Братислав ДИМИТРОВ Овој текст го напишав пред 136 години, а сега ќе го довршам. Причината е едноставна и сурова. Денес е многу повеќе актуелен од тогаш. Денес живееме во глобална перверзија. Приватното стана јавно, а јавното приватно. Порано крадците од маало крадеа кокошки. Денес крадците од власт крадат маало. Секогаш ќе има самотија за тие што ја заслужиле. И секогаш ќе има луѓе што не заслужуваат ни казна затоа што таа ќе потврди дека се ...

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани што се жалат на здравствени проблеми – изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...

Со 15 минутно чекање за влез од македонска страна, и 30 минути застој за влез во соседна Грција продолжува да се одвива сообраќајот на граничниот премин во Дојран, по завршувањето на денешниот најавен штрајк на грчките цариници, соопштија од ГП „Дојран“. Оттаму велат дека штрајкот во најавениот период од пет до девет часот наутро, по македонско време, не создал проблеми во сообраќајот, бидејќи граѓаните кои биле навремено информирани, го ...

Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони ...

Полициски службеници од СВР Охрид на 26 јули во 06:30 часот го лишиле од слобода К.Г.(28) од Словенија, по пријава дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во стан во Охрид каде што двајцата престојувале, а осомничениот потоа бил приведен пред казино на улицата „Абас Емин“. По постапката пред Основниот суд во Охрид, на К.Г. му била определена мерка ...

Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи – Тетово синоќа во 20:30 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град. – Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. -Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да ...

Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална ...

Неделава, на тврдината Спотруп во Данска се одржува Светското првенство во средновековни борби, на кое ќе учествуваат речиси 600 натпреварувачи од 30 земји. Станува збор за мешани боречки вештини во организација на Меѓународната федерација за средновековни борби. За првпат овој настан беше организиран во 2014 година, во Шпанија. Натпреварувачите настапуваат во целосни оклопи, користејќи мечеви, секири и штитови од 14 век. И покрај големата ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Иран денеска повторно ја предупреди Бугарија во врска со распоредувањето на авиони за полнење гориво на американските воздухопловни сили во воздухопловна база на нејзина територија. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека бугарските претставници мора да бидат одговорни за одлуката што може да ја направи земјата соучесник во нападите на САД и Израел врз Иран. „Бугарските носители на одлуки мора да бидат ...

Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на буџетот со цел да обезбедиме дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски што произлегоа од потпишаните колективни договори, повеќе средства за земјоделството, за социјалната заштита и општините и, пред сè, повеќе средства за капитални расходи – истакна ...

Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме. Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар, истакна на прес-конференција портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз ...

На Исланд почна предвременото гласање на референдумот на кој граѓаните треба да одговорат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за членство во Европска Унија или не. Референдумот ќе се одржи на 29 август, но од денеска почна гласањето на граѓаните кои својот глас нема да можат да го дадат тогаш. Право на глас имаат сите граѓани кои наполниле 18 години. За предвременото гласање на Исланд се отворени околу 50 избирачки места и околу 130 ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на ...

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција која МИА ја објавува интегрално. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на ...

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна. – По ...

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик кои се дизајнирани да наликуваат на медиумски редакции од земјава се, всушност, експозитури на бугарската „Фондација Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов, објави порталот „360 степени“ во свое истражување. Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук. Најголем дел од содржините пласирани во оваа мрежа на портали и страници на социјалните медиуми се ...

Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара во вчерашното интервју за катарска телевизија Ал Џазира изјави дека Дамаск се стреми да постигне да постигне безбедносен договор со Израел. Според него, таквиот договор би можел да го отвори патот за сеопфатен мир помеѓу двете земји без да се наруши правото на Сирија врз Голанска Висорамнина, територија што Израел ја зазеде од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година и ја анектираше во 1981 ...

Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...

Виетнамски товарен брод со 62 члена на екипажот вчера потона во Јужно Кинеско Море, при што 17 лица се водат како исчезнати, а 45 се спасени, соопшти виетнамското Министерство за надворешни работи. Бродот, „Кој Нгуен 18“ погоден од лоши временски услови потона близина на гребенот Фајери Крос, спорна област во Јужно Кинеско Море. Виетнамските власти веднаш по инцидентот почнале спасувачка операција во координација со кинеската морнарица. Јужно ...

Сашенка, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски, со емотивни зборови се прости од својот сакан татко. Таа на Фејсбук откри дека тој починал, иако лекарите се обиделе да го реанимираат, но и дека сега повторно ќе се најде со својот најдобар пријател, кум, со својата втора половина, Ванчо Петрушевски, на другиот свет, па и таму ќе бидат тандем, како и овдее. Скршена од болка, Сашенка напиша: „Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, ...

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува, а Обвинителството побарало обемна документација од повеќе институции. Се анализира финансиската документација од Општина Гостивар и тендерите за набавка на хлор. Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината ...

Турските воздухопловни сили повторно ќе придонесат во мисиите за безбедност на воздушниот простор над Балтикот со распоредување на пет борбени авиони Ф-16 и и екипаж од 76 лица во Естонија, објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“. Турскиот контингент, кој е дел од 181-та ескадрила на воздухопловните сили со седиште во Дијарбакир, позната и како ескадрила „Пантер“, ќе биде стациониран во воздухопловната база Амари во Естонија. Турскиот ...

Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, кој е поддржан од САД, синоќа објави дека ќе ги суспендира дипломатските односи на земјата со Куба и Никарагва. Мојата влада нема да има врски со тирании, изјави Есприела, кој ќе ја преземе функцијата на 7 август. Тој најави затворање на 14 амбасади и 15 конзулати, што ќе доведе до прекин а дипломатските односи на Колумбија со „комунистичкиот остров“ и со „авторитарниот режим“ ...

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел во говорот по повод 73-годишнината од почетокот на Кубанската револуција ги обвини САД за „политички геноцид“. Тој го критикуваше неодамнешниот извештај на американскиот Стејт департмент, во кој се обвини Куба за инфилтрирање во владата на САД и за поддршка на „невиден бран на левичарски тероризам на американска територија“. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги засили нападите врз ...

За време на викендот поради пожарите во Франција евакуирани се околу 220.000 луѓе, додека во соседна Шпанија евакуирани се 75.000 луѓе, а 30.000 лица добиле наредба да се засолнат. – Ова се пожари какви што никогаш порано не сме виделе, изјави денеска градоначалникот на Сестас, Жером Стеф. Сестас е едно од предградијата на Бордо, каде што илјадници луѓе се евакуирани од своите домови и викендички. Пожарите, кои избувнаа минатата недела во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54