Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...

По дејството на противпожарните авиони „Ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и екипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. -Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. ...

Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната ...

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 3.262, вклучувајќи 1.437 смртни случаи, покажуваат најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство на земјата. Во соопштението се наведува дека најновиот број заболени во Конго речиси го достигна истото ниво што беше забележано за време на епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, која беше најголемата некогаш забележана во таа ...

Брисел, јули 2026 година – Европската унија се наоѓа пред важен регулаторен тест: дали идните правила за тутунски и никотински производи ќе се засноваат на научни докази, реална проценка на ризик и пазарни ефекти или ќе се движат кон пристап што ги третира сите производи како да се исти. Ревизијата на Директивата за тутунски производи и Директивата за рекламирање на тутун повеќе не е само техничка постапка во Брисел. Таа стана прашање за тоа ...

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...

Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот гори отпад и ниска вегетација, а областа не е густо населена, туку постојат само расфрлани куќи, но сепак преку пораката од 112 првично ...

Ирак од април досега извезе 2,1 милион тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на Ормуската Теснина. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју за весникот „Д Нешнал“ (The National), објавено денеска. Како што пренесува ДПА, тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од ...

Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени лица се примени во една болница. Друга болница сега пријави околу 40 повредени, вклучувајќи десет лица во сериозна состојба, јавува НХК. Локалните медиуми, исто така, јавија дека се повредени неколку патници кои биле во брз воз во времето на земјотресот. Силен земјотрес денеска ја погоди ...

Неколку лица се водат како исчезнати откако се урнал оџак во фабрика за хартија во префектурата Кумамото, соопшти локалната полиција. Јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК јави дека полицијата и пожарникарите го истражуваат местото на настанот во фабриката Јацуширо на „Нипон Пејпер Индустрис“, која се наоѓа во градот Јацуширо во пошироката префектура Кумамото. Како што пренесе Би-Би-СИ, фотографија направена од воздух од новинската ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. -Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...

Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат на Клиниката за онкологија. Сега се анализира и за терапиите за простатата да може да се направи префрлање од болница во аптека, рече денеска ...

На 28.07.2026 во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана. Н.Н. бил пренесен во Комплекс ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Неготинец бил лишен од слобода, по обвиненија за физички напади врз поранешната сопруга и ќерката, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ., 51-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга, дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот ...

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. -Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната ...

Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле, вели Кристијан Дојчиновски од СДСМ, партијата која побара мобилизација за поддршка при изборот на актуелниот градоначалник Валбон Лимани. Во продолжение интегрално целото ...

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт! Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците. Во Мала Речица скроиле опасен план. Сакаат да направат филм дека албанските права се загрозени само ...

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. -Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од ...

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден. – Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари за, како што рече, примена на двојни стандарди кога станува збор за политичката одговорност во случајот со загадената вода во Гостивар. Петрушевски потсети на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дадена за време на повторените локални избори во Гостивар. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме ...

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот и растот на ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, вели Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што институциите ги спроведуваат ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба ...

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? – праша на денешната прес-конференција портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска кое МИА го објавува интегрално. Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, ...

Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денес беше во работна посета на општина Илинден. -Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека ...

Не сум фокусиран на предвремени избори, туку на работа и проекти за доброто на граѓаните – вели премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали поради тоа што во Собранисто има „заглавени“ неколку законски решенија дали поради немање бадентерово мнозинство или филибастеринг ќе прави дополнително консултации со опозицијата или размислува за предвремени избори. Владата, нагласи тој, ја завршила својата работа, и сега на ред е ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35