Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Три лица уапсени во Струмица заради шверц на наркотична дрога Во голема полициска акција во Струмица, беа уапсени три лица поради сомнение за шверц на наркотична дрога. Акцијата ја спроведе Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица. Уапсените се двајца жители на Скопје и едно лице од Струмица, а кај нив беше пронајдена поголема количина марихуана. Тие се дел од организирана криминална група која ја користела рутата ...
Земјотрес со јачина од 4,6 степени нешто пред 13 часот денеска го потресе Неапол и околината. Според извештајот на италијанската сеизмолошка служба, потресот е регистриран во 12:47 часто, и бил најсилен потрес од 13 март оваа година, кога јачината беше 4,4 степени. Епицентарот на денешниот бил во море, пред градот Баколи, на длабочина од 4,9 километри, но се почувствувал и во Неапол. Засега нема информации за материјална штета. Потресот од 4,6 ...
Министерот Трифуновски објави убава вест за овие земјоделци. 👉Денеска е реализирана исплата во вкупна вредност од 265.720.530,00 денари кон 4.659 лица. 💰 Исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 1.3 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Посветено работиме на развојот на земјоделскиот сектор и ...
На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско. Во несреќата на ...
Општина Гази Баба продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери. Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата фејсбук страница истакна дека 370 пензионери ја добија помошта. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост. Денес 370 нови корисници на ниска пензија добиваат по 2.500 денари. ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ...
Од утре стапува во сила забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра Од 1 јули 2025 година, стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ целата држава, која ќе важи до крајот на август, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Како што посочуваат од Министерството, оваа мерка се воведува поради зголемен ризик од шумски пожари, а за нејзиното непочитување се предвидени ...
Јужна Европа денеска е зафатена од екстремен топлотен бран, при што температурите во Шпанија, Португалија, Италија и Грција надминаа 40 степени Целзиусови. Локалните власти издадоа итни предупредувања за опасност од шумски пожари и препораки за заштита на населението, јавува агенцијата Associated Press. Во Португалија, дури две третини од територијата се наоѓаат во состојба на висока подготвеност поради екстремната жештина и зголемениот ризик ...
Три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост. Фејсбук статус на НЛБ Банка Почитувани пензионери, Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш. Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно ...
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди Србија Утрово во 07:48 часот, на територијата на Србија е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на населбата Мељак, на околу 1,6 километри од неговиот центар, со географски координати 44.61 степени северна географска ширина и 20.38 степени источна должина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки ...
Од полноќ нови цени на горивата Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за малопродажните цени на нафтените деривати. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во петкот се намали за 2,50 ден/лит, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сега изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР ...
Двајца млади мажи, на возраст од 23 и 24 години, загинаа во саботата навечер во Валчеа, Романија, откако нивниот автомобил излета од патот, удри во цевка од топлана и се запали. Возилото излетало со брзина од 185 километри на час. Полицијата се обиде да ги запре, но возачот избега… Само 23 секунди подоцна, тие изгореа живи во автомобил што го купиле само два часа претходно. Според романските медиуми, телата на младите мажи биле пронајдени ...
За четири хороскопски знаци започнува период на преродба и ги очекува вистинска среќа и успех. По годините поминати во страдање поради неповолниот распоред на планетите и ѕвездите во нивниот хороскоп, дојде времето да бидат наградени. Имено, планетата Уран, која симболизира ненадејни подвизи и бунт против старите навики, полека излегува од знакот бик, каде што се наоѓа уште од 2018 година. Овој седумгодишен циклус донесе многу потреси, промени ...
Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови! ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА ВРАЌАЊЕ. Ти, Драган Павловиќ Латас, не знаеш што направи. Во својата бедна, јадна и платена служба кон ВМРО-ДПМНЕ, ја згази последната црвена линија. Не удри по мене – туку по мртов човек. По мојот татко. По мојата крв. По основата на се што сум. Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Времето во ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 21 часот на 29 јуни 2025 година се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека 2 остануваат активни. Активни пожари: Прилеп – с. Бешиште: гори сува трева и мешана шума Новаци – с. Градешница: пожар во шума Изгаснати пожари (дел од поистакнатите локации): Шуто Оризари – Визбегово: повеќе пожари кај хотел „New Star“, Коњски Рид и на ул. 2 бр. 106 (изгорено ...
Полицијата во акција – претреси на повеќе локации, уапсени повеќе лица Во координирана акција на скопската полиција спроведена на 28 јуни, се уапсени четири лица поради поседување наркотични средства. Меѓу приведените се 22-годишен штипјанец и тројца скопјани на возраст од 30, 45 и 48 години. Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја, марихуана и таблети со психоактивно дејство. Од МВР најавуваат кривични пријави по документирањето на ...
Страотна автобуска несреќа го потресе светот – има многу загинати и повредени Во судир меѓу два автобуса на северот од Танзанија, најмалку 38 лица загинаа, а 30 се повредени, соопштија денес официјални лица. Судирот се случил синоќа во областа Сабасаба во регионот Килиманџаро, а автобусите се запалиле при ударот. Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денес изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на жртвите, како и до ...
Трагедија го потресе светот: Во несреќа во рудник загинаа најмалку 11 рудари Делумно пропаѓање се случи во рудникот за злато Керш ал Фил, лоциран во источен Судан, при што загинаа 11 рудари, објави денес државната фирма одговорна за рудникот. Несреќата во рудникот се случи во близина на градот Хуеид, сместен во пустина, извести компанијата „Судански минерални ресурси“. При уривањето на рудникот, повредени се и дополнителни седум работници, кои ...
15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов 13-годишен роднина. Како што соопшти МВР, ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Ч.Х. од Скопје пријавил дека на 28 јуни, околу 21.00 часот, неговиот син бил повреден на подрачјето на Бит Пазар. „Се работи на расчистување на случајот, а се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности“, ...
Женско лице попладнево околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, што се издигаат над јужниот брег на Охридското Езеро. Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети јован Канео“, при што се здобила со полесни телесни повреди. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на лице место биле испратени полициска и ...
На 87-годишна возраст по кратко боледување почина Јован Брмбески, своевремено еден од најпознатите интерпретатори на народна музика од градот под Марковите Кули. Македонската народна песна му беше дел од душата. Ја запеал првата песна на 13 години во живо, а во својата музичка кариера има снимено над 70 македонски бисери кои никогаш нема да исчезнат. Брмбески работниот век го помина во Тутунскиот Комбинат, каде 40 години работеше како ...
Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не ...
Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското село Јосифово. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место. На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија. Според информациите на ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија. По барање на ...
Трагедија се случи денеска во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило десетгодишно девојче со потекло од Македонија, пренесува „Раи“. Трагедијата се слкучила додека девојчето се капело со своите браќа. Веднаш била подигната тревога, а пожарникарите и карабинерите брзо пристигнале на лице место. За вадење на телото се погрижиле нуркачите од противпожарната бригада. Потрагата траела ...
Кире Науновски од Свети Николе важи за фаворит во „Никогаш не е доцна“, а моментално и води на Фејсбук гласањето. Тој со музика започнала да се занимава уште од 16 годишна возраст, кога почнал да пее на свадби и прослави. Што се однесува до натпреварот, најголема поддршка има од сопругата со која е повеќе од 15 години и со која има две деца. Во првиот круг Кире имаше голема трема, што сите го забележаа, а доби поддршка и од Тијана Дапчевиќ ...
Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. Од утре следува период на стабилно и потопло ...
Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија го регистрирала потресот на неколку сеизмолошки станици ширум државата, при што е утврдено дека епицентарот се наоѓа во епицентралното подрачје Валандово, оддалечено околу 120 километри југоисточно ...
Невидена ситуација ги затекна гледачите на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ – откако големото финале, беше ненадејно прекинато. Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг од настапите на финалето од 20 кандидати. Водителката Ана Севиќ во програмата во живо рече: Драги гледачи, Гранд продукција отсекогаш ги почитувала правилата и како ...
Регистриран нов земјотрес во Албанија со магнитуда од 3,1 степени според Рихтеровата скала. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на потресот бил лоциран на околу 9 километри од главниот град Тирана, а хипоцентарот се наоѓал на приближна длабочина од 6 километри под површината на земјата. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби внимателно ја ...