Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Денеска во македонското собрание се случи преседан. По многу неаргументирани отсуства од законодавниот дом, за кои претседателот на СДС немаше никакво оправдание ниту изговор, Венко Филипче денеска на големо изнанедување на сите во парламентот кои одамна се навикнаа на неговото отсуство, апансас се појави на седницата посветена на пратенички прашања. Претходно, како што објави Курир, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, го прозва ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени настани, ...
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и неговиот албански колега, Ферит Хоџа, договориле отворање конзулати во Скадар и во Бујановац, пренесува АТА повикувајќи се на изјава на Ѓуриќ дадена за српското државно радио. Според Ѓуриќ отворањето на овие конзулати ќе биде чекор кон зајакнување на односите меѓу двете земји, при тоа позитивно оценувајќи ги последните разговори со министерот Хоџа. „Задоволен сум што имав толку добри ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе преовладува сончево и многу топло време, со постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. Фото: архива Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ...
Кина денеска остро ги критикуваше изјавите на министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс, кој за време на парламентарна расправа му порача на опозицискиот пратеник Лоренс Сју-Нан, роден во Кина, „да се врати во својата земја“, оценувајќи ги како дискриминаторски и полни со предрасуди. „Немаме апсолутно никаков интерес да бидеме вовлечени во внатрешната политика на други држави“, напиша кинескиот амбасадор во Нов Зеланд, ...
Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите што од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и директорот на Инспекторатот, Ивица Ангеловски ...
Меѓународен тим научници почна истражување на локалитетот Дурупанар во источна Турција, со цел да се утврди дали објектот со форма на брод содржи остатоци од арката на Ное. Во рамки на истражувањето ќе бидат применети современи методи, меѓу кои подземно геофизичко снимање, дигитално мапирање, анализа на почвата и дупчење. Локалитетот за првпат ќе биде предмет на сеопфатно научно истражување. Со истражувањето раководи професорот Ченкер Атила ...
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. -Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едно по друго проби ќе бидат ...
Полскиот премиер, Доналд Туск, ја обвини Русија дека го нарушила воздушниот простор на Полска за време на масовниот напад врз Украина извршен во текот на ноќта. „Русија за време на масовниот напад врз Украина го наруши нашиот воздушен простор“, објави Туск на платформата „Икс“. Тој додаде дека свикал координативен тим, во кој се вклучени министерот за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш и претставници на надлежните служби, кои го истражуваат ...
Во Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе се одржи своето прво неформално гласање, за да ја процени поддршката за новиот генерален секретар на меѓународната организација. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш завршува во јануари 2027 година. СБ го номинира новиот генерален секретар. Кандидатот мора да добие најмалку девет гласови во 15-членото тело на Советот, при што секоја од петте постојани членки ...
Украина продолжува со напади врз цели на руска територија, а во последниот напад повторно е погодено складиште на најголемата руска компанија за тргување онлајн „Вилдберис“. Складиште на компанијата било опожарено при напад со дронови во западнорускиот град Пенза, соопшти гувернерот на регионот, Олег Мелниченко. Едно лице е повредено во нападот, а околу двеста луѓе биле евакуирани од објектот. Инцидентот се случи само еден ден откако ...
Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, се наведува во соопштението од СДСМ. Стихуваното соопштение од СДСМ подолу го пренесуваме во целост, со напомена дека само до пред две години додека СДСМ беше на власт, устата и соопштенијата им беа полни со придавката ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на ...
Полската полиција во поле во округот Билгорај пронајде кратер широк десет метри и делови од неидентификуван објект, што воените радари го следеа во воздушен простор за време на руските напади врз Украина. Поради синоќешните руски напади врз Лвов, соседна Полска ги активираше воените авиони поради заштита на својот воздушен простор. Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 13 луѓе. Неидентификуван објект што се движеше кон запад беше ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова е во најдобра позиција пред претстојните есенски претседателски избори затоа што околу половината од испитаниците во новата анкета на јавното мнение изјавиле дека веројатно или дефинитивно би ја поддржале. Јотова ја презеде функцијата претседател на почетокот на годината, кога Румен Радев, сега премиер на Бугарија, поднесе оставка. На второ место е Андреј Ѓуров со 23 проценти поддршка, по него Даниел ...
Три лица, членови на исто семејство, беа убиени, а две се ранети во американскиот напад врз иранскиот остров Кешм на југот од Исламската Република, објави иранската агенција Фарс, цитирана од француските медиуми. „Американскиот напад врз куќа во населбата Шах Тангу, во Кешм, одзеде животи на тројца членови на исто семејство – татко, мајка и нивното двегодишно дете. Две други деца, на возраст од седум и девет години, беа повредени во нападот и ...
Пакистан, што има улога на посредник во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека Вашингтон и Иран започнале преговори со цел намалување на тензиите во Ормуската Теснина. „Во моментов се водат преговори меѓу двете страни, особено во однос на Ормуската Теснина, за да се намали напнатоста во регионот“, изјави портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби. Пакистан, што има улога на посредник во разговорите ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Од партијата истакнаа дека вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди ...
Јак и „ГОЛЕМ“ на пишано, малечок и страшлив на дело. Во стилот на СДС, која свесно си се самоукинува, така и нејзините ботови го следат примерот на Филипче, пишува Курир. Профилот „Цандо Големиот“ на мрежата Икс, поранешен Твитер, си се самозгасна по бурните реакции во јавноста за контроверзната објава со која му посака смрт на македонскиот блогер и водител Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит. Јак на зборови, но при првата шанса органите на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 36 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под ...
Ширењето страв е најевтината политичка кампања, посочува пратеникот Љупчо Пренџов. Во Собранието, обраќајќи се кон пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, пратеникот посочи: -Ајде да видиме што сте збореле за истиот овој буџет. „Од каде ќе најдете пари за исплата на пензиите? Нема, нема“. Ова вашиот драматичен. „За декември веќе ги изедовте парите, за декември пензионерите сигурно нема да имаат пензии“. Тренчевска, имавте 20 минути, ви ...
Џонсон Мети („Johnson Matthey“) го финализираше купувањето на компанијата Koрметех („Cormetech“), како што првично беше најавена на 28-ми мај 2026 година. Заедно со продажбата на „Catalyst Technologies“, финализирана на 17 јули 2026, ова претставува значајно преобликување на портфолиото на Џонсон Mети. Како што компанијата се трансформира во ефикасна и фокусирана компанија што генерира готовина – изградена врз основа на своите водечки ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори денеска дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради физички напад на шпански играчи непосредно по завршувањето на финалниот натпревар на неодамнешното Светското првенство. Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Леандро Паредес се соочува со три обвиненија за физички напад по финалниот натпревар и поразот од Шпанија во продолженијата со 1-0 во Њу Џерси. Покрај ...
Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи неколку домови, принудувајќи евакуација на други домаќинства и на една јавна болница, како и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии, јавија локалните медиуми. Како што пренесе ДПА, засега нема информации за жртви. Властите предупредија на опасноста од ширење на шумските пожари поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку седум ...
Советот на Народната банка (НБ) го усвои кварталниот извештај според кој, најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во извештајот, соопшти денеска НБ, се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото. Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и ...
Издавачот на британскиот весник „Дејли меил“ побара од принцот Хари и други јавни личности привремена исплата од речиси 10 милиони фунти (околу 13,3 милиони долари) откако изгуби судска постапка за наводно кршење на приватноста. „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли меил“, побара од судот принцот Хари и другите тужители да ги сносат трошоците за постапката според принципот на надомест што би ја обврзал страната што губи да ги плати ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска остварил средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, на која била потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството, биле тековните и идните активности во областите што ги покрива ...
Ентони Фаучи, клучниот американски стручњак за заразни болести за време на ковидот, одби денеска да одговара на прашањата на сослушувањето во Сенатот, повикувајќи се на правото на молчење од Петтиот амандман и обвинувајќи го републиканскиот сенатор Ранд Пол за „опсесивна желба да го стави зад решетки“. – По совет на моите адвокати, ќе се повикам на моето право од Петтиот амандман на Уставот да се воздржам од одговарање на вашите прашања – ...
На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете ...