
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме ...
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 350-те вонредни засилени контроли пред велигденските празници како небезбедни уништија 1.230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи, информираат од АХВ. За утврдените недоследности со вонредните контроли на операторите со цел ...
По наредба на ЈО, во рамките на истрагата за трагичниот пожар во Кочани, полицијата денес ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу,Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН. Меѓу осомничените, наводно е и Дритон Кучи, поранешен министер за економија, ...
Од вчера профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен функционален систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот истакна дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за ...
Додека минималецот во Европа во некои земји рипна и над 2.000 евра, за македонските работници минимална плата од 500 евра сè уште е само пуста желба. И покрај упорните барања на Сојузот на синдикатите (ССМ) за пораст на минималната плата, како и за раст на сите плати за 6.000 денари, тешко оди битката за повисок стандард на најниско платените работници. Синдикатот „војува“ на неколку фронтови. Крајната цел е поголема плата за работниците коишто ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, на неговата лична страница на X објави дека британското издание Тајмс погрешно ги протолкувало неговите зборови кога зборувал за можна поделба на одговорностите меѓу западните стабилизациони сили во Украина. „Написот на „Тајмс“ погрешно го прикажува она што го кажав. Зборував за отпорни сили по прекинот на огнот за поддршка на суверенитетот на ...
Со три полициски возила и придружба во Основното јавно обвинителство во Кочани вчера околу 21.30 часот беа донесени првите неколкумина осомничени од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“. Со проширената истрага опфатени се 19 лица кои се сомничат за тешки дела против општата сигурност според членот 292, а во врска со член 288 од Кривичниот законик. Се работи за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март годинава во ...
Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје. Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од бул.„Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на бул. „Илинден“ до крстосница со бул. „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта – фонтана Лотус. -Сообраќајот ќе се пренасочува по околните ...
Властите во Еквадор вчера прогласија вонредна состојба во седум од вкупно 24 провинции, вклучително и во главниот град Кито, само еден ден пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори. Мерките се воведени поради драматично зголеменото насилство поврзано со наркокартелите. Вонредната состојба ќе трае 60 дена и вчера стапи во сила. Актуелниот претседател Даниел Нобоа се соочува со кандидатот од левицата, Луиса Гонзалес, во услови на ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Во попладневните часови на 12 април 2016 година, почнаа да се собираат луѓе пред Специјалното јавно обвинителство. Чашата ја прелеа одлуката на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, кој реши да прогласи „аболиција“ на сите политичари што беа дел од истрагите на тогаш популарното СЈО. Почна Шарената револуција. „Нема правда – нема мир“, „мафија на робија“ и „оставка“ беа најчесто повторуваните пароли таа вечер и во месеците што ...
Специјален пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф му рекол на претседателот дека давање „сопственост“ на Москва на четири окупирани украински региони ќе биде најбрзиот начин да се постигне прекин на огнот, објави Ројтерс на 11 април, цитирајќи двајца неименувани американски официјални лица и пет други неоткриени извори, пренесува Кијив Индипендент. Според Ројтерс, Виткоф му го пренел овој предлог на американскиот претседател Доналд Трамп по ...
Американски судија пресуди дека администрацијата на Трамп може да го депортира Махмуд Калил, дипломец на Универзитетот Колумбија, приведен минатиот месец поради неговата улога во пропалестинските протести, објави Би-би-си. Калил, постојан легален жител на САД, не е обвинет за кривично дело. Во писмото напишано од установата, тој рече дека неговото „апсење било директна последица“ од говорењето за палестинските права. Владата го цитираше законот ...
ТЕМА НА ДЕНОТ РУСКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА: Додека САД и Русија разговараат за прекин на огнот, Русите егзекутираат заробени украински војници Украинските војници под закана со оружје се искачија од разурнатата куќа – едниот со кренати раце за да им се предаде на руските трупи и легнаа со лицето надолу во раната пролетна трева. И тогаш започнува убивањето. Два беспилотни летала – еден украински и еден руски – ја снимија сцената од високо над јужното ...
ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборува за „потрчковци“ на Албин Курти во Владата на Северна Македонија. Се реферира на реакциите на министер од редовите на ВЛЕН за злоупотребата на Вучиќ, како осуда за правењето политички поени врз лицата кои се лечат во Белград после трагедијата во Кочани. Тоа што Вучиќ го премолчува е дека и тој има свои „потрчковци“ во македонската влада. Можеби и остава Курти да ги нацрта неговите ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 констатирани се неправилности во делот на ...
Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп им нареди на вработените во Стејт департментот да пријавуваат случаи во кои нивните колеги покажуваат „антихристијански предрасуди“. Ова е дел од спроведувањето на нова извршна уредба со која се цели поддршка на вработените од христијанска вероисповед во федералната администрација. Според интерен документ во кој имал увид „Политико“, Стејт департментот ќе соработува со ...
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија На 11 март 2025 година, во Џеда, пред еден месец, Украина се согласи на целосно привремено примирје, предложено од САД. Руската Федерација не само што ја игнорираше понудата за целосно 30-дневно примирје, туку и ги засили своите смртоносни ракетни и дрон напади врз мирните украински градови. На денот кога Советот за човекови права на ОН ја ...
Денеска во Скопје, со почеток во 12:30 часот ќе се одржи протестен марш против загадувањето на Крива Река и во знак на револт од реакцијата на надлежните државни институции на хаваријата која се случи на 14 март. Маршот кој ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Пред Државниот инспекторат за животна средина е во организација на движењето „Зелен хуман град“ Од таму велат дека институциите што ...
Во Албанија денеска официјално започна предизборната кампања за парламентарните избори што се закажани за 11 мај- актуелниот премиер Еди Рама бара четврт мандат, а Сали Бериша бара да се врати на власт по 12 години, пишуваат албанските медиуми. Во Косово поскапи електричната енергија, а се шпекулира дека покачувањето е 16%, за што денеска граѓани во Приштина протестираа под мотото „Ниту цент повеќе“. Поради нетранспарентноста на Регулаторната ...
Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен, нејзината партија „Национален собир“ и уште 11 лица ќе се појават пред апелациски суд поради обвинувања за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, јави Франс прес повикувајќи се на судски извори, пренесува Франс24. Од вкупно 24 лица осудени во март годинава, половината поднеле жалба на првостепената пресуда, додека останатите ја прифатиле казната. На 31 март, Ле Пен беше осудена на ...
Меѓународниот фонд за деца при Обединетите Нации за итни состојби (УНИЦЕФ) соопшти дека во првите два месеца од годинава регистрирани се речиси 10.000 случаи на силување и други форми на сексуално насилство во источниот дел на Демократска Република Конго, а една третина од жртвите се деца. Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер на прес-конференција во Женева изјави дека силувањето и другите форми на сексуално насилство се користат како алатки на ...
Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета поради испраќање електронска пошта до персоналот, при што изразила поддршка за Гренланд како дел од Данска. Така наречените „Американски вселенски сили“ денеска соопштија дека полковникот Сузан Мејерс е сменета од позицијата командант на базата Питуфик на Гренланд поради „губење на довербата во нејзината способност да води“. – Од командантите се очекува да се придржуваат до највисоките ...
Украинските војници под закана со оружје се искачија од разурнатата куќа – едниот со кренати раце за да им се предаде на руските трупи и легнаа со лицето надолу во раната пролетна трева. И тогаш започнува убивањето. Два беспилотни летала – еден украински и еден руски – ја снимија сцената од високо над јужното украинско село Пјатихатки. Асошиетед прес успеа да дојде до двете видеа. Тие нудат многу различни верзии за тоа што се случило потоа. ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се ...
Израелскиот министер за одбрана изјави дека ќе ги прошири своите таканаречени „безбедносни зони“ во Газа заземајќи го и јужниот град Рафа, пренесува Би-Би-Си. За време на посетата на областа, Израел Кац рече дека војската ја остава Газа „помала“ и „поизолирана“ за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи. Војската веќе зазеде земја што се протега по целата граница на палестинската територија, која ја ...
Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата. Како што денеска соопштија од оваа партија, етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален ...
Заштитата на слободата на медиумите е клучна за нашите демократии и за сеопфатната безбедност: ова беше главната порака од Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите (RFoM), Јан Брату, за време на неговиот прв извештај пред Постојаниот совет на ОБСЕ. „Новинарите и медиумите претставуваат општо добро од кое зависиме во донесување демократски одлуки“, изјави Брату. „Тие се највредната одбрана од манипулација со информации и информативни ...
Кина ги зголеми даноците за увоз на американски стоки на 125 отсто, ескалирајќи ја трговската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот, објави Би-би-си. Пекинг се соочува со давачка од 145% за некои од неговите стоки увезени во САД Кинескиот лидер Си Џинпинг упати пркосен тон во неговите први јавни коментари за трговската војна, велејќи дека неговата нација „не се плаши“ и ја повика ЕУ да и се придружи на Кина во спротивставувањето ...
Радислав Крстиќ, поранешниот командант на Дринскиот корпус на војската на Република Српска, кој Хашкиот суд го прогласи за виновен за геноцид на повеќе од 8.000 Бошњаци во Сребреница, прогон како злосторство против човештвото и убиство како кршење на законите и обичаите на војната, осуден на 35 години затвор, ќе продолжи да ја отслужува казната во Естонија, соопштија од Резидуалниот механизам за кривични судови, јавуваат регионалните медиуми. ...
Претставниците на српскиот парламент на 14 април ќе одржат седница на која ќе биде избрана новата влада, најави денеска претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, додавајќи дека новата влада треба да биде избрана до 18 април, пренесоа српски медиуми. „Се надевам дека седницата ќе може да почне веќе во понеделник бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ, но не е во ред да се работи ниту на Велики петок. Затоа тогаш ќе ги знаеме имињата ...