Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор. Тој оцени дека состојбата во здравството е резултат на долгогодишни проблеми кои, како што рече, не можат да се надминат преку ноќ, туку бараат време, финансиски средства и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и останатите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на Буџетот ќе ...
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%. Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на промоцијата на 26. класа студенти/питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ порача дека новата генерација офицери претставува инвестиција во иднината на македонската Армија, но и во безбедноста на државата. На свеченоста беа промовирани вкупно 36 питомци од Воената академија ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања кон претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, тврдејќи дека за време на неговиот мандат институциите доставувале извештаи за неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. Манасиевски рече дека Филипче „нема право да глуми борец за јавното здравје“, бидејќи, како што наведе, додека бил министер не реагирал ...
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица загинаа за време на обидот за премин, ...
Турција во првите шест месеци од годинава остварила приходи од туризмот во износ од 25,746 милијарди долари, што е речиси на нивото од истиот период лани и покрај благиот пад на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии – изјави денеска турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Toj посочи дека од јануари до јуни Турција ја посетиле 25.759 милиони туристи, што е за 2,4 проценти помалку во споредба ...
СДС се надмина себеси, повторно во негатива, се разбира. Партијата на Венко Филипчче во две последователни соопштенија „порасна“ и еволуираше во негатива, објави Курир. Најпрво, утрото во 10 часот политикантски и неодговорно објавија дека „Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема“, тресејќи од ракав неаргументирани и неодговорни информации за наводно загадена питка вода во повеќе градови, за да само два часа подоцна излезе со ...
Она што се случува во Сеута покажува дека мрежите бараат можности и секоја земја на првата линија се нашла или може да се најде во иста ситуација – напиша на платформата „Икс“ министерот за миграција и азил на Грција, Танос Плеврис, коментирајќи го нелегалниот влез на илјадниците мигранти во шпанската енклава и порача дека „да дозволуваш, преку својата политика, инвазија во Европа не е хуманост, туку криминал“ – јави дописничката на МИА од ...
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти вчера ја преплавија ...
Полициската професија не е професија што завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа оваа униформа носи тежина, но и ...
Ширум САД се регистрираат нови случаи на заболување со паразитот „циклоспора кајетаненсис“ (Cyclospora cayetanensis), иако американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, пред десетина дена изјави дека паразитската епидемија во земјата е ставена под контрола. Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), само во периодот од 21 до 28 јули биле евидентирани околу 2.500 нови случаи. Од 1 ...
Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде што илјадници мигранти и натаму се обидуваат по морски пат да преминат на шпанска територија и покрај засилениот надзор на мароканските безбедносни сили. Мароко во последните часови ги засили контролите на патиштата, железничките станици и во пограничниот регион, со цел да го намали приливот луѓе кон северниот дел на земјата. Сепак, ...
Според последниот извештај од Регисарот на цени и недвижни на македонскиот Катастар во државата во купопродажби и закупи води општина Аеродром, а веднаш зад неа се наоѓаат Центар и Карпош. Ова се податоци од вторито квартал, кој бележи раст на трансакциите/купопродажби и закупи за 7,9% во споредба со минатиот квартал од истата година. Аеродром има 600 купопродажби и закупи, Центар 571, третопласираниот Карпош 486. Во врвот се и Гази Баба, ...
Палестински исламски џихад – ПИЈ (PIJ), милитантна група кој е сојузничка со Хамас, ги отфрли извештаите за договор поддржан од САД, кој би вклучувал разоружување на двете групи во Појасот Газа, јави ДПА. Групата изјави дека тврдењата дека е постигнат договор се неточни. Член на политичкото биро на ПИЈ изјави дека „документот што циркулира“ е само нацрт на кој групата изразила забелешки. Извори блиски до разговорите во Каиро претходно ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека „не е сигурен“ дали ќе и дозволи на Украина да произведува пресретнувачки ракети земја-воздух од типот „Патриот“, што се од клучно значење за воздушната одбрана на Киев. „Го разгледуваме тоа“, изјавил американскиот претседател во телефонското интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тоа е навистина исклучително оружје и треба да бидеме малку повнимателни кому му даваме лиценца. Всушност, ние не ...
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. – Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа, конечно, да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ – објави Трамп на сопствената социјална ...
Хамас потврди дека е постигнат договор за втората фаза од примирјето со Израел за разоружување на движењето и на другите милитантни групи во Појасот Газа. Членот на преговарачкиот тим на Хамас, Гази Хамад, изјави дека се направени „отстапки за доброто на нашиот народ во Појасот Газа за да го спасиме од смрт и раселување“. Тој додаде дека разоружувањето на Хамас е поврзано со повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа. – Нема да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во вестите на Канал 5 истакна дека Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои, како што оцени, биле лошо поставени од претходната влада. Тој нагласи дека целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес. Муцунски посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на ...
По повод одбележувањето на 2. Август Ден на Републиката – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, Министерството за здравство располагало со информации за приближно 400 анализи на неисправна вода за пиење, но, како што тврдат од партијата, јавноста не била навремено информирана. Според соопштението, станува збор за анализи во кои биле утврдени различни неправилности во квалитетот на водата, при што, како што наведуваат, институциите не презеле ...
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, за да се ...
Кога решавал за враќање на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, веќе исполнувал услови за пензија. Винца бил претседател на тричлениот кривичен совет кој одлучил да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Марковски. Тој од вчера веќе не е судија поради исполнување услови за старосна пензија. Судскиот совет го отфрли неговото барање за ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, за првпат отворено проговори за долгорочните последици од лекувањето на ракот, нагласувајќи дека предизвиците не завршуваат со крајот на хемотерапијата. За време на ненадејната посета на Кралската болница Марсден во Лондон, каде што самата примила третман откако била дијагностицирана во 2024 година, Кејт разговарала со медицинскиот персонал и пациентите, споделувајќи го своето лично искуство од борбата со ...
Ф’стаците и кикириките се богати со хранливи материи кои го поттикнуваат здравјето, но дали едните е подобар избор за слабеење? Кога се споредуваат овие две намирници, важно е да се земе предвид не само бројот на калории, туку и содржината на хранливи материи кои обезбедуваат чувство на ситост и задоволство, што може да го олесни одржувањето на калорискиот дефицит подолг период, објавува Eatingwell. „Јатките како ф’стаците и кикириките ...
Вулканскиот облак од кратерот на Етна на Сицилија достигна висина од околу седум километри и се шири кон западниот сектор на вулканот, а забележано е и паѓање на пепел во местото Бронте, пренесоа денеска италијанските медиуми. Во меѓувреме, активноста на исфрлање лава од кратерот Вораџине на Етна престана, а стромболската активност ослабна, наведуваат научниците. Податоците од Опсерваторијата за Етна (ИНГВ) во градот Катанија покажуваат дека ...
Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го објави претседателката на УЖ, Марија Митева која истакна дека ова е нова енергија и силен кадровски потенцијал, нагласувајќи дека силно верува во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство! -Елена Ивановска е избрана за Генерален Секретар на Унијата на жени! Ивановска е долгогодишен член на партијата со богато професионално ...