгата на жалост и да запалат свеќи. Мнет телевизија објави видео со потресни сцени…Тагата и ...
Наставничката Елена Накова со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Таа напиша: -Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме ...
Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат ...
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја обви Македонија во црно и уништи многу соништа и надежи. Тоше Богданов од Кочани излегол со пријатели да прослави за раѓањето на неговиот син, но за жал, никогаш не се вратил дома. Младиот татко го изгубил животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа уште 58 други животи. Неговата сопруга Деспина преку социјалните мрежи со трогателна порака се збогуваше со него, ветувајќи дека ќе биде ...
Утрово Кочани се разбуди со нова трагедија. Долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани кој ноќва починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и не се пробудил. Колегите и пријателите се во шок и неверување. „После кобното дежурство кога работевме цела ноќ неуморно нештедејки се на терен, осамна уште покобен ден, нашиот другар, возач и пред се ЧОВЕК Ile Gocevski не напушти ова утро како ...
Денес ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта и ...
Драги и почитувани пријатели, Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот. Панчо мил,Те молам не се предавај!!!! Владимир е во ...
Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба. За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 ...
И кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката Плус во Кочани, во која починаа 59 лица, а стопедест се повредени. Тажната вест ја потврдија од неговиот клуб. „Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е ...
Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотека во Кочани, потврди Факултетот за музичка уметност. Нејзината колешка Ана Костадиновска, која е придружен вокал за „ДНК“ и предава во средно музичко училиште, е во стабилна состојба и се лекува дома, потврди нејзиното семејство. Пројковска беше самохрана мајка на две деца. Таа во текот ...
Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Како што пренесува српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син. Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата. -Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со ...
Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила. Кај него, пријавиле дека ќе снимаат спот. Од дрифтањето има десетина судири и штети. „Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот”. При тоа, причинети десетина судари и штети на ...
На плоштадот во Штип вечерва се палат свеќи за загубените животи на младите штипјани во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Двајца од загинатите се деца од 16 години, кои биле дел од младата публика на концерот на ДНК. Загина и фотографот Александар Ефремов и музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов. Младиот гитарист Горан Тонев со тешки изгореници и пренесен на лекување во Скопје. Од рано изутрината се пренсесени над триесетина повредени ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција, дознава Плусинфо. Бектеши е повикан на распит во полициската станица во Карпош. Како што објавивме претходно, додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. И ...
Премиерот Христијан Мицкоскина прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени. На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, рече дека се додека не ги порази сите овој корумпиран систем, нема да поднесува оставка, а за кредибилитетот на еден политичар ќе се види на ...
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот. И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани. Сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од ...
Низ актуелната траорна ситуација во која се наоѓа Македонија, уште една ужасна вест го потресува и македонскиот спорт. Почина младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров кој претходно беше хоспитализиран откако низ трагичната ситуација во пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. И покрај тоа што претходно Шкупи информираше дека 25-годишниот Андреј е на интензивна нега, но е надвор од животна опасност, сепак по само неколку часа ...
Освен Горги Горгиев, меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитрист во ДНК, објави ММС.мк Стевановски и Коларов се од Штип и, како што велат штипјани, и двајцата биле оженети за две сестри. Според видеата, што се споделуваат на социјалните мрежи во моментот кога настанал ...
Тапанарот на групата ДНК, која настапуваше во дискотеката „Пулс“ Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани. Според она што го напиша на Фејсбук неговиот брат Димитар Горгиев, Ѓорѓи бил многу ценет и почитуван од своите пријатели и соработници. Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар кој својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш ...
Тажната вест ја објави градоначалникот на Струмица : Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, ...