Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи носат резултати, оцени премиерот Христијан Мицкоски. -Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми и тоа, впрочем, го нотира Светска банка во Tourism Watch, во последната едиција на овој извештај, каде ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања. Нешто што за нас е ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна ...
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија. По земјотресот издадено е предупредување за цунами. Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу. По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференција на Кети Штерјова, што МИА го објавува интегрално. Во Србија ...
За потрошувачката кошничка во Европската Унија во просек се потребни 100 евра, во Македонија се потребни помалку од 50 евра, а во Исланд за истата кошничка треба да се издвојат речиси 184 евра. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за нивото на цените во Европа, кои уште еднаш ги потврдуваат длабоките ценовни разлики помеѓу северот и југоистокот на континентот. Сепак, експертите што го толкуваа истражувањето на Евростат нагласија ...
Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Пратеникот го зел документот и се обидел да ја напушти зградата, по што парламентарна службеничка тргнала по него со намера да го запре. Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на лекарски ...
Учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш го продолжија патот кон Петровец и Велес. Вчера околу 40 коњаници и коњанички тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на празникот Илинден и на македонските херои. Првин продефилираа низ Општина Аеродром, а потоа се упатија кон дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче каде беа свечено испратени кон ...
Мицкоски синоќа цело интервју зборуваше за принципи. За какви принципи зборува човек кој лаже цело време? – наведува СДСМ во реакција на интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски, која МИА ја објавува интегрално. Човек чиј принцип беше никогаш „Северна Македонија“. Човек кој принципиелно ветуваше дека прво ќе го укине Преспанскиот договор. Човек кој до вчера ја заговараше теоријата на Вучиќ за членство без право на глас а денес вели дека е ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. -Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, ...
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан. Според полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека ...
Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 4 до 6 август во Рим ќе се одржат нови разговори помеѓу Израел и Либан во рамките на воспоставувањето „пилот зони“. Во Рим на техничко ниво ќе се разговара и за нерешените гранични прашања помеѓу двете држави и за сеопфатен договор за мир и безбедност. Либанската армија на 21 јули почна да се распоредува во „пилот зоните“ во јужен Либан, кои претходно беа под контрола на израелската армија. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Израел и со претседателот на Украина. Бенјамин Нетанјаху и Володимир Зеленски ќе присуствуваат на комеморацијата на починатиот американски сенатор Линдзи Греам. Тоа ќе биде прва средба Трамп – Нетанјаху од почетокот на војната на Блиски Исток. – Ова средба е голема чест, но и голема одговорност. Ќе разговараме за сите теми … но пред сè за Иран. Нашата ...
Премиерот на Ирак, Али ал Заиди денеска ќе престојува во Турција на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. – За време на посетата ќе бидат разгледани сите аспекти на односите меѓу двете земји, а прашањата за безбедноста, борбата против тероризмот, трговијата, енергијата, транспортот и управувањето со водните ресурси ќе бидат главни приоритети, соопшти Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател. Исто така се наведува дека Ердоган ...
Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои четворица од 10 републиканци, веруваат дека Трамп „не ги објаснил целите на американското воено ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и така ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, наскоро се очекува и за пиење, и воедно посочи дека партиите не треба шират хистерија. „На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, како и со новоименуваното и досегашното одбранбено аташе на Романија. На средбата присуствуваа новоименуваното одбранбено аташе, потполковничката Александра Барбулеску, и досегашното одбранбено аташе, полковник Арчип Каталин Петре. Мисајловски ѝ посака добредојде на потполковничката Барбулеску и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека за време на првата средба со британскиот премиер Енди Барнам разговарал за зајакнување на противвоздушната и поморската одбрана на Украина, развој на заедничко одбранбено производство и испорака на британски технологии за електронско војување наменети за заштита на украинските дронови. Како што наведе Зеленски во објава на социјалните мрежи, двајцата функционери се сретнаа во ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ, во саботата ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), државјанин на Македонија, поради основано сомнение дека еден ден пред тоа извршила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорсиот портал „Вијести“. Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 72 часа и до Основниот суд во Улцињ поднесе ...
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно ...
Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на УСАИД првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан, под сомнение дека ...
Братислав ДИМИТРОВ Овој текст го напишав пред 136 години, а сега ќе го довршам. Причината е едноставна и сурова. Денес е многу повеќе актуелен од тогаш. Денес живееме во глобална перверзија. Приватното стана јавно, а јавното приватно. Порано крадците од маало крадеа кокошки. Денес крадците од власт крадат маало. Секогаш ќе има самотија за тие што ја заслужиле. И секогаш ќе има луѓе што не заслужуваат ни казна затоа што таа ќе потврди дека се ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани што се жалат на здравствени проблеми – изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...
Со 15 минутно чекање за влез од македонска страна, и 30 минути застој за влез во соседна Грција продолжува да се одвива сообраќајот на граничниот премин во Дојран, по завршувањето на денешниот најавен штрајк на грчките цариници, соопштија од ГП „Дојран“. Оттаму велат дека штрајкот во најавениот период од пет до девет часот наутро, по македонско време, не создал проблеми во сообраќајот, бидејќи граѓаните кои биле навремено информирани, го ...
Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони ...