Големо невреме попладнево го зафати Тетово проследено со силен ветер и пороен дожд. Иако невремето траеше кратко, има оштетување на електричната мрежа, опаднаа дрвја, а има и оштетени автомобили. Најголеми штети има на улицата Бране Стефановски, веднаш до старата градинка. Таму силниот ветер од корен откорна големо дрво кое падна на жиците од електричната мрежа поради што тој дел од Тетово е без електрична енергија. Дрвото исто така оштети и ...

Силно невреме беснее во делови од Македонија – УХМР ги објави најновите детали Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во моментов има нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град во повеќе делови од земјата. Пелагонискиот регион е зафатен со нестабилна облачна маса која е проследена со пороен дожд ,грмежи , засилен ветер и појава на град. Нестабилност има и на североистокот на ...

Се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, ова укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град, забалежува УХМР. Радарската слика покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град. Метео прогнозерот објави видео од невремето во Гостивар и Тетово. Бурното невреме ...

НЛБ Банка Скопје известува дека пензиите се исплатени и средствата може да се користат уште веднаш. „Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка, од понеделник 30.6.2025“, известија од банката. Да потсетиме, денеска и ...

УХМР ОБЈАВИ МАПА: Невреме во делови од Македонија Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Метео прогнозерот објави видео од невремето во Гостивар и Тетово. Бурното невреме од северозапад навлегува во нашата Република Македонија. На удар се Полошкиот регион, Скопско, централните, локално источните и ...

Временските непогоди можат да нанесат значителна штета на возилата, а градот е една од најопасните форми на врнежи. Големите и цврсти грутки мраз што паѓаат од небото можат да остават гребнатини, вдлабнатини и дури да ги оштетат стаклата и каросеријата на автомобилот. За среќа, постојат неколку корисни совети кои можете да ги примените за да го заштитите автомобилот од градот кој веќе со часови ја зафаќа Србија. Најчести штети од град: ...

Силно невреме беснее во регионот – градот направи големи штети Град паѓаше во делови од Постојна и Логатец среде ноќ, оштетувајќи покриви, кршејќи прозорци, уништувајќи фасади и оштетувајќи бројни автомобили. Во областа Горишка, поради ветерот, дрво паднало врз автомобил во кој се возела 31-годишна жена, која не е повредена, додека друго дрво паднало веднаш до основно училиште во Шемпетер, јавува 24ур. Попладне и вечерва во Македонија се ...

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите. Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што ...

Четири лица меѓу кои и малолетничка, се повредени во сооибраќајка во Велес. Несреќата била пријавена околу 23 часот во СВР Велес. На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. ...

Вчера утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа. На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино. ...

Во главниот град на Централноафриканската Република, во Банги, за време на церемонијата на полагање на матурата, се случи страшна експлозија на трансформатор, при што загинаа 29 ученици, меѓу кои 16 девојчиња, а дури 260 беа повредени. Трагедијата се случи во средното училиште „Бартелеми Боганда“, додека околу 5.000 ученици низ градот полагаа завршни испити. Во моментот на експлозијата, работниците се обидувале да ја вратат електричната ...

По серијата поскапувања од полноќ цената на дизелот се намалува. Моменталната цена на дизелот изнесува 73 денари – од полноќ цената се намалува за 2,5 денари што значи дизелот ќе изнесува 70,5 денари. Моменталната цена на мазутот изнесува 41,7 денари – од полноќ цената се намалува за 1,5 денари што значи мазутот ќе изнесува 40,2 денари. Останатите цени на горивата остануваат непроменети. Екстра лесното масло изнесува 72 денари Еуросупер Бензин ...

Халкбанк денеска изврши исплата на јунските пензии на сите пензионери кои добиваат пензии преку банката. Фејсбук статус на ХАЛК БАНК: Драги пензионери, Пензиите за мај се веќе достапни – ДУРИ НЕКОЛКУ ДЕНА пред први! Од денес (27.06.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските ...

Аргентинско-американскиот музичар Лало Шифрин, кој компонираше музика за десетици холивудски филмови и ТВ серии, почина на 93-годишна возраст, објавија медиумите во четврток. Синот на Шифрин, Вилијам, ја потврди смртта на својот татко, објави „Холивуд репортер“. Роден во Буенос Аирес, Шифрин станал обожавател на американскиот џез во тинејџерските години. Тој бил и пијанист и диригент, и имал шест номинации за Оскар за филмска музика, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала ...

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед. На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните ...

Нема повредени по пожарот во стан на улица Булевар Македонија во Делчево, пренесува Делчево 365. Пожарот што избувна ноќеска околу 00:20 часот зафати еден стан во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево. Во настанот нема повредени лица, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед. На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од ...

Долгите шпекулации конечно добија потврда – Владата преку ребаланс на Буџетот за 2025 официјално објави ново покачување на пензиите и платите во јавниот сектор, пишува Банкометар. Овој пат не се работи за симболични корекции – туку за конкретни, видливи суми кои ќе се почувствуваат уште со јулската исплата. Според документите што ги објави Министерството за финансии, просечната пензија ќе скокне за 2.130 денари, што значи дека голем дел од ...

Според астролозите, два хороскопски знаци до крајот на месецот ќе добијат многу пари, без разлика дали се работи за наследство, промена на работното место и земање поголема плата или добивка на лотарија. Стрелец Стрелците имаат одличен период за започнување нови работи, промена на кариера и барање нова работа. Ќе имаат многу енергија, самодоверба и ќе бидат подготвени да ја искористат секоја прилика што ќе им се укаже. Им се советува да ...

Ужасна вест, која самата ја сподели на социјалните мрежи. Имено Камила Херем, некогашна ракометарка на ЖРК Вардар објави дека боледува од рак на дојката, пренесе спортскиот портал Спорт спорт. Норвешката репрезентативка, иако има 38 години, таа сеуште е активна, преку својот Инстаграм објави за ужасната вест. „Пред три и пол недели почувствував грутка во градите, некаде со големина на зрно грашок, и си помислив дека морам да проверам што е ...

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем. Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи. Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше ...

Силно невреме денес предизвикало значителни штети во некои места во Тирол, Австрија. Во округот Швац и поширокиот регион Кицбил биле потребни повеќе интервенции од противпожарните служби, додека во Фиген во Цилертал е забележано силно невреме проследено со град. Додека низ Фиген течеле надојдени потоци, град искршил бројни автомобилски стакла. На повеќе локации во општината, по попладневното невреме останал слој град дебел неколку сантиметри, ...

Македонец на возраст од 19 години вчера попладне почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето, кое според информациите е од Тетово, од водата било извлечено во бессознание и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт. Информацијата за трагедијата ја сподели Крајбрежната служба на Грција. -Прелиминарна истрага спроведува 2-та пристанишна управа на ...

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силната бура што ја погоди Франција, соопшти одделот за цивилна заштита на земјата. 11.000 корисници останаа без струја. Фотографиите и видеата покажуваат силни ветрови кои корнеле дрвја, обилни дождови и град, како и поплавени улици. Дванаесетгодишно момче загина кога дрво паднало врз него во југозападна Франција, а еден маж е повреден кога неговиот квадбајк удрил во паднато дрво на северозапад, ...

Toплотниот бран со потекло од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија го достигнува својот максимум, па така денес и утре (четврток и петок 26/27 јуни) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен. Веќе утре (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични конвективни ...

Три лица се однесени во болница, а 14 други се здобиле со полесни повреди откако двокатен училишен автобус се лизнал од патот и се влегол во река во Хемпшир, Англија. Итни служби биле повикани на местото на настанот околу 10:07 часот наутро во четврток наутро, кога автобусот „Блустар“, кој превезувал ученици од колеџот „Бартон Певерил“, се лизнал од патот. Портпаролот на Службата за брза помош изјави дека на местото на настанот се испратени ...

Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира УХРМ. Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. УХРМ препорачува во случај на појава на ...

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти ...

Градоначалникот Бобан Стефковски сподели во објава на Фејсбук дка денеска 568 пензионери од Општина Гази Баба ќе добијат по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки. Станува збор за пензионери со ниски пензии кои се пријавија на јавниот повик на општината. „Пред само неколку дена беа исплатени средства на 510 пензионери, а со денешната исплата вкупната бројка изнесува 1.078 пензионери кои добиле поддршка од општината. Комисијата ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.09
83%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
75%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
67%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Родиум

258813.51

Злато

139515.92

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88