Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Се очекува температурите во одделни делови на Германија утре да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа. Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот и од 32 до 39 степени ширум поголемиот дел од земјата. Исто така, постои ризик од ...
Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвела и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. -Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и ...
Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков, што МИА го пренесува интегрално. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста ...
Американскиот кошаркар Ноа Фарахан е најновото засилување на на македонскиот кошаркарски шампион откако официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион. Станува збор за квалитетен плејмејкер, кој зад себе веќе има една европска сезона. Истата ја почна во босански Студент, продолжи во Игокеа и Борец Бања Лука, а ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно. Универзитетската кариера ја започна во Источна Каролина, по што настапуваше и ...
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана. На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места. Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди ...
Армијата ќе се зајакне на едно највисоко ниво во историјата, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во Штип, кој заедно со командантот на Првата пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска беа во касарната „Јане Сандански“, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. – Во делот на модернизацијата, оваа година пробуваме да ги завршиме ...
Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината. Од ...
Никола МИЦЕВСКИ Почитувани, Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните. Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат ...
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе возврати на новите ирански ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток. – Ќе ги претепаме … Ќе ги удриме силно. Ги чека сериозен ќотек – изјави Трамп за „Фокс Њуз“. Во текот на повеќемесечниот конфликт, Трамп повеќе пати му се закануваше на Иран со жестока воена акција, иако неговата реторика не беше секогаш проследена со воени напади, пренесува ДПА. Централната ...
Динамиката за реализација на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор, беа во главниот фокус на денешната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави ...
Силното невреме проследено со обилни врнежи кое на почеток од месецов го погоди главниот град, предизвика штети на објектот и опремата и на киното „Киноверзум“ во Кисела Вода, кое е лоцирано во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Од „Киноверзум“ тогаш информираа дека привремено нема да работат на оваа локација, поради санација на просторот и опремата. Денес, доаѓа убава вест за сите љубители на киното и добрите филмови, „Киноверзум“ во ...
Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Во текот на расправата за збор во однос на предлогот се јави пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, кој забележа дека има административни грешки во биографијата на Дика Георгивска и побара процедурално и формално, во име на Европскиот фронт оваа точка да се ...
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови за што јавноста ќе биде навремено информирана – соопштија од Град Скопје. – Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните ...
Работиме на заокружување на набавките на нови мамографи во повеќе здравствени домови и општи болници врз основа на достапниот кадар – истакна денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој посочи дека меѓу приоритетите се основната радиодијагностика, дигитални рендгени, дигитални мамографии во целата земја. – Не можеме да зборуваме за сериозна превентива, во конкретниот случај на рак на дојката, ако сè уште се базираме на аналогни ...
Најмалку 18 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди Јапонија. Се очекува бројот на жртви од потресот, што ја погоди префектурата Кумамото, во јужниот остров Кјушу, да се зголеми бидејќи многу луѓе сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот достигна Шиндо 7, највисокото ниво на јапонската скала за сеизмички интензитет, соопштија локалните власти. „Изразувам најдлабоко сочувство до ...
На 28.07.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово, Е.Х.(30) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово била фрлена експлозивна направа. -Увид извршила екипа од СВР Куманово и на тераса од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена една безбедносна рачка, за која се претпоставува дека е од истата направа, информира МВР. Од Единицата за откривање и деминирање на ...
Во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид вчера во 19:55 часот било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. -Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се ...
Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во скопско Сарај. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет ...
Никола Мицевски, член на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изнесе обвинувања дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, а СДС била на власт, имало случаи на неисправна вода за пиење кои, како што тврди, биле сокриени од граѓаните. Мицевски изјави дека, според податоците со кои располага партијата, речиси 400 испитувања на водата во периодот на министерувањето ...
Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски. По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД ...
Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот. – Конечно е распишан тендер ...
Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, се вели во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го објавува интегрално. Вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево го повика Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и не преземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар тој подвлече дека кога станува збор за Гостивар и за ...
Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта С. Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените, се вели во соопштението од ДУИ. Интегрално го пренесуваме соопштението на ДУИ, која додека беше на власт „ја разви“ автоиндустријата со фабрика за електрични ...
Работиме на заокружување на набавките на нови мамографи во повеќе здравствени домови и општи болници врз основа на достапниот кадар, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека меѓу приоритетите се основната радио дијагностика, дигитални рендгени, дигитални мамографии низ целата земја. – Не можеме да зборуваме за сериозна превентива во конкретниот случај на рак на дојка ако се уште се базираме на аналогни ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...
Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска објави дека планира да свика нов состанок во формат „5+1“ за решавање на кипарското прашање, за да можат учесниците да ги утврдат понатамошните чекори кон решавање на конфликтот што трае повеќе од половина век. Покрај двете кипарски страни, на состанокот ќе учествуваат Грција, Велика Британија и Турција, како држави кои ја гарантираат независноста на Кипар. „Одлучив да свикам ...
По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција, која МИА ја објавува интегрално. Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален ...