Крвава драма се случила утрово во скопско Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и неговиот малолетен син, по што се самоубил. Случајот го потврдија од МВР. „Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да им украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Опасност од измамата Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: Предупредувања и препораки ...

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа). До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец. Во Скопје времето ќе ...

На улицата Вуковарска во Осиек нешто пред 7 часот се судрија два автобуса. Многу брзо по сообраќајната несреќа на местото на настанот пристигнале неколку екипи на Итна медицинска помош кои им пружале помош на повредените. Како што неофицијално дознава Глас Славоније, повредени се околу 15 лица. Од полициската управа Осиек-Барања соопштија дека во 06:39 часот добиле пријава за несреќата. Полициски екипи се на терен и повеќе информации за тоа ...

Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост. Информацијата утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци. – Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на крсосницата кај Брушански мост во градот. Четирите ...

Територијата на нашата Република Македонија во текот на целата оваа седмица ќе биде пов влијание на изразен циклонски систем со центар јужно и југозападно од нас. Токму поради оваа најава погоре, апелираме на крајна внимателност, и тоа поради опасноста од локални поплавувања. Исто така, во зоната на нестабилност, ќе има и појава на засилен до силен ветер, најпрвин од јужен, а потоа и од северен правец, повремено и локално со брзина до околу, ...

Почина пејачот Предраг Пеѓа Бошњак на 34-годишна возраст. Тој беше познат на пошироката публика по учеството во музичкото шоу „Ѕвезда Гранда“. Според информациите, трагичната несреќа се случила кај Палиќ, во Србија. Пеѓа Бошњак управувал мотоцикл кога изгубил контрола и паднал. Несреќата се случила вчера околу 16:35 часот на обиколницата околу Палиќ. Со тешки повреди, пејачот веднаш бил пренесен во Општата болница во Суботица. И покрај ...

Повеќе од половина час им требало на некои луѓе да се евакуираат од опожарената дискотека во Кочани. Продолжува истрагата за причините кои довеле до инцидентот во кој животот го загубија 59 млади лица. „Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше една девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме притиснати заедно“. Така започнува приказната на еден од младите кои таа кобна ноќ биле во дискотеката Пулс. По негово барање, бугарската БТВ ...

Тешко повредени се двајца возачи во две одвоени сообраќајни несреќи откако со возилата излетале од пат. Околу 20 минути по полноќ, 51 годишниот скопјанец А.Н. излетал со возилото „цитроен берлинго“ од магистралниот пат Охрид – село Подмољје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Втората несреќа се случила вчера околу 21 часот на локалниот пат с.Боговиње-с.Пирок кога ...

Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма, објави Катимерини. Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема информации за непосредна опасност по околните домови. Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат на готовност, а вторпат да се евакуираат. „Бидете внимателни и следете ги упатствата на властите“, гласеше првата порака, а неколку минути подоцна, поради ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил ...

Фејсбук пост на професорката Мирјана Најчевска: КАКОВ БРЕ СОБИР? ПРОТЕЕЕЕЕСТ!!!! КАКВО БРЕ МОЛЧЕЊЕ? ВИКАААААЊЕЕЕЕЕ!!!!! ШТО БРЕ СТРАВ ОД МЕШАЊЕ НА ПОЛИТИКА? ПА САКАМЕ ДА СЕ МЕНУВА ПОЛИТИКАТА ЗНАЧИ МОРА ДА ИМА МЕШАЊЕ НА ПОЛИТИКА. Дајте бре не дозволувајте да ви го отапат гневот. Не дозволувајте да ве изашкаат. Не дозволувајте да ве смират. Не дозволувајте да ве превезат жедни преку вода. ПРОТЕСТИТЕ НЕ СЕ ПРОТИВ КОНКРЕТНА ПАРТИЈА ТУКУ ПРОТИВ ...

На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот на „ДНК“, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред неколку дена Ана за прв пат се огласи по големата трагедија. -Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина….., а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ, напиша тогаш Ана на социјалните мрежи. Денеска објави уште еден емотивен пост. Објави ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени. УХМР информира дека под влијание на влажни воздушни маси ...

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е ...

Благојчо, кој работел во минатото како обезбедување на дискотеката „Пулс“, побара од политичарите по итна постапка да донесе закон за потекло на имот. Тој смета дека поради корупцијата се случи трагедијата во Кочани, во која починаа 59 лица. „Вашата корупција нè погреба сите. Сè што крадевте 30 години, до денар да му вратите на народот Да имаше ред и закон, немаше сега да плачеме и да носиме црно. Народот ќе плаче и ќе собира донации, а вие ќе ...

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово била прегазена од товарно возило кое го управувал 20-годишен жител на селото Мала Речица, соопшти полицијата. „На 20.03.2025 во 13:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово. Во ...

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу вчера 14.30 часот на бул. Партизански одреди во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје. „Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ каде ѝ била укажана лекарска помош и ...

Во Штип синоќа голем број граѓани излегоа на собир на кој им оддадоа почит на трагично загинатите во страотниот пожар во Кочани. Учесниците носеа транспаренти, цвеќе, свеќи и балони, како и слики на петтемина млади штипјани кои го загубија животот во кочанската трагедија. На најголемиот транспарент, на челото на поворката, пишуваше: „Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“. Еден од загинатите, фудбалерот Дамјан Танески, денеска требало ...

Сончево со умерена облачност предвидува УХМР за денес. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Од недела следува период на променливо облачно и ...

39-годишен возач од скопското село Крушопек е уапсен денеска откако удрил 12-годишно девојче на булеварот „Партизански одреди“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14:30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски ...

Огорчен глас од Кочани: „Плаќаме, а ништо не добиваме!“ Фејсбук групата „Кочани“ сподели потресен статус на еден нивен сограѓанин. Тој без влакна на јазикот ја опишува реалноста со која се соочуваат многумина во земјата. Неговите зборови одекнуваат силно. Статусот на сограѓанинот гласи: „Плаќаме пензиско – не ја дочекуваме пензијата. Плаќаме здравство – се лекуваме во странство. Плаќаме патарина – гинеме на патиштата. Плаќаме комуналии и ...

Голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница, јавија локалните медиуми. Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева. Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар. Според дел од коментарите на струмичани на социјалните мрежи, денеска ...

Деветнаесетгодишното момче-херој, Јован Костадинов од Виница, кој успеал да спаси дваесетина животи за време на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во добра состојба. Тој е згрижен во скопскиот Клинички центар и очекува за неколку дена да биде отпуштен, пишува „24 инфо“. Јован вели она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија. „Ги гледаш другарите и другарките како ...

Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е ...

„До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети“ повикуваат од иницијативата „Кој е следен?“. Преку социјалните мрежи иницијативата, која се формираше по прегазувањето на младата Фросина во Скопје и која го оргнизираше масовниот собир за искажување сочувство на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, повикува на протестен марш. Како што пишуваат тие на ...

Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Во возилото, како што пишува во информацијата, удрило цивилно возило. – Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна ...

Мислењата за менување на часовникот се поделени подолго време. Некои се колнат во придобивките, други се против, но малкумина можат да останат рамнодушни на повеќе дневна светлина. Често се слушаа иницијативи за укинување на овој принцип, но поголемиот дел од светот сè уште ги прилагодува своите часовници двапати годишно. Сепак, тоа има значителни последици за некои индустрии, па затоа истражувавме кои се таканаречените економски последици. ...

Граѓаните на Кочани гневни откако е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако се уште трае седумдневната жалост за загинатите во страотниот пожар. На фејсбук страницата Кочани (Гласот наКочани) од каде граѓаните постојано се информираат, напишаа: „Граѓанска реакција: Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост? Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
73%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
85%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
0.48
31%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.96
49%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.0
96%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
53%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
68%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
71%
1017
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
82%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
73%
1017
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.59662