Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. – Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...

Европските сојузници засега одбиваат да ја поддржат американската иницијатива за формирање заедничка поморска мисија во Ормуската Теснина додека не се воспостави траен прекин на огнот во конфликтот со Иран, пишува денеска Политико, повикувајќи се на неименувани претставници, додавајќи дека таквото однесување укажува на растечките резерви на европските држави кон американската политика. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, побара од ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Подобри услови за работа и извршување на задачите на припадниците на македонската Армија. Тоа е нашата искрена заложба и цел кон која посветено работиме, затоа што припадниците на Армијата го заслужуваат најдоброто, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски. Министерот за одбрана, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во ...

Француската полиција заплени речиси 165 килограми кокаин скриени во системот за климатизација во камион со холандски регистарски таблички, кој го запрела во регионот Бургундија на истокот од земјата, соопшти денеска царинската служба. Возилото, управувано од 32-годишен Шпанец без претходно криминално досие, се движело на 17 јули за време на топлотниот бран, по автопатот А6 меѓу Бон и Шалон сир Сон, се наведува во соопштението за јавност, ...

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со заменик-министерот Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Тетово Билал Касами, делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија Клиничката болница во Тетово. На средбата присутен беше и директорот на Клиничката болница Тетово, Ерзен Елези. На средбата, како што соопшти Министерството за ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...

Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди – напиша доктор Драган Даниловски на „Фејсбук“ за случаите на западнонилска треска во државата. Во државата досега се евидентирани осум случаи на западнонилска треска. – Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот ...

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападнал и запрел три нафтени танкери, кои ги игнорирале предупредувањата во Ормуската Теснина. Пред неколку часа, три нафтени танкери, кои ги игнорираа нашите предупредувања и продолжија по опасната и нелегална рута, се погодени и беа принудени да запрат, се наведува во соопштението на ИРГЦ. Иранските сили претходно лансираа балистички ракети врз американските сили на ...

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...

Илјадници лица се вратија во своите домови по повеќедневната евакуација поради големите шумски пожари во централна Шпанија, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против огнот пред новиот топлотен бран што би можел дополнително да го отежне гасењето. Претставникот на шпанската влада за покраината Мадрид, Франциско Мартин Агире, соопшти дека 24 илјади евакуирани жители се вратиле во своите домови, додека за дополнителни дваесет илјади е ...

Чад преку писмо ги информираше Обединети нации дека иницира процес на повлекување од Меѓународниот кривичен суд. Повлекувањето трае најмалку една година. Чад е четврта африканска држава која од 2025 година се повлекува од Меѓународниот кривичен суд. Минатата година се повлекоа Нигер, Мали и Буркина Фасо. Бирото на Стејт департментот за африкански прашања ја поздрави одлуката на Чад и ги повика сите држави да се повлечат од Меѓународниот ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод. Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата. „Ниту Иран ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...

Премиерот на Ирак, Али ал Заиди, по синоќешните воздушните американско-саудиски напади врз цели на ирачките милициите поддржани од Иран, свика итен состанок на Советот за национална безбедност. Ирачката влада соопшти дека сака да ги разоружа милициите, иако има малку индикации дека тоа ќе биде можно во блиска иднина. САД соопштија дека нападите биле насочени кон милициите сојузнички на Иран, кои дејствуваат во Ирак. Американската армија ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Делчево, каде што ќе изврши увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти. Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на реконструкцијата на улицата Индустриска кај Градскиот пазар, покрај мостот на реката Брегалница, како и на реконструкцијата на улицата Видео Смилевски Бато во ...

Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД за време на пандемијата со САРС ков-2 вирусот и тогашен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID), денеска во 8.30 часот по вашингтонско време во американскиот Сенат ќе биде испрашуван пред Комисијата за домашна безбедност и владини работи, со која претседава сенаторот Ранд Пол, републиканец од Кентаки. Сослушувањето ќе се случи неколку дена откога ...

Саудиска Арабија соопшти дека нејзината армија во координација со Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), во извршила целни напади во Ирак врз милитантни групи поддржани од Иран. Нападите се одговор на неодамнешните напади со беспилотни летала извршени од Ирак врз саудиските нафтени постројки. И американските сили потврдија дека заедно со саудиските вооружени сили нападнале цели на ирачките милиции поврзани со иранскиот Корпус на исламската ...

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со ...

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во своите матични општини. Отворањето на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, во присуство на претставници на локалната самоуправа, ...

Дојдов од Бугарија во Македонија зашто ме влечеше националното чувство како Македонка и среќна сум зашто гробот ќе ми се наоаѓа таму каде што лежат коските и на вујко ми Гоце, пишува во своето писмо внуката на македонскиот великан Гоце Делчев, Лика Чопова-Јурукова. Кон средината на ноември 1976 година, тогаш 82-годишната Велика – Лика Чопова – Јурукова му напиша писмо на Васил Тасев, управителот на Домот за стари лица Димитар Благоев, во ...

Пациент во поодминати години, кој е заразен со вирусот на западнонилската треска, се бори за живот на Инфективната клиника, откако кај него се развила тешка форма на воспаление на мозокот (енцефалитис). Пациентот е приклучен на респиратор, соопштија здравствените власти. За жал, 76-годишниот пациент има тешка клиничка слика и се наоѓа во Одделот за интензивна нега. Тој е поставен на респираторна поддршка бидејќи неговата состојба е критична. ...

Еден од двајцата преживеани планинари од Босна и Херцеговина, Кемал Видимлиќ, за првпат проговори за Кликс.ба за трагедијата на планината Елбрус во која загинаа пет члена на експедицијата од Босна и Херцеговина. Видимлиќ зад себе има многу освоени врвови над 5.000 метри во висина, успешни акции за спасување на други, но сè што се случи на Елбрус било премногу и непредвидливо. Сè уште видно потресен, тој вели дека едвај се сеќава на бројни ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вечерва во гостување во емисијата „На Прва“ на МРТ1, со јавноста ја сподели финансиската состојбата која ја наследил од претходното раководство на општината Карпош, истакнувајќи дека огромни финансиски средства се издвојуваат за плата и режиски трошоци на, како што тој вели, наследената гломазна администрација. Истовремено Лукровски обзнани дека во моментот активни се дваесет и седум судски ...

УЕФА денеска остро го отфрли најновиот план на ФИФА за продажба на малцински удел на нов комерцијален субјект поврзан со Светското првенство (СП), истакнувајќи оти тоа е „линија што раководните тела на фудбалот никогаш не треба да ја преминат“ и оти „фудбалот не е имот на ФИФА за продажба“. Реакцијата уследи откако ФИФА објави дека планира да го зголеми своето финансирање за развој на фудбалот на повеќе од 10 милијарди долари преку новата ...

Ден на жалост во Босна и Херцеговина поради трагичната смрт на петмина планинари од БиХ кои ги загубија животите на планината Кавказ искачувајќи се кон врвот Елбрус во Русија. Тие загинаа во сабота, 25 јули, кога се обидуваа да го освојат највисокиот врв во Европа. Од вкупно седум членови на експедицијата што се искачи на врвот, само двајца планинари ја преживеаја несреќата – Харис Адиловиќ и Кемал Видилиќ. Мелиха Чаушевиќ, Алма Окановиќ, ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата ,,На прва“, на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го преземат од веб-страницата. ,,Ние имаме образец и формирана комисија која ќе прави увид и проценка на штетите. Образецот е во нашата општина, може да го подигнат, може и на веб сајтот да го најдат. Со образецот треба да достават увид, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58