Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука ...
Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...
Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на конфликтот во 2001 година, повеќе од две децении беше користен од ДУИ за политички придобивки, при што партијата на Али Ахмети го претставуваше како темел на своето политичко дејствување и го постави во центарот на својата политичка нарација, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално. Сепак, за време на промоцијата на иницијативата „Отворен Балкан“, се создаде впечаток дека ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. – Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...
Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Маја Серафимовска Борозан. Соопштението го ...
Мигрантската криза во шпанската енклава Сеута повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба. Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим. Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се ...
„Убавото нема смисла ако не е споделено“. Реченица, која, според раскажувањата и усните преданија, го отсликува животот на Јоргос Зорбас или Гркот Зорба во Скопје. Она што го заработувал не го задржувал себично само за себе, туку го делел со пријателите, познајниците и со случајните минувачи. Им помагал и на сиромашните, не затоа што ги жалел, туку поради ставот дека ништо што поседуваш не е вредно ако немаш со кого да го споделиш. Иако ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда. Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. ...
Летонија ја затвори границата со Белорусија, изјави синоќа летонскиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава. Тој наведе дека границата со Белорусија е затворена поради „технички причини“ и ги повика патниците да користат алтернативни патишта. Летонија го затвори граничниот премин Силене со Белорусија во 2023 година поради бранот миграни, за која Рига тврди дека е организирана од Минск. Оттогаш функционира само граничниот премин ...
Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова ...
Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
Мароканската полиција приведе 70 лица под сомнение дека учествувале во насилните инциденти, што избувнаа додека илјадници мигранти незаконски влегуваа во шпанската енклава Сеута. Приведените се товарат за кривични дела „обид за убиство, намерно предизвикување пожар и оштетување на јавен и приватен имот“. Обвиненијата произлегуваат од судирите помеѓу мигрантите и мароканската полиција во Фнидек, Мароко, каде што групи луѓе во близина на ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од ...
Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска (1 август) во 11:00 часот ќе престојува во Дебар, каде ќе присуствува на свеченото доделување на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. По доделувањето на становите, премиерот ќе даде изјава за медиумите. Право на користење на социјален стан имаат лица над 18 години кои до полнолетство биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без ...
Познатиот актер Арнолд Шварценегер го прослави својот 79-ти роденден, верувале или не, и за тоа ги информираше сите свои следбеници на социјалните мрежи. Познато е дека Шварценегер го сака напорниот тренинг, па затоа и крајот на својата осма деценија го дочека во теретана. Сепак, како што истакна актерот и поранешен политичар во објава на Инстаграм, секој може да го направи фитнесот важен дел од својот живот. „Денес полнам 79 години. Не сакам ...
Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени го погоди подрачјето на Неапол вечерва, предизвикувајќи паника кај жителите, прекини на електричната енергија и материјална штета во неколку градови западно од италијанската престолнина. Епицентарот беше во Флегриските полиња, во близина на Солфатара, на длабочина од околу три километри, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Земјотресот беше регистриран во ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди на климатски топло доцно лето и есен на северната хемисфера со развојот на временскиот феномен Ел Нињо, додека Светската метеоролошка организација (СМО) сега предвидува силен Ел Нињо. – Ел Нињо не е само пред нашата врата – тој е внатре во куќата и ја крева температурата. А ова е само загревање. Ел Нињо се засилува – додавајќи гориво на планетата која веќе гори со топлотни куполи што ...
Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката центристичко-лева Прогресивна бугарска ...
УХМР информира дека топлотен бран доаѓа во Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со мала ...
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. -Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1 изјави дека за 14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, вклучиувајќи и за повисоки плати и за повисоки пензии. Пратеникот Стојаноски напомена дека ребалансот на буџетот се прави во моменти ...
Актерот Бен Афлек и шампионот на квиз-шоуто „Jeopardy!“, Џејми Динг, ја освои главната награда во американската верзија на шоуто „Кој сака да биде милионер?“, а парите ќе одат во хуманитарни цели, поточно во фондацијата на иницијатива на актерот за Источен Конго. Дуото стигна до самиот врв со правилно одговарање на 15-тото и последно прашање во епизодата што се емитуваше во среда на ABC. Сите освоени пари се наменети за фондацијата за ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Извршен ...
Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. Потоа настапуваше за Капфенберг ...