Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната седница ја запре постапката. Тоа значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари. На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен ...

Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се овозможи линеарно усогласување на пензиите и подоцна измените со кои тоа зголемување им се овозможува само на оние што живеат во државава, направија хаос што мора да се реши, но засега нема никаква реакција од институциите. Ако ова помине молчешкум, 12.000 наши пензионери што живеат во странство нема да добијат ниту линеарно, ниту пак редовно зголемување, кое како механизам ...